дома блог страница 2795

Прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” ќе прослави 70 години постоење: Актерите и бендот “Тhe Hounds” најавуваат изненадување за публиката

На 18.02.2020, со почеток од 19:30 часот, прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” ќе одбележи 70 години од своето постоење.

По тој повод актерите од театарот, заедно со бендот “The Hounds” подготвуваат специјален проект, музички перформанс кој е насловен како “Моve The Beat”.

“Оваа година славиме 70 Години Театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп. Актерите, заедно со бендот The Hounds – за чија големина и шарм веќе знаете – го создадоа музичкиот перформанс “Move The Beat”, кој премиерно ќе биде изведен на 18.02.2020год, во 19:30ч. Ова е прв проект од ваков тип и токму заради тоа, задоволството и среќата, се уште поголеми”, пишува во настанот на Фејсбук.

Организаторите на настанот најавуваат повеќе информации околу билетите наскоро.

И снегот тешко дека ќе го наполне езерото со вода: Ова е денешната слика од прилепското вештачко езеро (Фото)

Прилепското вештачко езеро е речиси без вода на само неколку месеци од почетокот на работите во полињата.

Во Прилеп и прилепскиот регион околу 10.000 семејства работат и егзистираат од земјоделие, а најбројни се тутунарите.

Водата од вештачката акумулација е повеќе од неопходна за овие луѓе, па затоа и нивната загриженост е голема.

Се чини дека снежните врнежи нема многу да помогнат за полнење на езерото со вода, чиј капацитет изнесува 6.000.000 m3 вода.

Прилепското Езеро е лоцирано во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп. Ваквата географска положба овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Езерото е изградено на Оревоечка Река во 1967 година и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода. Тоа зафаќа површина од 0,54 км², долго е 1,4 км., а широко 400 до 600 м. Најголемата длабочина му е 28 м.

Aко некој ја спаси Џенова тоа ќе биде Пандев: Само што влезе во игра постигна маестрален погодок(Видео)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и донесе важни три бода на Џенова во битката за опстанок во италијанската Сериа А.

Гранде Пандев стрелаше во финишот на првиот дел и тоа само четири минути откако влезе во игра.

Погодокот на Пандев и водството од 1:0 беше и краен резултат на натпреварот против Калјари.

За Пандев ова е петти гол сезонава.

Рајска убавина на само 15 километри од Прилеп: Појдете и уживајте во чистиот воздух, снегот и прекрасната природа (Фото)

Рајската красота на манастирот Св. Илија Писокал се распослала зиме низ соблечената дабова шума под превојот Слива.

Манастирот кој плени со својата убавина се наоѓа на 15 километри од Прилеп, на патот за Мариово.

Снежната идила е како магнет за сите посетители. Крцка снегот под нозете, воздухот ѕуни, а одаите на манастирскиот коплекс повикуваат на одмор со топла ракија или топол чај.

Погледнете ги овие прекрасни зимски пејсажи кои ги објавија членовите на одборот од манастирот:

Британскиот весник „Гардијан“ прогнозира дека македонскиот филм „Медена земја” ќе добие Оскар

„Медена земја” ќе добие Оскар за најдобар документарен филм, предвидува угледниот британски весник „Гардијан” во прогнозите на победниците во сите категории на годинашното доделување на наградите на Американската филмска академија што ќе се одржи вечерва во театарот „Долби“ во Лос Анџелес – пишува “Денешен.мк”.

Според Питер Бредшоу, филмски критичар на „Гардијан“, во категоријата најдобар документерец македонскиот филм „Медена земја“ ќе ги победи конкурентите: британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот  „Пештерата“,  бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.

Во втората категорија во која е номинирана „Медена земја“ – Интернационален (странски/неанглиски) филм, Бредшоу предвидува дека Оскар ќе добие јужнокорејскиот филм „Паразит“.

Во оваа категорија во трка за златната статуетка се и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.

Церемонија на 92-то доделување на Оскарите во „Долби“ театарот во Холивуд почнува утревечер во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот.

Извор: “Денешен.мк”

Tри хороскопски знаци кои ги очекува вистинска бypa во животот до 19 февруари

Владеењето на Водолијата ќе трае се’ до 19 февруари 2020 година, а следниве хороскопски знаци нема лесно да ги поднесат предизвиците кои доаѓаат.

Рак – период на трансформација

Претходниот период (владеењето на Јарецот), на вашиот знак му донесе големи промени на емотивен план. Во секоја ситуација можевте да пронајдете компромис и да ги изразите своите романтични желби. Но, владеењето на Водолијата ќе ви донесе големи предизвици во љубовта, а може да направите и некои грешки во односите поради наглите промени во расположението.

Скорпија – опасни игри со зборови

Вие ќе почнете да се фокусирате на вашиот мал свет и луѓето кои го сакате, но од себе ќе сакате да одвоите некои членови од семејството или пријателите, за кои сметате дека ви ја крадат енергијата. Овие одлуки може да бидат тешки и конечно, затоа добро размислете. За среќа, ќе комуницирате добро и на добар начин ќе успеете да ги решите недоразбирањата.

Риби – скриена емотивна душа

Овој емотивен знак во Зодијакот ќе почне да се чувствува осамено, изолирано и да не ја најде својата цел и тоа во текот на владеењето на Водолијата. Сонцето моментално е во вашата 12-та куќа, куќата на кармата и соништата. Вие сте емотивна и креативна душа, но тоа не значи дека целосно треба да се изолирате.

Извор: “Република.мк”

Ски центарот Нижеполе на рамниште со светските центри: Прекрасна зимска идила во која се ужива со цела душа (Фото+Видео)

Ски центарот Нижеполе на Пелистер денеска преполн со гости. Рекреативци, вљубеници во скијајнето, бордери, многу деца …. една прекрасна зимска идила во која се ужива со цела душа.

Екипите на ниво на задачата постојано работат со цел да обезбедат што подобри услови за посетителите и да им овозможат прекрасен престој.

Еве дел од атмосферата денеска на скијачкиот центар близу Битола:

Прилепски времеплов: Некогаш било калдрма, но и тогаш и денес била една од најпрометните улици (Фото)

Жива беше калдрмената улица или сегашниот цветен “сокак” во Старата чаршија. Таа беше една од главните влезови во чаршијата и во градскиот пазар. Секојдневно се “точкаа” арабаџиски коли, амали, маски со кошеви и натоварени магариња, со по некој велосипед и автомобил. Таа беше главна артерија, зашто водеше кон Тризла и Аличаир.

На денешната цветна улица се најдуваше и функционираше градската бања. Таа особено беше “проодна” со свекрви и снаи во сабота, кога се одеше на капење во врелите одаи, како сауни и претсобјата, затоплени со мангали.

Можеби плочникот кај поранешниот хотел Јадран и корзото со “градот” ја овозможуваа неколкуте еблебеџии, бербери или пак месната канцеларија со “голема” сала за средби на граѓани и читална и местото за првите игранки в чаршија. Вниманието го свртуваше и дуќанот за производство на газози.

Мина времето, се смени физиономијата. Калдрмата се претвори во бекатонски плочки, а околината се дизајнира со цветни жардинери, ресторани, бутици и кафетерии.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Maкедонија во друштво со Намибија и Салвадор како 127 вoeна cила во светот

За да дојде до конечната ранг листа, „Global Firepower“ користи над 50 индивидуални фактори за да се одреди индиксот на моќта во категории како воена способност до финансиски и логистички способности и географија.

-Нашата уникатна формула дозволува нации со помалку технолошки напредни нации да се споредат со поголеми и посебни модификатори во вид на бонуси и казни, велат од „Global Firepower“ .

Според нивната ранг листа, Македонија се наоѓа на 127-мото мести, односно е рангирана како 127-ма воена сила во светот.

Република Македонија на оваа листа лани беше на 123-то место, што значи дека бележи пад од 4 места.

Најголеми воени сили во светот се: САД, Русија, Кина.

УХМР најави нова промена на времето од вторник: Пролетни температури и дожд

Времето утрово беше студено, а преку денот ќе се задржи сончево со слаб јужен ветер.

Утринската температура се движеше од минус 12 до минус 4, а дневната од 4 до 12 степени.

Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а од вторник во северните и западните делови ќе има услови за локален дожд.

Дневната температура до среда ќе биде во пораст.

Во Прилеп утре температурата ќе се искачи до деветтиот степен, а вторник и среда до 11 степени целзиусови.

Врнежи од дожд се очекуваат во попладневните часови во среда и петок и сабота.