дома блог страница 2794

Екипата на Медена Земјa: Не зедовме Оскар но горди сме што ја претставивме Македонија пред светот

Македонскиот тим на „Медена земја“ нема да се врати дома со Оскар. Откако не успеавме да триумфираме ниту во една од двете категории, креаторите на приказната со Атиџе Муратова се огласија на Фејсбук страницата на „Медена земја“.

„Пред се, сакаме да се заблагодариме на сите што нѐ бодреа и веруваа во нас. Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката. Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата. Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани. Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни. На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака„, напиша тимот.

Eдна од најпознатите светски oблoжyвaлници твитна за Пандев

Горан Панев вчера по којзнае кој пат докажа дека неговата класа е вечна. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и донесе важни три бода на Џенова во битката за опстанок во италијанската Сериа А.

И тоа не беше само обичен погодок, туку мајсторија од 20 метри која значеше победа од 1:0 над Калјари.

После натпреварот една од најпознатите обложувалници во светот “Вилијам Хил” на Твитер напиша:

“Годината е 2050, Горан Пандев сеуште дава голови во Сериа А”.

Во продолжение погледнете ја уште еднаш оваа мајсторија на “Гранде Пандев”:

Цела лепеза вработувања во Водовод: Плата до 26.000 денари – Аплицирајте!

Jaвното комунално претпријатие Водовод и канализација – Прилеп објави низа огласи за вработување на повеќе работни позиции.

Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување се бараат:

Две лица како одржувачи на други машини/Одржувач на пречистителна станица

Основната плата за ова работно место изнесува 18.700 денари.

Едно лице за работно место електротехничар – основна плата 20.900 денари

Две лица за едноставни лабораториски работи – основна плата 20.900 денари

Три лица за општ работник – основна плата 17.215 денари

Еден водоинсталатер – основна плата 18.700 денари

Шест градежни инженери – основна плата 26.455 денари

Огласите се активни до 20.02.2020 година.

Германците во шок: Сите ја гледаа како наследничка на Меркел, а таа нема да се кандидира за канцелар

Анагрет Крамп-Каренабуер, лидерката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и нејзина штитеничка нема да се кандидира за канцелар на следните избори, што ќе се одржат следната година во Германија, изјави денеска извор од ЦДУ.

Таа најавила и дека ќе се повлече од лидерското место кај демохристијаните.

Изворот кажал дека Меркел сака Крамп-Каренбауер да остане министер, пренесоа британските медиуми.

Таа во моментов ја извршува функцијата министер за одбрана.

Крамп-Каренбауер беше во центарот на политичкиот скандал заради кој за време на викендот беше свикан и состанок на владеачката коалиција, со кој претстедаваше канцеларката Меркел, откако во покраината Тирингија за првпат беше избран премиер со помош на гласовите на десничарската „Алтернатива за Германија“.

(Видео) Моментот кога во Холивуд бевме наречени Македонија без “северна”

Откако беше објавено дека Оскарот за најдобар документарен филм оди во рацете на екипата на филмот „Американска фабрика“, Џули Рајхард, една од продуцентите на филмот од продукциската куќа на Мишел и Барак Обама, зборувајќи за оскарот ја спомена Македонија без да ја искористи “северна”.

Oмилените јунаци денеска слават 80 години: Среќен роденден на Том и Џери

Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, неделава прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, проткаена со урнебесни ситуации, е измислена во одделението за анимација на филмската продукциска куќа МГМ. Авторите Бил Хана и Џо Барбера имале за цел да го достигнат успехот на Волт Дизни.

Првата епизода е објавена 1940 година, при што мачорот на почетоот се викал Џаспер, а глувчето – Џинкс. Постигна огромен успех, па дури и му донесе номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото.

Кратко потоа Џаспер и Џинкс биле преименувани во Том и Џери. Околу тоа дали тие ќе зборуваат, авторите го зеле предвид успехот на немите филмови со Чарли Чаплин, па знаеле оти ликовите можат да бидат забавни и без дијалог.

Музиката за цртаниот филм ја компонирал Скот Бредли, а прочуениот човечки врисок на Том го овековечил лично Хана.

Првите 20 години, Хана и Барбера произвеле над 100 кратки цртани филмови и секој чинел во просек по 50.000 долари.

Цртанките се појавија и во неколку играни филмови – Џери се дружеше со Џин Кели во „Подигнете ги сидрата” од 1945 година, а потоа двајцата со Том се појави покрај Естер Вилијамс „Опасно е кога е влажно” (1957).

Откако МГМ го затвори студиото за цртани филмови 1957 година, Хана и Барбера покренаа своја продукциска команија. По неколку години МГМ одлучи да ги оживее Томи и Џери, но без оригиналните автори. Продукцијата потоа е преместена во Прага, Чешка, поради помали трошоци.

Пред неколку години, египетските власти се обидоа да го обвинат цртаниот филм за растот на насилство на Блискиот Исток, а пак иранските власти во една прилика ги споредија односите на земјата со САД со оние на Том и Џери.

Бил Хана почина во 2001 година, а Џо Барбера во 2006 година.

Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери“ денес ги поседува компанијата Ворнер Брос. Се планира и нов филм пред католичкиот Божик оваа 2020 година.

Сонце и дожд – метеоролозите соопштија какво ќе биде времето цела недела

Во текот на следните денови, нашата територија ќе биде под влијание на потопла воздушна маса од југ. Сето ова ќе услови понатамошен пораст на температурите на воздухот, информират метеоролозите.

Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност.

Од утре локално ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. Температурите на воздухот како што веќе кажавме ќе бидат во пораст, како минималните, така и максималните.

Па така максималните дневни температури на воздухот овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во најтоплите предели од државава, максимумот на температурите се очекува да се искачи до околу 17 степени.

Еве како е облечена главната хероина Атиџе и како ќе ги дочека Оскарите

Македонија будно го очекува доделувањето на Оскарите. Нашиот филм “Медена земја” е номиниран во две категприи: најдобар документарен и најдобар странски филм.

Главната хероина во филмoт Атиџе Муратова ќе биде во “Долби” театарот, а доделувањето на Оскарите ќе го дочека во облека со традиционални мотиви.

Познатата фризерка од Кривогаштани во пресрет на Оскарите со коса го направи ликот на Атиџе (Фото)

Познатата фризерка од Кривогаштани, Светлана Зуламоска, во пресрет на Оскарите, со коса го изработи ликот на главната хероина од филмот “Медена земја”, Атиџе Муратова.

“Медена земја” е номинирана за два Оскари, за најдобар странски и најдобар документарен филм.

Погледнете ја оваа умешност:

Hoвopoденче било ocтавено покрај патот среде јануари, а сега си доби згpижyвaчко ceмejcтво

Само три часа од paѓањето, бeбe било оставено покрај патот во Кучево, Србија.

Новоpoденчето го пocвои згpижyвачко ceмејтво, а доби име Јован.

Семејството го посети министерот за социјални работи на Србија Зоран Џорџевиќ за да се го провери семејтвото како се грижи за новороденчето.

Министерот соопштил дека бебето е сместено во прекрасно семејство кое се грижи за него и на кое ова не му е прво дете за кое се грижат.

Министерството ќе го следи неговиот развој и наскоро ќе најде семејство кое ќе се грижи за него и ќе го пocвои.

Бебето беше пронајдено покрај патот минатиот месец (21 јануари) покрај селото во плетена корпа, а се’ уште и папочната врвка не му била подврзана, а имало и знаци на блага xипoтepмиja.