дома блог страница 2793

Носеше фустан стар 6 години, а ги засени сите млади колешки на Оскарите (Фото)

Холивудската актерка Џејн Фонда во фустан стар шест години за засени помладите колешки на годинашното доделување на наградите Оскар.

Фонда синоќа го доделуваше Оскарот за најдобар филм, облечена во фустанот од Ели Сааб кој го носеше на Канскиот филмски фестивал во 2014 година. Изминатите години Фонда беше русокоса, но синоќа во театарот „Долби“ се појави природната боја на косата – седа и многумина беа одушевени со овој потег на актерката.

Седата коса е нормална и природна појава, но често не е во склад со холивудските стандарди на убавина.

-Ништо не е поважно од подигнување на свеста, зарем не?

Така таа го почна говорот, а публиката ја поздави со силен аплауз.

Ова се нajyбавите фycтани кои го одбележa додeлyвањето на Ocкapите (Фото галерија)

Доделувањето на филмските награди Оскар привлекува посебно внимание и поради гламурозните на хливудските ѕвезди.

Номинираните ги подготвуваат комбинациите неколку месеци неколку пред церемонијата за да заблескаат во Долби театарот во Лос Анџелес.

Натали Портман, Лили Олдриџ, Рене Зелвегер и Шарлиз Терон прошетаа на црвениот килим и оставија неизбришлив белег годинава.

Актерките се одлучиле за сензулани фустани и не воведоа во сезоната пролет/лето. Натали Портман заблеска во црно-златен фунстан на Диор, а изгледот го украси со обетки и прстен.

Лили Олриџ се одлучи за бел фустан со црвен цвет од модниот бренд Ралф Лорен.

Зизи Битз носеше креација на Том Браун.

Реџина Кинг се одлучи за розов раскошен фустан на модниот бренд Версаче.

Лора Дерн заблеска во креаија на Армани.

Оливија Колман одбра фустан од модниот бренд Стела МекКартни.

Блескаа и Пенелопе Круз и Шарлиз Терон

Moжете да бидете легенда и идол на милиони луѓе, но кога жената е на шопинг и’ ја чувате ташната и чекате како секој друг (Фото)

Eдна малку постара фотографија која заслужува одново да биде споделена.

Можете да имате 3 последователни титули во Лигата на шампиони како тренер, можете да бидете легенда на еден од најголемите клубови на планетата, а покрај тоа и идол на милиони луѓе и да имате заработено цело богатство, но кога вашата сопруга оди на шопинг, чекате како и сите останати…

Станува збор за тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој во една прилика бил “уловен” на шопинг со неговата сопруга како и’ ја чува ташната и ја чека.

Четврта победа во четвртиот контролен натпревар за Победа

Фудбалерите на Победа ја продолжија серијата победи во подготвителните натпревари пред продолжението на првенството на Втората лига-Исток. Во 4-тиот пријателски натпревар кој се играше напладне на теренот ,,Атина Бојаџи“ во Охрид црвено-белите го совладаа 4-топласираниот тим на крајот на есенската полусезона на Втората лига-Запад Лабуништа. Стрелец на единствениот гол на натпреварот-втор во овој подготвителен период, беше засилувањето од Слога Виница Дарко Анастасовски. Како и на тест мечот со Кожув Анастасовски погоди со максимално прецизен удар од околу 20-тина јетри по земја-во малата мрежа.

Како и на претходните контролни средби и денес тренерот Крстески им даде шанса на повеќе фудбалери.

Победа: Котевски (од 80 мин Маркоски), Наумоски, Петкоски, Дамески, Колески, Анѓелески, Дунимаглоски, Јошески, Ефремов, Анастасовски и Гешоски.

Во вториот дел уште играа: С. Спиркоски, Андреески, Симјаноски, Илиески-Кисески, Каралиоски, Ф.Спиркоски, Дебрешлиоски и Митрески.

Наредниот 5-тти контролен натпревар во подготвителниот период Победа ќе го одигра в среда во Скопје против уште еден тим од Втората лига-Запад-домашниот состав на Кадино.

(Видео) Како се реконструираше симболот на градот, препознатлив во цела Македонија

Интересно видео на кое е прикажано целосното возобновување и градба на Паркот на револуцијата или Могилата на непобедените во Прилеп.

Проектот кој го спроведе минатата локална власт на чело со тогашниот градоначалник Марјан Ристески, се спроведе во 2008 година, а од тогаш во годините кои следуваа прерасна во вистински репрезентативен бренд на Прилеп.

Погледнете и потсетете се на што наликуваше паркот во минатото:

Могилата денеска има мини зоолошка градина со пони коњчиња и украсни птици, фонтани, пешачки патеки и игралишта.

(Фото) Жално и тpaгично: Погледнете колку е повлечено Преспанското езеро

Познатиот фотограф Стојан Стојановски од Охрид на Твитер објави фотографија од алармантната состојба во која се наоѓа Преспанското езеро.

Од фотографијата може да се види дека на второто по големина езеро во Македонија му се заканува вистинска катacтpoфа.

Стојановски пишува дека езерото е повлечено над 10 метри, а во коментари други корисници додаваат дека повлекувањето изнесува 20 метри.

Извонредно видео: Kaко расте и се развива бебето во матката на мајката

Сигурно некогаш сте се запрашале како точно се формираат бебињата во матката. Оваа снимка носи одговор и над 33 милиони луѓе ја погледнале снимката.

Чудото наречено живот станува се поголемо кога ќе видите како настанува бебе во стомакот. Погледнете:

Не е само за во салата: Ова се сите придобивки на винскиот оцет

Винскиот оцет не е само вкусен прелив за салата или маринада за месото. Тој може да ви помогне да ја изгубите телесната тежина, да го стабилизирате шеќерот во крвта, па дури и да ги забавите знаците на стареење.

Еве 8 изненадувачки здравствени придобивки од винскиот оцет:

1. Винскиот оцет може да ви ги намали телесните масти

Ако имате за цел да ослабете, не треба целосно да се фокусирате на она што го јадете. Можете да трошите повеќе масти ако консумирате повеќе вински оцет. Во студија објавена во списанието Bioscience, истражувачите утврдиле дека овој оцет всушност помага во намалување на вкупната содржина на масти во телото.

2. Овој оцет може да ги забави знаците на стареење

Според истражувањето објавено во Food Research International Journal од 2010 година, во составот на црвениот вински оцет има висока содржина на антоцианини – природни антиоксиданси, кои помагаат за забавување на процесот на стареење. За најдобри резултати треба да се држиме до оцет, направен од винската сорта Каберне Совињон.

3. Овој оцет потиснува апетитот

Може да ви звучи премногу добро за да биде вистина, но потрошувачката на повеќе вински оцет може да го намали вашиот апетит. Оцетната киселина е активна состојка во црвениот вински оцет, која ја задржува храната во желудникот за подолго време. Тоа доведува до забавување на ослободувањето на хормонот грелин, кој води до чувство на глад.

4. Тој е богат со моќни хранливи материи

Винскиот оцет е наполнет со здравствени хранливи материи, вклучувајќи и неколку клучни витамини, минерали, железо и калиум. Од гледна точка на антиоксиданси, винскиот оцет содржи исто полифеноли, кои се суштински растителни соединенија кои дејствуваат како антиоксиданти.

5. Тој го регулира шеќерот во крвта

Оцетот помага за забавување на апсорпцијата на шеќерот од храната во крвотокот, што значи дека им помага на луѓето со дијабетес. Значи, ако барате начин да ја прилагодите крвниот шеќер, црвениот вински оцет е идеалната храна за тоа.

6. Тој ја зголемува апсорпцијата на калциум

Во едно истражување научниците претпоставуваат дека оцетната киселина во оцетот ја подобрува апсорпцијата на калциум и ја промовира апсорпцијата.

7. Тој помага во варењето

Во многу азиски земји оцетот се пие за време или помеѓу оброците за помагање на варењето. Се верува дека тој го мие телото од токсините, го отстранува квасецот во дигестивниот тракт и го чисти уринарниот тракт.

8. Винскиот оцет може да го подобри изгледот на вашите кожа и коса

Верувале или не, овој оцет е корисен не само за вашето внатрешно здравје, но и за убавината. Тој може да се користи како природен шампон за коса, со него може да се третира и изгорената (од сонцето) кожа.

Извор: “Press24.mk”

Финанcoва полициja поднece kpивична пpиjaва пpoтив Лила Стојановска

Финансова полициja ја coмничи Лила Стојановска дека направила kpивично дело данoчно затajyвање со пapите кои и ги пpeфpлила фирмата ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК, информираат од финанcoва.

Според иcтpaгата, се утврдило дека Филиповска во три наврати на нејзибна сметка добила пари од фирмата, но истите не ги приjaвила.

Расположивите парични cpeдства како остварен пpиход приjaвената Лила Стојановска ги подигнала во целocт во готово за себе лично, без да ги приjaви во Годишната даночна приjaва за 2017-та година до Управата за jaвни пpиxoди.

Таа не пpeсметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.7 милиони денари, за кој износ го оштетила Буџетот на државата, стои во соопштението.

Извор: “Алфа ТВ”

Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат следната недела.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 денари/литар и со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, додека на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар/литар и изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 денар/литар во однос на малопродажната цена утврдени со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,028 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,894 ден/кг.