дома блог страница 2792

После цели 12 години падна снег во овој град (Видео)

Жителите на главниот град на Ирак, Багдад, денеска се разбудија со поглед што го немаат видено одамна, бидејќи нивниот град беше покриен со снег.

Ова е еден од ретките моменти во кои Ирачаните уживаа во фотографирање со снегот, а децата си играле во парковите покриени со снег.

На градскиот плоштад Тахрир, епицентарот на протестните движења, демонстрантите за момент застанаа пред своите шатори за да уживаат во снежните врнежи.

Последен пат во Багдад снег паѓал во 2008 година.

(Фото) Како се штити и почитува природата: Ја прилагодиле оградата за да не се оштети стеблото

Покрај зградата на Заводот за јавно здравје во Пожаревац, Србија, се наоѓа една голема дудинка (боболка), чие стебло е со непозната старост – објавуваат српските портали.

На минувачите вниманието најмногу им го одвлекува вниманието во лето, кога попаднатите плодови ќе ги згазнат по тротоарот.

Но, еден минувач случајно обрнал внимание на оградата од објектот, па забележал дека во еден дел има необичен облик.

Поради обликот на стеблото била преправена и оградата, а со цел стеблото да не се оштети.

Ова е вистински пример како се штити и почитува природата!

Атиџе: Доста е од интервјуа, си имам работа со пчелите

Сакам малку да ме остават на раат од интервјуа. Со пчелите си имам работа, порача денеска на прес-конференција преку видео врска од Холивуд, ѕвездата од „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Атиџе, која денеска на прес-конференцијата заедно со екипата на „Медена земја“ одговараше на новинарски прашања, вели дека и се допаѓа Лос Анџелес, а најмногу му се радува на океанот.

– Супер си поминувам овде. Најмногу му се радував на океанот. Утре се враќам назад. Но, сакам малку да ме остават на раат. Си имам јас работа со пчелите, рече Муратова.

Театарот “Војдан Чернодрински” слави 70 години постоење: 7 дена театарски претстави, ова е програмата

Прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” наредната недела ќе прослави 70 години од своето постоење.

Oд театарот ја објавија и програмата која содржи 7 претстави:

Во Берлин формиран Централниот совет на Македонците во Германија

ОКРУЖНИОТ СУД ВО БЕРЛИН ГО РЕГИСТРИРА ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА!

После основачкото собрание одржано на 3 октомври 2019 година, Окружниот суд во Берлин со решение од 28 јануари 2020 година го запиша во регистарот на здруженијата – Централниот совет на Македонците во Германија!

Основни цели и задачи на Централниот совет на Македонците во Германија е духовно, културно и економско обединување на Македонците во Германија, унапредување и продлабочување на македонско-германската соработка.

Централниот совет на Македонците во Германија е регистрирано како непрофитно, непартиско и невладинско здружение.

Претседател на Централниот совет на Македонците во Германија е Оливер Тасески, заменик претседател Роберт Кленкоски, заменик претседател Ѓоке Андовски, заменик претседател Горан Николоски, благајник Александар Кленкоски, заменик благајник Ѓорѓи Личнов, секретар Роберт Пирковски, заменик секретар Миле Мургоски. Членови на одборот се: Игор Механджијски, Живко Пејовски и Лазе Ризов.

Централниот совет на Македонците во Германија ги застапува интересите на македонската заедница и ги подржува македонските здруженија за ефективно исполнување на нивните задачи и цели.

Централниот совет на Македонците во Германија ги охрабрува сите заинтересирани невладини организации, здруженија и граѓани да се приклучат кон заедничките цели, да го подобрат животниот стандард на македонците во општеството во кое живеат, својата татковина и светот, да ја одржуваат и шират македонската култура и да ги бранат правата на македонците.

Благодарение на него цел свет слуша македонска музика: Маестро Симон Трпчески на турнеја во Јужна Кореја (Видео)

Maeстро Симон Трпчески со проектот “Македонисимо” e на турнеја во Јужна Кореја, каде се претставува пред азиската публика.

Трпчески заедно со екипата музичари на “Македонисимо” ќе се претстават во три градови во оваа азиска држава, а македонскиот виртуоз објави најава на својата Фејсбук фан страна.

Сараево станува арапски град: Досега купени имоти колку 2150 фудбалски игралишта површина

Арапските државјани, кои масовно купуваат недвижен имот во БиХ, досега стекнале сопственост на повеќе од 15 милиони квадратни метри земјиште и стотици станови само во Сараево, соопшти денеска Центарот за истражувачко новинарство (ЦиН).

Недвижностите, кои само во Сараевската жупанија де факто се во сопственост на граѓани од Блискиот исток и северна Африка, се со големина од 2150 фудбалски игралишта, што претставува 15,3 милиони квадратни метри земјиште, додека помал дел од површината се однесува на 524 станови, објави ЦиН. кој е специјализиран за известување за состојбата во правосудството и имотните прашања.

Во изминатите седум години, сиот имот е регистриран на 160 компании во сопственост на државјани на Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Сирија, Египет, Либија и други земји. Тие во БиХ основале фирми за да купат недвижен имот преку нив, со што ги заобиколиле законските решенија што спречуваат странски државјани да поседуваат недвижнини во БиХ, освен ако не постои реципрочен договор меѓу БиХ и земјите од каде доаѓаат.

ЦиН потсетува дека „нападот“ на недвижности во БиХ почна во 2012 година, посочувајќи дека станува збор за одговор од арапските купувачи „на повиците на некои политичари во БиХ“.

До почетокот на 2019 година, над 1600 компании во сопственост на арапски државјани беа регистрирани во Федерацијата БиХ. Повеќето од нив се во Сараевската жупанија и претежно имаат по еден вработен, а 70 отсто од нив располагаат со минималниот законски пропишан капитал, во износ од две илјади конвертибилни марки, или околу 1020 евра.

Извор: “Pressingtv.mk”

“АББА” повторно се собраа и се враќаат на музичката сцена: Новите песни се очекуваат после лето

Познатиот бенд АББА повторно се враќа на музичката сцена. Бендот од Шведска повторно се собра и спремни се да ја пoкoрaт светската естрада.

Последниот албум на овој популарен бенд беше „The Visitor“. Овој албум беше објавен уште во 1981 година.

Од бендот изјавија: Песните ќе бидат објавени оваа година, се надеваме по летото. Можно е само да шпекулираме, затоа што не сме целосно сигурни. Не треба да даваме лажни ветувања, но ако се запрашаме би требало да биде септември.

На јавноста веќе и се познати и насловите на две песни „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“. Едната песна ќе биде изведена во поп звук, додека втората ќе биде подинамична.

За потсетување АББА е основана во 1972 година во Стокхолм. Две години подоцна тие ја освоија Евровизија со песната „Ватерло“.

Интep го доби Бeкaм на cyд: Еве за што се paбoти

Интер Мајами, клубот чиј сопственик е поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, можеби ќе треба да го сменат своето име.

Италијанскиот Интер го обжали користењето на името од страна на американскиот Интер Мајами во 2018 година кога беше претставено името и амблемот на клубот Флорида.

Трговската марка Интер беше регистрирана од „неро-азурите“ во САД во 2014 година.

Поради карактеристиките на правната структура на американската МЛС лига, Интер не го тужи клубот, туку лигата. Првата фаза заврши со победа на миланскиот клуб на суд. МЛС не можеше да го докаже своето право на името, иако се обидоа да се осврнат на фактот дека неколку клубови во светот го користат Интер во името.

Зошто попладневното кафе е многу подобро од утринското?

Секоја личност има некој свој ритуал, но она што е речиси заедничко за сите е шолја утринско кафе кое нè освојува со својот мирис и вкус и кое нѝ помага да го започнеме денот одморени и свежи.

Но, во брзиот свет во кој се сè менува со брзината на светлината е време за нов омилен ритуал во кој можеби уште повеќе ќе уживате. Попладневното кафе е она што ќе ве “подигне” повеќе од утринското кафе.

Замислете дека е петок, викендот е пред вас, а вие веќе се радувате бидејќи тоа е идеална прилика да уживате со блиските, да зборувате за сè и да се смеете. Кога таквите моменти на опуштање ќе ги надополните со вкусот на кафето, ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот.

Со започнување на нов омилен попладневен ритуал ќе го збогатите својот живот, ќе се радувате на ситниците и едвај ќе чекате да се вратите од работа или да се сретнете со пријателите и да уживате во тој фантастичен вкус кој само ќе делува како да е нов.

Ќе имате чувство дека сте промениле многу работи во животот, а вие само сте одлучиле дека вашиот секојдневен попладневен ритуал претставува одвојување на момент за себе и своите мисли или зближување со драгите луѓе покрај омилениот напиток.

Кога ќе се вратите дома уморни од работата, а ве чекаат бројни обврски, прво подгответе го вашето омилено кафе и испијте го во мир и тишина. Со тоа ќе се наполните со неверојатна енергија и сила и сите обврски ќе ги завршите како од шега.

Доволна е само една голтка кафе во попладневните часови за да ве исфрли од секојдневната рутина и една таква ситница ќе направи да се чувствувате како да сте го промениле животот од корен. Таа едноставна навика со својата магија на мирис и вкус ќе направи да станете вистински хедонисти кои знаат да се препуштат на целосното уживање.