дома блог страница 2787

(Фото) Уникатна празнична порака на влезот во Скопје

Град Скопје со празнична порака за возачите…

“Сами за Валентин? Појасот нека Ве гушне!”, стои на информативна табла на влезот во Скопје.

“Среќен празник Ви посакува Град Скопје. Возете безбедно!”, порачаа од Град Скопје на Фејсбук.

Инаку православните христијани денеска го празнуваат Светиот маченик Трифун, кој кај народот е познат како покровител на земјоделците и заштитник на виното и виновите лози.

Чашката вино вечерва е неизоставен дел и за оние кои празнуваат Св. Трифун и за оние кои се заљубени, па затоа не возете доколку вечерва пиете!

Од вечepва до недела во Кpyшево се одpжyва фecтивалот „When in Krusevo – Winter is Here“

Од денеска до 16 февруари, Крушево е домаќин на второто издание на фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“ (Кога си во Крушево-зимата е тука“). Организаторите велат дека очекуваат голем број учесници кои ќе го следат фестивалот и ќе бидат дел од богата рекреативна програма, а сместувачките капацитети се исполнуваат со посетители од целата држава.

Второто издание на фестивалот носи по неколку илјади туристи во Крушево, најмногу поради фестивалските содржини кои вклучуваа: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем-параглајдинг, зимско јавање на коњи, дегустација на вкусни крушевски специјалитети и луда забава, овој пат на прекрасните ски-терени на „Станич“ и ресторан „Алто“.

Според програмата, во текот на денешниот ден ќе пристигнат учесниците.Од собирното место утре околу 10 часот пред Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење ќе почне саботната рекреативна тура што опфаќа: рекреативна планинарска тура од околу 5 км или, по избор, подолга тура до месноста „Слива“ што е 8 километри. Од 10 до15 часот е Зимски тандем-параглајдинг, а потоа е јавањето на коњи. Во текот на денот има забава на отворено за учесниците со „DJ Bapcu“ како и рок журка со „Backdoor Band“. Вечерна забава ќе обезбеди групата „The Hounds“, како и „DJ Taseski“ и „DJ Pece“.

В недела преку денот има забава на ски-терените во месноста „Станич“, зимски тандем-параглајдинг како и нова авантура со јавање коњи.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски смета дека „When in Krusevo“ има голем потенцијал и сериозно ја збогатува туристичка понуда на градот.

„Досега имавме неколку изданија на летното и зимското „When in Krusevo“, настан кој Општината активно го поддржува зашто покажа голем потенцијал и сериозно ја збогати нашата понуда. И годинава очекуваме двете изданија на фестивалот да донесат над 6 000 туристи во нашиот град“, вели Христоски.

Прилепчанка приjaвила дека била огpaбена кај железничката станица

На 13.02.2020 во 05.00 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, А.Д.(50) од Прилеп пријавила дека околу 02.30 часот на Железничка станица – Прилеп едно лице со употpeба на cила ѝ одзело пapи и златно ланче, по што побегнало – информираат во дневниот билтен на МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Проверете дали пиете премногу кафе?

Постојат огромен број видови на кафе. Домашно кафе кое го правите дома, еспресо, филтер кафе, кафе без кофеин, кафе од апарат, нес кафе, турско кафе и итн. Она што е важно е да го пронајдете она кое најмногу вам ви одговара.

Експертите посочуваат дека доколку припаѓате на оние луѓе кои пијат повеќе од 4 кафиња на ден – навистина претерувате.

Oптимално е 2-3 шолји на ден.

Доколку имате проблем со несоница и сте раздразливи, можно е да сте преосетливи на кафе.

Препорачаната доза на кофеин е 200-300 мг, што е шолја или две на ден.

„Снежен град-2020“ од 16 до 21 февруари на Попова Шапка

Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје по 43. пат ќе ја организира и реализира традиционалната детска манифестација „Снежен град и караван – 2020“. Манифестацијата ќе се одржи од 16 до 21 февруари на Попова Шапка. Градителите ќе бидат сместени во хотел „Славија“-ЕЛЕМ, кој е и коорганизатор на манифестацијата.

На 21 февруари во 11:00 часот децата – градители заедно со директорката на ДКЦ „Карпош“ Билјана Лалчевска Серафимовска свечено ќе го отворат „Снежниот град“, а сите посетители кои ја сакаат оваа уметност ќе имаат можност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.

-Учесници-градители на „Снежниот град“ се ученици од повеќе основни училишта од Скопје. Сите ученици се екипирани по петнаесет деца со свој ментор и со потребните алатки, градат склулптура каде ја прикажуваат својата креативност и талент. Децата кои учествуваат на „Снежен град“ користејќи ја својата фантазија се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект којшто тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, информираат од ДКЦ „Карпош“.

Во рамки на манифестацијата се одржуваат и други активности од забавно-рекреативен карактер: избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и многу други активности.

И Cвети Tpифyн е Ден на вљyбeните: Зошто во туѓата peлигиja го бapaме она што во нашата веќе пocтои?

Се почест е трендот на младите во Македонија да 14-ти февруари, денот кога Христијанската Православна црква го празнува Св. Трифун, да го празнуваат Денот на вљубените, Св. Валентин, кој како празник го празнува Католичката црква.

Она што многумина не го знаат оние кои бегаат од своето наследство и традиција, е дека и Свети Трифун се обележува како ден во кој се слави љубовта. Еве и како!.

Освен што се смета за заштитник на лозарите и лозјата, како и за чувар од непогоди и штети, Свети Трифун е и заштитник на искрената љубов на сите христијани.

Македонската православна црква го одбележува Свети Трифун на 14 февруари по новиот календар, или на 1-ви по стариот.

Затоа е обичај, да на овој ден се искажува љубов со некој гест на онаа личност која ни е важна во животот.

Ако планирате овој ден да и го посветите на саканата личност, би било идеално тоа да го одбележите со некое вино и така заедно да го прославите нашиот заштитник на виното и винските насади.

Доколку овие предлози ви изгледаат како неосновани, еве една приказна која од дамнешни времиња се раскажува помеѓу балканските народи, а потврдува дека Свети Трифун е заштитник на искрената и чиста љубов.

Според приказната, големиот грешник Трифун, кој на душата носел 99 луѓе што ги убил, осуден бил на Божја казна. Легендата вели дека казната би можела да биде изземена само кога би разлистал врбовиот корен. Трифун одгледувал бостан и на секој минувач според таа казна морал да му даде лубеница. Меѓутоа, кога еден ден некој минувач, брзајќи, не обрнал внимание на поклонот од Трифун, тој потрчал по него и со голем бес го удрил со лубеницата човекот по глава и го убил.

Разочаран што го убил стотиот човек, се вратил, и што да види – врбата раззеленила! Имено, човекот што не можел да го спречи брзал да ѝ напакости на девојката која ја сакал пред нејзината свршувачка.

А тоа, според народните верувања е непростив грев, па со тоа ова убиство на Трифун не можело да се земе како зло.

Според приказната сите претходни злодела на Трифун му биле простени.

Колку има или нема вистина во оваа народна легенда не знаеме, но веруваме дека негувањето на своите традиции, своите вредности и своите обичаи, секогаш треба да имаат предност пред останатите.

Само така ќе имаме што да оставиме и на идните генерации!

За многу години и наздравје!

Според Светска Банка Светска Македонија е најсиромашна на Балканот и во Европа

Со 52.210 долари богатството по глава на жител, Македонија е меѓу последните на Балканот и во Европа. Ова го покажува најновиот извештај на Светската Банка „Променливото богатство на нациите“ кој предвид зема повеќе категории – пренесува “Netpress.com.mk”

До вредноста на вкупното богатство на државите се доаѓа со собирање на повеќе категории и распределба на збирот со бројот на жители. Така Македонија по глава на жител има производствен капитал во вредност од 18.969 долари, природен капитал од 11.416 долари и човечки капитал од 24.770 долари и негативен капитал во странство од -2.945 долари.

Производствениот капитал предвид ги зема урбаните површини, објектите, опремата и машините по тековни пазарни цени. Природниот капитал ги вклучува земјоделските површини, шумите, заштитените подрачја, резервите на нафта и руда. Човечкиот капитал го мери населението според статусот вработен/невработен и вредноста на вкупната заработка во текот на животот. Имотот во странство е збирот на сите долгови и побарувања на земјата кон надвор.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ВИДЕО: Закопал хамбургер и помфит, ги изел по 14 месеци

Британец кој закопал Big Mac со шејк и помфрит кај пријател во двор пред 14 месеци, истите ги откопал и изел.

Мет Надин купил Big Mac во 2018 година. Со помош на својот пријател оброкот во ставил во пластична кутија и го закопал во земја на неговиот 39 роденден.

Неговата намера била оброкот да го изеде на неговиот 40 роденден, но дури 14 месеци по закопувањето дошло време за тоа.

Како изгледал оброкот по повеќе од една година закопан под земја, погледнете во видеото.

(Видео) Не можеше да се воздржи, а сега и се “смее” отказ: Водителка слатко се насмеа кога ја прочита веста за социјалната помош

Водителка на руска државна телевизија стана хит на социјалните мрежи по објавувањето на снимката на која не може да се воздржи читајќи ја веста за зголемувањето на социјалната помош.

Алелсандра Новикова, водителката на вестите од Камчатка не можеше да се воздржи и слатко се насмеа откако го прочита извештајот за зголемување на социјалната помош за лицата со инвалидитет, вoeните ветерани, жpTBите од paдиjaциja… Со растот кој се превидува тие треба да земаат 1.500 рубљи повеќе (22 евра)- од кои 900 може да искористат за лекови, 137 за бањи и остатокот (363 рубљи или 5.26 евра) за “меѓународен” превоз до тие места за лечење, пренесува српски Курир.

“Се обидов, слушнавте”, вели во еден момент правдајќи се, додавајќи покасно: “Добро е што не е во живо”.

Снимката не е емитувана на ТВ или на интернет. Сепак, привлече големо внимание на социјалните мрежи кога беше објавен од порталот Инфо24.

(Фото) Адел ослабе 45 килограми, но погледнете како изгледа нејзиното лице

Пејачката Адел успеа да ослабе дури 45 килограми. Но нејзините последни фотографии кои ги објави на социјалните мрежи покажуваат дека не го променила само своето тело.

Странските медиуми забелжаа дека по доделувањето на оскарите цртите на лицето на Адел се поостри, усните зголемени, а ниту носот не и изгледа како порано.