дома блог страница 2786

Денеска е Сpетение Господово: Пpазник кога се сpетнуваат 3имата и пpолетта

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Сретение Господово, што секогаш се празнува 40 дена по Рождество Христово.

Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 – 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа очите мои спасението Твое“.

Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни во храмот, штом видоа и слушнаа с ѐ , се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство од ангел Господов се упати кон Мисир. Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.

Празникот Сретение е еден од 12 големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во eрусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.

(Фото) Енрике Иглесијас објави фотографија од штотуку роденото бебе и ги освoи срцата на милиони луѓе

Светски познатиот пејач Енрике Иглесијас и неговата сопруга, некогашната тенисерка, Ана Курњикова, по третпат станаа родители, а суперѕвездата објави фотографија од нивното штотуку родено бебе.

Дека семејството добило принова пред неколку дена откри братот на Енрикe, Хулио Иглесијас помладиот.

-Веќе станав чичко, истакна тој во гостување на една радио емисија.

Меѓутоа, тој не сакаше да го открие полот на детето, а синожа Енрике на социјалните мрежи објави фотографија од новороденото бебе и така потврди дека по третпат стана татко.

(Видео) Јас сум горда еврejка од Македонија: Целата моја фамилија се бopeше за оваа држава, ќе се борам и јас

Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија. Вака техничката министерка го заврши своето излагање во врска со предлогот од техничкиот премиер, Оливер Спасовски за нејзино разрешување.

Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија. Вака техничката министерка го заврши своето излагање во врска со предлогот од техничкиот премиер, Оливер Спасовски за нејзино разрешување.

Таа рече дека е жално што пратениците од власта заборавиле на историјата на Македонија, но дека е горда што била министер во преодната влада во тешка ситуација во која е Македонија, но и било чест за направи нешто за гражаните.

Претходно Спасовки образложи зошто предложил таа да биде разрешена.

-Несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува. Ги повикувам членовите од преодната Влада со интегритет да ја извршуваат фунцкијата, да ги почитуваат законите и да го дадат својот максимален придонес во овие исклучително важни услови за земјата, рече Спасовки.

Спасовски изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже демократски капацитет и ќе предложи нов кандидат за министер.

-Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно, нагласи премиерот.

Нашата држава, потенцира, е во многу значаен период кога треба да се организираат фер, демократски избори и да се завршат активностите за членство во ЕУ и НАТО. Затоа, да направиме сé за да дадеме што повеќе позитивни аргументи за да добиеме датум за почеток на преговорите.

Во Антарктикот потопло од Македонија: За прв пат во историјата измерени 20 степени

За прв пат во историјата температурата на Антарктикот достигна рекордни 20 степени. Научниците на островот Сејмур измериле неверојатни 20,75 степени, што е доказ дека температурата во последните години расте со голема брзина. Оваа температура предизвика стpaв кај научниците поради климатската нестабилност, пренесува Гардијан. Оваа температура е измерена на 9ти февруари, што е поголема од претходниот рекорд од 19.8 степени измерени во 1982 година.

За сега се чека оваа рекордна температура да ја потврди и Светската метеоролошка организација, а научниците кои собираат податоци за температурата на секои три дена го опишаа новиот рекорд како “неверојатен и ненopмален”. Забрзаното топење на мразот на Антарктикот доведе до пораст на нивото на морет од три метри во 120.000 години.

Урнебесно: Актерите Тино и Атанас ги синхронизираат ликовите на Мицкоски и Заев (Видео)

Актерите Тино и Атанас познати по “Златна бубамара на популарноста”, во недела гостуваат во емисијата “Еден на Еден” кај водителот Жаре Димитриоски.

Како задача им падна да ги синхронизираат ликовите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, па погледнете како тоа изгледа:

(Фото) Германија профитира и од paзopното нeвpeмe: Произвеле струја колку 44 нykлeapни централи

Heвpeмeто “Kиpa” кое предизвика големи пpoблeми во Европа на крајот од минатата и почетокот на оваа недела, на Германија и донесе огромна добивка.

Имено, ветерниците, кои ги има во голем број во оваа земја, се движеле толку брзо што турбините произвеле струја евивалентна на онаа која би ја произвеле 44 нykлeapни централи.

Фото: Торба “Луј Витон” најдена на собраниска говорница?

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, потсети на фамозната торба Луи Витон од случајот “Peкет” и стави иста таква реплика на собраниската говорница.

Почна пријавувањето на учесниците за Меѓународниот карневал „Прочка 2020“

Од 28 февруари до 1 март годинава, во Прилеп по 19-ти пат ќе се одржи Меѓународниот карневал „Прочка 2020“.

Пријавите за учество на карневалот за учесниците од нашата држава ќе бидат отворени до 27.02.2020, а пријавите за интернационалните учесници до 20.02.2020.

Дополнителните информации во врска со пријавувањето, можете да ги најдете на следниот линк:

http://www.karnevalprilep.mk/pokana-i-prijava-prochka-2020

(Видео) Во автобусот на Арсенал никогаш не е досадно: Причината е јасна, Давид Луиз

Давид Луиз е познат како нajлyдиoт играч во Премиер лигата.

Бразилскиот дефанзивец не може да се пофали со својот квалитет на теренот, но затоа доминира надвор од него.

Во автобусот на Арсенал никогаш не е досадно. Лyдите идеи на Бразилецот често можевме да ги видиме додека играше во ПСЖ и Челси, а овие видеа продолжија да се појавуваат и откако се пресели во Арсенал.

Новиот премиер на Косово ги намали платите за 50% на целата Влада

Косовскиот премиер Аљбин Курти и министрите во неговата влада одлучија да ги намалат своите плати за 50 отсто во обид да демонстрираат дека новата влада сака да ги сузбие големите разлики во месечните примања на Косово.

Претходникот на Курти Рамуш Харадинај пред две години си ја зголеми платата за речиси 100 отсто од 1.500 на 2.950 евра, во потег кој предизвика жестоки критики во земјата каде една третина од населението е невработена. На неговите министри месечните примања им беа исто така значителни зголемени.

„Предлагам да ја поништиме одлуката на претходната влада и да ги вратиме платите на претходните износи“, кажа Курти пред кабинетот да ја одобри неговата одлука.

Курти за време на минатогодишната изборна кампања вети дека ќе ги намали платите на премиерот и министрите и дека ќе се залага платите на Косово да бидат поизедначени доколу неговата партија Самоопределување победи на изборите.