дома блог страница 2785

Научниците збунети од појавата во вселената: Снимиле мистериозни радио сигнали!

Анализа: Канадски тим од науници откри необични радио-сигнали кои доаѓаат од галаксијата оддалечена 500 милиони светлосни години.

Мистериозните радио-сигнали од вселената, кои се појавуваат на секои 16 дена, ги збунија научниците.

Кратките радио-сигнали беа откриени од истражувачите од канадаската колаборација и следени се од 16 септември 2018 година до 30 октомври 2019 година.

Тие утврдија дека радио-брановите, чиј единствен извор е оддалечен од Земјата околу половина милион светлосни години, се појавуваат на секои 16,35 дена.

Maкедонци навивачи на Барса “вoopyжени” со знамиња го “окyпиpaa” Камп Ноу (Фото)

Македонци од повеќе краишта од државата и дијаспората денеска организирано го следат натпреварот од Ла лига помеѓу Барселона и Хетафе на “Камп Ноу”.

Нашинците “вoopyжени” со знамиња со сонцето од Кутлеш и државното знаме, навиваат за Каталонците и очекуваат сигурна победа во трката за титулата со Реал Мадрид .

Откриени траги од мистериозен човечки вид: Научниците ги нарекуваат ,,популација на дyxoви”

Мистериозна популација на древни луѓе живеела во Западна Африка пред половина милион години, а научниците веруваат дека нивните гeни сè уште живеат во луѓето.

Оваа „apxaична популација на луѓе-дyxoви“ се чини дека се оддалечила од современите луѓе пред неандерталците да се разделат од семејното дрво, се наведува во студијата објавена во списанието Science Advances, пренесува CNN.

Поделбата се случи пред околу 360.000 до 1 милион години, според истражувачите на Универзитетот во Лос Анџелес (UCLA). Овие древни луѓе имале деца со предците на денешните Африканци, како што неандерталците се репродуцирале со предците на модерните Европејци, пишуваат генетичарите Арун Дурвасула и Срирам Санкарараман, забележувајќи дека ДНК на ова архајско население сочинува 2 до 19 проценти од гeнeтcкoто наследство на современите луѓе во Западна Африка.

Студијата открила постоење на неандерталска ДНК кај современото европско население. Истражувачите од UCLA велат дека повеќе студии откриле тpaги на древните линии во потеклото на денешните Африканци, но дека природата на овие гeни останала слабо разбрана. Ова делумно се должи на ретките фocилни записи во Африка и тeшкoтијaтa во извлекувањето на древната ДНК.

Научниците од UCLA создале „гeнoмcки мапи на архаичното потекло“ за четири етнички западноафрикански популации во Нигерија, Сиера Леоне и Гамбија.

Истражувачите споредиле 405 гeнoми на луѓе од Западна Африка со гeнитe на Неандерталците и испитувале дали има вкрстувања со непознати хoминиди чии предци се разделиле од човечкото семејство пред неандерталците.

Професорот Џоел. Д. Ирланд, биоархеолог од Универзитетот во Ливерпул, раскажува дека веројатно имало повеќе антички човечки популации: „Мислам дека во еден момент имало различни типови популации, при што гeнeтикaтa е доволно различна за да изгледа различно. Сите се дружеле со сите. Мислам дека ќе откриеме повеќе за овие „популации на луѓе-дyxoви“.

Откако ги добиле првите гeнoми од хоминидите од каменото време, научниците во 2010 година откриле дека древните предци на денешните Европејци, Азијци и Американци се мешале со неандерталците.

Kлоп кажа од кого единствено се плаши за одбрана на трофејот во Лигата на шампиони

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе ја брани титулата освоена минатата година во Лигата на шампиони (ЛШ), но воопшто нема да имаат лесна задача, а за тоа свесен е и германскиот стратег.

Клоп кажа дека неговата екипа ќе се бори во ЛШ до самиот крај, но не е сигурен дека може да го одбранат трофејот.

„Не знам дали ќе го одбраниме трофејот, но подготвени сме да се бориме до крај. Покажавме минатата сезона дека може да ги победиме најдобрите. Ние сега нема да размислуваме на тоа, зашто треба да се фокусираме на мечот против Атлетико Мадрид. Според мене, Јувентус е најголем фаворит за титулата, тие имаат најмногу играчи“, вели Клоп.

Првиот меч од осминафиналето во ЛШ меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид се игра во вторник од 21 часот.

Познато со која песна ќе настапи македонскиот претставник на Евровизија 2020

По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Евровизија 2020 во Ротердам.

Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Невенка има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „USA Songwriting Competition“. Таа и сестра и Калина, која исто така учествуваше во пишувањето на песната “YOU,” се креаторите на музичкиот цртан Дарко Биберко. Песната „YOU“ е авторско дело на Невенка Нешкоска, којашто ја создаде музиката, текстот е дело на Невенка Нешкоска, работен заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска, како и колешката од „Беркли“, Алис Шредер.

“YOU”, Невенка ја започна со визија да ги претстави моќниот глас и интерпретација карактеристични за Васил на целиот свет. Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и официјалниот датум на промоција. Македонската Радио Телевизија им се заблагодарува на сите автори коишто пројавија интерес и се одзваа на јавниот повик, понудувајќи ги своите музички проекти.

Министерката Мизрахи по разрешyвањето собра огромен број коментари со поддршка и пофалби

По разрешувањето, техничката министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, денеска на социјалните мрежи одново со истиот говор од Собранието се обрати до јавноста.

Мизрахи за кратко време собра стотици коментари со поддршка и пофалби за нејзината личност.

-Дозволете ми да им се заблагодарам на сите граѓани на Република Македонија, на Собранието и партијата ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба и номинацијата за министер во техничката Влада на Република Македонија. Ми претставуваше посебна чест и задоволство да им служам на граѓаните. Дами и господа да се биде министер во техничка Влада во услови на поодмината и долготрајна политичка криза е голем предизвик. Но, желбата да им се помогне на граѓаните е вредна за човек да се соочи со сите предизвици. Нарушени меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење на проблемите, очајни граѓани, исплашени вработени во Министерството. Тоа се проблемите на Министерството за труд и социјална политика, напиша Мизрахи на Фејсбук и додаде:

„Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија, назначена за министер во Влада, бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираа средства, ниту начин и зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа ја критикуваа мојата верска и национална припадност. И ме обележаа со жолта ѕвезда. Јас разбирам дека право и должност на секој совесен граѓанин е да ја критикува јавната личност, односно политичарот кој сепак е одбран од него. Но, не можам да разберам кога некој Ве критикува поради верската и национална припадност. Последен што тоа го правеше е Гебелс. Луцидните напади ги осудија и претставниците на ОБСЕ и ОДХР во Македонија, а за волја на вистината со бледо соопштение против ова излегоа и токму оние кои го оркестрираа.

Сите тие напади кон мене кои почнаа со антисемитизам се засилуваа со секој мој јавен настап во кој со факти и докази и презентирав на македонската јавност дека системот е дисфункционален, а Министерството за труд и социјална политика е блокирано со илјадници нерешени предмети, ужасна кадровска политика и сето тоа на грбот на граѓаните.

Конечно хајката против еврејката Рашела Мизрахи, немајки за што друго, спин докторите на партијата на власт и нивните гласноговорници во очаен обид да ја прикријат вистинската слика за она што се случува во државата и Министерството, погубните политики на СДСМ чии лидери бараат спас од нас, наместо да се фатат со својата работа, заврши и колуминира со евтина тетарска претстава наречена „Таблата во Министерството за Труд и социјална политика“. Наместо да ме остават да им помогнам на болните, инвалидите, децата и најранливите во ова општество и помогнаа на вицепремиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата од само за нејзе познати причини да ми биде препишан на мене. Па наместо таа да објасни за натрупаните нерешени случаи за донесеното законско решение „case management“ кое е апсолутно дисфинкционално за криминалиите кои ги направила врз синдикатите со сета сила најлесно беше да ја истури својата неспособност и некомпетенстност, а некој друг да го обвини за истото.

Не ја прашувајте Рашела Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла.
Јас сум граѓанин на Република Македонија кој никогаш не го прекршил ниту Уставот ниту законите. А, Република Македонија е таа затоа што за неа на деветнаесет години загина народниот херој Лиман Каба, Република Македонија е затоа што Бабисадо Хамезе за неа изгуби нога во Втората светска војна, Република Македонија е затоа што мојата баба Ризова Трајанка и нејзината бригада „Добри Даскалов“ пет години крвареа. Поради Коста Солев Рацин, Македонија е поради Јордан Пиперката, Даме Груев и Карев. Република Македонија е затоа што нејзината иднина лежи на нејзината историја. А, без историја нема иднина. Реалноста денес е дека парламентарното мнозинство ја заборави историјата, барајќи иднина. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија!“.

Магична ноќ на виното и љубовта во “Пица бар Академи”: Мајсторите остануваат мајстори и број еден во градот (Фото галерија)

Aко некаде во Прилеп знаат да направат прекрасен спој на љубовта, добрата храна и виното, тоа сигурно е во “Пица бар Акдеми”.

Kaко и секоја година и оваа, ноќта посветена на виното и љубовта најсилно пулсираше во “Академи”, а гоститите уживаа во секогаш беспрекорно вкусната храна, неодоливите вина од винаријата “Тиквеш” и во извонредната празнична и топла атмосфера каква што има само во “Пица бар Академи”.

Таму е убаво да се биде гостин сите 365 дена во годината, но синоќа беше навистина магично.

Сопствениците се потрудија и направија декор, што само дополнително направи секој нивни гостин синоќа да се чувствува исполнето, сакано и да ужива во празничниот дух.

Боите на љубовта беа насекаде, персоналот растрчан и љубезен како и секогаш, а кујната работеше со полна пареа и брзина со цел вкусните специјалитети брзо да стигнат на секоја маса.

Штета ќе беше да не се пробаат и вината од специјалниот избор на винаријата “Тиквеш”, кои беа достапни за сечиј џеб, по цена од 500 и 600 денари.

Оние кои пробаа, докрај си ја исполнија ноќта со романтика, а душата со мевлем, додека пак дел од гостите имаа и среќа да добијат и по некоја награда од среќните грепки на “Тиквеш”.

Еве зошто мајсторите се мајстори и зошто кога “Пица бар Академи” е во прашање добриот збор никогаш не престанал да се шири.

Еве зошто се број еден во Прилеп и зошто кај нив секогаш се бара стол и маса повеќе.

Од Академи уште еднаш докажаа дека знаат како да допрат до сите, до оние со срца заљубени, но и до оние кои синоќа празнуваа традиционално со вино и лозова ракија.

Од Академи знаат што значи да се задржи приматот број еден, па како што спомнавме погоре, со сигурност ќе продолжат исто и во наредните 365 дена, до следниот Св. Трифун и Св. Валентајн. Зошто? Затоа што не знаат поинаку!

Одредена цената на билетите за натпреварот Македонија – Косово

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница закажа редовно Годишно Собрание на 21 март.

Собирот на делегатите ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ и на него, меѓу другото, ќе биде разгледани финансиските извештаи за 2019 година и се очекува да биде усвоен и предлог буџетот за 2020 година.

Членовите на УО на ФФМ ги усвоија и цените на влезниците за меч меѓу Македонија и Косово во Скопје во рамки на полуфиналето во Лига на нации.

Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари, во зависност од трибината. За домашните навивачи ќе биде резервиран „Западот“ на кој ќе се влегува бесплатно.

Верувања за денешниот празник: Кaков ќе сретнеш, со таков и ќе се омажиш

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 февруари, Сретение Господово.

Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец.

На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм.

На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.

Според народните верувања младите и немажени девојки треба да внимаваат кого ќе прво ќе сретнат утрово. Се верува дека нивниот иден сопруг по изглед и карактер ќе биде ист како првиот на кој ќе наидат на Сретение.

Манчестер Сити доби двегодишна cycпензија за настап во Лигата на шампиони

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) изрече двегодишна суспензија за Манчестер сити во Лигата на шампиони и за Лига Европа. Згора на тоа, тимот од „Етихад“ е казнет и со 30 милиони евра за сериозно прекршувања на правилото за финансиски фер-плеј.

Суспензијата за „граѓаните“ која се однесува на двете клупски натпреварувања е показател за сериозноста на УЕФА во намерата за доследно почитување на финансиските правила и кодексот на однесување.

Казната за премиерлигашот се однесува и за вештачко „пумпање“ на приходите од спонзорства. Наодите се резултат на истрагата што беше иницирана по објавување на мејлови и документи од германскиот магазин „Шпигел“ во ноември во 2018 година.

Тие покажуваат дека газдата на Манчестер сити, шеикот Мансур бин Зајед ал Нахјан од владеачкото семејство во Абу Даби, воглавно го финансира огромното богатство од 67,5 милиони фунти на годишно ниво во клубот, на стадионот и во Академијата преку авио-компанијата „Етихад“.

Еден од мејловите, сепак, упатува дека во сезоната 2015/16, само осум милиони фунти преку „Етихад“, а остатокот е од компанијата на Мансур бин Зајед ал Нахјан – „United Group Abu Dhabi“.

Од Манчестер сити изразија разочараност од одлуката и најавија дека ќе поднесат жалба за суспензијата и за висината на паричната казна во најкус можен рок.