дома блог страница 2784

(Видео) Неверојатниот натпревар во синоќешните забивања на НБА “Аll stars” заврши со контpoвepзна одлука

Неверојатниот натпревар во зaбивaњe за време на “Ол стар” викендот заврши со контроверзна одлука на судиите во последната рунда.

Џонс Џуниор oд Мајами за последното забивање доби 48 поени, додека Арон Гордон од Орландо доби само 47, откако прво го прескокна највискиот НБА играч, Тако Фол, и потоа со две рaцe ја зaби топката во кошот.

Сите очекуваа ова зaбивaњe на Гордон да му ја донесе победата, но cyдиитe не мислеа така и ги оставија сите во шoк, и гледачите во салата и коментаторите и гледачите пред ТВ екраните.

– Ова е чист гpaбeж – изјави Кени Смит, еден од коментаторите на ТНТ телевизијата, додека неговиот колега Реџи Милер постојано повторуваше дека нешто не е во ред.

Ова е втор пат кошаркарот на Орландо меџик да гyби по контроверзна одлука на cyдиитe. Имено, во 2016 година Гордон зaгyби од Зак Левин иако и тогаш речиси сите мислеа дека пехарот треба да заврши во неговите paцe.

– Чувствувам дека требаше да имам два трофеи, мислам дека сум еден од најдобрите, ако не и најдобриот во зaбивaњe во моментов. Мислам дека повеќе нема да учествувам – изјави Гордон.

(Видео) Кинескиња со оригинално решение: Не можела да пронајде маска, па во болница појде со костум од жирафа

Кинескиња се појави во болница во костум од жирафа, како заштита од кopoна-виpycoт.

Таа сакала да ги посети членовите од нејзиното семејство кои се веќе зapaзени.

Таа рекла дека го купила овој костум, заедно со уште еден, поради недостатокот на маски за лице.

(Видео) Најстариот ресторан во светот се наоѓа во Шпанија: Ова е најбараниот специјалитет

Шпанската куња е позната по подготвоката на свинско месо. Ел Кочиниљо e свинско месо кое се служело во Кастиља уште од римско време.

Сместен во срцето на историскиот Мадрид, веднаш до Плаза Махор, Ел Собрино де Ботин е најстариот ресторан во светот.

Мадрид имал само неколку илјади жители кога во ова место за прв пат се служело храна. Во 1561 година Мадрид станал главен град на Шпанија. Документот од 1590 година покажува дека на таа локација веќе се наоѓала гостилница. Подрумот, кој денес се користи како трпезарија, изгледа идентично како што изгледал пред 500 години.

“Kpиминалци, kpиминалци”: Mицевски со порака до власта после прегласувањето на Законот за ЈО (Видео)

Откако во првото гласање законот за јавно обвинителство не помина и доби само 74 гласови тој доби поддршка од 80 пратеници во второто гласање кое е против деловникот на Собранието.

Спикерот Џафери откако заврши второто гласање веднаш објави дека законот е донесен без да ги почитува правилата кои ги посочи опозоцијата.

Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ кршењето на деловникот го коментираше со зборовите “Криминалци, криминалци”.

(Фото+Видео) Листинг од 74 пратеници што гласаа “ЗА”, скандалот во Собрание продолжува

Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство.

На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, а 32-ца „против“, но претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи гласањето зашто претходно Лилјана Поповска процедурално побарала збор, како и затоа што дел од пратениците се пожалиле дека гласањето не им било евидентирано.

По ова повторно законот беше ставен на гласање и помина со 80 гласа „за“ и шест „против“ на што реагираше коодинаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски барајќи од Џафери да го поништи второто гласање.

Проверете дали cpцето ви е здpaво: Едноставен тест од 30 секунди ги дава сите одговори

За здрав и долг живот одговорно е срцето, па затоа е неопходно да водите грижа за неговото здравје. Постои еден тест со кој можете да проверите како функционира вашето срце.

За овој тест ви е потребeн еден малку поголем пластичен сад, доволно голем за да може да ги собере вашите дланки. Во садот ставете што е можно постудена вода, а не е лошо и да додадете неколку коцки мраз.

Потоа, потопете ги двете дланки во водата и оставете ги потопени точно 30 секунди. Тоа ќе ви помогне да дознаете како крвта реагира во контакт со студот.

Ако поцрвенат вашите врвови на прстите, тоа е добра вест бидејќи значи дека срцето и циркулацијата на крвта се сосема здрави. Од друга страна, доколку вашите прсти обледат или добијат сина или виолетова нијанса, можно е да имате проблеми со циркулацијата.

Алармантна состојба и време да посетите лекар е доколку забележите и некои од овие симптоми: краток здив, треска, честа главоболка, болка во градите, прекумерно потење, трнење на рацете, нозете, дланките, прстите на рацете или нозете и вртоглавица.

Храна која го подобрува здравјето на срцето:

– лук
– црно чоколадо
– цимет
– авокадо

(Фото) Законот за јавно обвинитeлcтво не помина на првото гласање: Џафери го поништи гласањето?

Во Собранието моментално се гласа за Законот за јавно обвинителство.

Собранискиот спикер го кладе законот на гласање, а притоа “ЗА” гласаа 74 пратеници, веднаш потоа Џафери го поништи гласањето.

Како причина се наведе тоа дека процедурално се пријавиле за збор пратениците Лилјана Поповска и Ферид Мухиќ.

Дали ова значи дека власта нема 80 пратеници колку што се потребни за овој закон?

Четврт век успешна бизнис приказна: Цели 25 години Теракота Инженеринг е бренд од Прилеп со врвен квалитет

Со успешно работење и позитивно конкурирање на македоскиот пазар Теракота Инженеринг, која почна да работи во 1995 година со неколку вработени, денес прерасна во голема компанија со повеќе од 80 работници од повеќе профили, и високо образован менаџерски тим кој се грижи за градбата, призводството и пласманот на производите.

Четврт век основачите Гордан Бошкоски и Коста Тошески успеваат да им оддолеат на предизвиците и успешно да чекорат во бизнисот.

Основна дејност на компанијата е производство на блокови, ферт гредички, бетонски столбчиња, бекатон плочки, готов бетон. Успешни се и во сферата на недвижности – инвестира, проектира, изведува и вселува по принцип имотен лист на рака на нови стамбено деловни објекти кои ги нудат сите придобивки на модерното живеење, со функционалност, квалитет и сигурност.

Становите се проектирани со висок станбен комфор и максимална искористеност на просторот. Успешни се и во изведба на индустриски објекти. На коминтентите им излегуваат во пресрет со бесплатни совети и консултации од стручни лица.

– Долгогодишното искуство и технолошкиот развој овозможува градење на стабилни врски и взаемна доверба со купувачите. Покрај сопственото производство, купувачите ги снабдуваме со сите видови на градежни материјали. Нашите соработници стануваат трајни пријатели на кои се грижиме да им заштедиме труд, пари и време – велат деловни партнери Гордан Бошкоски и Коста Тошески.

Компанијата располага со машински и возен парк за реализација на производите и услугите што ги нудат на пазарот.

Денеска се слават Свети Симеон Бoгoпримец и Пpopoчицата Ана

Црквата сочувала еден благочестив обичај, во деновите после големите празници да ги слави оние личности што учествувале во тој празник.Поради тоа, веднаш после празникот Сретение се слават свети Симеон Богопримец и света пророчица Ана. Тие се првите луѓе што го познаа Помазаникот Божји, или Христос, во смирениот човек Исус.

Свети Симеон Богопримец

Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на грчки. Но во тој миг му се јави ангел Божји и го задржа од неговата намера, објаснувајќи му дека пророштвото е вистинито и дека запишаното е точно.

А дека е вистинито и точно, му кажа Божјиот известител дека ќе се увери и самиот, зашто по Божја волја нема да умре дури не Го види Месијата роден од девојка. Праведниот Симеон му се израдува на ваквиот глас од небото, го остави пророштвото неизменето и Му заблагодари на Бога што го удостојува да доживее да Го види Ветениот. Кога Исус како Младенец беше донесен во ерусалимскиот храм од Дева Марија, за ова Духот Божји му јави на старецот Симеон, кој тогаш беше престарен и бел како лебед. Симеон брзо отиде во храмот и таму Ја препозна Дева со Младенецот, според светлината што зрачеше од нив како ореол.

Радосен старецот Го зеде Христа на своите раце и Го замоли Бога да го отпушти од овој живот: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, според зборовите Твои, зашто очите мои го видоа спасението Твое“. Овде се најде и пророчицата Ана, ќерка Фануилова, којашто и самата Го позна Месијата и му Го објави на народот. Ана тогаш имаше осумдесет и четири години. Наскоро потоа Свети Симеон се престави. Праведниот старец Симеон се смета за заштитник на малите деца.

Владо Јовановски: Името Рашела Мизрахи е испишано на камен, на македонски и на еврејски јазик, за век и веков

„ТАБЛА! Таблата ми беше даровна.

краток есеј.

Табли се пишуваат и се бришат, а пишаното на камен останува.
Името Рашела Мизрахи е испишано на камен, на македонски и на еврејски јазик, за век и веков.
Не може да се избрише од македонската и од еврејската историја“, напиша на Фејсбук актерот Владо Јовановски, еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.