дома блог страница 2783

(Видео) Парови во Србија се натпреваруваа кој подолго ќе се бакнува: Најдолгиот бакнеж траел 112 минути

Во Врњачка Бања во Србија по единаесетти пат бил организиран натпревар во најдолг бакнеж.

Десет вљубени двојки од сите делови на Србија со долги бакнежи ја слевеле љубовта.

Победничкиот бакнеж на Ирена и Ѓорѓе Божиќ од Крушевац траел неверојатни 112 минути.

За оваа двојка ова е петтата победа на натпреварувањето во нивното седмо учество.

Најстарите натпреварувачи на оваа интересна манифестација имале по 75 години.

ФОТО: Иcкpшeна двојазичната табла на ФЗОМ во Штип

Двојазичната табла на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Штип е искршена непосредно по нејзиното поставување.

Пред три недели истата судбина ја доживеа таблата на Здравствениот дом Штип.

Соработничката на новиот косовски премиер: “Никогаш Северна, секогаш Македонија”

Скопјанката Влера Ѓакова која е пратеничка во косовското собрание од редовите на владејачкото движење Самоопределување на премиерот Албин Курти ја поддржува македонската јавност која се противи на промена на името и политичката трговија без преседан.

Ѓакова денеска на Твитер напиша:
“Бидете мирни и останете држава. Никогаш Северна, секогаш Македонија”.

Ѓакова е од Скопје, работеше како шеф на кампањата на кандидатот за претседател на Македонија Блерим Река кој сега е министер за европски прашања на Косово.

Предходно Ѓакова напиша дека пред 3 години била дел од студенскиот пленум, протестите и други активности против поранешната влада на Никола Груевски кого го критикуваа на ТВ дебати.

Влера Ѓакова вели дека била против референдумот за промена на името а сега не гледа причина да продолжи тоа што се случувало при промена на името.

“Но сега не гледам било каква причина да се продолжи со слична политичка трговија особено за иднината на Специјалното јавно обвинителство.
Ќе бидам силен противник на:
– Политички зависно правосудство; Непотизам во државната администрација; нереформирана државна администрација”, пишува Ѓакова која е една од ретките македонски Албанки/ци кои се против промена на името и отворено се противат на политичкиот пазар во кој учествуваат сите партии на Албанците во Македонија.

Извор: expres.mk

Димоски со лекција за Координаторот на СДСМ и Талат Џафери

“За несреќа на оној колега, координатор на СДСМ, кој не знам дали важи за слаб или добар познавач на процедурите, да разјасниме…

1. Оној стенограм и гласање што ги споделува се од време кога со Законот за Советот на СЈО не се регулираше употребата на јазиците и следствено на тоа, не се ни гласаше со БАДИНТЕР…

Но, во денешниот Закон како прв член ја регулираат употребата на јазиците, а тоа повлекува друга постапка… (види слика 1)

Тоа што прифатија се што им текна на колегите Албанци за овој Закон, не е проблем за мене, туку покажува колку очајно на СДСМ му требаше овој закон за амнестија на се што сторија минативе години…

2. Уставот на Република Македонија во неговиот Амандман 10 регулира дека со БАДИНТЕР се гласаат закони кои регулираат употреба на јазици… (види слика 2)…

Колегата треба да знае дека Уставот е највисок акт. Без разлика што учествуваше во неговото менување, Уставот и за него, и за колегата Талат важи и понатаму.

3. Законот за Комитетот за односи помеѓу заедниците во членот 11, став 4, што и овој колега и неговиот сопогазувач на Деловник и Устав Талат Џафери, го кријат и избегнуваат го вели истото дека сите идни закони кои ќе регулираат прашања за јазикот на заедниците ќе се гласа со БАДИНТЕР… (види слика 3)

4. Талат сам си најави дека овој закон се гласа со БАДИНТЕР. Тоа што заборавил, намерно или не, е ваша и негова работа… (види видео подолу)…

П.С. СДС никогаш немал послаб, позбунет и попослушен состав во Собрание…”, напиша на Фејсбук пратеникот Илија Димовски.

Видео: Како Талат го “заборави” Бадентер, за Законот да не важи?

При донесување на Законот за Советот за јавни обвинители не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници.

Спорниот момент околу законот е што самиот претседател на собрание, Талат Џафери најавува дека треба да се гласа со Бадентерово мнозинство, но тоа не е реализирано.

Погледнете:

(Видео) Апokaлиптични сцени: Како да доаѓа кpajoт на светот- погледнете што се случува во Велика Британија

Велика Британија денес беше погодена од циклонот “Денис”, кој донесе силни ветришта и обилни врнежи. Посебно kpитична е ситуацијата во јужен Велс.

На повеќе места на југот од Велс има лизгање на земјиштето.

Аки Рахимовски стана татко на 65 години

Пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски (65), кој е од Македонија доби ќерка со 48 годишната Словенка Барбара Весел. Аки пред неколку месеци имаше медицински пpoблеми и полесен cpцев удар.

Аки и Барбара на ќеркичката и дале име Антонија, пренесува РТЛ Екслузив. Барбара е медицински техничар. Аки досега има две деца од два брака.

Намерно или НЕ, Талат не го донесе Законот за совет на ЈО?

Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски:

“И вториот закон, оној Закон за советот на ЈО не е донесен…

Талат Џафери најави (што се гледа на снимките) дека овој закон се носи и со БАДИНТЕРОВО мнозинство…

Но во духот на хаосот заборави (намерно или не) да го стави на гласање по Бадинтер… (тоа се гледа од листинзите и од видеото од самата седница)… Според Уставот на Република Македонија, и овој Закон не е донесен…”

УХМР предупредува: Од четврток врнежи од дожд и снег

Сончево и топло време со пораст на дневната температура ќе преовладува уште два дена, а од среда се очекува зголемување на облачноста.

Под влијание на нов влажен бран во четврток се најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе преовладува сончево и ведро време со ниски утрински температури кои ќе се движат од -6 до -1 степен.

Дневните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 19 степени.

Собранието едногласно се распушти, избори на 12-ти април

Со 108 гласови „За“ и ниту еден против, донесена е одлуката за распуштање на Собранието.

Со оваа одлука се исполнија условите за предвремените избори да се одржат на 12 април, како што беше договорено претходно.