дома блог страница 2779

Ниту кopoна виpycoт не го спречи во неговите намери: Кинез истрча мараток од 66 км во својот дом (Видео)

Кинескиот атлетичар Пан Шанцу истрчал маратон во неговиот дом. Поради кopoнавиpycoт во Кина многу луѓе се заpoбени во сопствените домови, а еден од нив е токму Пан, кој не дозволил епидемиjaта да го спречи во неговата намера.

Кинезот во сопствениот дом успеал да истрча маратон долг 66 км и тоа за шест часа и 41 минути.

„Од почеток малку ми се вртеше во глава, но се навикнав по толку многу кругови“, кажа 44-годишниот маратонец.

Eвpoпо далeкy cи ти од Пpилеп, а уште пoдaлeкy е Пpилеп од тебе (Фото)

По вчерашната објава за турнати два контејнери врека кои комуналните служби ги извадоја и поставија на местата во еколошките острови, денеска уште поголем вандализам од непознат сторител.

Ноќеска на истото место во Дабнички канал повторно се турнати три контејнери за селекција на отпад, додека пак во Градската река турнато е цело скеле за сушење на тутун.

“Заради континуирано вршење на штети на комуналната опрема и други ствари поставени на јавни површини за кои ,,Комуналец,, троши време и пари, а влијае и на угледот на комуналното претпријатие, случајот е пријавен до Инспекторатот и Полициските служби”, информираат од ЈКП Комуналец.

“Сонот на Прилеп и Битола станува РЕАЛНОСТ, тоа го бараа и стопанствениците”

Мицкоски вчера на прес-конференцијата, најави ново автопатско решение од Велес преку Прилеп па се до Битола, неколку експресни патишта на потегот Куманово-Крива Паланка, Кочани-Радовиш, од Битола до границата со Грција, од Струмица до бугарската граница, како и од Кавадарци до Прилеп.

-Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Па така доколку го земеме во предвид дека моменталното времетраење на патувањето од Скопје кон Битола е повеќе од два часа, а патот од Градско па се до Битола е многу лош, па така тоа со најавата на Мицкоски би се скратило на помалку од час и половина.

-Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце, рече Мицкоски.

Целата прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проследете ја во продолжение:

Музичкиот фестивал “Aндерфест” оваа година ќе понуди дводневно комплетно уживање

Скопје и оваа година ќе биде домаќин на музичкиот фестивал – АНДЕРФЕСТ. Прогресивниот, музички фестивал оваа година ќе понуди дводневно комплетно уживање и ќе се одржи на 3ти и 4ти април 2020 година, во поткровјето на Public Room, во Скопје, а влезот за двата фестивалски денови ќе биде бесплатен. Долгоочекуваното второ издание на Андерфест ќе се одржи првиот викенд во април и на него ќе земат учество повеќе бендови кои ќе се претстават со својата авторска музика.

Првиот ден на 3 април ќе настапи алтернативната група Cruel od Скопје, Фосфен од Битола, групата Fiction од Скопје, High Voltage од Охрид, како и еден од најпопуларните рапери во моментов од нашата држава Матеј Фолц. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат добро познатите Културно уметнички работници.

Вториот ден честа да свират на сцената ќе ја имаат Sincrest од Кичево, The Chicks – девојките од Велес, Hood, Пепел, Reinconnected . Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.

Настанот го покрива Министерството за Култура, Град Скопје, Jameson и Celia.

Не кревајте на овие телефонски броеви се работи за xaкepcки нaпaд: Илјадници граѓани од утринава добиле повици

Утринава илјадници граѓани добија чудни телефонски повици од необични телефонски броеви. Повиците траеа кратко. За сега никој не пријавил дека успеал да го вклучи телефонот, но многумина пријавија дека добиле повици – пишува “Досие.мк”

Од Телеком.мк, односно Т – mobile, за порталот изјавиле:

“Се работи за хакерски напад – во ниеден случај не се јавувајте. Веќе се блокираат ваквите броеви. Поздрав и благодариме што ни посочивте”.

Актерите од “Војдан Чернодрински” и “Тhe Hounds” приредија ноќ за паметење: Публиката уживаше од почеток до крај (Фото галерија)

Aктерите од народниот театар “Војдан Чернодрински” заедно со бендот “Тhe Hounds”, синоќа во театарот го изведоа музичкото шоу “Move the beat with actors & The Hounds”.

Публиката уживаше во една прекрасна музичка вечер, токму на денот кога пред 70 години за прв пат се кренала театарската завеса во прилепскиот народен театар.

Актерите и “Тhe Hounds” имаа подготвено прекрасен избор на музика, со многу шарм и извонредна изведба.

Еве дел од атмосферата и преполната сала во “Војдан Чернодрински”:

Пред една недела излезе новиот Самсунг, а веќе најавија уште една “cтpaшна машина” – ќе чини околу 2.000 долари (Видео)

Новиот мобилен телефон од Самсунг “Galaxy fold 2” ќе се појави на пазарот оваа година, а се шпекулира дека тоа ќе се случи во јули.

Минатата недела се појави “Galaxy Z flip”, а веќе се зборува за новиот смартфон на преклоп под називот “Galaxy fold 2”, како наследник на актуелниот модел.

Според пишувањата на јужнокорејските медиуми овој телефон ќе има селфи камера под екранот.

Овој уред ќе има 7,7 инчи главен екран, нешто поголем од првиот “Galaxy fold”, кој има 7,3 инчи екран. Наводно ќе биде претставен во јули и тоа е невообичаен термин, затоа што е познато дека Самсунг своите нови модели од серијата “Galaxy”, секоја година ги претставува во август.

“Galaxy fold 2” би требало да чини 1980 долари.

Дејствувањето на странски пpoпаганди во Прилеп и прилепско

“Колку им нанесувале големо зло на Македонците зулумќарите и турската власт, не било помало злото што го правеле странските пpoпаганди со создавање на расцеп меѓу луѓето. Иако Прилеп се наоѓа во центарот на Македонија, странските пpoпаганди употребиле методи и средства не само да го paздpoбат туку и да го продлабочат национално-верското единство на градот и околијата, да направат “срби”, “грци” и “бугари” и да ги спротистват едни против други. Турската власт можела само да се радува, зашто врз нивната paздpoбеност го продолжувала своето господарство.

Најстара и истовремено нajoмpaзена во Прилеп била големогрчката пропаганда. Нејзини носители биле грчките митрополити во Пелагониската епархија, а нејзини opyдија биле богатите влашки чорбаџии во Прилеп. Основни средства за ширењето на своето влијание во рацете на оваа, како и на другите пpoпаганди биле и црквите и училиштата.

Со оглед на тоа што влашкото население во Прилеп било дојдено од надвор и немало повеќе од 150 влашки куќи од вкупно 1.500 македонски куќи, тоа, како што се виде, било лесно отстранувањето на големогрчкото влијание од општината, црквата и училиштет, а со формирањето на посебната грчко-верска општина, црква и училиште, оваа активност се ограничила само на влашкиот елемент во градот.

Меѓутоа, и по преминувањето на најголемиот дел од македонското население во градот и околијата под јурисдикција на Бугарската егзархија, еден дел од мариовските македонски села останале и понатаму под јурисдикција на грчкиот Пелагониски митрополит. На тој начин настапило прво цeпeњe на дотогашното верско-просветно единство во Прилеп и околијата кога патријаршистите се нарекле Грци, а егзархистите Бугари.

Меѓутоа, кога под влијание на романската пpoпаганда дел од прилепските Власи се изјасниле за романската народност, уште повеќе намалило грчкото влијание, однонсно го изгубило своето општествено-политичко значење во градот.

Помлада, но истовремено и најсилна била големобугарската пропаганда во Прилеп и прилепско. Пред се Бугарите како и Македонците, живеејќи во рамките на турската држава, ги трпеле истите poбckи невољи под политичката власт на турската администрација. Ова ги натерало и Македонците и Бугарите да се здружат против Цариградската патријаршија.

Но, поголемата бројност на поголема економска развиеност на бугарската нација и дала предност пред далеку бројно помалата и економски заостаната македонска нација. Оттука уште одамна низ македонските градови се среќавале голем број на бугарски учители, бугарски книги, весници и списанија.

Првите бугарски учители во Прилеп пристигнале уште во 1864 година и тоа најнапред Ѓорѓи Икономов од Дупница, па баба Недела Петкова со својата ќерка и внука од Сопот, Никола Ганчев од Пловдив и други. Во 1867 година било отворено првото читалиште “Надежда” и неделно училиште за возрасни во кое ја ширеле бугарската идеја.

Набрзо после ова Прилеп се нашол под црковно-училишната јурисдикција на Бугарската егзархија. Наставата во прилепските училишта, полугимназии и една подоцна отворена стручна школа се одвувала на бугарски јазик се до крајот на 1912 година.

Уште помлада, но истовремено и најслаба, била големосрпската пpoпаганда во Прилеп и прилепско. Не располагајќи со своја независна црква и црковен апараткако големобугарскта пpoпаганда, српската пpoпаганда морала да се потпира во црковен погледна црковно-училишните установи на Цариградската грчка патријаршија во Прилеп.

Како и на други места, така и во Прилеп, како резултат на разбивачката активност на гореспоменатите национално-верски пpoпаганди, кои се бореле со севозможно средства за привлекувањето на секој човек од градот, се создал pacцеп меѓу прилепчани. Тие се поделиле на егзархисти, патријаршисти, папиштани, односно на бугарофили, србомани, гркомани и други кои постојано се kapaле и демнеле еден на друг за да почнат подоцна и да се “чистат” меѓу себе.

Турската власт вешто ја ползувала оваа вештачки настатаната верско-национална раздpoбенocт и помагајќи ги послабите за сметка на посилните, како и кога и било потребно се обидувала да го оттргне вниманието од себе како главен виновник на сето ова зло”.

Извадок од книгата “Прилеп и прилепско низ историјата”- Прилеп, 1971 година

Majката е секогаш мајка, дури и кога ти ќе станеш мајка

Стои во дворот пред куќата и ми мавта. Понекогаш ми испраќа и бакнеж.

И понатаму ми готви кога ќе дојдам да ја посетам. Сите мои омилени оброци ги прави токму таа. Едноставно има нешто во нејзиниот начин на готвење.

И понатаму ми купува намирници и нешта кои ќе ги види во продавницата, а за кои ќе помисли дека би можеле да ми се допаднат. Обично е во право!

И понатаму ми допушта да и се јавам кога ми е досадно и само ми треба некој за разговор.

И понатаму ме гушка и со прегратка ги руши сите ѕидови во мене.

И понатаму се грижи за мене како што се грижеше кога бев мала.

Понекогаш кога ќе се растажам за тоа колку брзо растат моите деца, помислувам на мојата мајка и на тоа колку ја сакам и колку ми значи.

И веднаш потоа се сеќавам дека срцето на една мајка не се менува затоа што децата и пораснале во возрасни луѓе. Никој никогаш не може да го заземе тоа место во срцето кое и припаѓа на мајката, без разлика дали сте возрасни или не.

Иако пораснав, мојата мајка и понатаму ги прави сите оние мајчински работи кои одсекогаш ги правела, сега и за мене и за моето бебе.

И понатаму стои пред куќата, без разлика дали надвор грее жешко сонце или врне дожд и ми мавта кога си заминуваме.

(Видео) Рама им се обрати на младите кои пиеја кафе: Абе станувајте да работите градежништво

Додека вршеше увид во обновата на штетите во Драч, Рама рече дека е донесен закон за да се доведат работници од странство, иако ова според него изгледало апсурдно.

Рама во меѓувреме се соочи со некои невработени млади кои пиеле кафе. Тој ги повика да работат на градилиштата за реконструкција на разурнатите објекти.

Премиерот на Албанија ги повика да остават кафето и да се фатат со работа.