Порто го “растури” Вардар: Нов висок пораз за црвено-црните

Актуелниот европски првак Вардар попладнево загуби на гостувањето кај Порто со убедливи 30:22 во претпоследното коло од Б-групата во Лигата на шампионите.

По овој пораз вардарци драстично ги загубија шансите за петтата позиција и најверојатно во осминафиналето ќе одат од шестата позиција, што условно значи потежок противник.

Двете екипи покажаа слаба ефикасност во првите 30 минути и на полувреме с еотиде со резултат 11:10 за португалскиот тим. Победникот беше решен на почетокот на второто полувреме кога Порто со серија од 7:1 отиде на +7 (18:11).

Најефикасен во тимот на Вардар беше Данил Шишкарев со седум голови.

Во последното, 14.коло, Вардар на 29 февруари го пречекува Монпеље.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.