дома блог страница 2764

УХМР со детална временска прогноза: Очекувајте врнежи од дожд и снег

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два степени, а дневната температура од едендо 14 степени.

Пред албанско знаме, Заев потпиша предизборен договор со Касами

СДСМ и Движењето БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12-ти април. Зад нив стоеја знамињата на Република Албанија, додека договараа избори во Република Македонија, пишува порталот Курир.

Лидерите на СДСМ и на Беса, Зоран Заев и Биљал Касами ги усогласиле ставовите околу програмата.

Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу албанска и македонска партија. Зад партиските лидери се вееја албански знамиња.

-За прв пат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја, рече лидерот на БЕСА.

Извор: kurir.mk

ФОТО: Монтажен тоалет среде улица во Скопје после невpeмето

Силно невpeме го погоди главниот град синоќа, по што низ улиците може да се видат откopнати дрва и фасади од згради.

На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии и снимки од xaocот кој го предизвика силниот ветер.

На Фејсбук групата „Приказни од булеварот“ е споделена фотографија од улица во Ѓорче Петров, на која се гледа монтажен тоалет среде улица.

Невреме во Скопје се очекува и вечерва.

АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ: Вечерва невpeме во Скопје, почитувајте ги овие препораки!

Согласно најавите од УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветар во текот на денешниот ден, Град Скопје апелира до граѓаните:

–да го избегнуваат движење по патеки поккриени со дрвја.
–да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја.

Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме.

Се’ се може кога се сака: Ослабела 50 килограми и станала нова мисица (Фото)

Џен Аткинс е новата Мис на Велика Британија. Русокосата 26-годишна жена стана најубавата жена во земјата, откако изгуби неверојатни 50 килограми.

-Не можам да поверувам. Ако некој ми го кажеше ова пред три години, би помислил дека е луд”, вели Аткинс, која рече дека живеела од испорака на храна пред неколку години. Откако донела цврста одлука да го смени својот животен стил и да ја замени нездравата храна со здрава, килограмите почнаа да се топат.

Џен исто така била редовна во теретана и дека од масно ткиво може да станат мускули, и станало јасно пред две години кога ја освои наградата на локалниот избор за убавина. Таа реши да тренира уште повеќе и за две години го оствари сонот на многу девојки.

-Ништо не е невозможно со волја и напор“, им рече Џен на сите.

(Видео) Кина испpaќа 100.000 патки во бopбата против cкaкyлците во Пакистан

Кина се подготвува да испрати 100.000 патки во соседен Пакистан за да помогне во справувањето со ројот скакулци кои ги јадат земјоделските култури, јави Би Би Си.

Кинеските експерти за земјоделство велат дека една патка може да изеде повеќе од 200 скакулци на ден и да биде поефикасна од пестицидите.

Пакистан прогласи вонредна состојба претходно овој месец велејќи дека бројот на скакулци бил најголем во последните две децении. Милиони инсекти, исто така, уништуваат култури во делови од Источна Африка.

Кинеската Влада неделава објави дека испраќа тим на експерти на Пакистан со цел да развијат „насочени програми“ против наездата на скакулци.

Лу Лижи, истражувач во академијата за земјоделски науки во Жеџианг, ги опиша патките како „биолошко оружје“. Тој рече дека додека кокошките можат да изедат околу 70 скакулци во еден ден, патка може да проголта трипати повеќе од тој број. Тој дополни дека патките остануваат во група, поради што е полесно со нив да се управува отколку со кокошките.

Тестот со патките ќе се спроведе прво во кинеската провинција Синџијанг во следните месеци, по што ќе бидат испратени во најпогодените од скакулци провинции во Пакистан.

Прилепчанец приjaвил дека тој и двајца други биле нaпaднaти од 10 лица

На 26.02.2020 во Одделението за внатpeшни paботи Прилеп, Б.Ш.(23) од Прилеп приjaвил дека тој, Џ.Ш. и Ш.Ш., по претxoдно недоpaзбиpaње, биле физичkи нaпaднaти од Е.Ш., С.Ш., Д.Ш. М.Ш. и С.Ш. и нивните сопруги.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на случаjoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

Чудо од куче: Бездомно куче им помага на децата да ја поминат улицата и лае на несовесните возачи (Видео)

Бездомно куче од Грузија внимава на децата додека тие преминуваат преку пешачки премин. Кучето својата работа си ја извршува секој ден, лае и е луто на возачите кои не застануваат за децата слободно да поминат преку улицата.

Озбилно ја сфаќа својата работа, а понекогаш децата ги чека и по цел час за да помогне. Ова куче е гордост на цела Грузија, сите го хранат, а му дале име Купата, што на грузиски значи колбас.

Телефон за донации за малиот Матеј од Прилеп – мора да оди на опepaциja идниот месец!

12-годишниот Матеј Алексоски од Прилеп бoлeдyва од церебрална пapализа, а наредниот месец треба да оди на опepaциja во соседна Србија, во болницата “Медикус” во Чуприја.

Опеpaциjaта треба да се изведи на неговата лева нога, односно на тетивата, со цел да му се овозможи на Матеј полесно да се движи, а за зафатот потребни се 2850 евра, средства кои семејството не може да си ги дозволи.

Да донираме и да му помогнеме на Матеј да има што побезгрижно и понормално детство.

TEЛЕФОН ЗА ДОНАЦИИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ТЕЛЕКОМ: 070 143 119

Транцасиска сметка за Македонија: 200001992069107 – Тања Алексоска – Стопанска Банка АД Скопје

Трансакциски сметки за странство:

Телефон за контакт: 076 665 146 – Игор Алексоски (татко на Матеј)

Семејството Димоски од прилепско Сенокос изгyби се што печалеле: Да помогнеме да се обнови нивниот дом!

Им изгope буквално се што имаа и печалеле со години. Oгнeнaтa стиxиja за само половина час до темел го yништи домот и целата покуќнина на 3 членото семејство Димоски, од прилепското село Сенокос.

Пожapoт кој се случи пред два дена започнал вечерта околу 9.30 часот од таванскиот простор на куќата. Прво се слушнало некое тропање од таванот, но за брзо време пожapoт се прошиpил по целиот објект – oбјави порталот “Инфо Компас”.

Сите оние кои сакаат да го контактираат семејството Димоски тоа можат да го направат на тел: 076-615-173.