дома блог страница 26

Aнима Мунди: “Каде се мирните маалските миленици во Прилеп – Лиса, Шарка, Симба, Душко….”

Здружението „Анима мунди“ реагира во врска со, како што наведуваат, заловување на повеќе мирни и познати маалски кучиња во Прилеп и бара од надлежните институции официјални информации за нивната судбина.

Од здружението посочуваат дека отстранувањето на кучиња кои се познати и прифатени од локалното население може да создаде простор за појава на нови, нестерилизирани и непознати кучиња на истите локации.

Како конкретен случај ја издвојуваат Лиска, мирно куче кое било чувано во населбата Точила. Според информациите што ги добиле од граѓани, Лиска била заловена на 17 септември, по што граѓани отишле во прифатилиштето со намера официјално да ја вдомат. Според нивните наводи, кучето не било пронајдено таму.

„Анима мунди“ бара од сите граѓани кои располагаат со фотографии, видеозаписи, снимки од надзорни камери или други информации поврзани со заловувањето и транспортот на кучиња, да ги достават до здружението.

Воедно, од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп побарале официјална документација за активностите поврзани со заловување и транспорт на кучиња во периодот од 1 до 23 септември 2026 година. Барањето, како што информираат, опфаќа податоци за заловените кучиња, локациите на кои биле заловени, приемот во прифатилиштето, ветеринарните третмани, вдомувањето, враќањето на терен и други можни исходи.

Посебно бараат информации за Лиска, Душко, Светле, Симба, Белка, Поко, Ноли и Шарка, односно одговор каде се наоѓаат овие кучиња во моментот.

Од „Анима мунди“ информираат и дека добиле информација оти Агенцијата за храна и ветеринарство извршила вонреден инспекциски надзор. Здружението побарало пристап до записникот и документацијата поврзана со надзорот.

Барање за пристап до информации од јавен карактер, според нивните наводи, е доставено и до Министерството за внатрешни работи, со цел да се утврди дали полицијата била службено ангажирана при заловување и транспорт на кучиња во Прилеп во наведениот период, особено на 17 септември, како и по чие барање и врз основа на каква документација.

„Анима мунди“ од локалната самоуправа и градоначалникот на Прилеп бараат одговори дали биле запознаени со активностите, кој ги организирал и спроведувал, каде биле однесени заловените кучиња и каде се наоѓаат денес.

Од здружението порачуваат дека јавноста треба да добие јасни информации за постапувањето со кучињата и нивната понатамошна судбина.

Опомена: ЈКП “Комуналец” ќе го разработува инспекторатот од локалната самоуправа

ЈКП „Комуналец“ ги предупредува дуќанџиите и бизнис секторот дека отпадот не треба да се остава пред деловните објекти, на тротоарите, во текот на денот или ноќта.

Од претпријатието посочуваат дека на неколку наврати граѓаните и сопствениците на деловни објекти биле јавно повикувани, а дел од нив и лично посетени, со укажување дека отпадот треба самостојно да го одложуваат во најблискиот контејнер.

Во текот на наредната недела, од ЈКП „Комуналец“ најавуваат уште еднаш да достават лична информација до дуќанџиите и останатите субјекти за начинот на одлагање на отпадот.

Од претпријатието информираат дека доколку несоодветното одлагање продолжи, од месец ноември ќе следуваат пријави до Инспекторатот на локалната самоуправа.

Дали Фон дер Лајен конечно ќе ги стопира балканските вета и ќе го забрза приемот на Македонија во ЕУ?

Европската Унија се подготвува за досега најрадикалната реформа на својата политика за проширување, со цел да го откочи процесот за Западен Балкан, но и да се заштити од внатрешни демократски назадувања. Се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 30 септември официјално да го презентира клучниот стратешки документ пред Колегиумот на комесари, по што веднаш ќе замине на тридневна интензивна дипломатска турнеја низ регионот, вклучувајќи го и Скопје – пренесува Плусинфо.

Документот насловен „Реформи пред проширувањето и прегледи на политиките“ содржи револуционерни предлози кои директно ја допираат Македонија и нејзината повеќегодишна борба со билатералните блокади.

Најважната точка во новата стратегија на Фон дер Лајен е предлогот за воведување на гласање со квалификувано мнозинство за меѓучекорите во преговорите. Тоа значи дека за отворање и затворање на поглавјата и кластерите повеќе нема да биде потребен консензус од сите земји-членки. Едногласноста би останала задолжителна само за последната фаза – финалниот прием на нова држава во Унијата.

Оваа измена има за цел да стави крај на практиката во која поединечни земји-членки, како Бугарија во случајот со Македонија, го користат правото на вето за решавање на историски и билатерални спорови. Евроамбасадорот Михалис Рокас веќе најави дека оваа стратегија ќе донесе многу појасен и попредвидлив пат за Скопје.

Европската комисија се очекува да го напушта концептот „сè или ништо“. Новиот модел предвидува фазна инклузија, односно земјите-кандидати кои успешно ги спроведуваат реформите ќе добијат пристап до единствениот пазар на ЕУ и до значајни буџетски фондови уште перед формално да станат членки.

Сепак, правилата доаѓаат со строг заштитен механизам. Доколку некоја земја по приемот покаже регрес во владеењето на правото, ЕУ ќе активира клаузули за „Тројански коњи“ – со кои брзо ќе се укинуваат фондовите или ќе се суспендира правото на глас на новата членка.

Веднаш по објавувањето на документот, од 30 септември до 2 октомври, Фон дер Лајен лично ќе ги посети Скопје, Тирана, Приштина и Подгорица. Србија и Босна и Херцеговина не се опфатени со оваа посета поради изборите во двете земји, но од Брисел најавуваат дека Фон дер Лајен ќе ги посети во наредниот период.

– Како што изјави претседателката на Самитот ЕУ-Западен Балкан овој јуни, нашата Унија нема да биде целосна без Западен Балкан. Затоа, во своите разговори, таа ќе се фокусира на претстојните чекори на европскиот пат на нашите партнери и на тековниот напредок во постепената интеграција, поддржана од нашиот План за раст за Западен Балкан – изјави портпаролката на Европската комисија, Ариана Подеста.

Европскиот амбасадор во Скопје, Михалис Рокас, веќе ја оцени посетата како „одлучувачки чекор“ кон отворањето на пристапните преговори, потврдувајќи дека зад сцената интензивно се работи на придвижување на процесот.

– Франција и Германија беа двигатели на оваа иницијатива, а целта е заедничка за сите: да се забрза процесот на пристапување, да се исполнат сите неопходни предуслови, но истовремено и земјите кандидати постепено да добијат поголем пристап до внатрешниот пазар на ЕУ. Токму затоа, паралелно работиме и на тој процес – рече Рокас.

Осврнувајќи се на земјава, Рокас оцени дека покажала капацитет за спроведување реформи. Тој ја поздрави работата на Собранието и донесувањето на повеќе закони.

– Без двоумење можам да кажам дека земјата покажа дека има капацитет да спроведува реформи. Би сакал да ја поздравам работата што е завршена во Собранието, особено во однос на законите што се донесуваат во овој дом. Секако, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, сметаме дека успешно можеме да ве подготвиме за пристапување кон ЕУ – додаде Рокас.

Сепак, тој нагласи дека постојат три клучни области на кои земјата треба да остане посветена, а една од нив е владеењето на правото, каде што не може да има компромис:

– Предуслов за отворање на преговарачките поглавја е исполнувањето на строгите критериуми, особено во делот на владеењето на правото и нивната целосна имплементација. Тоа се стандардни процедури што важат за сите земји кандидати – истакна евроамбасадорот.

Полицијата повторно во акција – Падна инспекторка за примање поткуп

Во Скопје, во полициска акција, неофицијално е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба за лична корист.

Според неофицијалните информации, користејќи ги овластувањата од функцијата, вршела контрола и барала документација која не била потребна, а издавањето позитивен записник го условила со паричен износ.

Пораката е јасна: нема простор за злоупотреба на службената положба. Секој што е платен од граѓаните има обврска да си ја врши работата професионално и законито, а не да бара незаконска корист користејќи ја функцијата.

Институциите функционираат, а со секоја ваква реакција се испраќа јасен сигнал дека нема заштитени и привилегирани законот важи за сите.

Крушево домаќин на третата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

Крушево денеска беше домаќин на третата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која градоначалниците на општините од регионот разговараа за следните чекори во насока на реализација на регионалните приоритети.

На седницата беа разгледани насоки и приоритети за понатамошното делување, со фокус на потребите на општините и можностите за нивно поврзување во рамките на регионалниот развој.

Советот и на оваа седница ја потврди заложбата за намалување на развојните разлики меѓу општините, но и важноста на локалниот развој како значаен придонес кон целокупниот развој на Пелагонискиот плански регион.

Соработката меѓу општините и заедничкото утврдување на приоритетите остануваат важен предуслов за подобро искористување на потенцијалите на регионот и реализација на проекти од значење за граѓаните.

Уапсени тројца дилepи на дpoга од Прилеп

-На 24.09.2026 во 12:00 часот на местото викано “Три багреми” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.А.(45), Е.А.(46) и Н.А.(19), сите од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај А.А. била пронајдена марихуана, а во дворно место од куќата на Е.А., биле пронајдени 18 пакувања со марихуана.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

КМФ Победа се подготвува за новата сезона: Повик до играчи и до сите кои сакаат да го поддржат клубот

КМФ Победа – Прилеп ги започнува подготовките за новата сезона, а од клубот упатуваат два јавни повици – до сите заинтересирани играчи кои сакаат да бидат дел од тимот, но и до компаниите, бизнисмените, пријателите и љубителите на спортот кои можат да дадат поддршка на клубот.

Клубот во сезоната 2026/2027 ќе се натпреварува во Втората футсал лига на Македонија, а во пресрет на новите предизвици ги повикува сите мотивирани играчи кои сакаат да се приклучат на тимот.

Од КМФ Победа велат дека се отворени за нови играчи подготвени за нов предизвик, тимска работа и борба за нови успеси во сезоната што претстои.

Покрај играчкиот ростер, клубот упатува повик и до прилепските компании, бизнисмени, пријатели на клубот и сите љубители на спортот кои се во можност да помогнат и да го поддржат КМФ Победа.

Поддршката може да биде финансиска, преку обезбедување опрема, услуги или на кој било друг начин со кој може да се помогне во функционирањето и развојот на клубот.

„Секое спонзорство е добредојдено. Заедно да помогнеме КМФ Победа да продолжи напред и да го претставува нашиот Прилеп“, порачуваат од клубот.

Заинтересираните играчи, како и сите кои сакаат да дознаат повеќе за можностите за поддршка и соработка, можат да се обратат преку Facebook профилот на КМФ Победа – Прилеп или на телефонскиот број 075 271 348.

Уште еден Црногорец ќе го облече дресот на РК Прилеп

РК Прилеп го промовираше своето ново засилување пред продолжението на сезоната. Станува збор за 17-годишниот Лав Зековиќ, млад и амбициозен среден бек кој во Прилеп пристигнува со желба да се докаже и да придонесе за резултатите на тимот.

Зековиќ досега настапуваше за Партизан Тиват, а неговиот ангажман во Прилеп претставува нов чекор во неговата кариера и можност за напредок во нова средина.

Од клубот го поздравија неговото доаѓање и му посакаа успешен период во прилепскиот дрес.

„Добредојде во семејството, Лав!“, порачаа од РК Прилеп.

Започнува репроценка на недвижниот имот во пет населени места во Општина Крушево

Општина Крушево започнува процес на репроценка на недвижниот имот на својата територија, при што во првата фаза ќе бидат опфатени населените места Врбоец, Свето Митрани, Пресил, Милошево и Бучин.

Во наредниот период, овластени тимови од Општината ќе вршат теренски посети во овие населени места, со цел прибирање на потребните податоци за ажурирање и усогласување на постојната евиденција на недвижниот имот.

Од Општина Крушево ги повикуваат граѓаните да соработуваат со овластените тимови и да овозможат непречено спроведување на активностите, кои се дел од законските обврски на локалната самоуправа.

За дополнителни информации во врска со процесот на репроценка, граѓаните можат да се обратат во Општина Крушево.

ПРЕКУ ЕДУКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА ДО ПОГОЛЕМА СВЕСНОСТ ЗА ОДГОВОРНОТО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно“, континуирано ги унапредува активностите насочени кон превенција, рана интервенција и психо-социјална поддршка за лицата кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа.

Иницијативата „Играј одговорно“ функционира преку мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, со што се обезбедува стручна поддршка за граѓаните и нивните семејства. Советувалиштето во Радовиш започна со работа во април годинава, дополнително проширувајќи ја мрежата и опфатот на оваа иницијатива.

Проектот „Играј одговорно“ се реализира од 2019 година, со јасна цел, навремена превенција, советување, поддршка и рехабилитација на лицата погодени од проблематично играње.

За Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, одговорното приредување игри на среќа не е само принцип, туку долгорочна определба и интегрален дел од корпоративната одговорност на компанијата. Затоа, континуирано инвестираме во едукација, превентивни програми, советување и механизми за поддршка, со посебен фокус на препознавањето и намалувањето на ризиците поврзани со проблематичното играње.

Со проширувањето на мрежата на советувалишта низ Македонија, ДВЛМ ја потврдува својата лидерска позиција во областа на одговорното играње и испраќа јасна порака: одговорноста е дел од начинот на кој компанијата работи, континуирано, системски и со грижа за заедницата.

ИГРАЈ ОДГОВОРНО. БИДИ ИНФОРМИРАН. ПОБАРАЈ ПОДДРШКА.