-На 13.08.2026 во 03:00 часот на место викано „Голема грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски службеници од Полициското одделение Велушина и од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишија од слобода Н.С.(33) од Битола, Р.Ј.(53) од с.Кишава, битолско и Б.Г.(48) од Битола. Тие биле затекнати со огнено оружје во строго заштитена зона, при што се лишени од слобода, одземено им е оружјето и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
Д-р Вангелов од Битола: Ова е ликот на човек после 24 часовно дежурство, 1 хистеректомија, 1 инструментална ревизија, 3 спонтани породувања, 4 царски резови и дури 44 прегледи
Ликот на човек по 24-часовно дежурство понекогаш кажува повеќе од илјада зборови.
Умор, исцрпеност, непроспиена ноќ, но и чувство на одговорност кое не престанува ниту за момент. Токму таков е ликот на д-р Михајло Вангелов од Битола, кој објави фотографија после 24-часовно дежурство во Клиничката болница, каде долги години е дел од медицинскиот тим.
Зад ваквиот изглед стојат една хистеректомија, една инструментална ревизија, три спонтани породувања, четири царски резови и дури 44 прегледи.
Бројките можеби изгледаат само како статистика, но зад секоја од нив стои пациент, семејство, одлука и огромна одговорност.
„Ликот на човек по 24-часовно дежурство. Ликот по една хистеректомија, една инструментална ревизија, три спонтани породувања, четири царски резови и 44 прегледи“, пишува д-р Михајло.
Но, како што самиот нагласува, зад уморниот лик не стои само замор.
Стојат 24 часа непрекината концентрација, одлуки кои мора да се донесат за неколку секунди, огромна одговорност и грижата за човечки животи.
„Ова не го пишувам за да се пофалам. Го пишувам за да покажам што значи еден обичен работен ден за медицинскиот работник“, посочува тој.
И токму во тоа е суштината на неговата порака.
Зад секој лекар, медицинска сестра, акушерка и секој друг здравствен работник стои човек. Човек кој се уморува, кој има свое семејство, свои грижи и свои проблеми, но кој во моментот кога ќе влезе во ординацијата или операционата сала мора да биде целосно посветен, смирен и прецизен.
Од него се очекува да не погреши. Да биде концентриран и по 12, 18 или 24 часа работа. Да носи одлуки кога секоја секунда може да биде важна. Да остане професионален и кога телото веќе бара одмор.
Затоа, неговата порака е едноставна: имајте почит, трпение и разбирање кон медицинските лица.
Бидејќи зад белиот мантил не стои машина.
Стои човек.
Човек кој секој ден ја носи тежината на туѓото здравје и живот.
А можеби токму тоа е нешто што сите треба почесто да го имаме предвид кога ќе се сретнеме со лекар или медицински работник – дека и тие имаат граници, замор и свои битки, но и покрај сè, секој ден повторно ја избираат професијата во која туѓиот живот е на прво место.
Прилеп добива нешто ново: ПЕТ БОКСОВИ на едно место, првите 3 дена перењето е ГРАТИС (Фото галерија)
На влезот во градот, во дворот на АМД Прилепец, започнува со работа нова самоуслужна перална – модерен концепт кој на едно место за првпат во Прилеп нуди дури пет боксови за самостојно перење на вашето возило.
На 14, 15 и 16 август, ПЕРЕЊЕТО Е ГРАТИС ЗА СИТЕ ВОЗИЛА!
Пералните ќе работат 24/7, па без разлика дали сакате да го измиете автомобилот рано наутро, попладне или доцна навечер, вратите се отворени за вас.
Системот е едноставен и лесен за користење. Избирате ја соодветната програма и започнувате да го трошите времето. Доколку сакате да ја промените програмата, едноставно притискате ПАУЗА, ја избирате посакуваната програма и продолжувате со перењето.
Достапни се различни временски опции:
10 денари – 30 секунди
20 денари – 60 секунди
50 денари – 150 секунди
100 денари – 300 секунди
Пет боксови, современ начин на перење, работа 24 часа во денот, 7 дена во неделата и целосна слобода сами да одлучите како ќе го измиете вашето возило.
Дојдете, пробајте го новото место за вашето возило и уверете се колку едноставно може да биде совршено чист автомобил!
Двајца млади прилепчани физички нападнале сограѓанка, плус и’ го оштетиле возилото
На 12.08.2026 во 01:30 часот на ул. “Борка Утот” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ѓ.Х.(32) и Ѓ.Х.(25), двајцата од Прилеп.
Според пријавеното, на ул. “Александар Македонски” во Прилеп физички ја нападнале А.А.(29) од Прилеп, а притоа го оштетиле и нејзиното возило.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.
Лето, какво што Кривогаштани никогаш немало: “Фестивал на пиперката” со Пајак, „Бела ноќ“, спорт, музика, култура!
Општина Кривогаштани со задоволство ги поканува сите граѓани и посетители да бидат дел од овогодишното Културно-спортско лето во Кривогаштани, програма исполнета со спорт, култура, музика, театар, традиција и забава за сите генерации.
Во рамките на манифестацијата ќе се одржи турнир во мал фудбал, кој ќе ги собере љубителите на спортот и ќе донесе натпреварувачки дух и дружење во нашата општина.
Посебно место во програмата има концертот на отворено „Врбјанска Чука“, кој е организиран од Центарот за истражување на предисторијата, во соработка со Општина Кривогаштани.
Овој настан е можност за уживање во музиката и дружењето под отворено небо, на самиот археолошки локалитет. Љубителите на театарот ќе имаат можност да уживаат во претставата „Девојките на Марко“, реализирана во соработка со Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Спортската програма продолжува со меморијален турнир во баскет, во организација на здружението ,,Урбано Гнездо Кривогаштани” кој ќе биде уште една можност за спортско натпреварување. Традицијата и локалните производи ќе бидат во центарот на вниманието на Фестивалот на пиперката, организиран во соработка со ,,ЛАГ Агро Лидер”.
Фестивалот има за цел да ја промовира пиперката како значаен земјоделски производ и да ја истакне локалната традиција, производството и вредностите на нашиот крај. Културно – спортското лето ќе заврши со „Бела ноќ“, која и оваа година ја организира ,,Урбано Гнездо Кривогаштани” со поддршка од Општина Кривогаштани.
Вечер исполнета со музика, забава и дружење ќе биде убаво заокружување на целиот месец со активности. Ве покануваме заедно да го прославиме летото во Кривогаштани, со спорт, култура, музика, традиција, дружење и добра енергија.
Вечерва РОК И БЛУЗ на Камена бина во Прилеп
Прилеп вечерва, 13 август, ќе биде во знакот на рок и блуз музиката. Во рамките на проектот „Од 0 до КултурА“, на Камената Бина на Плоштадот “Александрија” ќе настапи прилепскиот ROCK BLUES BAND, со концерт посветен на легендарниот британски рок-бенд The Rolling Stones.
Концертот започнува во 21:00 часот, а публиката ќе има можност да ужива во препознатливите рок-класики на The Rolling Stones, во живата и енергична изведба на прилепските музичари.
ROCK BLUES BAND е формиран во 2015 година, а низ годините го изгради својот препознатлив стил, негувајќи го звукот на рок и блуз класиката. Бендот своите почетоци ги има на прилепската музичка сцена, а денес настапува и низ други градови во Македонија.
Во состав на бендот се Борче Шабаноски на гитара, Игор Јагуриноски како вокал, Горан Иваноски на тапани и Методија Костоски на бас.
Утрешната музичка вечер е уште една можност проектот „Од 0 до КултурА“ да ја донесе културата, музиката и живите настапи поблиску до прилепската публика.
Камената Бина на Плоштад Александрија, 13 август, со почеток во 21:00 часот. Вечер исполнета со рок-класици, музиката на The Rolling Stones и енергијата на ROCK BLUES BAND.
НАЈНОВА ВЕСТ: Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем
Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив и здрав, објави JOQ Albania.
Претходно, како што објави JOQ Albania, 4-годишното дете исчезнало во областа Алто Маре. Според пријавата, семејството подолго време го барало детето, а ја известило и полицијата во Голем.
За среќе, детето е пронајдено и е заедно со своите родители.
Фото: Нечија неажурност го дислоцира најпознатиот регионален баскет турнир 3х3
Само два дена пред почетокот на 16-то издание на популарниот „КГЈ 3×3“ турнир во Прилеп, неизвесно е дали најпознатиот баскет спектакл во градот ќе се одржи на својата традиционална локација.
Од 14 до 16 август е предвидено да се игра 16-то издание на „KGJ3X3“, турнир кој со години е синоним за oдличен баскет, спортска атмосфера и дружење, а на кој учествуваат екипи од Прилеп, но и од други градови во земјава.
Култното игралиште во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ е местото по кое овој турнир практично го доби својот препознатлив идентитет. Токму тука низ годините се создаваше атмосферата по која „КГЈ 3×3“ стана еден од најпознатите регионални турнири во 3х3 баскетот.
Но, оваа година ситуацијата е поинаква.
Иако до почетокот на турнирот остануваат само два дена, градежните и реконструктивните работи на спортското игралиште во училиштето сè уште не се завршени.
Поради ваквата состојба, според информациите кои се споделуваат во пресрет на турнирот, се разгледува можноста „КГЈ 3×3“ годинава да биде дислоциран на друга локација, а како можна алтернатива се споменува просторот кај „Могилата на непобедените“.
Доколку тоа се случи, би било првпат по 16 години турнирот да не се одржи на игралиштето кое е неразделно поврзано со неговото име, традиција и препознатливост.
Прашањето кое логично се наметнува е како можеше реконструкцијата на игралиштето да се одвива токму во периодот непосредно пред одржувањето на еден од најмасовните спортски настани во Прилеп, особено кога датумите за турнирот се однапред познати.
„КГЈ 3×3“ не е само уште еден спортски турнир во календарот. Шеснаесет години овој настан собира млади кошаркари, рекреативци, љубители на баскетот и бројна публика, а со годините прерасна во препознатлив прилепски спортски бренд.
Годинава, покрај баскетот, организаторите подготвија и дополнителна програма со музички настапи, 3-point contest, награди за публиката и други изненадувања. Во петок на сцената се најавени Sexy Marsa и Bon Praskiza, додека во сабота ќе настапи Zeebomb.
Останува да се види дали до петок игралиштето во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ќе биде подготвено за најголемиот баскет настан кој традиционално се игра токму таму, или 16-тото издание ќе мора да се пресели на друга локација.
Она што е сигурно е дека по 16 години традиција, би било навистина штета култниот „КГЈ 3×3“ да биде принуден да го напушти својот дом поради ненавремено завршени градежни работи.
Музичкиот ураган од Кавадарци доаѓа во Прилеп: Слободанка Танева со Bongas & Guitares во Cipriani (ВИДЕО)
Летните четвртоци во Прилеп добија нова димензија, а Cipriani Fine Dining & Lounge Bar продолжува да носи музички вечери кои не се само за слушање, туку за паметење.
Овој четврток, 13 август, со почеток од 21:00 часот, сцената на Cipriani ќе биде резервирана за Слободанка Танева, во придружба на Bongas & Guitares, музички спој кој ветува вечер исполнета со моќен вокал, одлична музика и препознатлива атмосфера.
Слободанка Танева веќе привлече сериозно внимание на регионалната музичка сцена. Образувана оперска пејачка која пее од својата десетта година, таа пред пошироката публика се претстави преку „Hype Zvezde“, каде што со својот вокал и сценски настап успеа да остави силен впечаток.
Нејзиниот музички пат е приказна за талент, образование, но и за храброст. Иако со години го усовршувала својот глас како оперска уметница, долго време чекала да го направи чекорот и да застане пред пошироката јавност. Токму настапот на „Hype Zvezde“ беше моментот кога одлучи својот талент повеќе да не го чува само за себе.
И тоа беше одлука која се покажа како вистинска. Слободанка стигна до самата завршница на натпреварот, освојувајќи го третото место, во конкуренција која привлече големо внимание во регионот.
Сега нејзиниот моќен вокал пристигнува во Прилеп, а во комбинација со Bongas & Guitares создава музичка поставка која едноставно не смее да се пропушти.
Cipriani повторно го заокружува доживувањето со она по кое е препознатлив – врвна кујна, внимателно креиран амбиент и атмосфера создадена за уживање. Без разлика дали планирате романтична вечера, дружење со пријателите или едноставно сакате четвртокот да го поминете со добра музика и уште подобро друштво, ова е вечер која вреди да се запише во календарот.
Четврток, 13 август. 21:00 часот. Слободанка Танева + Bongas & Guitares во Cipriani.
Резервирајте го вашето место навреме на 078 534 334 или преку порака на Facebook и Instagram.
Ве очекува вечер во која моќниот вокал, живата музика и уникатниот амбиент на Cipriani ќе се спојат во едно незаборавно летно доживување.
Совршено бегство од горештините, совршено освежување, совршена музика – Шармантниот Александар Здравков ве кани овој четврток во Box Cafe
Вашето омилено место за разладување во тропските летни денови – Brunch Box Cafe повторно подготвува пријатно изненадување.
Овoj четврток Box Cafe ве кани да уживате во опуштена атмосфера, разладувачки коктели, свежи цедени сокови, неодоливи закуски и настап во живо на момчето со прекрасен глас од Прилеп, Александар Здравков – совршена комбинација за една убава опуштена вечер и одмор од работните обврски.
Дополнително, Brunch Box Cafe e единственото место надвор од центарот на градот, кое нуди прекрасна пространа летна бавча, имаат богато мени со закуски и мезлаци, а во жешките летни денови се разбира, и одличен избор на коктели.
На коктел менито ќе ги пронајдете вистинските летни класици – Mojito, Sex on the Beach, Hugo и Aperol Spritz, подготвени со квалитетни состојки и совршено разладени за високите температури. Без разлика дали сте љубител на свежите цитрусни вкусови, овошните ароми или пенливите коктели, овде сигурно ќе го пронајдете омиленото летно освежување.
Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 845 442
Почеток: 21 часот!
Локација: Веднаш до градската болница



















































