Крушево денеска беше домаќин на третата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која градоначалниците на општините од регионот разговараа за следните чекори во насока на реализација на регионалните приоритети.
На седницата беа разгледани насоки и приоритети за понатамошното делување, со фокус на потребите на општините и можностите за нивно поврзување во рамките на регионалниот развој.
Советот и на оваа седница ја потврди заложбата за намалување на развојните разлики меѓу општините, но и важноста на локалниот развој како значаен придонес кон целокупниот развој на Пелагонискиот плански регион.
Соработката меѓу општините и заедничкото утврдување на приоритетите остануваат важен предуслов за подобро искористување на потенцијалите на регионот и реализација на проекти од значење за граѓаните.



























