дома блог страница 25

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ПАРТНЕР НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ОЛИВЕР СОКОЛОВ – СОКОЛ“

Синоќа, по 27 дена исполнети со натпревари, ривалства, емоции и полни трибини, заврши 22риот Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“.Четириесет екипи беа дел од годинешното издание, а патот што започна на 1 септември кулминираше со финалната вечер на 27 септември на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1.

27 дена фудбал, 40 екипи, полни трибини, големи ривалства и уште поголеми емоции, вака заврши 22. издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, кој синоќа кулминираше со спектакуларна финална вечер на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1.

Од првиот натпревар на 1 септември, па сè до големото финале на 27 септември, турнирот повторно го претвори „Сокол“ во центар на малофудбалските возбудувања. Финалната вечер беше вистинската круна на турнирот – исполнети трибини, гласна поддршка од публиката, жестока, но фер борба и атмосфера која потврди дека „Сокол“ одамна е многу повеќе од спортски турнир.

Во големото финале за шампионската титула се соочија Мега Лифтови и Руди Компани, две екипи кои преку групната и елиминациската фаза стигнаа до последниот натпревар. Победничкиот пехар го крена Мега Лифтови, кои станаа шампиони на „Сокол ВЛТ 2026“.

И оваа година, Видеолотарија Касинос Австрија беше партнер на Меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, продолжувајќи ја поддршката за настан кој со години ги обединува спортот, младите и локалната заедница.

„Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата, континуитетот и силната поддршка. Кога компаниите препознаваат дека спортот е важен за младите и за заедницата, тогаш не поддржуваат само турнир, туку помагаат да се гради традиција“, велат организаторите.

За Видеолотарија Касинос Австрија, поддршката на „Сокол“ е дел од континуираната посветеност кон спортот и општествената одговорност.

„Спортот создава енергија, дисциплина, тимски дух и заедништво. Токму затоа ни е особено драго што и годинава сме дел од приказната на турнирот кој со својата традиција и атмосфера ги поврзува генерациите и му дава простор на спортот да биде дел од секојдневието на заедницата“, порачуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Д-р Мерџаноски: Македонија ќе добие Клиника за интензивно негување и реанимација по светски стандарди и операциона роботика со која ќе бидеме лидери на Блаканот

Македонија ќе добие Клиника за интензивна нега по светски стандарди и роботика со која ќе бидеме лидери на Балканот, најави во „За македонските работи“ директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, трауматолог и спинален хирург д-р Игор Мерџаноски.

Наскоро, оваа година, во рамки на Клиниката за ТОАРИЛУЦ ќе треба да ја пуштиме во употреба Клиниката за интензивно лекување и реанимација. Тоа е еден проект кој што мислам дека нашиот народ и оваа држава го заслужува. Тоа ќе биде проект што долги години се влече и еве дојдовме до финална фаза и се надевам дека до крајот на годината ќе биде пуштен и каде ќе можеме да дадеме интензивна нега која што ќе биде во европски и светски стандарди, посочи д-р Мерџаноски во гостување на ТВ Алфа.

-За кратко време треба да пристигнат и новите апарати кои што ќе бидат во таа интензивна нега, која што ќе биде со централен мониторинг и тоа мислам дека ќе биде на највисоко можно ниво направено. За следната година веќе имаме во план воведување на роботика, од типот на роботика за операции на рбетниот столб, таа иста роботика ќе ја надоградиме и за операции на колк и за роботски операции на колено. Ние имавме презентации од неколку фирми кои оваа година дојдоа кај нас и веќе следната година со Фондот за здравство, заедно со новиот директор Златко Перински имавме состанок каде што во кратки црти веќе почнуваме да бараме средства за овој тип на опрема со која што ние како Клиника и нашата земја ќе се издигне на мапата на користење на роботика најмногу за рбетниот столб затоа што ние како Клиника веќе 13-на години работиме со комплексни операции со болести на рбетниот столб и дел од колегите коишто доаѓаат од странство и пациенти се многу задоволни и мислам дека со овој тип на роботика и навигација коај што ќе биде донесена кај нас ќе бидеме лидери на Балканот за лечење на овој тип на болести, потенцира д-р Мерџаноски.

Го паметите вкусот на старите добри хамбургери? МЕНЗА од утре го враќа во Прилеп

Понеделник е ден за нов почеток, а во МЕНЗА утрешниот понеделник носи ново поглавје.

На добро познатата локација, наспроти Универзална сала, МЕНЗА во изминатите месеци стана препознатлива по одличната храна, услуга и разновидната понуда, а од утре на своето мени додава нешто што многумина во Прилеп со задоволство ќе го дочекаат, FAST FOOD понуда.

Затоа што, иако новите времиња донесоа безброј новитети во брзата храна, некако по пат се изгуби вкусот на она што некогаш беше едноставно, големо и вкусно, старото добро хамбургерче.

МЕНЗА сега сака да го врати токму тој момент.

Од понеделник, 28 септември, започнува новата FAST FOOD приказна со хамбургер, чизбургер, МЕГА МЕНЗА хамбургер, криспи чикен, но и со уште неколку специјалитети за оние кои сакаат нешто поинакво.

На менито се и класик врап, врап со свинско и веге врап, а тука се и слоу кукед сендвич, омлет ролован во тортиља, криспи бурито и корпичка со пилешко и помфрит.

И ова е само почеток. Од МЕНЗА најавуваат дека наскоро во понудата ќе пристигнат и нови fast food специјалитети.

Нова недела, нов почеток и нов вкус кој можеби многу брзо ќе стане ваша слатка навика.

Ако сте од оние кои се сеќаваат на времето кога добар хамбургер значеше сочен залак, добра порција и вкус по кој повторно се враќате, можеби е време да се потсетите.

Тимот на МЕНЗА ве очекува од рано наутро! Посетете ги или нарачајте на тел.бр. 076-231-075

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

“Кориолан“ повторно ја потврди својата сценска сила и универзалност, носејќи ја приказната на Шекспир на уште една значајна европска фестивалска сцена.

Претставата во режија на Џон Блондел, која македонската премиера ја имаше како дел од 66.Охридско лето, а светската во рамките на „Shakespeare Fringe Festival“ во Верона, го продолжи своето меѓународно фестивалско патување.
Во рамките на фестивалот „Magical Nights in Butrint“, (Волшебни ноќи во Бутринт), во Саранда, Албанија, екипата на Народниот театар Битола имаше чест да ја претстави оваа моќна Шекспирова трагедија пред фестивалската публика.

Современата адаптација на Шекспировото дело, отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

Screenshot

Битолски театар продолжува да ја носи битолската сцена таму каде што Шекспир зборува универзално.
„Голема благодарност до организаторите на „Magical Nights in Butrint“ за прекрасниот прием, гостопримството и беспрекорната организација, која придонесе ова гостување да биде посебно искуство за целиот тим на Народниот театар Битола“, истакнуваат од НТБ.

Ајде да ги наполнеме трибините на стадионот “Петар Милошевски” во Битола – Македонија ја пречекува Црна Гора

На 1 октомври, со почеток во 18:00 часот, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе биде местото каде што младата репрезентација на Македонија ќе ја пречека селекцијата на Црна Гора.

Од трибините ќе се бара поддршка, глас и атмосфера која ќе им даде дополнителен мотив на младите македонски репрезентативци.

Ова не е само покана за битолчани. На стадионот се повикуваат и љубителите на спортот од целиот Пелагониски регион – од Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и сите околни места, заеднички да ja бодриме младата македонска репрезентација.

Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија

Распшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија, најави oд Радовиш, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски.

“Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување коешто е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија. Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе работи на целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилити студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, што значи завршува за некаде десетина дена. После тоа очекувам да биде избран изведувачот. Во рок од 6 до 9 месеци да се завршат студиите и после тоа одиме на тендерирање. Она што сакам да кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект. Така што, еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што, како што кажав, ќе значи многу. И да напоменам дека нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија”– истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.

Народот се трујал и преку мраз со Ешерихија коли од ледомати

Кривична пријава против двајца радовишани, неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство на бактерии, водата за производство ја обезбедувале од нелегален приклучок на водоводна мрежа.

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Т.Д.(62) и С.Д.(62), двајцата од Радовиш, поради постоење на основано сомневање дека извршиле продолжено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“ по член 213 Кривичниот законик.

Пријавените повеќе години наназад, како нерегистрирани производители на мраз, вршеле производство на мраз во импровизирани и нехигиенски услови и така небезбедно произведен го пуштале во промет на други правни и физички лица. На 16.09.2026, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во координација со државен инспектор за храна од Агенција за храна и ветеринарство извршиле претреси во дом и други простории, на четири локации, кои ги користат пријавените.

Притоа, на терасата во приземниот дел од куќата во која живеат биле пронајдени замрзнувачи во кои имало поголем број ќеси во кои имало коцки мраз, кои биле складирани и оставени од пријавените за продажба по принцип на самопослужување, а парите од продажба се оставале во посебна кутија. Додека, во подрумските простории од куќата биле пронајдени четири машини за производство на мраз во коцки и уште еден фрижидер-замрзнувач во кој имало поголема количина коцки мраз, спакувани во ќеси за продавање.

На Крстовден пред 34 години се врати крстот на Саат кулата во Прилеп (ФОТО)

Денешниот празник „Крстовден“, еден од најголемите празници на Православната Црква, за Прилеп и прилепчани е значаен по уште една работа, а тоа е повторното поставување на крстот на врвот од градската Саат кула пред 34 години.

Како датум за враќање на светиот крст бил избран денешниот празник Крстовден, а настанот се случил пред 34 години благодарение на донацијата на физиотерапевтот Жикица Петрески, како и повеќе фирми и граѓани до тогашното Собрание на општина Прилеп.

Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст – Честит именден Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Кристијан…

Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на Чесниот Господов крст.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Кристијан…

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос, Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

Празникот „Крстовден“, еден од најголемите празници на Православната Црква, со векови ги собира архиереите, сиот свештенички и свештено-монашки клир на средината од храмот, каде се издигнува најважното знамение за христијанскиот род – Крстот.

Овој настан, Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, е празник на победата на христијанството над сите царства, култури и цивилизации, празник на христијанското општество кое опстојува низ вековите благодарение на непобедливата сила на Крстот, празник чија благодатна утеха ги поткрепува сите христијани, кои и денес поднесуваат прогони и страданија.

Овој празник е директно поврзан со два историски настани. Првиот се случил во IV век и зборува за чудесното пронаоѓање на Чесниот Крст на Господ Исус Христос од страна на светата царица Елена, мајката на светиот и благоверен цар Константин Велики. Вториот настан, пак, зборува за победата на византискиот цар Ираклиј над персискиот цар Хозрој во VII век. Во таа прилика Крстот бил вратен во Цариград, зашто претходно тој бил земен како плен од Ерусалим, тогаш кога градот бил освоен од Персијците.

Царицата Елена при обиколката на светите места се интересирала и за крстот врз кој бил распнат Исус. По совет на патријархот Макариј биле прашани најстарите луѓе, но само еден по име Јуда, знаел дека крстот е во темелите на подоцна подигнатиот идолски храм на божицата Венера. При копањето нашле три крста, зашто на тоа место биле и крстовите од двајцата разбојници што биле распнати со Исус. Тогаш се појавил проблем зашто не можеле да дознаат кој од трите е Исусовиот крст. Пак, по совет на патријархот Макариј, со трите крстови допреле една болна жена и таа од допирот со едниот од нив оздравела. Во тоа време минувала и погребна поворка, а царицата Елена наредила врз мртовецот да ги ставаат крстовите еден по еден. И се случило чудо. Во допир со истиот оној крст од кој оздравела болната жена сега и мртовецот воскреснал. Тоа било знак дека тој е бараниот крст врз кој бил распнат Исус Христос.

Веднаш после пронаоѓањето на Чесниот Крст многу цркви и манастири посакале да имаат делче од него, па така негови делови биле распространети ширум православниот свет. Во нашата земја и Бигорскиот и Раичкиот манастир чуваат честица од оваа најскапоцена христијанска светиња, пред која доаѓа да се поклони големо мноштво народ, просејќи благослов и поткрепа за своите семејства, ближни, како и за својата татковина.

Прилепчани не дочекаа за “Универзална”, ама сала “Македонија” ќе ја бидело, вели министерот за спорт

Министерот за спорт Борко Ристовски во опширен интервју разговор за ЕКИПА.мк, зборуваше на повеќе теми, меѓу кои клучни инфраструктурни спортски објекти кои се реализираат, или планираат да се реализираат во иднина.

На прилепчани болката со години им е тоа што при две големи спортски арени, ниту една не е во функција. Спортските екипи играат во училишни сали, кои често не се сооветни, или немаат доволно капацитет да ги примат сите оние кои сакаат да проследат спортски натпревар.

Ристовски при посета на Прилеп пред повеќе од две години, вети за скоро време ставање во употреба на Универзалната сала, но од тој зафат се’ уште нема ништо.

Сега тој ветува целосна реконструкција на спортската сала “Македонија”, на чиј концесионер неодамна му бил раскинат договорот.

-Проектот долгоочекуван со реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп, знаеме дека во овој град нема ниту една функционална сала… договорот со концесионерот е раскинат, таа сала ќе ја земе државата преку Министерството за спорт, ќе ја реконструира комплетно, тоа е еден сериозен проект од преку 150 милиони денари и Прилеп ќе добие една модерна сала што по реконструкцијата ќе ја предадеме на владеење на општина Прилеп, вели министерот Ристовски.

Целото интервју прочитајте на го на ЕКИПА.МК