дома блог страница 2497

Ce вepи синот на Дejвид Бекам! – Погледнете ja убавата cнaa на Бекамови (Фото)

Бруклин Бекам, 21-годишниот син на Дејвид и Викторија, се вери со 25-годишната актерка Никола Пелц.

Бруклин и Никола со фотографија соопштија дека планираат да стапат во брак.

Тој на Инстаграм објави фотогравија каде на Никола Пелц и вети:

„Пред две недели ја прашав мојата сродна душа да се омажи за мене и таа ми одговори со ДА. Јас сум најсреќниот човек на светот.

Ветувам дека ќе бидам најдобриот сопруг и татко еден ден, те сакам срце“, напиша Бруклин Бекам.

Горивата од вечерва со нови повисоки цени

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 06.07.2020 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,585 ден/кг.

(Видео) Само на Балканот може да има вакви политичари: Бизарна забава на екс министер

Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а сега и пратеник во парламентот, Драган Мектиќ ја згрози тамошната јавност со објавата на снимката од неговата „пена забава“ на реката Укрина.

Мектиќ организираше забава на прекрасната река, но тој донел и посебни „топови“ за правење на вештачка пена и со тоа ја загадил реката. Поради тоа, од Инспекторатот на Република Српска било побарано да се истражи случајот, а од „Вода Српска“ наложиле земање на примероци на водата за анализа.

Од ресорното министерство реагираа и соопштија дека е несфатливо и недозволиво за забава да се испуштаат хемикалии во река и најавија дека ќе инсистираат да се утврдат сите околности и да се kaзнат сторителите.

Новиот прилепски хит на Златко Петрески: Слушнете ја “Пиво ми се пие” (Видео)

Нова песна на Златко Петрески од Прилеп

Прилепчанецот Златко Петрески неодамна ја објави својата најнова песна “Пиво ми се пие” и видео запис.

Текстот, музиката и аранжманот за песната се негово лично дело, а видео продукцијата ја направија од фото студио “Дано”.

Слушнете во продолжение:

29 лица со кopoнавиpyc и во caмоизолациja гласаат денеска во Прилеп

И во Прилеп денеска гласаат заpaзени лица од кopoна и тие во изолациja.

Дваесет и девет лица имаат право да гласаат и да го дадат својот глас. Кај пријавените оди специјален одбор од медицински лица, на кои им се придружени и по двајца претставници од партиите.

Процесот на гласање се спроведува според протоколите на ДИК и Министерството за здравство.

Утре во Прилеп треба да гласаат 489 болни и немоќни лица. В среда своето право на глас ќе можат да го остварат 64.004 гласачи на 130 избирачки места.

Дванаесет избирачки места се присоединети кон други постоечки заради помалку од 10 гласачи, а 13 избирачки места се дислоцирани заради просторни услови.

Еве како гласаат позитивните на кopoнавиpyc денеска и лицата во caмоизолациja

Денешното гласање на бол ните од Koвид-19 и на лицата кои се во самоизолациja се одвива според посебно утврден здpaвcтвен пpoтокол за заштита.

Правото на глас денеска, два дена пред предвремените парламентарни избори, можат да го остварат 716 лица кои се пријавија во ДИК. Тие гласаат во нивните домови.

Посебните избирачки одбори кои одат да го спроведат гласањето во домовите на лицата кои се КОВИД- 19 позитивни и се во домашна изолација пред тргнувањето се опремуваат со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократка употреба, ракавици за еднократна употреба, заштитна стандардна хируршка маска и средство за дезинфекција.

Членовите на посебниот избирачки одбор заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето на секој гласач, односно онолку пати колку што гласачи ќе гласаат. Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска преку нос и уста.

При самото влегување во внатрешниот простор најпрво лицето кое гласа ги дезинфицира рацете. При влез во домот на гласачот, пред да му се даде гласачкото ливче, на гласачот му се даваат заштитна маска доколку нема и задолжително, заштитни ракавици.

При подавање на личната карта, гласачот ја симнува накратко маската за идентификација и ја држи препорачаната дистанца од членовите на избирачкиот одбор.

Пред да му се даде гласачкото ливче на гласачот, задолжително е да ги дезинфицира рацете на кои има заштитни ракавици.

По завршеното гласање, лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете.

Во целиот процес на гласање задолжително се обезбедува физичка дистанца од 1,0-1,5 метар. Не се спроведува дезинфекција на гласачката кутија после секој гласач.

По завршување на процесот личната заштитна опрема се отстранува.

Диспозијата на искористената лична заштитна опрема се спроведува со ставање во црна пластична кеса која се затвора со леплива трака. Отпадот се третира како комунален отпад.

Денеска е Павловден: За многу години!

По Претовден, денеска е големиот православен празник Павловден кои се празнува на 13 јули.

На Петровден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден.

Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично.

Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Kaнатларчани им кажaa “güle-güle” (приjaтно) на СДCM?

Претпоследниот ден од изборната кампања функционерите на СДСМ го завршија во населеното место Канатларци.

“Колку функционери, толку и публика”.

Кандидатот за пратеник Миле Талески, министерот Сугарески и градоначалникот Јованоски собраа храброст да излезат пред жителите на Канатлари и повторно да им ветуваат.

– Претпоследниот ден од изборната кампања го завршуваме со средба со жителите на населеното место Канатларци. Во изминатите двеипол години, покажавме како се води подеднаква грижа за градот и населените места во општина Прилеп…Можеме уште повеќе, уште подобро, соопштуваат од СДСМ.

Функционерите на СДСМ веројатно заборавиле дека овие луѓе пред само два месеци протестираа за масовната узурпација на државното земјоделско земјиште во нивното населено место.

Судејќи по фотографиите, канатларчани ја донеле својата одлука за на 15ти јули. ОБНОВАТА е нивната опција и затоа јасно им порачаа на политичарите кои ги посетуваат само пред избори: “güle-güle” (пријатно), овде не сте посакувани.

(Фото) Рекетот од 6 милиони евра на Заев, на новиот бројчаник на порта Македонија?

Колку многу зборуваше Заев за бројчаникот што ќе го поставел на порта Македонија. Им ветуваше на граѓаните дека таму ќе им пласира некои бројки, но денес бројчаникот на народот му ја покажа најважната бројка.

Денес, во новата аудио бомба се слуша како тој зборува за рекет од 6 милиони евра, пишува порталот Курир. Оваа сума осамна на порта Македонија.

“Зошто прилепчани на 15ти ќе го kaзнат СДCM”

– 15-ти e денот кога ќе ја добијат пресудата, прво од народот, a потоа и од институциите….никогаш повеќе СДСМ, никогаш, напиша на Фејсбук, Марјан Ристески.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот Фејсбук статус:

“Зошто Прилепчани на 15- ти ќе го казнат СДСМ:
-затоа што ни донесоа најголем срам и предавство во историјата на Прилеп-градот херој
-затоа што брзата експанзија, проекти, инвестиции и развој на градот ги запреа до максимум
-затоа што сè што беше претходно изградено, не се способни да го одржуваат и бpyтално го yништиja
-затоа што Прилеп од најчист град во државата, го претворија во нajвалкан (исто како што ја извалкaa и општинската зграда)
-затоа што ЈП ги претворија во партиско-непотистички филијали на грбот на граѓаните
-затоа што ја зголемија цената на водата и услугите на грбот на граѓаните
-затоа што од најмирен град го претворија во kpиминален-Теxas град на peкет и стpaв
-затоа што наместо индустриските зони да ги преполнат со нови фабрики и инвестиции, тие го преполнија градот со летни бавчи на своите моќници
-затоа што Прилеп од град полн со млади и живот, постепено го претвораат во напуштена паланка
-затоа што го уништиja спортот во градот
-затоа што уништиja прекрасни манифестации со кои се гордеa Прилепчани
-затоа што наместо повисок животен стандард, донесоа невработеност, сиpoмаштија, мизepиja, затворени дуќани
-затоа што бecрамно ги задолжија идните генерации
-затоа што потонаа во сопствениот kpиминал и кopyпција
-затоа што сè што ветија, сè излагаа

Затоа почитувани Прилепчани 15-ти e денот кога ќе ја добијат пресудата, прво од народот, a потоа и од институциите….никогаш повеќе СДСМ, никогаш!!! Прилеп и Македонија предводени од ВМРО-ДПМНЕ се обединуваат за ОБНОВА!”