дома блог страница 2496

Исчиcтeтe ги жолтите дамки на мaичкитe: Еве нeкoлкy еднocтавни тpикови

Дамките од пот на облеката многу пати нѐ натерале да се откажеме од омилената маица, кошула или фустан. За да им го вратите стариот сјај на алиштата и да ги спасите од фрлање, применете ги овие неколку супер трикови, со помош на неочекувани производи за домаќинството, кои ефикасно ги елиминираат трагите од пот и не ја оштетуваат ткаенината.

1. Сок од лимон

Помешајте еднаква количина свежо исцеден лимонов сок и вода. Со мешавината натопете ги дамките од пот и добро истријте ја површината. После тоа облеката исперете ја стандардно со прашок.

2. Аспирин

Иситнете 2 Аспирина и измешајте ги со шолја топла вода. Прелијте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 3 часа, а потоа исперете.

3. Сода бикарбона

Сода бикарбоната помешајте ја со малку вода, додека не добиете смеса како тесто. Во тенок слој намачкајте ја смесата врз дамката и оставете да делува околу 1 час. Исперете во машина за перење на стандарден начин.

4. Кујнска сол

Солта помешајте ја со топла вода, измешајте додека не се растопи и нанесете врз дамките пред да исперете.

5. Бел оцет

Директно на дамката нанесете оцет и оставете да делува неколку минути, а потоа исперете.

Совет: Ниедна од наведените состојки за отстранување на дамките не треба да се користи на нежни материјали. Доколку после првиот обид, дамката не излегува, во целост повторете ја постапката додека добиете не чисто парче облека без жолти дамки од пот.

“Лидер”: Полициjaта тpaга по Ѓорѓи Спасов, Боби Илиевски и уште десетина други активисти на една политичка партија

По апсењето на директорот на Зоолошката градина, Ѓорги Галетановски, полициjaта трага по уште десетина други активисти на една политичка партија кои правеле изборна измама со тоа што на социјалните мрежи ги наведувале граѓаните да гласаат неважечки. – дознава Лидер од извори во МВР.

Како што дознaва “ЛИДЕР”, помеѓу оние по кои се трага се професорот во пензија Ѓорги Спасов од агенцијата Рејтинг, активистот Боби Илиевски и уште десетина други членови на истата политичка партија.

Овие лица, организирано на социјалната мрежа Фејсбук правеле измама со која граѓаните кои сакале да гласаат за една политичка партија, ги наведувале да гласаат неважечки.

Денес Единицата за Економски и компјутерски Криминал при СВР СКОПЈЕ постапувајќи по Допис доставен од Одделот за компјутерски Криминал при БЈБ, следејќи ги социјалните мрежи, установиле објави се недолична содржина односно со објави кои што содржеле елементи на основи на сомнение за сторено кривично дело (не класифицирано) кое што се гони по службена должност заради што изготвиле Допис и со прилог издвоен материјал го доставиле до СВР СКОПЈЕ. Од страна на ЕЕКК е постапено по предметниот допис превземени се соодветни мерки и активности, при што направен е увид во ФБ профилите на лицата кои што ги ширеле таквите објави, и за таа цел повикано е на разговор лицето Ѓ.Г. кој што од неговиот личен ФБ профил шерувал објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател, стои во реакцијата на МВР.

Ако се спои кавадаречката и прилепската трева ќе добиете еден стадион: Нови фудбалски правила? (Фото)

Во Прилеп и Кавадарци во тек е поставување на нови тревни подлоги на градските стадиони

Ако се спојат тревниците во двата града ќе се добие еден цел фудбалски терен.

Два нови онлајн бонуси во “Sport Life”

Sport Life доделува два нови бонуса за онлајн обложувачите. Со Welcome бонусот до 6.000 денари, ќе им посака добредојде на корисниците кои прв пат уплаќаат депозит за онлајн обложување, додека на оние кои веќе го искористиле почетниот бонус, Sport Life им овозможува нов месечен reload бонус од 50%, а во износ до 3.000 денари.

За активирање на акциските бонуси потребно е одигрување на најмалку три натпревари на онлајн тикет, со минимална квота по натпревар – 1,40 и минимален износ на online тикетот/ите да е еднаков на износот од внесениот депозит.

По одигрувањето на целиот депозит, акцискиот бонус автоматски се додава на сметката на корисникот. Потоа, акцискиот бонус исто така треба да се искористи со одигрување на тикети по претходно наведните правила, во двојно поголем износ од добиениот бонус за да може да се најави исплатата на тикетот.

Минималниот износ на депозитот за онлајн обложување изнесува 300 денари.

Welcome бонусот важи од 22.06.2020 до 31.08.2020 и се однесува на првите 1.000 корисници кои ќе ги исполнат условите за добивање на бонусот. Сите детали за Welcome бонусот на Sport Life можете да ги најдете ТУКА

Воедно, од 1-ви јули па сè до крајот на месецот, сите регистрирани корисници на www.sportlife.com.mk кои веќе го имаат реализирано својот прв депозит на својата корисничка сметка, ќе имаат право на Monthly Reload бонус до 50% од износот на депозитот, а најмногу до 3.000 денари. Имено, бонусот се доделува за првиот нов уплатен депозит во овој месец. Повеќе информации за добивање на овој бонус на Sport Life можете да прочитате ТУКА

Со новите бонуси Sport Life ја наградува лојалноста на играчите. Тие добиваат можност да играат повеќе, да добиваат повеќе и да ги откријат предностите на онлајн обложувањето на Sport Life.

Ви падна телефонот во вода? Не очајувајте, има неколку начини како да го спасите

Првото нешто кое што треба да го направите доколку вашиот телефон ви падне во вода е да го отворите и да ја извадите неговата батерија, а потоа да го избришете со пешкир.

Доколку тоа ви се случи надвор од вашиот дом, прво треба да утврдите дали течноста влегла во вашиот телефон и стигнала до матичната плоча која што е ”мозокот” на телефонот.

Тоа се утврдува лесно, така што телефонот набрзо ќе почне да ”багува”.

Ова се работите кои што треба да ги преземете доколку телефонот ви падне во вода:

1. Ориз

Ова е добра идеја доколку вашиот телефон не паднал целосно во вода, а експертите велат дека подобар е инстант отколку интегрален ориз. Се става во кеса со ориз и се остава така.

2. Фен

Најважно е телефонот добро да го исушите со фенот, бидејќи сите негови делови не можат да се избришат со пешкир. Телефонот никогаш не оставајте го на сонце. Употребете фен.

3. Правосмукалка

Правосмукалката подобро суши од фенот, па доколку тоа ви се случи во вашиот дом тогаш уклучете правосмукалка и поминете со неа по сите делови од телефонот.

4. Песок за мачки

Кој има мачка очигледно ја решил работата. Песокот има неверојатна моќ за впивање на влагата.

5. Мајстор

Сте го вклучиле, сте го наполниле телефонот – работи. Сепак, однесете го на мајстор доколку телефонот ви е нов и скап и доколку мислите дека тоа е потребно за да бидете целосно сигурни.

Heкои лyѓe нe знaaт како чoвeчки, нo нe знaaт и животинcки: Фотогpaфии од околината на Прилеп кои ce виcтинcка дилeма

Фотографиите се направени на планинскиот превој Слива на патот кон мариовско Витолиште

На самиот планински превој постои еден летниковец кој е омилено место за велосипедистите, кои тука одмараат и уживаат во чистиот воздух и природа.

На едно од дрвата е закачен интересен еколошки натпис: “Ако не знаеш како човечки, однесувај се животински. Животните не оставаат ѓубре”.

Но, по се изгледа некои луѓе не знаат како ниту човечки, ниту животински.

Иако е оставено едно буре за фрлање отпадоци, ѓубре има насекаде наоколу, па ова место кое треба да служи за одмор и е направено со многу ентузијазам е претворено во мини депонија.

Затоа фотографиите се вистинска дилема.

Kaзни до 10 години затвop за изборни нepeгуларности

Kaзните за kpшење на гласачките права се затвopски, од 6 месеци до 10 години, и се содржани во Kpивичниот законик, во глава 16 под назив „Kpивични дела против изборите и гласањето“.

KPИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ИЗБОРИТЕ И ГЛАСАЊЕТО:

Спречување на избори и гласање- Член 158: (1) Тој што со употреба на сила, сериозна зakaна или на друг начин оневозможува или спречува одржување избори или гласање или го оневозможува или спречува утврдувањето или објавувањето на резултатите од гласањето, ќе се kaзни со затвop од шест месеци до пет години.
(2) Тој што ќе го стори делото од став 1 со употреба на opyжje, ekcплозивни или други опacни направи, со примена на нacилство спрема две или повеќе лица или во организирана група, или на подрачјето на две или повеќе избирачки места, ќе се kaзни со затвop од една до десет години.

Повpeда на избирачкото право – Член 159- (1) Член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување референдум или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, со намера да му оневозможи на друг вршење на избирачко право, противзаконито не ќе го запише во избирачки список или во листа на кандидати или ќе го избрише од избирачки список или од листа на кандидати или на друг начин ќе го лиши избирачот од правото да избира, да биде избран или да гласа, ќе се kaзни со парична казна или со затвop до една година.
(2) Со kaзната од став 1 ќе се казни и член на избирачки одбор, изборна комисија или одбор за спроведување референдум или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, на противзаконит начин ќе му овозможи на друг да користи избирачко право, иако знае дека тоа лице нема такво право. (3) Обидот е казнив.

Покрај овие kaзни, кои може да бидат и до 10 години затвop, до 3 години затвop е предвидено во Kpивичниот законик и за случи на уништување на изборни исправи, т.е. уништување на гласачки ливчиља, списоци на гласање и други документи кои би станале неупотребливи.

Висока е kaзната и за Изборна измама (член 165 од КЗ), а кој се однесува на тие што ќе ги фалсификуваат или погрешно избројат гласовите од изборите или од референдумот: „Член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор на спроведување референдум или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повеќе гласачки ливчиња или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатите од изборите или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години“.

Heма да ocтави никогo paмнoдyшeн: “Haлej, нaлej” – Maкедониja е љyбoвнa пpиказнa (Видeo)

Исечок од ТВ серијата “Македонија” чие снимање беше прекинато пред некоја година.

Прекрасен спот за песната “Налеј, налеј” кој никого нема да остави рамнодушен.

Уживајте во продолжение:

Налеј, налеј меанџико – песна за љубовта на гемиџиите и француската меанџика

Младите Македонци, солунските атентатори, гемиџиите, само неколку месеци пред настаните во Солун, во Париз, во една мала коноба, со симпатично име „Утро“ на убавата сопственичка и ја пееле „Налеј, налеј меанџико“. Меанџиката, подоцна стаписана од нивните подвизи и нивната смрт, тажна за нејзините македонски пријатели не се омажила никогаш и починала во 1939 година, носејќи го споменот за нив. Приказната за мадам Мадлен и Солунските атентатори, случајно раскажана од една млада Мароканка, се најде во книгата на пензионираниот новинар Никифор Смилевски.

Париз. Март 1903 година.

-Мадам Мадлен, наточи еден бокал вино, од тоа бордото- подвикнува група од неколку момчиња седнати на маса во мала тесна коноба во Париз. Преноќиште со провокативно име „Л`матен“ или „утро“ на француски. Вкусните чорби, пансионот и убавата сопственичка Мадлен се магнет за младите гости од Балканот кои често навратуваат во „Л`матен“ при нивниот престој во Париз.

-Ќе ви наточам вино, ама ако ја запеете онаа ваша песна, што е и моја и ако ми ја посветите мене“ – одговара провокативната мадам Мадлен, која е сопственичка и во исто време ги послужува гостите во „Л`матен“.

Чулев: Високи фyнкционери на CДCM се инволвиpaни во избopeн поткyп

Фејсбук статус на Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев

“Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од граѓаните го остваруваат гласачкото право, беа поништени 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи, а потпишани од моја страна. Ова е сериозен индикатор дека владејачката СДСМ подготвува сценарио за изборен криминал со поткупување на гласачи и изборни нерегуларности. Но, ова сценарио нема да им помине.

Граѓаните треба да бидат сигурни дека ваквите незаконски постапки на владата, ниту ќе не поколебаат или пак одвлечат од решеноста да го спречиме изборниот поткуп и во таа насока уште еднаш потенцирам дека секој еден кој ќе влијае врз гласачите ќе биде најостро санкциониран. 20 полициски службеници помалку, се ништо наспроти силната волја и решеност да ставиме крај на криминалното работење на СДСМ.

Колку и да сакаат да сокријат, повеќе од јасно е дека поткуп има во Штип со личните карти, вчера во Дојран претставници на СДСМ се фатени како поткупуваат гласачи, а во тек е оперативно постапување и за други случаи. Ова покажува дека високи функционери на СДСМ се инволвирани во изборен поткуп.

Полициските службеници активно работат на терен и ги охрабрувам и понатаму најприфесионално и непристрасно да интервенираат секаде, онаму каде што ќе забележат индиции за поткупување на гласачите. А до гласачите апелирам да не подлегнуваат на било какви притисоци, уцени, закани или поткуп и слободно да го остварат своето граѓанско право”.

Ce вepи синот на Дejвид Бекам! – Погледнете ja убавата cнaa на Бекамови (Фото)

Бруклин Бекам, 21-годишниот син на Дејвид и Викторија, се вери со 25-годишната актерка Никола Пелц.

Бруклин и Никола со фотографија соопштија дека планираат да стапат во брак.

Тој на Инстаграм објави фотогравија каде на Никола Пелц и вети:

„Пред две недели ја прашав мојата сродна душа да се омажи за мене и таа ми одговори со ДА. Јас сум најсреќниот човек на светот.

Ветувам дека ќе бидам најдобриот сопруг и татко еден ден, те сакам срце“, напиша Бруклин Бекам.