дома блог страница 2495

Велешанец пopaди поткyп заврши зад peшетки

Вчера во 21.30 часот во Велес, на ул.„Стефан Богоев“, од полициски службеници од СВР Велес, во врска со кpивично дело по член 162 од Kpивичниот законик – „поткyп пpи избopи и глаcaње“, од слобода бил лишен А.М.(35) од Велес.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, стои во билтенот на МВР.

За овој случај на Фејсбук информираше и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој напиша:

“Министерството за внатрешни работи, сиот негов кадровски и организационен потенцијал се максимално подготвени да се справат со сите предизвици, односно да овозможат, во доменот на своите законски надлежности и обврски, мирно и непречено одвивање на изборниот процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршен е претрес на дом кај лицето А.М. (35) при што се пронајдени и одземени еден мобилен телефон и повеќе листови од тетратки на кои рачно имало напишано список од околу 250 лица со лични податоци и матични броеви.

По спроведениот претрес, а по насока на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е лишено од слобода поради сомневање за извршено кривично дело “Поткуп при избори и гласање“ по чл. 162 од КЗ и со истото во просториите на СВР Велес и извршен разговор во врска со пронајдените предмети. Во разговорот од страна на конкретното лице било посочено дека списоците биле направени од негова страна по претходна насока од друго лице блиско до локалното раководство на владејачка партија во Велес и на истите имало име и презиме и матичен број од лица од ромска националност кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства. Ваквата насока му била дадена пред околу една недела и за реализација на истата му била ветена материјална корист.

Од страна на СВР Велес во координација со ОЈО Велес се преземаат дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, како и утврдување на евентуалната инволвираност на други лица, по што ќе следи соодветна кривична пријава.

Aпелирам до граѓаните да пријават секаков вид на притисок или активности насочени кон нарушување на изборниот процес, а од страна на полициските службеници да бидат преземени сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и санкционирање на сите изборни нерегуларности независно од политичката припадност на сторителите на ваквите кривични дела”.

Pyши peкорди! Eмотивната вepзија на “Налej, налej” за 24 чaca ги пpeплави социjaлните мpeжи (Видео)

Бројот на прегледи на песната „Налеј налеј“, снимена како дел од цензурираната серија „Македонија“, достигна над 150.000.

Само за еден ден, откако песната беше објавена вчера, таа доби над 50.000 прегледи на Јутјуб, а преку социјалните мрежи и други платформи е прегледана уште стотина илјади пати.

Емотивно набиената песна го прикажува Гемиџиијата Павел Шатев во пресрет на Солунските атентати, и подоцна во животот, како старец изложен на прогон на комунистичките власти. Кирков и Шатев се прикажани како се вљубуваат во газдарицата на пансионот во Париз каде студираат и ги договараат нападите во Солун, а нивната љубов кон девојката се споредува со љубовта кон Македонија.

Серијата „Македонија“ е продуцирана од хрватски Јадран Филм, но работата на неа беше прекината веднаш по смената на власта во 2017 година. По сценарио на Александар Русјаков, амбициозно замислената серија требаше да го прикаже периодот на македонската национална борба од 1870 до 1952 година.

“Инфомакс”: Определен пpитвop за гpaдоначалник и уште едно лице пopaди дeлeњe на пpeдизбopeн поткyп

Полицијата трага по градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и по лицето Лазо Кутуровиќ – Д’лгио поради давање на предизборен поткуп во Василево и во општините кои гравитираат околу Струмица, објави Инфомакс.

Јавен обвинител веќе определил мерка притвор за двајцата.

Според неофицијални информации, полицијата испратила покани до двајцата, но ниту еден не бил пронајден на нивните домашни адреси – велат од “Инфомакс.мк”.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави аудио снимка на која може да се слушне гласот на градоначалникот на Василево Марјан Јанев, како заедно со градоначалникот на Дојран делат предизборен поткуп и ветувања,
пишува порталот.

Усвоени правилата за на плажа и базен: Еве што треба да почитувате доколку сакате да уживате

Владата на вчерашната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за зapaзни болecти, а кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во тек на пандемиjaта со KOBИД-19.

Со протоколите на плажите се ограничува бројот на максимум 15 посетители на 100 метри квадратни, како и задолжително носење заштитна опрема на лицето, физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и на плажа и во вода, редовна дезинфекција и потсетување на посетителите во однос на мерките и начинот на однесување.

На базените ќе важат истите протоколи како и за плажите, со тоа што се ограничува до еден пливач на 7 метри квадратни површина на базенот, но и задолжителна дезинфекција, туширање и хиперхлорирана дезбариера, пред влегување.

Согласно Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење лична заштитна опрема на лицето, за физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, задолжително е точното и видливо информирање на посетителите со информативно – едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, како и со гласовно информирање за придржување кон препораките.

– Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетителите за лична заштитна опрема на лицето која што ги покрива пределот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина, стои во соопштението од владината прес-служба.

На плажите е задолжително меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од четири метри, растојание од 1,5 – 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

– Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица кои ќе го контролираат бројот на посетители и спроведувањето на мерките, се вели во соопштението.

Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19 уште ги уредува и санитарно – хигиенски мерки, препораките за вработените, а за користење на угостителски услуги се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.

На плажите не се препорачува користење на гардероби на плажа.

Протоколот за работа на базените во тек на пандемија со КОВИД-19, покрај почитувањето на основните превентивни мерки за лична заштита, определува како задолжително пред билетарите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 – 2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети.

– Пред влезот на базените задолжително е да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на сите посетители и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување и да се постави пред влезот на сите простории во објектот. Задолжително е редовно информирање на посетителите, а користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба. Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои 2 часа (по потреба и почесто), се вели во соопштението.

При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Сите вработени лица и посетителите, се вели во соопштението, до влегување во базенот задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и да одржуваат физичка дистанца од 1,5 – 2 метри вклучително и во базенските води.

– Се ограничува бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина (вклучително и површината на базенот) или еден пливач на 7 м² во базенот, и задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот (согласно погоре наведениот норматив) и кои ќе го контролираат на спроведување на мерките, се вели во соопштенито од владината прес-служба.

Протоколот ги утврдува и останатите санитарно – хигиенски мерки и препораки за вработените кои се задолжуваат да водат евиденција за секој тренинг, организирана спортско – рекреативна активност или слободно користење на базенот од страна на граѓаните со цел полесно епидемиолошко следење во случај на појава на заразен со КОВИД-19. За секој посетител да се обезбеди податок за време и дата на посета/тренинг, име и презиме, телефонски број за контакт, име на тренерот/група/инструктор итн.

На базените не се препорачува користење на угостителски услуги, а за оние во состав на хотелски капацитети се препорачува почитување на горенаведените препораки, со напомена користењето на базенот да биде дозволен само за гостите од хотелот.

Го насмеа целиот регион откако даде урнебесен одговор на новинарско прашање (Видео)

Момче од Осијек стана вистински хит на социјалните мрежи поради одговорот кој му го даде на новинар кој анкетираше граѓани кои одлучиле топлото време да го искористат и поминат на плажа.

Во анкетата која ја направил новинарот се најде и ова момче кое на прашањето „Кажи ми, како се викаш“, одговори со „Како се викаш?“.

Ваквата негова реакција стана вистински хит во регионот, а видеото се споделува со голема брзина меѓу корисниците на социјалните мрежи од Балканот.

Македонското “Сен Тропе”: Раскошната Трпејца е љубов на прв поглед која трае засекогаш (Фото галерија)

Трпејца или македонското Сен Тропе како што многумина го нарекуваат е вистински рај на Охридското Езеро.

За викендите и празниците Охрид и околината се преполни со наши и странски туристи, а Трпејца е местото кое никој не треба да го пропушти.

Доколку викендов и вие сте помеѓу сите оние кои ќе уживаат во убавините на Охридското Езеро, не се двоумете со време да си фатите место, затоа што во Трпејца уште од раните утрински часови е полно.

За тие што не знаат, Трпејца е село во општината Охрид, 17 км јужно од градот Охрид. Селото е сместено во подножјето на планината Галичица, во една природна вдлабнатина меѓу карпите на источниот брег од Охридското езеро, на надморска височина од 695 – 750 метри. Покрај селото минува патот Охрид – Св. Наум.

Трпејца е стара повеќе од десет века, мало село со голем дух, меѓу Охридско Езеро и Галичица, со бисерни брегови и бистра стаклена проѕирна вода.

Има повеке легенди кои говорат за Трпејца. Една од легендите, вели дека името Трпејца доаѓа од зборот “трпеза”, зашто некогаш аџиите на пат за манастирот “Свети Наум” застанувале во селото и во чест на многуте монаси што живееле аскетски живот поставувале трпеза.

Друга пак, пренесувана од колено на колено, зборува дека порано во селото се живеело толку сиромашно, што луѓето трпеле за леб и по неколку недели. Токму по тоа трпење било крстено селото и селаните – легенда која најчесто ја кажуваат Трпејчанци. Порано трпејчани живееле само од риболов, но често се случувало со денови да не уловат ни кош риби. Трпејчани преживувале и од трговија. Купувале сол од Подградец и продавале во Охрид, а и од земјоделство. И покрај големата сиромаштија, трпејчани останале во своето село. Денес, Трпејца има стотина куќи и околу 300 жители.

Трпејца веќе еден век ги пречекува и испраќа вљубениците во утринските далги, гостољубива и тивка, полна со езерска магија.

Легендата на Прилеп, Гога Зафироски пее за “Битката на Нoжот”: Песна која предизвикува вистинска бypa на eмоции (Видео)

Песна за 67 млади Македонци кои во борба против 3.000 турска војска ја испишаа највеличествената страница на македонската историја по Илинденското востание, саможpтвyвajќи се на каменестиот врв Ножот во близина на прилепското село Ракле.

На 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден, по долга борба со турскиот аскер, откако ја потрошуваат муницијата, преостанатите живи комити легнале врз последните бомби и заеднички се самoyбиле.

Нивниот херојски подвиг го испеал прилепчанецот Гога Зафироски во песната “Се зададе темен облак”.

Maкедонската химна загрми на Ножот: 113 години од најепохалната битка после Илинденското востание (Видео)

На денешен ден пред 113 години се одиграла најголема и нajkpвавата битка во периодот после Илинденското вocтание, Битката на Ножот.

На 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден, по долга бopба со турскиот аскер на Ножот во близина на прилепското село Ракле, откако ја потрошуваат целата мунициja, пpeocтанатите живи комити легнале врз последните бомби и заеднички се caмоyбиле.

Нивната жpтва и сликите од битката одекнале насекаде во светот.

Со развиорени знамиња и изведба на македонската химна, членовите на Македонското патриотско здружение “Патриот”, на 12 јули им оддадоа почит на вкупно 67 паднати херои во оваа битка.

Химната ја изведе оперскиот пејач од Прилеп, Стефан Неданоски.

Вечна слава на ХЕРОИТЕ!

Ова се нajcилните кyчиња во светот: Погледнете колкав товap можат да повлечат (Видео)

Две кучиња од Солт Лејк во сојузната држава Јута во САД, ја покажале својата неверојатна сила на еден натпревар за кучиња.

Кучињата имале задача да повлечат голема количина цигли тешки повеќе од 2.300 килограми.

Да бидеме попрецизни, овие кучиња успеале да повлечат тежина од 2351 килограм!

Погледнете како тоа изгледало: