дома блог страница 2494

Ова е излезеноста по изборни единици до 15 часот

Излезноста до 15 часот на ниво на цела држава е 31,77 %. Вкупно гласале 576,395 граѓани.

Во продолжение излезноста по изборни единици изразена во проценти:

ИЕ 1 – 34,51%

Најголема излезеност во ИЕ1 има во Македонски Брод, Кисела Вода, Центар и Карпош

ИЕ2 – 29,98%

Во ИЕ2 најдолема излезеност има во Бутел и Ѓорче Петров

ИЕ3 – 37,24%

Во тројката најголема излезеност има во Берово, Пехчево, Крива Паланка и Пробиштип.

ИЕ4 – 35,51%

Во четворката најголема излезеност има во Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Новаци и Неготино.

ИЕ5 – 31,5%

Во ИЕ5 најмоногу граѓани досега гласале во Крушево, Демир Хисар и Вевчани.

ИЕ6 – 22,85%

Шеската има најмала излезеност до 15 часот, а најмногу граѓани излегле на гласање во Тетово (26%)

Бугapcки воз ja однесе битолчанка во затвop? Затоа народот излегува, да не му го злоупотребат правото

Во Битола откриена изборна нерегуларност.

Денес во 12:55 часот во СВР-Битола од страна на Избирачкиот одбор на Избирачко место бр.102 во ОУ„Елпида Караманли“ било побарана интервенција при што кај лице М. К. која остварила право на глас биле пронајдени уште две ливчиња.

Во Прилеп голема излезеност до 13 часот: Еве колку луѓе досега гласале

Според неофицијални информации до кои дојдовме, до 13 часот во Прилеп гласале 33% од гласачите со право на глас, или 21.100.

Во Прилеп своето право на глас може да го остварат 64 004 граѓани.

Од 142 се гласа на 130 избирачки места, 12 се соединети зашто имаат под десет регистрирани гласачи. 13 избирачки места се дислоцирани за задоволување на просторните услови за безбедно гласање.

Народот излегува масовно за некого да казни?

Според податоците на ДИК до 11 часот има висока излезнос во повеќето изборни единици. Највисока излезност има во Изборната единица четири – 13,46 отсто, додека најмалку гласачи излегле во шестката – 6, 04 отсто.

Во првата изборна единица висока излезност има во општината Аеродром во Скопје каде што гласале над 17,6 отсто. Исто така, има висока излезност и Карпош -17,7 отсто, Кисела Вода – 16,81.

Од Втората изборна единица Бутел со 14, 76 отсто е повисока излезноста.

Во третата изборна единица 19,03 има изленост во Градско, Крива Паланка скоро 17 отсто, Лозово – 17,03. Во Пробиштип има 20,69 проценти излезеност до 11 часот, што е навистина одлично, рече претседателот на ДИК.

Во ИЕ 4 висока излезност, како што соопшти, има во Дојран – 17,83 проценти.Во Демир Капија 20,77, а во Новаци 20,52 отсто, Прилеп 16,55 отсто до 11:00 часот.

Во ИЕ 5 – Битола 16,91 отсто, Демир Хисар 21,33 отсто и Охрид 13,16 отсто, рече Деркоски.

Во Шестата изборна единица излесноста, се движи од 6-7 отсто. Највисока излезност има во Тетово и тоа 8,13 отсто.

Каракамишева: Големата утринска излезност навестува извонредна будност на граѓаните!

Фејсбук статус на професорката Тања Каракамишева

“Според официјални информации на ДИК излезноста до 9 часот е 6,50% или 117.996 граѓани го оствариле правото на глас.

Оваа голема утринска излезност навестува ИЗВОНРЕДНА БУДНОСТ на граѓаните што е одлична вест!

Да продолжиме со уште поголема излезност.

ЗА МАКЕДОНИЈА”, напиша Каракамишева на Фејсбук.

Peки нapoд одат на глacaње: Голема излезенocт во македонските cpeдини, во Пpилеп 14% дoceга

Според сајтот на Државната изборна комисија (ДИК) до 09 часот од обработени 1,618,705 од вкупно 1,814,263 избирачи, излезноста на ниво на цела територија на Република Македонија изнесува 6,50 отсто.

Речиси двојно поголема излезност може да се забележи во македонските средини во споредба со албанските. Па така, најголема излезност има во првата, третата и четвртата ИЕ.

До 09 часот, рекордер по бројот на излезност е првата ИЕ со 7,93%. Високата бројка пред се’ се должи на високата излезност во Карпош, Кисела Вода и Аеродром каде излезноста е околу 10 отсто, додека во албанските општини како Сарај и Студеничани таа е доста пониска и се движи 2-3%.

Висока е излезноста и во третата и четвртата ИЕ со 7,39 односно 7,68 отсто, во петката таа изнесува 6,14, во двојката 6,57%, додека во шестката е најниска и изнесува само 3,49%.

Доколку оваа излезност се спореди со изборите пред 4 години, тогаш може да се заклучи дека излезноста на овие избори во македонските средини е многу слична со изборите во 2016 година.

Тогаш, ДИК пресекот го правеше до 10 часот, кога имаше излезност од 9,49 отсто на цела територија.

Според неофицијалните информации до кои дојдовме на ниво на Општина Прилеп, излезеноста до 10 часот изнесува 14%.

Сончево и топло до 32 степени: Во наредните денови уште потопло

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во петок кон крајот на денот и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Задолжително носете заштитна маска на гласање, ќе бидете безбедни и ќе можите да гласате

Гласањето на денешните предвремени парламентарни избори, и покрај актуелната пандемија на KOBИД-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе одлучат да одат во избирачките места и да гласаат.

Ќе се гласа во согласност со Упатството на ДИК и протоколите на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат мерки на заштита на избирачките места, за членовите на избирачкиот одбор кои го спроведуваат гласањето, за набљудувачите, како и за гласачите.

– Според протоколот за гласање, најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место ќе бара гласачите да стават заштитна маска.

– По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца.

– При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.

– Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.

– Не може да гласа лице што не носи маска или одбива да ја извади за идентификација.

Гласањето на парламентарните избори на изборниот ден 15 јули ќе биде продолжено за два часа и ќе трае до 21 часот.

Гласање според Упаството на ДИК

Гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот наутро, а претходно е спроведено темелно механичко чистење и дезинфекција на просториите или објектот за гласање, како и на тоалетите.

Во зависност од можностите и условите пред и во гласачкото место ќе се постават на јасно видливи места едукативно информативни материјали за почитување на заштитните мерки и препораки. Задолжително ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција, ќе се врши редовно, а по можност и зачестено одржување на хигиената. Се препорачува во просториите што ќе се користат како гласачки места прозорците да бидат отворени за време на гласањето или, пак, зачестено да се проветруваат на секој час.

На гласачкото место Избирачкиот одбор задолжително го одржува редот и дисциплината при влезот, во внатрешноста и при излезот од гласачкото место или објектот, заради почитување на заштитните мерки и препораки, односно запазување на потребното растојание помеѓу лицата при влегување, внатре во просторијата и при излез од гласачкото место, дали е извршена задолжителна дезинфекција на рацете при влез во гласачкото место и задолжителното носење на лична заштитна опрема, односно маска. Во зависност од можностите и условите ќе се постават соодветни ознаки за правецот на движење на гласачите и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на гласачите пред и внатре во гласачкото место.

На секое избирачко место задолжително ќе има средства за дезинфекција и корпа за отпадоци. Лицето кое гласа задолжително мора да носи заштитна маска или шал или марама или прекривка преку носот и устата.

Гласачите мора да држат растојание од 1,5 до 2 метри при влез во избирачкото место и при излез од него. При самото влегување во внатрешниот простор гласачот најпрво ги дезинфицира рацете. По приложување на документот за лична идентификација, накратко ја отстранува личната заштита од лицето заради негова идентификација и притоа го запазува минимум потребното растојание од членовите на ИО.

Во гласачкото место ИО не смее да дозволи истовремено присуство на повеќе гласачи од бројот на паравани за гласање. При напуштање на гласачкото место гласачот врши задолжителна дезинфекција на рацете.

Во Упатството во делот што се однесува на членовите на ИО и сите останати лица на кои им е дозволено да бидат присутни на гласачкото место за време на гласањето и кои го следат гласањето им се препорачува задолжително да ги почитуваат општите заштитни превентивни мерки и пораки. Тие од моментот на влегување на гласачкото место за време на гласањето и по неговото завршување при извршување на работата и работните активности мора да носат заштитни маски и ракавици без разлика на физичката дистанца. Заштитната маска членовите на ИО мора да ја менуваат на секои четири часа додека ракавиците се менуваат при одење во тоалет и при пауза за јадење. Членовите на ИО мора да одржуваат физичка дистанца од 1,5 метар.

Членовите на ОИ и сите лица на кои им е дозволено да бидат присутни при отворањето на гласачките кутии и сумирање на резултатите потребно е да носат заштитни маски и ракавици без разлика на физичката дистанца која треба да изнесува минимум 1,5 метар.

По завршување на изборните активности гласачките места од страна на ДИК ќе бидат темелно механички исчистени и ќе се изврши дезинфекција на просториите и тоалетите.

(Видео) Ajкула започнала да им го гризе мотopoт на бродот: Ја спуштиле камерата во вода и забележале неверојатна сцена

Браќата Ли и Адам Фергусон од Перт тргнале едно утро на риболов на островот Карнак, кога на пола пат се сретнале со голема бела ajкула.

Ajкулата го пресретнала нивниот брод додека пловеле во близина на крајбрежјето на западна Австралија. Опacниот пpeдатор не се исплашил од бродот, туку сакал да го нападне, дополнително испровоциран од kpвта од риба фрлена со цел да се привлече плен за ловење.

„Адам забележа нешто и рече: ‘Види, голема риба’, а јас му одговорив дека тоа не е голема риба туку морско куче’“, раскажал Ли, пренесува „Daily Mail“.

Тогаш следувала непријатната сцена со ајкулата долга четири метри. Прво 15-на минути кружела околу бродот, а потоа тргнала да го ‘грицка’ моторот.

Тогаш Ли направил нешто неверојатно – ја ставил камерата под вода за да ја сними сцената.

„Беше непријатно но не се чувствувавме како да сме во опacност“, рекол тој.

Најубавата жена во светот блеска и без шминка (Фото)

Марго Роби минатата година беше прогласена за најубава жена на светот. Иако тоа не е мала работа, таа не му придава големо значење на тој факт.

Таа не е како преостанатите ѕвезди, па така често можеме да ја видиме и во најопуштени изданија.

Пред неколку дена објавила фотографија на која нема ни грам шминка, а коментарите не престанале да пристигнуваат, и тоа само позитивни! Вака изгледа таа во потполно природно издание. Самите проценете дали и во ова издание ја заслужува титулата најубава дама на светот!