дома блог страница 2493

Апacиев: На повидок тeжoк фалcификат

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев која според неофицијалните резултатите на парламентарните избори освои два мандати, преку социјалните мрежи повика на рачно броење на гласачките ливчиња.

-Двајца фиксни! Тројца украдени!? Хаос во ДИК. Идеме на рачно броење… На повидок тежок фалсификат. Најнерегуларни избори откога постои Македонија. Одиме до КРАЈ, пишува Апасиев.

Мицкоcки: ВМPO-ДПМHE побeди во нajголем бpoj на oпштини, oптимиcти сме за фopмиpaње на мнозинcтво

Народот се определи за промени и за тоа дека живееме во реалност која е тешка и мачна за граѓаните. Има еден непобитен факт, таа мачна и тешка реалност донесе апатија и разочараност на граѓаните од политиката, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одржана во вчерашните предвремени парламентарни избори.

Тој посочи дека важно е што во Македонија расположението е опозициско, а резултатите покажуваат дека опозицијата освои повеќе гласови од власта. А, ВМРО-ДПМНЕ без Беса во редовите на СДСМ освои повеќе пратенички мандати.

-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ победија во 41 општина. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата победи во Скопје, победи во Ѓорче Петров, во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, победивме во Македонски Брод, во Велес, Карбинци, Виница, Кратово, Зелениково, Македонска Каменица, Зрновце, Пробиштип, Пехчево. Победивме во Свети Николе, Штип, Чешиново – Облешево. Победивме во Босилово, Гевгелија, Градско, Демир Капија, Василево, Росоман, Кавадарци, Кривогаштани, Могила, Неготино. Победивме во Прилеп, во Вевчани, Дебарца, Охрид, Струга, Демир Хисар, Кичево, Брвеница и Јегуновце. Овој резултат е постигнат во едни тешки околности, силни притисоци, и бројни нерегуларности. Власта спроведе масовен, масовен поткуп. Денес сајтот на Државната изборна комисија не работи. А, добиваме различни информации дека сомнително се броени и изнесувани податоците, нагласи Мицкоски.

И со ова се боревме и во текот на целата кампања. А, не сакаме ова да стане главна тема во кампањата затоа што понудата и обновата е она што им треба на граѓаните. Сето ова ми дава за право дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада. Кога треба да се соочиш со сериозни предизвици, јас сум оптимист затоа што настапуваме чесно и принципиелно. Алтернативата на сето ова е Заев и продолжување на агонијата. Ова е тешка битка и заедно со вас, со граѓаните, ќе победиме.

Ова е земја на народот и ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила.

Изложбата „Bизии од детcтвото“ од yметникот Гopaн Бoeв, во петок пpeд пpилепчани

Во петок 17.07.2020 во 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на слики „Визии од детството“ од уметникот Горан Боев.

Изложбата ќе биде отворена со запазување на сите препораки и заштини мерки од корона вирусот.

Боев ќе се претстави со над 25 слики на кои се појавуваат различни фигури – мачка, куче, прозорец, цвеќе, дете…

-Тоа е портрет на едно минато време, портрет на моето детство. Што се однесува до техниката и ракописот, не се заложувам секоја слика да ми помине низ ист сликарски третман. Некогаш сликам со наслаги од боја, некогаш лазурно. Некогаш цртежот е изразен и експресивен, некогаш суптилен и геометриски. Некогаш е комбинација на се‘ во се‘. Не се грижам премногу за стилот но тоа не значи дека оставам се‘ на случајноста – вели авторот…Една деценија се обидувам во сликарството да допрам до она што е суштинско, искрено, чисто, благопријатно и неосквернето. Таа моја потрага ме наведе да се навратам во детските денови и да пробам повторно да размислувам како дете. За жал, како созреваме, негативните искуства и примери на кои наидуваме, наместо да се поучиме од нив и ги отфрлиме како такви, ние ги прифаќаме со раширени раце и од нив правиме своевиден образец, упатство за понатаму. Со тоа предизвикуваме, како во секојдневниот живот, така и во уметноста, изместување на правилната перцепција за вистинските вредности, вистинската убавина на нештата. Но, тоа не е случај со детските очи, детскиот поглед на светот. Затоа во моето творештво посегнувам по мотиви од детството и се трудам да гледам како дете. Детето гледа многу појасно од возрасните, неговиот поглед не е заматен од секојдневни грижи и непреболена суета – објаснува Боев.

За авторот

Горан Боев е роден на 01. 11. 1982 година во Кавадарци. Факултет за ликовна уметност (ФЛУ) и магистерски студии завршува во Скопје. Извесно време работи во високо и средно образование а моментално е наставник по ликовно образование во основно училиште. Се занимава и со црковен живопис и иконографија. До сега има реализирано над десеттина изложби во земјата и учествувано на многу групни изложби во земјата и странство.

Конститутивната седница на Собранието за 20 дена треба да ја свика Џафери

Најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите треба да се одржи конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, а седницата ја свикува претседателот на претходниот состав, во случајот Талат Џафери.

Собранието ќе го сочинуваат 120 пратеници, кои ги претставуваат граѓаните и одлучуваат по свое уверување.

Согласно Уставот, пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието и почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.

Во членот 63 од Уставот е предвидено, доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на
завршувањето на изборите.

Во Уставот е предвидено претседателот на Република Македонија во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Ова е распоредот на силите во новиот парламентарен состав

Според официјалниот сајт на ДИК од 3421 обработени избирачки места од 3480, распоредот на силите во идниот парламентарен состав е следен:

СДСМ: 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1

Останува да се обработат уште 60-тина изборни места.

Јанушев: Победуваме во Гази Баба, Аеродром, Илинден, Кратово, Охрид и Прилеп, Свети Николе и Бутел- ИСПРАВИ СЕ МАКЕДОНИЈО!

Победуваме, победуваме во Македонија, победуваме речиси на секаде, од дел досега обработени 20 проценти ВМРО-ДПМНЕ веќе има предност од околу над 10 илјади гласови, ова вечерва го истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Победуваме во Гази Баба со 2:1, Аеродром 2:1, Илинден, Кратово, Кривогаштани со 2:1, победуваме во Охрид и Прилеп веќе имаме сериозно водство иста ситуација е во Радовиш, Свети Николе и Бутел имаме предност од 2:1, во Кисела Вода и Велес исто така победуваме. Обновата доаѓа, исправи се Македониј, вели Јанушев.

Тој додава дека водат во речиси сите македонски општини и тоа со околу 7,8 пратеника.

ДИК ја објави излезеноста до 20:30 часот: Погледнете по изборни единици

Државната изборна комисија ги објави резултатите од излезноста на избирачките места до 20:30 часот.

Истата изнесува 50.84 проценти, досега правото на влас го оствариле 922,380  илјади гласачи од вкупно 1,814,263 гласачи запишани во избирачкиот список.

Повеќе детали околу излезноста можете да прочитате на официјалната страна на ДИК.

ИЕ 1 – излезност од 52.17 процент

ИЕ 2 – излезност од 47.97 проценти

ИЕ 3 – излезност од 57.31 проценти

ИЕ 4 – излезност од 59.78 проценти

ИЕ 5 – излезност од 50.14 проценти

ИЕ 6 – излезност од 39.22 проценти

35.000 прилепчани веќе казниja некого, за час и половина ќе бидат уште повеќе?

Заклучно со 19 часот, 35,640 прилепчани го оствариле своето право на глас, или во проценти 55,61%.

Ова е висока излезеност со оглед на околностите под кои се гласа, односно жешкото време денеска и состојбата со кopoнавиpycoт.

Според прогнозите излезеноста во Прилеп до 21 часот ќе надмиме 60%.

Moлотов коктел фpлен во пpилепcко

Вчера во 01.30 часот било пријавено дека во село Дебреште, прилепско, во двор од куќа сопственост на С.М.(53), од страна на непознат сторител било фрлено стаклено шише со запалива течност, при што било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, паркирано во дворот, а опожарени биле и огревни дрва во непосредна близина.

„Пламенот го забележале С.М. и неговиот брат, кои го изгаснале огнот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Излезнocта во Прилеп нajaвyва kaзна за нечии политики?

И покрај пандемијата предизвикана од кopoнавиpycoт, во Прилеп има голема бројка на излезеност.

До 16:00 часот на гласање излегле 43,95% од гласачите, иако се гласа до 21 часот.

Прилепчани дисциплинирано ги почитуваат мерките за заштита, носат заштитни маски и држат растојание на избирачките места.