дома блог страница 249

Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп со исклучителна 2025 година исполнета со резултати, успеси и меѓународна афирмација

Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп ја заокружи натпреварувачката 2025 година како една од најуспешните спортски организации во државата, со забележителни резултати на домашно и меѓународно ниво, силно организациско учество и значаен придонес во развојот на џудо спортот.

Во текот на годината членовите на  клубот зедоа учество на вкупно 28 официјални натпревари, од кои:

  • 6 Државни првенства
  • 16 Меѓународни турнири
  • 6 Балкански првенства
  • 1 Европско првенство
  • 3 Европски купови

Од овие настапи беа освоени вкупно 187 медали, и тоа:

  • 58 златни
  • 43 сребрени
  • 86 бронзени медали

Покрај медалите, клубот освои и 3 пехари, меѓу кои и пехар за освоено 2. место во севкупен генерален пласман на ниво на Македонија за 2025 година, што претставува најзначаен клупски успех во изминатата година.

Претставници на клубот настапуваа и како дел од државната репрезентација на Балкански и Европски првенства, каде беа остварени пласмани меѓу најдобрите, вклучително и екипни медали и високи индивидуални позиции, што дополнително ја потврдува конкурентноста на клубот на меѓународна сцена.

Меѓународни кампови и стручен развој

Во 2025 година членови на клубот учествуваа на повеќе меѓународни џудо кампови и тренинг подготовки во Црна Гора, Словенија, Албанија, Србија и Македонија, вклучително и официјални кампови под покровителство на Европската џудо унија. Овие активности овозможија директен контакт со европската и светска џудо елита и значајна надградба на спортските и стручните капацитети.

Организација на спортски настани

Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп беше технички и организациски носител или ко-организатор на голем број спортски настани, меѓу кои:

  • Меѓународен џудо турнир „Прилеп – Град Херој 2025“, со околу 300 натпреварувачи од 30 клубови и 10 држави, вклучително и учесници од држави надвор од Балканот;
  • Градски турнир за најмлади категории;
  • Официјални викенд подготовки на државни селекции;
  • Учество во организацијата на најголемите европски џудо настани одржани во Македонија во 2025 година, вклучително и европски шампионати, купови и тренинг кампови.

Дополнителни активности и општествен придонес

Клубот реализираше и:

  • Полагања за ученички појаси;
  • Стручни семинари за тренери и судии;
  • Издавање и промоција на стручна литература од областа на џудо спортот;
  • Летни физички подготовки и спортски дружења;
  • Активно учество во хуманитарни акции и општествено одговорни иницијативи.

Повеќе членови на клубот се добитници на државни стипендии и спортски субвенции, а сите спортисти со освоени медали од државни и балкански првенства беа наградени согласно општинските правилници за поддршка на спортот.

Со кратка пауза за време на новогодишните и божиќните празници, Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп веќе ги започнува подготовките за уште поинтензивна и амбициозна натпреварувачка 2026 година, со јасна цел за продолжување на растот и меѓународната афирмација.

Јавна трибина за 70 години ракометна Битола (ФОТО)

„Нашиот клуб, нашата гордост-предизвици и можности“, беше насловот на јавната трибина која се одржа во рамките на прославата 70 години ракометна Битола. Цела година е посветена на јубилејот,а во оваа пауза меѓу првиот и вториот дел од ракометните возбудувања во супер лигата и во Европа, Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ го чествува роденденот со неколку манифестации.

На трибината присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој упати честитка до клубот, до ракометарите, до навивачката група Чкембари по повод овој голем јубилеј и до сите оние кои се дел од ракометниот свет.

„70 години постоење на еден клуб, тоа е голема историја. Почестен сум и со голема одговорност да застанам пред луѓе кои дале многу за ракометот, пред овие луѓе легенди во ракометот, во спортот кои оставиле голема трага. Јас не ги делам Пелистер и Битола, Битола и Пелистер е едно единствено и во другите гранки на спортот, особено во ракометот кој најмногу го прослави градот“ рече градоначалникот Коњановски.

За историјата на ракометот во Битола пред присутните зборуваше спортскиот хроничар, новинарот во пензија Димче Миновски.

„Не можам да седам кога пред мене се сите битолски ракометни асови, ова е мојата почит кон вас, со кои години и години минувавме заедно. Денеска славиме 70 години од постоењето на РК „Пелистер“. Меѓутоа во името на вистината, ако побараме историја, ако сакаме минато тогаш морам да ве потсетам дека ракометот во Битола почнува од 1926 година. Почнува со женски ракомет. Така што во Битола ракометот го почнуваат женските ракометарки. Првиот натпревар се одиграл на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе. Играа битолската екипа со екипа од Нови Сад. Тоа не траеше долго и после неколку децении почнува големиот ракомет“, истакна Миновски кој зборуваше за неколкуте ракометни клубови кои своевремено егзистирале во Битола, а се осврна и на силниот „Пелистер“ на домашен и меѓународен терен.

На темата за „Еурофарм Пелистер“ во периодот на платформата за ракометна Битола зборуваше претседателот на клубот Зоран Стерјов.

„Битола треба да биде горда со овој клуб, со историјата, да ја негува историјата затоа што без историја нема сегашност, а нема ни да има иднина. Од позиција на претседател на клубот сакам да упатам голема благодарност до сите луѓе кои што во изминатите 70 години несебично, посветено, секој на свој начин со своите можности придонесоа РК „Пелистер“ да биде вистински бренд, не само на македонскиот, не само на поранешна Југославија туку и на европскиот ракомет“, рече Стерјов.

Тој додаде дека обединувањето секогаш носи резултати, а тоа го покажа и битолската ракометна платформа.

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се одржи и Свечена академија и ревијален натпревар на ветераните на „Пелистер“.

Дедо Мраз пристигна со хеликоптер и донесе огромна радоста за децата на припадниците на Армијата (Фото галерија)

Дедо Мраз пристигна со хеликоптер и донесе моменти на радост за најмладите, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и Армијата. Нивната возбуда и насмевки ја исполнија празничната атмосфера и го создадоа вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени – oбјави на социјалните мрежи, Министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-Во пресрет на Новата година, традиционално, заедно со Претседателката на Македонија и началникот на Генералштабот на Армијата, остваривме видеоконференциска врска со нашите мировници кои во моментов извршуваат задачи во мисиите и операциите во Либан, Латвија, Романија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Германија.

На видеоконференцијата, на која присуствуваа и членови на нивните семејства, упативме пораки на поддршка и признание, со јасна определба дека и понатаму ќе се грижиме за нив и за нивните семејства. Нивната посветеност и храброст се силна потврда за нивната улога и значење – напиша Мисајловски.

Полицијата им пронајде дрога, оружје и украдени предмети – Кривична за тројца прилепчани

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против тројца млади мажи од градот, поради сомнение дека се вмешани во серија сериозни кривични дела, вклучувајќи производство и трговија со наркотични дроги, незаконско поседување оружје и фалсификување на ознаки на автоматски пиштоли.

При претрес извршен кај 23-годишниот Б.С., полицијата одзеде повеќе видови дрога – кокаин, марихуана и амфетамин, како и средства за провалување и предмети кои потекнуваат од тешки кражби. Исто така, биле пронајдени пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски и автоматско огнено оружје, делови од оружје и куршуми, без соодветни дозволи.

Според истрагата, Б.С., со помош на другите две лица, Р.Т. (22) и Б.Н. (25), извршил механички интервенции на автоматските пиштоли со електрична брусилка, со цел да ги фалсификува ознаките и да се стекнат со противправна имотна корист.

– Станува збор за сериозен случај со многу аспекти – од дрога до оружје и предмети од кражби. Брзата реакција на полициските службеници спречи можни нови злоупотреби и го зачува јавниот ред и безбедноста во Прилеп – велат од ОВР Прилеп.

Тројцата пријавени се водат пред надлежниот суд, а истрагата продолжува за да се утврдат сите детали и евентуално учество на други лица.

Новогодишна донација од Витаминка за најмладите пациенти

Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, „Витаминка“ покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат во неколку здравствени установи во земјава.

Со новогодишни пакетчиња од „Витаминка“ и внимателно одбрани играчки, компанијата внесе празнична топлина и насмевки кај децата од Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, на Универзитетската клиниката за детски болести, Оддел за цистична фиброза, Оддел за неврологија како и на Детска хирургија. Малите подароци носат голема порака дека овие деца не се заборавени и дека празниците можат да донесат радост и во најтешките моменти.

-Новогодишните празници се време кога солидарноста, вниманието и грижата за другите добиваат особено значење, но за дел од децата тие поминуваат во болнички соби, далеку од празничната атмосфера. Со оваа донација сакаме барем малку да им ја доближиме празничната радост, да внесеме насмевки и чувство дека не се сами, како и да им дадеме поддршка на семејствата и медицинскиот персонал кои секојдневно се грижат за нив, вели Симона Симоновска, одговорна за маркетинг во „Витаминка“.

Како општествено одговорна компанија, „Витаминка“ и оваа година продолжува да ги негува вредностите на хуманост и заедништво, верувајќи дека секоја насмевка е чекор поблиску до подобар и похуман свет, особено кога станува збор за децата.

Изгледа прекрасно! Битолската куглана целосно реновирана, а наскоро и лиценцирана за меѓународни натпревари (ФОТО)

Кугланата во Битола беше подлежна на реконструкција, односно поправки и замена на опремата која беше дотраена. Тоа чинеше 5 илјади евра и сега е пред лиценцирање со цел одржување на натпревари.

Поправката ја вршеше лиценцираниот одржувач на куглани Миле Вулетиќ од Апатин, Србија.

Увид во работите направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојкоски и директорот на
„Комуналец“, Горан Степановски во чија надлежност е одржувањето.

Инаку Вулетиќ е лиценциран одржувач на куглани и досега има изведени повеќе од 12 сали, а подготвува куглани и за европски и светски купови.

Во јануари 2026 година повторно ќе биде лиценцирана салата од овластен претставник за одржување на натпревари, односно за добивање на лиценца за одигрување на меѓународни натпревари.

Ајварот “Мекиците на Стража” пристигна во Liquor Store во Прилеп, одберете и пијалок и уживајте во него

Љубителите на автентичните македонски вкусови имаат нова причина за задоволство. Добро познатиот и високо ценет домашен ајвар „Мекиците од Стража“ од неодамна е достапен и во Liquor Store во Прилеп – еден од најснабдените дисконти за алкохолни и безалкохолни пијалоци во градот.

Подготвен по традиционален рецепт, со внимателно одбрани пиперки и без компромис во квалитетот, ајварот „Мекиците од Стража“ важи за еден од најбараните домашни производи, препознатлив по својот богат вкус и домашна арома. Совршен е како додаток на трпезата, но и како идеален спој со добро вино, ракија или пиво.

Liquor Store, кој се наоѓа на ул. „Егејска“ во Домот „Спиро Забрчанец“, нуди богат избор на пијалоци од реномирани домашни и странски брендови, а со додавањето на овој традиционален македонски производ, концептот „сè на едно место“ добива уште поголема вредност.

Без разлика дали се подготвувате за семејно дружење, празнична трпеза или едноставно сакате да уживате во проверен домашен вкус со внимателно одбран пијалок – Liquor Store во Прилеп е вистинската адреса.

Ајварот „Мекиците од Стража“ веќе ве чека – изберете го омилениот пијалок и уживајте во совршениот спој на вкус и традиција.

(ВИДЕО) Грми македонска песна во Лерин, БРАВО Македонци!

Koлку убаво изгледа да се гледа и слуша како нашинците надвор од Македонија ја негуваат, пејат и играат на македонска песна, особено кога станува збор за Македонците во Егејска Македонија.

Видеото во продолжение е од прекрасна македонска прослава во Лерин, каде стотици Македонци прославуваат за годината што помина со убави наши песни и ора.

Погледнете:

Кавадарчанецот кој со автомобил удри полицаец, доби една година затвор

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против еден 46-годишник за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно обвинителството предложи во текот на постапката тој да биде обезбеден со мерка притвор.

На 21 декември по полноќ, управувајќи автомобил Фолксваген, обвинетиот не запрел на даден знак од полициски службеници. Кога на една од крстосниците во градот бил опколен од две полициски возила за да го запрат, осомничениот со возилото сакал да прегази полициски службеник.

Полицаецот излегол од службениот автомобил за да го легитимира, а во тој момент осомничениот се залетал кон него со возилото со голема брзина, го удрил во стомакот и левата нога, а потоа удрил и во полициската кола, по што продолжил да вози. Полицаецот од ударот се здобил со неколку телесни повреди.

Обвинетиот беше лишен од слобода на 25 декември и веќе следниот ден беше изведен пред суд, каде го призна делото. Судот во Кавадарци изрече пресуда со која го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата одлучи обвинетиот да биде обезбеден со мерка притвор поради опасност од бегство и можноста да го повтори делото.

(Фото галерија) Спектакуларно запросување пред многу луѓе на прилепскиот плоштад

Празничната приказна на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп, денеска беше збогатена со спектакуларно запросување кое го проследија голем број присутни и минувачи.

Суад од Десово реши на прекрасен начин да ја побара раката на својата сакана Берниса Зијадиќ, девојка по потекло од Лажани, која деновиве од Швајцарија си дојде во Македонија.

Берниса инаку е братучетка на Мелиса Зијадиќ, девојката со ангелски глас која беше финалистка на балканското талент шоу “Ѕвездите на Гранд”.

Eкипата на Маркукуле им честита на Суад и Берниса, им посакуваме долг, среќен и исполнет со слога и разбирање заеднички живот, и секако многу дечиња.