дома блог страница 248

Финалето на Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп не се одригра – фудбалери екипата од Охрид доживеаја сообраќајка (ВИДЕО)

Екипите на АСП ПАК од Охрид – ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ од Прилеп, вечерва требаше да се сретнат во финалето на традиционалниот Светиниколски турнир во мал фудбал, но финалниот натпревар не се одигра, откако дел од екипата од Охрид доживеа сообраќајна несреќа доаѓајќи кон Прилеп.

Организаторите во договор со екипата финалист од Прилеп, и двете екипи ги прогласија за победници, а одлуката беше проследена со аплауз од публиката.

Според организаторите фудбалерите кои вечерва доживеаја сообраќајна несреќа не се тешко повредени и моментално им се укажува медицинска помош.

Како што дознава Маркукуле, сообраќајната несреќа се случила околу 21 часот пред населеното место Тополчани, каде од патот излетале две возила, а интервенирале и екипи од противпожарната единица.

Засега нема точна информација колку лица се повредени и во каква состојба се наоѓаат.

Мега Баскет го доби дербито и против КК Вардар и против судиите

Екипата на прилепски Мега Баскет стигна до голема победа над ривалот за првото место во Првата кошаркарска лига на Македонија. Вечерва во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” падна Вардар и сега прилепчани се на врвот на табелата.

Во тежок и исклучително изедначен натпревар, прилепчани стигнаа до тесна победа од 111:107, на огромна радост на публиката и вљубениците во кошарката во Прилеп.

Со вечерашниот натпревар, Мега Баскет всушност му се реваншираше на Вардар за поразот на почетокот од сезоната, и најавија дека не се шегуваат со намерата да се пласираат во Супер лигата.

Честитки момци!

Ќе ве воодушеват и освојат! Учениците од IV-3 одд. при ООУ “Блаже Конески” со прекрасна изведба на “Ѕвончиња ѕвонат” (ВИДЕО)

IV-3 oдделение од ООУ “Блаже Конески” и оваа година подготвија празнична песна и изведба со која ќе ве воодушеват. Ментор на распеаните дечиња кои ја изведуваат “Ѕвончиња ѕвонат – Јingle Bells”, е одделенскиот наставник Весна Арсиќ.

-Ние сме семејство! Училницата е нашиот втор дом! Да ги сочуваме вистинските вредности: семејство, љубов, топлина, надеж, добрина, стои во описот на видеото.

Учениците и нивната наставничка упатуваат и благодарност до проф. Марјан Златески (пијано) и диригент проф. Јулијана Д. Златеска, за нивниот ангажман во овој проект.

Приведени петмина прилепчани – продавале петарди на плоштад

-На 27.12.2025 во 16,00 часот на Плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода С.М.(48), Л.М.(36), З.М. (49) М.М.(36) и М.О.(41), сите од Прилеп. Тие биле затекнати при продажба на пиротехнички средства, при што од нив се одземени околу 900 парчиња пиротехнички средства. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Како да се спремал за војна: Полицијата влезе во куќа во битолско и пронајде цел арсенал оружје и муниција (ФОТО)

Денеска (28.12.2025), полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје при СВР Битола во координација со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода А.А.(51) од с.Кишава, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една автоматска пушка „М70АВ2″ од југословенско производство, една рамка за пушката и 258 куршуми калибар 7.62х39мм. Исто така, пронајдени се и четири ловечки пушки, еден пиштол, 78 ловечки патрони калибар 12мм, 50 куршуми калибар 8х57мм и 72 куршуми калибар 9мм.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Празниците започнуваат со добра книга – Големи празнични попусти во ВИКЕЛИ Прилеп, погледнете ја целата понуда

Студените зимски вечери се најубави кога се поминуваат со шолја топол чај и добра книга во раце. Празниците се совршен момент да си подариме време за себе, да забавиме и да се изгубиме меѓу страниците на некоја убава приказна.

Во Викели Прилеп ве очекува богат избор на изданија од светската и македонската литература – книги што инспирираат, раскажуваат и оставаат трага. Без разлика дали барате подарок за најблиските или ново четиво за себе, сигурно ќе пронајдете нешто што ќе ве освои.

Подарете си празнична магија со книга – затоа што најубавите патувања започнуваат меѓу корици. Деновиве сите изданија од АНТОЛОГ> се со неверојатен попуст од -25%

Изборот е навистина богат – светска и македонска литература за сите генерации и вкусови.

Вршат достава по карго низ цела Македонија, а за нарачки и дополнителни информации, слободно пишете им во порака на: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, или посетете ги на ул. Кузман Јосифоски бр. 5 во Прилеп кај старата автобуска станица.

Уште еден прилепчанец на “ѕидот на срамот” на МВР: Возел “БМВ” под дејство на алкохол, ќе одговара кривично

-На 28.12.2025 во 03:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Н.(34) од Прилеп. При сообраќајна контрола на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,65 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаjoт против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.

Сите во сала денес, кошаркарите заслужуваат поддршка – со победи и јуниорите и сениорите ќе бидат прваци

Дербито на ова 11 коло, барем според позициите на табелата, ќе се игра во Прилеп. Денеска од 19.часот, во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, играат двете првопласирани екипи во групата „А“, Мега баскет и Вардар, и двете со разочарувачки порази во претходниот круг од натпреварите.

За „вардарци“ прв, запишан на гостувањето во Охрид, a за прилепчани втор по големиот минус на гостински терен кај Водно санс.

Прилепчани веруваат дека ќе му возвратат на црвено-црните за поразот во Скопје на стартот од сезоната, а за тоа ќе има треба нашата поддршка на трибината.

Два ипол часа порано, со почеток од 16:30 часот, младата екипа на Мега Баскет го пречекува Чаир, па добро би било неделата целосно да си ја резервирате за кошаркарски натпревари со вашите најблиски.

Прва контрола за македонските ракометари пред ЕП – вечерва противник ни е Хрватска

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во Пореч против Хрватска го игра првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе трет ден се во Хрватска, каде го одработуваат вториот дел од подготовките.

Според првичниот договор со домаќинот Хрватска ќе биде одигран еден натпревар, а потоа националниот тим уште два дена ќе тренира во Пореч. Во Хрватска на подготовки се 20 ракометари.

По кусата пауза за Новогодишните празници македонската репрезентација во Скопје ќе ги продолжи подготовките кога ќе биде комплетна со приклучувањето на голманот Мартин Томовски, кој има обврски во Бундес лигата.

До почетокот на шампионатот македонските ракометари ќе учествуваат на турнир во Швајцарија, каде ќе одиграат три натпревари против домаќинот, Бахреин и Украина. На Европското првенство Македонија е во група со Данска, Португалија и Романија.

Maлиот ГЕНИЈ од Македонија – Македон Димитровски, освои златен медал на Германската математичка олимпијада

Младиот македонски талент Македон оствари уште еден извонреден успех на меѓународната сцена, освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада, еден од најреномираните натпревари за млади математичари во Европа.

На олимпијадата учествуваа најдобрите ученици од повеќе држави, а Македон со своето знаење и логичко размислување се искачи на највисокото победничко скалило, потврдувајќи го својот исклучителен талент.

Со овој резултат, тој обезбеди и пласман во суперфиналето, кое ќе се одржи во месец мај во Франкфурт, каде ќе се натпреваруваат најдобрите млади математички умови.

Успехот на Македон претставува големо признание не само за неговата посветеност и љубов кон математиката, туку и значајна промоција на Македонија на светската образовна мапа. Резултатот уште еднаш потврдува дека и од нашата земја доаѓаат млади таленти кои рамноправно се натпреваруваат со светската елита.