дома блог страница 2488

57 проценти од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор

Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат.

Кај нас во 2018 година, за кога последно има податоци на Евростат, 57,5 проценти од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Овој процент е намален за 16 процетни во однос на 2010 година, кога 74,2 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор.

Во Европа, исто така, овој процент од 2010 година полека се намалува, кога 39 отсто од Европејците не можеле да си дозволат одмор.

Меѓу земјите членки на ЕУ Романија има највисок процент – 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор минатата година, по што следат жителите на Грција – 49 процетни, Хрватска – 48, Кипар – 45 и Италија – 44 проценти.

На другиот крај од скалата, само 10 проценти од жителите на Шведска не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, по што следат Данска и Луксембург – 11 отсто, Финска – 12, Германија и Австрија – по 13 проценти.

Споредено со 2010 година, процентот на луѓе кои не може да си дозволат еднонеделен одмор надвор од својот дома секоја година бележи намалување во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Италија и Грција, каде е регистрирано зголемување од 4 и 3 проценти. Најголемо намалување е регистрирнао во Летонија – 35 проценти, Малта – 30 проценти, Бугарија и Полска по 27 проценти.

Заврши седницата на ДИК: Отфрлени се сите приговори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори.

За 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, членовите на Комисијата утврдија дека тие немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за другите 504 потенцираа дека не се поткрепени со докази и текстот во образложението е ист за сите овие приговори.

За приговорите на АА и на Алтернативата исто така беше оценето дека не се поткрепени со докази, како и на Демократи, на СДУ, на Интегра, МОРО Работничка партија и на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од партиите чии приговори беа отфрлени бараа увид во избирачкиот материјал, како и на неважечките ливчиња, но тие не беа поткрепени со докази.

Партиите имаат право за овие одлуки на ДИК да се жалат до Управниот суд.

Апасиев со мистериозна порака на Фејсбук

Професорот Димитар Апасиев на социјалните мрежи испрати мистериозна порака која упатува на некаква „Скопска платформа“.

-46 – 4 + 44 + 2 + 0 = ? #СкопскаПлатформа, пишува на Фејсбук професорот Димитар Апасиев.

Topнaдo cpeд езеро вo Бocна и Xepцеговина (Видео)

„Пиjaвици“ се ветpoви во фopма на мини тopнaдо, а нacтанувaaт во топли и спapни денови, а едно такво е видено и снимено во caботата во познато вештачко езеро во БиХ.

Во снимката е наведено дека вакво нешто не е видено во последните шест години.

Вакви појави претходно биле забележани во 2014 година и во 2006 година.

Уaпceн српскиот актер Бранко Видаковиќ

Српскиот актер Бранко Видаковиќ е yaпceн вчера на Врачар за дpoга, дознава „Објектив.рс“. Полициjaта дошла по пријава каде го пронашла М.И. (40) како излегува од гаражата во која имало xepoин, после што, тој заедно со Видаковиќ влегол во автомобил марка „форд“.

Во моментот кога полициjaта им пришла, М.И. се придвижил нагло наназад при што удрил во друго возило, после што застанал. Бидејќи одбил да ја отвори вратата од автомобилот, полицаецот го ckpшил стаклото на вратата и успеал да го извлече од автомобилот, пренесува „Објектив.рс“.

При претресот е утврдено дека М.И. во хируршката маска што ја носел на лицето, ставил три ќеси со околу десет грама xepoин.

Полицијата извршила претрес и во сомнителната гаража каде биле пронајдени осум ќеси, во кои се наошале повеќе од 20 грама xepoин, а во просториите што ги користел Видаковиќ биле пронајдени две дигитални ваги и уште две торби со повеќе од пет грама xepoин.

На двајцата им е одреден притвop од 48 часа

Програмата за Илинден во Крушево скратена и без собири

Крушево и крушевчани ќе ја чекаат Комисијата за заразни болести да каже како ќе се прославува Илинден и како ќе се одвива манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој е и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, големиот Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание ќе се прослават достоинствено, но очигледно ќе изостанат собирањата. Само се знае дека програмата на манифестацијата ќе биде скратена, но за сѐ друго, треба да даде препораки Комисијата.

-Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести утре и задутре да изготви препораки и решение за прославите за Илинден во Пелинце, Скопје и во Крушево. Факт е дека нема да има големи собирања, но Комисијата ќе го каже своето. Манифестацијата „10 дена крушевска република“ ќе биде со скратена програма. Најбитно ни е да се задржи достоинството за одбележувањето на големиот Илинден, на потсетувањето на големината на Илинденското востание, но за се друго ќе ги чекаме препораките. Од тоа зависат и прославата и програмата на Манифестацијата, изјави Христоски.

Инаку, Манифестацијата традиционално почнува на 1 август. Крушево ги пречекува коњаниците, на Гумење се подигнува знамето на Републиката со пригодна програма. Во 10-те дена вообичаени се бројните културни настани во чест на значењето на Илинденското востание. Централната прослава е на 2 август, на Илинден, на Мечкин Камен.

Интервју со Денис Најдоски: Млад пијанист и професор од Прилеп со редок талент и посветеност

Долгогодишен пијанист, успешен професор по клавир во музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” во Прилеп, а од поново време пее византиска црковна музика и пишува музичка литература. Тоа е Денис Најдоски од Прилеп за кого сите ученици имаат само пофални зборови, а сите кои го познаваат ќе кажат дека е исклучителна личност со голем талент. Имавме можност да поразговараме со него за неговите моментални ангажмани, но и идните планови. Проследете го интервјуто во продолжение.

Каде се твоите почетоци со музиката, кој те насочи по овој пат?

– Моите почетоци и првиот контакт со музиката започнаа на мои 5 години во музичкото училиште во Прилеп каде што го започнав моето музичко патување кое непрекинато трае и се надоградува до денешен ден. А за тоа кој ме насочи на овој пат, еден дел кој е тесно поврзан со мојата фамилија, кадешто во минатото професионално со музиката се занимавале голем дел од моите предци, или пак таа им била „ споредна “ професија, а другата причина е тоа што имав професори кои несебично ми ја вдахнаа љубовта, не само кон пијаното како инструмент, туку за целата музичка уметност.

Дали од секогаш сакаше да станиш клавирист, имаше ли некои други професии кои ти го одвлекуваа вниманието?

– Па да бидам искрен, од кога знам за себе. Бидејќи постојано бев опкружен со музиката, така да мислам дека немав време, но и посебен интерес да размислам дали постои некоја друга „љубов“ која би ми го одвлекла вниманието, иако пред да продолжам професионално да се занимавам со пијаното неколку пати ми било поставено тоа прашање.

Имаш ли некој Role model кој ти е пример во кариерата? Чии дела сакаш најмногу да ги свириш?

– Се разбира. Опкружувањето со добри музичари, но пред се добри пијано педагози ми даваше постојано добри примери како треба правилно да се развива еден музичар. Но, од сите тие би ја издвоил мојата долгогодишна професорка од Скопје, која несебично ме водеше низ тајните и проблематиките низ пијанизмот, а тоа е проф. Снежана Анастасова – Чадиковска, личност која како мој духовен родител до ден денес ми дава безброј примери со нејзиното огромно искуство. А за дела кои сакам да ги изведувам, предничи било која композиција од легендарниот Лудвиг Ван Бетовен, но исто така неизоставен дел се и делата на нашите македонски композитори, во кои може да се препознае исклучително висок степен на уметност, и за кои сметам дека треба повеќе да се промовираат, пред се на домашната сцена, и искрено се трудам да дадам еден допринос кон таа цел.

Како професор во музичкото училиште подготвуваш и ученици за натпревари. Што е потешко, да се излезе на сцена или да ги гледаш твоите ученици од публика?

– Навистина интересно прашање. Веќе 5 години работам како професор по пијано и корепетиција во ООМУ „ Ордан Михајлоски – Оцка “ – Прилеп, училиште од коешто секоја година со високи награди се здобиваат голем број на ученици. Но, сепак тоа претставува особен предизвик, да се научи едно дете пред се да владее со инструментот до одреден степен, а потоа и како да ги контролира своите емоции. Подготовката до тоа секогаш претставува едно испишување на нова приказна водена од нас како педагози, во која на крајот, односно на сцената, ученикот станува главниот актер во неа, а ние сме само слушатели во која веќе немаме влијание.

Kој момент во твојата досегашна кариера засекогаш ќе ти остане во сеќавање?

– Многу е тешко да се избере, бидејќи на некој начин сите јавни настапи оставиле посебен белег во мојата меморија, но доколку би потенцирал, би го издвоил учеството на „ есенски музички свечености “ со Токата од Властимир Николовски. Моќно дело во кое длабоко е врежан нашиот фолклор, а до тој и многу ретко изведувано.

Освен што е клавирист, професор во музичко училиште, Денис пишува и литература поврзана со музиката. На што точно работиш во моментов и кога ќе бидат завршени твоите проекти?

– Во моментов посебно внимание посветувам на пишување на предавање поврзано со начините за успешната изведба на едно дело, кое веќе е при самиот крај, и се стремам да биде разбирливо за учениците во основното музичко образование. Се надевам доколку дозволи ситуацијата ќе има излагање на следното одржување на фестивалот EPTA ( European Piano Teacher Association ). Паралелно на тоа работам и на книга поврзана со композиции од пијано литературата, за која што треба се уште време до успешен крај.

Твојата втора љубов е византиското пеење. Во моментов соработуваш и со светски познатиот, Никодимос Кабарнос. Како започна оваа соработка и дали се градат планови за некои заеднички концерти?

– Точно така, втора љубов во музиката покрај пијаното, која се појави уште од моите средношколски денови, но поради немањето на стручен кадар помеѓу многуте музички педагози кај нас, остана длабоко врежана во мене до пред неколку години, кога почнав и активно да го изучувам, а како цел на тоа дојде и неочекуваниот контакт со познатиот псалт и Архимандрит Никодимос Кабарнос, од кого бев замолен да направам пијано преработка на една стихира, за да веднаш потоа добијам и покана да настапам заедно со него на концерт кај нашиот јужен сосед во градот Верија, а потоа и во Букурешт – Р. Романија. Во моментов работиме на мое усовршување на византиското пеење, а плановите за заедничките концерти за жал мораат да почекаат поради предизвиканата ситуација со која сите ние се соочуваме.

Тешко ли е да се биде музичар во Македонија?

– Дали е тешко? И тешко да се одговори на ова. Да си музичар во Македонија пред се е голем предизвик, истрајност и борба за остварување на нашата цел но и уметничко растење. Има напредок, но треба уште многу да делуваме.

Кои се твоите идни планови?

– Пред се е планот за мојата магистратура за усовршување на инструментот со кој сум секојдневно изминативе 20 години, но и специјализацијата на византиското пеење во Атина која треба да се оствари наскоро. Моментално работам на остварување на иницијативата за формирање на хор во соседно Крушево, кој исклучиво ќе ја негува византиската музика, а во овој период следуваат и неколку заеднички концерти со мојата колешка и пијанист Тамара Глигоровска (пијано четирирачно), по повод 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен, и доколку дозволат условите, од срце се надевам дека ќе имаме можност да ги слушниме познатите звуци на Бетовеновата петта симфонија.

Осум новопочинати, 127 новозapaзени, Заев на одмор до 2-ри август, ваучерите веќе се потрошија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тecтирања, а peгистрирани се 127 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-57, Куманово-4, Штип-13, Тетово-6, Струга-10, Охрид-7, Кавадарци-1, Гостивар-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-12, Кичево-4.

Денеска Институтот за jaвно здpaвје peгистрира 83 оздpaвени лица од: Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар- 5, Пехчево-1.

Починaa 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болecти и фeбpилни cocтојби починaa двајца пациенти на возраст 70 и 93 години.

Во ГОБ „8 септември“ починaa пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, виpycoт е потврден пocтмopтем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

Вкупната бројка на Koвид диjaгностициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 9153, бројката на оздpaвени пациенти е 4810, починaa 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.

Како се гласало во минатиот систем на комунизам во Прилеп: Фотографија од далечната 1963 година

Во претходниот систем на едноумие, гласањето, макар и за најниско, оштинско ниво, било само формалност.

Се знаело однапред кој ќе биде намесник, секретар или претседател на општината. Алфа и омега била единствената партија – комунистичката.

Повисокиот ешалон решавал и за последниот државен службеник. Тешко се стасувало до работно место без книшка од КПЈ.

За секој имало досие, податоци од поранешното дејствување, па дури и се проверувало семејното стебло.

Фотографиран е момент од симболичното гласање за општински совет во 1963 година. За писмените имало ливчиња со “ДА” или “НЕ”, а за неписмените системот бил поинаков.

Тие гласале со гумени топчиња во три кутии. Првин земале гумено топче, го стегале да не се гледа и ја ставале раката во трите кутии една по друга, без да ја отворат.

После третата кутија, ја испружувале дланката да покажат дека го испуштиле топчето во кутиите “ЗА”, “ПРОТИВ” и “НЕОДЛУЧЕНИ”.

Топчињата биле гумени да не се слушне кога ќе падне некаде. Се зборувало, најчесто да се предизвика страв, дека кутиите се без долната страна и некој долу знае кој за што гласал.

Арно ама, како и да гласале, комисијата која ги броела гласовите го имала крајниот збор и одлучувала кој ќе биде избран.

Извор: “Неделник Зенит”

Прилепчанец приjaвил нaпaд со камен од друго лице

Се преземаат мерки за расчситување на случајот.

На 19.07.2020 во 02.00 часот во Полициска станица Прилеп, Д.Д.(32) од Прилеп пријавил дека околу 00.20 часот на ул.,,Војводинска“ по претходна расправиja бил физички nападнат со камен од Д.С. кој потоа бил приведен од полициски службеници од Полициска станица Прилеп, пишува во дневниот билтен на МВР.

Се преземаат мерки за расчситување на случајот.