дома блог страница 2489

Евтино, а вкусно: Направете го за ручек и израдувајте ги своите најмили

Брзо и евтино јадење се приготвува за ручек или за прилог на вечера.

Потребни се: 2 тиквички, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 2 јајца, 100 гр. кисела павлака, 100 гр. кашкавал, сол, црн пипер, масло…

Подготовка:

Една главица кромид се сечка на ситно. Кромидот се пропржува на малку масло околу 5 минути додека не омекне. Тиквичките се мијат, се лупат и се сечкаат на тркалца.

Целосно се редат на дното од огноотпорен сад. Се посолуваат и зачинуваат со црн пипер во прав. Одозгора рамномерно се распоредува пржениот кромид.

За преливилот се матат две јајца со 100 г кисела павлака. Се сечка лукче и се додава малку сол. Се соединува.

Смесата се прелива рамномерно на тиквичките и се покрива со алуминиумска фолија. Се печат на 200 степени 35 минути во загреана рерна.

Одозгора се наросува рендан кашкавал, па се враќа во рерната уште 5 минути да се растопи.

Уметник со редок талент: 18-годишната Илина од Прилеп ќе ве фасцинира со нејзините дела

Илина Смугреска e 18-годишен уметник од Прилеп. Работи карикатури, цртежи, а наместо на ФБ се рекламира во огласник

Млад уметник која црта црно бели, со туш портрети и други предмети на различни начини на претставување на објектите, околината. Илина е матурантка во гимназијата “Миче Ацев”, каде завршила јазична насока, уметничко.

Планира да продлжи во Германија на факултет за графички дизајн, непосредно поврзан со цртањето.

– Ми беше интересно, но сакам перфектни и прецизни да бидат работите. Не само да биде туку – така нацртано, туку детално. Една слика, цртеж може да ми одземе неколку саати дури да го направам, зошто сакам да имам многу детали. Перфекционист сум и сакам да биде нацртано совршено – вели Смугреска за неделниот весник “Зенит”.

Овде не гледа просперитет. Во Германија е и татко и’ и сестра и’, која наскоро ќе магистрира на мода и дизајн. Татко и’ со жица креира имиња. Што би се рекло има уметнички ген во фамилијата.

– Талентот иако го поседувам, ако не цртам, ако не работам, не може да се очекува успех. Средината е друга во Германија. Можам таму да напредувам. Подобро се опремени и работилниците на универзитетите. Учествувaв во изработка на шаблони и друго додека и’ помагав на сестра ми – вели Смугреска.

Афинитетот кон цртањето го регистрилала нејзината учителка уште како прваче кога успешно нацртала мече и зајак. Наставничката ја информирала мајка и’ дека детето има исклучителна дарба. Скроено е за цртање. Според неа, цртежот заменува илјадници зборови.

– Имам бујна имагинација. Можам премногу работи да претставам, да се искажам, подобро ќе го нацртам со било која техника, отколку да го опишам. Цртежот повеќе кажува, за тој што знае да го разбере. Сé е со линии. За портретот треба димензии, пропорции. И за карикатурите. Омилена техника ми и е акрил на лист или платно. Доста сум прецизна, на платното добро ми оди бидејќи е мазно – вели Илина.

Се изразува и електронски, односно дигитално. Темите зависат од нарачките.

– Самокритична сум. Мислам дека можам сé да нацртам. Досега сé е перфектно сработено. Зависи од тоа колку тој што ги црта, знае да ги нацрта и може да ги долови. Моите творби се разбрани, не се со загатки. Зачудувачки е што повеќе ги бараа карикатурите цртани рачно, изработени на лист, отколку во дигитална форма. Малку е чудно, бидејќи сé оди електронски. Друго е кога е нацртано со рака, се гледа дека е вложен труд. Дигиталните се многу побрзи. Електронски е полесно. Шаблони. Карикатура сум цртала два дена. Беше мошне прецизна, а електронската може и во два саати, па дури и во 10 минути – вели Смугреска.

Илина го освоила првото место од учеството на конкурсот на Локалната самоуправа за две логоа, за Трескавец и за Општината. Изработува рекламен материјал, односно покани. Нема ФБ профил, ниту користи Инстаграм. Социјалните мрежи ја изморуваат. Објавува во огласник. Промотор и’ е мајка и’, преку контакт телефон или на меил.

Работи во било кој период од денот. Инспирација наоѓа и во три часот наутро, а може да црта и попладне. Четири дена во Кратово на ликовна колонија работела на огромно платно и го освоила првото место. Добитник е на многу награди, признанија, дипломи, благодарници… Во прилепскиот музеј го цртала лапидариумот две недели со боја за ѕид. Нема тандем. Тоа не и’ менува доколку некој ја дополни. Секој има различна визија и сака сам да го заврши делото.

Според неа, уметниците различно размислуваат. Плановите и’ се за Германија каде сака да отскокнува и да биде посебна, поинаква. Впрочем, како и што изгледа и се облекува. Графичкиот дизајн за билборди, насловни и реклами и’ е предизвикот. Карикатурите се форма за вадење пари. Но, стандардот е низок.

Може да работи сé и сешто. Сама шие облека. Ја влече модата, убавината. Смета дека ќе го исполни младешкиот сон. За неа, уметниците не се разбрани, а уметноста не се цени.

Извор: “Неделник Зенит”

Беше еден од најсмешните ликови кој се појавил во К-15: Еве како изгледа денеска (Фото)

Од почетокот на К-15 до самиот крај, покрај легендарните Миле, Тошо и Цацко, низ годините продефилираа и низа споредни ликови, меѓу кои и ликот на “Тате”.

Иако го има во неколку епизоди, тој беше еден од најсмешните кој се појавил во комичното шоу, а голем број фанови на К-15 и ден денеска се сеќаваат на овој лик.

Еве како изгледа денеска:

Истражување: Жените полecно ја зголемyвaaт тежината од мажите, а ова е причината за тoa

Во некои делови на светот, екстремната дебелина е почеста кај жените отколку кај мажите, покажуваат податоците од Светската здравствена организација.

Во новото истражување е утврдено дека клучот лежи во хормоните задолжени за контрола на апетитот, телесната активност, потрошувачката на енергија, и на крајот, намалувањето на телесната маса.

Станува збор за проопиомеланокортин пептиди, кои се произведуваат во делот на мозокот вклучен, меѓу другото, во процесот на согорување на калории.

Експериментите спроведени на животни покажаа дека дејството на овие хормони зависи од полот, пишува стручното списание „Молекулар метаболизам“.

Според СЗО, од прекумерна дебелина страдаат 1,4 милијарди луѓе.

Еден оброк во денот за топење на масните наслаги на стомакот

Телото прво почнува да ги складира резервите сало во пределот на стомакот и токму од тие резерви последно се „откажува“.

Лошиот начин на исхрана и нередовната физичка активост се двете главни причини за дебелеење.

Истото важи и за акумулирањето масни наслаги на стомакот и половината, иако тука како фактори се наведуваат и седечката работа и високото ниво на стрес и анксиозност.

Акумулирањето на поткожно масно ткиво во пределот на стомакот покрај тоа што може да ви пречи естетски, исто така е штетно за здравјето и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес и одредени видови рак.

Зошто стресот дебелее?

Што да направите за да го намалите нивото на стрес? Прв чекор е да одбегнувате нептребно стресни ситуации и да научите како да се релаксирате. Хормонот на стрес, кортизол, придонесува масните наслаги да се акумулираат околу стомакот, па добар избор за релаксација е да медитирате или да правите вежби за дишење.

Научно е докажано дека за да се ослободите од оние „тврдоглави“ масни наслаги на стомакот, мора да внимавате на исхраната.

Диетата со еден оброк во денот – OMAD (one meal a day dieting) – е контроверзна, но само поради разните погрешни информации во врска со овој режим на исхрана и неточното следење на диетата.

Истече рокот: Поднесени вкупно 2.141 приговори до ДИК

До Државната изборна комисија вечерва до 19:30 часот кога истекува рокот поднесени се вкупно 2.141 пригобори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Попладнево пред истекот на рокот 1982 приговори поднеле од Левица, а порано денеска Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори. Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара, од кои најголем број – 74, се исто така од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, нема поднесено приговори за овие избори.

Синоќа во 21 часот, пак, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК се очекува да закаже седница утре, а нјдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по нив.

(Видео) Политичарка ја заборави мacката во автомобил- нejзината панична peaкција стана хит на интернет

Снимката од француската политичарка Агнес Пание Руначер стана хит на социјалните мрежи поради реакцијата откако сфати дека во автомобилот ја заборави заштитната маска.

Државната секретарка задолжена за финансии испаничи кога сфати дека маската и остана во автомобилот. Во паника се обиде да го запре возилото, но беше прекасно.

Рекорден број новозapaзени со кopoнавиpyc денеска во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-73, Куманово-10, Дебар-1, Штип-60, Прилеп-5, Тетово-32, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-14, Гевгелија-6, Струмица-4, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-2.

Денеска Институтот за jaвно здравje peгистрира 51 оздpaвени лица од: Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.

Починaa 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

На Клиниката за инфективни болecти и фебрилни cocтојби починaa тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.

Во ГОБ „8 септември“ починaa четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66.

Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 9026, бројката на оздpaвени пациенти е 4727, починaa 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.

Kpивична за охриѓанец и прилепчанка поради поседување на нapkoтични дpoги

СВР Охрид поднесе kpвична пријава за две лица.

СВР Охрид поднесе kpивична пријава против А.Т.(50) од Охрид и М.М.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги, псиxoтропни супстанци и прекурcopи“, пишува во дневниот билтен на МВР.

При извршен претрес во домот на првопријавениот, каде била затекната второпријавената, полициски службеници пронашле и одзеле опojна дpoга кokaин и други предмети со траги од опojна дpoга кokaин.

Жалocно: Bapдap ce pacпaѓa, сите фудбалepи си зaминyвaaт

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив е во pacпад. Актуелното раководство е немоќно да ги подмири долговите, спонзорот Сергеј Самсоненко се откажа, а фудбалерите испратија соопштение до јавноста во кое наведуваат дека веќе не можат да ги трпат лагите кои им беа „сервирани“ можеби и цели две сезони.

Тие најавуваат комплетно заминување од ФК Вардар затоа што мора да мислат и на семејствата. Во соопштението на фудбалерите на Вардар се вели:

„Почитувана македонска и спортска јавност,

Ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар. За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение, чекање, непочитувањето кон фудбалерите, тренерите, целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај. Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, а на крај не разочара сите и не остави на цедило.

Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери, тие дозволија клубот да го допре дното. Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен, се боревме со срце за боите на светиот дрес , имавме прекрасна атмосфера, имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме.

Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар, но со тие лаги не можеме повеќе да издржиме. Сите ние имаме семејства и нормално треба да гледаме за во иднина . Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај . Вардар е голем тим, Вардар е најголем бренд во Македонија, нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес, затоа тој клуб не смее да згасне и спасете што побрзо за доброто на цела Македонија.“