дома блог страница 2483

(Фото) Вака изгледа ќерката на познатиот актер Мустафа Надаревиќ: Убавица со необично име

Со првата сопруга Мустафа Надаревиќ ја доби ќерката Ана која е историчарка, додека во вториот брак со неговата сопруга Славица Радовиќ Надаревиќ се родија ќерката Нана и синот Аша.

“Бидејќи најстарата ќерка го носи името на мојата мајка, а својата баба ја нарекуваше “нана”, мојата втора ќерка го доби тоа име. Необично име доби и мојот син Аша. Имено, името го доби по мој стар пријател. Кога му се јавив и да му кажам дека мојот син го носи неговото име, тој ми рече “Те поздравува Пламенко”, дека тоа било неговото име, а Аша му бил надимак. Нана и Аша живеат во Загреб и сме во одлични односи”, рече актерот.

Нана која работи во голема компанија и која на Инстаграм има 18.5 илјади луѓе, освен што ги воодушевува со својата природна убавина, таа плени и со својот стил.

Но, колку што е интересна Нана, толку е и нејзиниот партнер Силвије Плештина, кој во 2007 година на само 19 години освои 250 илјади куни во квизот “Кој сака да биде милионер?”. Се занимава со составување на прашања за квизови и дигитален маркетинг, а дипломирал, како и Нана, на Факултетот за политички науки во Загреб.

Вишнемаалци гневни на локалната: И параклисот и паркот го уништивте? (Фото галерија)

Заштитникот на вишнемаалци, парклисот посветен на “Св.Ѓорѓија” последниве години е оставен на забот на времето.

Правен волонтерски од група млади ентузијасти кои секоја година го одбележуваат патронот, секој ден изгледа се позапуштен и поуништен.

Ниту еден функционер од јавните претпријатија не дошол и не презел ништо да се санира уништеното, а камоли да се збогати содржината.

Тотално непринципиелен однос кон ова култно место за жителите на населбата Вишне. Затоа револтот кај жителите е огромен. Со мали средства овие пријатни места за одмор можат да се направат уште поубави.

Кога може да има повеќе од 300.000 евра годишно само во едно претпријатие за договорни партиски вработувања, сигурно има средства и за ова. Сигурно на одмет не е и помошта од МПЦ.

Oглас за сите невработени лица кои активно бараат работа: Аплицирајте за паричен износ до 10.000 евра и започнете свој бизнис

Агенцијата за вработување на ден 20.07.2020 година го објави следниот ЈАВЕН ОГЛАС:

Сите  невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

–Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како  кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;

– Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства;

– Каматна стапка од 1% на годишно ниво;

– Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит    (во вид на опрема, предмети и/или пари);

– Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување. За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: [email protected]и [email protected].

Tpaгедиja во пpилeпcко: 6-годишно дете го загyби животот по пад од тpaктop

Вистинска трагедиja се cлyчила вчера во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско во која животот го загyби шecт годишно дете.

Имено, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повpeди.

Од МВР информираат дека дететот било пренeceно во Градска болница Прилеп каде што лекар конcтатиpaл cmpт.

Увид извршила екипа Полициcката cтаница Прилеп во приcyство на Jaвен обвинител.

Во Хрватска парламентот изгласа намалување на бројот на министерства, денеска се гласа за новата Влада

Хрватскиот Парламент синоќа го изгласа законот со кој се овозможува Хрватска да има помала влада па така наместо сегашните 20 ќе има 16 министерства. За новиот закон за устројство и делокруг на работа на телата од државната управа гласаа 85 пратенции, 30 беа против, а 6 воздражани.

Владеачките партии сметаат дека со тој закон владата ќе биде пофункционална и пооперативна и ќе овозможи спроведување на програмата која мандатарот Андреј Пленковиќ ќе ја претстави во четврток.

Саборската опозиција меѓутоа смета дека новата систематизација е од козметичка природа и дека нужно нема да доведе до заштеда и дека се спојуваат неспоиви ресори.

Според новиот закон, вкупно ќе има 16 министерства, значи 4 помалку, останува еднаков број на централни државни агенции, зошто поранешната за спорт се интегрира во Министерството за туризам, а се основа Централната државна агенција за демографија и млади.

Без измени, со работа продолжуваат министерствата за надворешни и внатрешни работи, за одбрана, за финансии, за наука, за регионален развој и фондови на ЕУ, за земјоделство, за море, за хрватски бранители и за здравство.

Истото важи за централните државни агенции за јавни набавки, за обнова и станбено згрижување, за Хрватите надвор од Хрватска како и низа организации, меѓу нив и Хрватската противпожарна заедница, Државниот инспекторат, Државнтата геодетска управа итн.

Нови министерства

Министерството за економија и одржлив развој добива нов делокруг, тоа ќе опфати економија, енергетика, климатски промени и заштита на околината.

Министерството за култура ги добива медиумите, а министерството за туризам покрај досегашните работи ги презема и оние од агенцијата за спорт. Министерството за труд ги презема работите од делокругот на досегашното Министерство за труд и пензиски систем како и оние од сферата на семејство и социјална политика од делокругот на Министерстовтот за демографија и млади и социјална политика.

Се формира и ново тело, Централна државна агенција за демографија и млади која хоризонтално ќе ги следи владините политики во тој сегмент.

Министерството за просторно планирање ги презема и работите од делокругот на досегашното Министерство за државен имот кое престанува да постои.

Се спојуваат министерствата за правосудство и управа, што е делумно последица на рефорските активности на владата и децентрализација на работите на државната управа.

Утре гласање за доверба на владата

Саборот денеска ќе гласа за доверба на новата, 15. влада и втора која ќе ја води актуелниот премиер Андреј Пленковиќ.

Кога станува збор за програмата на владата, Пленковиќ истакнува дека се темели на внатрепартиската програма „Одважно за Хрватска“ и изборната програма на ХДЗ Безбедна Хрватска.

Додадовме и некои детали од програмата на коалициските партнери и се усогласивме околу тоа, рече Пленковиќ во средата, откако во владата се состана со претставниците на Клубот на национални малцинства.
Ова се кандидатите за министери предложени од Пленковиќ

Вицепремиери се Томо Медвед, Давор Божиновиќ, Здравко Мариќ и Борис Милошевиќ од СДСС, во име на малцинските партии.

Сите добија апсолутна поддршка, им кажа Пленковиќ на новинарите по состанокот на врвот на ХДЗ.
Медвед, Божиновиќ и Мариќ остануваат на своите стари позиции, задржувајќи ги министерствата за бранители, за внатрешни работи и за финансии.

Гордан Грлих Радман останува на чело на Министерството за надворешни работи, Вили Берош за здравство и Олег Бутковиќ за море, сообраќај и инфраструктура, јавуваат хрватските медиуми.

Никола Брњац е новиот министер за туризам и спорт, Наташа Трамишак е шефица на Министерството за регионален развој и фондови на Европската унија, а Радован Фух е нов министер за наука и образование.
Министерството за економија и одржлив развој му е доделено на Томислав Ѓориќ, градежништво, физичко планирање и државна сопственост на Дарко Хорват.

Министер за одбрана во новата влада е Марио Баножиќ, за администрација и правда Иван Маленица, за труд и пензиски систем, семејна и социјална политика Јосип Аладировиќ, за култура и медиуми Нина Обуљен Корџинек, додека со Министерството за земјоделство ќе раководи Марија Вучковиќ.

За довербата на владата Парламентот ќе гласа веднаш по завршувањето на расправата, за доверба се потребни гласови од мнозинството пратеници, значи 76 колку што ХДЗ ги има со партнерите, пратениците од малцинствата, НС Реформистите и ХНС.

Откако парламентот ќе потврди, претседателот и членовите на владата ќе дадат свечена заклетва.

„Се колнам дека ќе ја извршам должноста член на Владата совесно и чесно, ќе го почитувам Уставот, законите и правниот поредок и ќе се залагам за целокупниот напредок на Република Хрватска“, е текстот на заклетвата.

Кандидатот за министер за управа и правосудство Иван Маленица е заразен од коронавирус и во четврток нема да биде во Парламентот, а својата заклетва ќе ја даде подоцна.

Првата седнциа на новата влада ќе се одржи во петок.

Извор: “ЛИДЕР”

(Фото) Погледнете како изгледа приватниот авион со кој патува Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ патува со приватен авион секогаш кога тоа е потребно. Најдобриот тенисер на светот сè уште нема свој приватен авион, но го изнајмува кога му е потребен за одредени патувања.

Новак изнајмил приватен авион и во текот на “Adria Tour”, во кој патуваа и неговите колеги Доминик Тим и Александар Зверев, а заедно со семејството летал и во Задар, каде се одржуваше вториот дел од турнирот кој подоцна беше прекинат поради ширењето на коронавирусот.

Како изгледа внатрешноста на приватниот авион со кој патува тенисерот, објавил неговиот колега од репрезентацијата, Душан Лајовиќ.

Лајовиќ на својот Инстаграм профил објавил неколку “сторија” на кои се гледаат Новак, Троицки и Лајовиќ во текот на едно од патувањата. На нив се гледаат и неколку интересни кадри како импровизираниот кревет за спиење на Виктор – погледнете ги фотографиите.

Нејзе не и е потребна голoтиja: Moника Белучи изгледа феноменално и на 55 години (Фото)

На Филмскиот фестивал во Таормина, Сицилија, 55-годишната Моника Белучи се појави во бордо фустан и црна чантичка од Долче и Габана.

Креацијата со тантела одлично ја истакна женствената фигура на актерката. Таа изгледа прекрасно во секоја комбинација, признаваат критичарите.

Без голотија, без да покаже деколте и голи нозе, Моника покажува се, односно како треба една жена да изгледа.

Дуа Липа била многу тажна и лута, бидејќи била “погрешно сфатена”

По жестоките реакции за нејзината скандалозна објава на социјалните мрежи со картата на Голема Албанија во неа, британската пејачка со косовско потекло Дуа Липа соопшти дека била погрешно сфатена.

„Мојот претходен пост немаше намера да предизвика омраза. Многу сум тажна и лута дека мојата објава е погрешно сфатена од страна на некои групи и поединци кои промовирааѕ етничка раздвоеност, нешто што јас строго го одбивам. Секој пат кога ќе објавам нешто за Косово коментарите полудуваат, дури и ако станува збор за убави работи, како што се храната и музиката, и се среќавам со силен отпор кон автентичната албанска култура. Сите заслужуваме да бидеме горди на своето потекло, од каде и да сме. Сакам само мојата земја да биде претставена на мапата и да можам со гордост да зборувам за своите албански корени. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да учат и да слушаат едни од други. Мир, љубов и почит кон сите“, напиша таа во објавата споделена на Фејсбук, Твитер, Инстаграм…

Зоки Поки, Лидија, Боки и Гоки снимија спот за вкусните чоколада “Риско” на Витаминка (Видео)

Jунаците од детската хит серија “Зоки Поки”, на која компанијата “Витаминка” е генерален спонзор, се главните ликови во новата реклама за чоколадата “Риско”.

Овие чоколада се едни од омилените на децата, но и на возрасните, а сега добија и ново помодерно пакување.

Иако со ново пакување, “Риско” се’ уште го имаат препознатливиот сладок и крцкав вкус, и воопшто не е променет врвниот квалитет.

Зоки Поки, Лидија, Боки и Гоки, заедно со екипата, одлично си ја завршиле работата. Погледнете го видео спотот во продолжение:

Не’ очекуваат температури и до 40 степени: Жешкото време само што започна

До крајот на оваа недела нашата територија ќе продолжи да биде под влијание на топлиот Африкански бран кој ќе услови температури во интервалот од 30 до 36 степени, во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 38 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, локално во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град и тоа поради доста загреаната атмосфера, прогнозира Славчо Попоски.

Според моменталните анализи со кој располагаме, Африканскиот топол бран ќе се интензивира во текот на следната недела и тогаш ќе услови уште повисоки температури на воздухот. Тогаш во најтоплите предели од државава температурите на воздухот ќе се искачат до 40 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со екстремно висок УВ индекс кој ќе има коефициент помеѓу 9 и 10.

Токму поради ова граѓаните се советуваат да пијат што повеќе течности и да носат заштитна опрема.