Kopoната во Прилеп не стивнува, исчезнаа само пакетите и ваучерите

Еден стружанец и петмина скопјани почиnaле од компликации од Koвид-19 во изминатото деноноќие, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Со тоа бројката на пoчиnaти од почетокот на епидемиjaта се искачи на 451.

Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 45, Куманово 7, Дебар 1, Штип 25, Прилеп 4, Тетово 9, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 9, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на Koвид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на Koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на почиnaти е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.