-На 28.12.2025 во 11:40 часот на крстосница од ул.„Александар Македонски“ и ул.„Мирче Ацев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Д.(62) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека извршил кражба. При преглед во неговото патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, пронајдени се украдените предмети и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.
Џабе работиш, џабе си квалитетен, ако не те знаат дека постоиш и не знаат што нудиш и бараш
На барање на нашите читатели и стопанственици во општина Прилеп, Маркукуле воведува рубрика ОГЛАСИ. Целта е да се излезе во пресрет на граѓаните, но и на бизнис секторот, угостителите, услужните дејности… кои се во постојана потрага по квалификуван работен кадар, по најдобра промоција и најдобра афирмација.
Нашиот медиум ви стои на располагање за објавување на промотивни статии за сите ПРОМОЦИИ, ПОПУСТИ, АКЦИИ, НОВИТЕТИ… поврзани со вашиот бизнис!
Можност да допрете до сите генерации, до сите потрошувачи, до сите клиенти…
Искористете можност и за огласување за:
-ПРОДАВАЊЕ НА РАЗНИ ДВИЖНИ И НЕДВИЖНИ СТВАРИ
-ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ПРОСТОР
-ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Контактирајте не’ на е-mail адресата: [email protected], во порака на нашата Фејсбук ФАН СТРАНА: Maркукуле.мк
или на телефонскиот број: 071 684 973
Тука сме да помогнеме! Побарајте не’ да се договориме! Ваш портал и ваш партнер!
Советниците утре со полни раце работа – Ќе се гласа Буџетот на општината за 2026година
Советниците во Советот на општина Прилеп, утре (30.12.) со почеток од 09:00 часот ќе ја одржат 6-тата седница, на која прва точка е Буџетот на општината за 2026 година.
Покрај за Буџетот, народните избраници во Советот ќе дискутираат и гласаат по уште 33 други точки, главно програми за работа за следната 2026година.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог-Буџет на Општина Прилеп за 2026 година.
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.
3. Предлог-Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
4. Предлог-Буџетски Календар на Општина Прилеп, за 2026 година.
5. Предлог-Програма за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2026 година.
6. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, за 2026 година.
7. Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план со планирани инвестиции на ЈП за ПУП Прилеп, за 2026 година.
8. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп-планирани активности во 2026 година.
9. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски план на ЈКП Пазари Прилеп, за 2026 година.
10. Предлог- Одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈКП Пазари Прилеп, за 2026 година.
11. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски план на ЈКП Комуналец Прилеп, за 2026 година.
12. Одлука за усвојување на Програма за инвестиции во ЈКП ,,Комуналец” Прилеп, за 2026 година.
13. Одлука за усвојување на Програма за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за 2026 година.
14. Одлука за усвојување на Програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2026 година.
15. Одлука за усвојување на Програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програма за подигање и одржување на зеленило, за 2026 година.
16. Одлука за усвојување на Програма за работа и одржување на градските гробишта и капела, за 2026 година.
17. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за зимско одржување и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Прилеп, за сезоната 2025/2026 година.
18. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Прилеп, за 2026 година.
19. Предлог- Програма за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на Општина Прилеп, за 2026 година.
20. Предлог-Програма за обезбедување на оброк за учениците во прво, второ и трето одделение од основните училишта во Општина Прилеп, за учебната 2025/2026 година.
21. Предлог-Програма за доделување на еднократна парична помош за новороденче, за 2026 година.
22. Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, во 2026 година.
23. Предлог-Програма за спорт на Општина Прилеп, за 2026 година.
24. Предлог-Програма за образование во Општина Прилеп, за 2026 година.
25. Предлог-Програма за култура-фестивали и манифестации, за 2026 година.
26. Предлог-Програма за култура-одбележување на значајни настани, личности и празници, за 2026 година.
27. Предлог-Програма за култура-капитални инвестиции, за 2026 година.
28. Предлог- Програма за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп, за 2026 година.
29. Предлог- Програма за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп, за 2026 година.
30. Предлог-Програма за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп, за 2026 година.
31. Предлог-Програма за доделување на еднократна парична помош за секое запишано прваче во основните училишта на Општина Прилеп, за учебна 2026/2027.
32. Предлог-Програма за поддршка на локалниот економски развој, за 2026 година.
33. Предлог-Програма за активностите на Општина Прилеп за ревитализација по елиминирање на кризата во областа за заштита и спасување во 2026 година.
34. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на движни ствари на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп.
МВР со детали: Екипата што доаѓаше на финале во Прилеп се судрила до прилепски “мерцедес” кај Тополчани – повредени се 5 лица
-На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.
Коњановски го претстави буџетот на општина Битола за 2026 година – ќе тежи над 50 милиони евра
Најниски температури утрово измерени во Крушево, Прилеп и Битола
Утрово во земјава преовладува ведро и многу студено време, со температури кои во поголемиот дел од градовите се спуштија под нулата. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најниска температура од -8 степени е измерена во Крушево.
Веднаш зад Крушево, со измерени -7 степени се Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка. Во Тетово, Пожаране и Берово термометарот покажа -6 степени, додека во Претор, Охрид и на Попова Шапка се измерени -5 степени.
Во Скопје, на мерната станица Петровец се измерени -3 степени, додека кај Зајчев Рид температурата изнесувала -2 степени. Најтопло утрово е во Гевгелија со измерени 3 степени над нулата.
Во текот на денот не очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени.
Во главниот град се прогнозира слично време со максимална температура до 6 степени.
Убава вест за новата година: Повисоки плати за наставниците
Од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.
Покачувањето ќе изнесува меѓу 7 ипол и 10 проценти од платата, зависно од пресметките.
-Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската Комисија, рече министерката Јаневска.
Годинава ќе има два вида на државна матура. Во стручната прашањата ќе бидат прилагодени на материјалот, а во државната како и досега ќе бидат исти.
Децата од средно стручно училиште ќе можат да полагаат и државна матура ако не планираат да продолжат на факултет во струката која ја учеле.
20-годишник од Прилеп возел “стотка” низ град – ќе одговара кривично
-На 28.12.2025 во 15:37 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Б.(20) од Прилеп. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против нeго ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.
Последните денови од 2025 со музика за душа – Вечерва и утре, сите се добредојдени на најубавата ТЕРАСА во Прилеп
Кога градот блеска во празнично руво, Pub Club Terasa ве кани да ја почувствувате вистинската предновогодишна атмосфера со две ноќи исполнети со жива музика, одлична енергија и забава до доцна во ноќта.
Вечерва – 29.12. (понеделник)
На сцената на Terasa настапуваат секогаш харизматичните Боби и Никола, со репертоар што гарантира одлично расположение, омилени хитови и ритам што ќе ве крене на нозе. Вечер за уживање, пеење и дружење во празничен дух.
Утре – 30.12. (вторник)
Предновогодишната еуфорија продолжува со METROPOLIS Band – бенд, дечки кои знаат како да направат вистинска забава и да ја претворат вечерта во незаборавно искуство, исполнето со емоција, енергија и врвна музика.
Дојдете на најдобрите предновогодишни забави во Прилеп!
Pub Club Terasa ве очекува со прекрасен амбиент, одлична храна, огромен избор на пијалоци и атмосфера што се памети.
Соберете ја екипата и дозволете празничната магија да започне токму тука!
Телефон за резервации: 070-304-967
Pub Club Terasa Прилеп – местото каде што празниците звучат најубаво.





































