дома блог страница 2476

Познато кога ќе се знае дали училиштата ќе започнат со работа: Предвидени различни протоколи за секој град

Ќе седнат ли децата во клупите и со колкава дистанца меѓу нив, колку ќе бидат скратени часовите, ќе бидат ли воведени дополнителни смени и крајно, каде ќе има настава со далечинско учење, а каде со физичко присуство? 

Наставниот кадар и родителите подолго време ги поставуваат прашањата, а од Министерството за образование ветуваат одговори во наредните две недели.

– До 10 август ќе ги имаат сите тие информации. Нема потреба за паника. Има модели, треба да се усогласат и не е ништо задоцнето. Има снимање на состојбата, бројноста на учениците во паралелките, бараме просторни можности за оние училишта кои немаат капацитети, значи сите тие аспекти се разгледуваат, вели заменик министерот за образование Елизабета Наумовска за „Сител“.

Деветта последователна титула за Јувентус во Сериа А: Еве како се прославуваше во соблекувалните (Видео)

Јувентус ја победи Сампдорија со 2:0 синоќа на домашен терен во натпревар од 36. коло од Италијанското фудбалско првенство и го обезбеди шампионскиот трофеј.

Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо и Федерико Бернардески. Пред крајот на натпреварот, Роналдо промаши пенал.

Јувентус на две кола до крајот на сезоната во Серија А има 83 бода и е недостижен за конкурентите.

За „Старата дама“ ова е 36-та шампионска титула во Италија и деветта во низа.

Eве како се прославуваше во соблекувалните:

Нови цени на гopивата од полноќ

Денес Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на гopивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените на бензините се намалија за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит.

Се намали и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега се продава по 26,215 ден/кг.

Ова се чекаше 30 години: Се снима продолжение на “Жикина династија”- можете да претпоставите кој е во главна улога (Видео)

Серијалот “Жикина династија” некогаш ги полнеше кино салите, а сега комисијата ФЦС процени дека продолжувањето на култната франшиза “Луди години” има потенцијал и одобри кофинансирање на овој проект со 22.5 милиони динари на конкурсот за комерцијален репертоарски филм.

“Луда година” е продолжението, но и таканаречениот “рестарт” на “Жикина династија” (кога еден од јунаците од претходниот серијал ќе го поставите како главен лик на филмот). Во центарот на оваа приказна се наоѓа внукот на Жика, Мишо, кој исто како и во оригиналниот серијал ќе го игра Никола Којо. Тој сега е татко на две момчиња, од кои едниот е тинејџер, на прагот на “оние” луди години.

Mаестралниот Драгомир Бојаниќ Гидра или познат како Жика, привлекуваше милионска публика уште од првиот дел на “Луди години”, снимен во далечната 1977 година. Заљубениот млад пар, Боба и Марија, поминаа низ различни неволји со своите семејство во продолженијата “Дошло доба да се љубав проба”, “Иди ми дојди ми”, “Љуби, љуби, но глава не губи”, “Жикина династија”… Репризите на телевизиите во сите држави на поранешна Југославија, сеуште бележат голема гледаност. Ова беше уште една препорака за ФЦС комисијата да го одобри новото продолжение.

Во Македонија тепачка има и на пријателски фудбалски натпревар (Видео)

Жecтока бopба дури и на пријателски натпревар

Силекс го доби пријателскиот натпревар против Борец со 2-0 во рамки на подготовките за следната сезона, но имало сцени од натпреварот кои не биле од пријателски каркатер, односно се случила мacoвна тепачка меѓу фудбалерите.

Жални прилепски автобуси: И тој од 250.000 евра во “лошо друшво”? (Фото галерија)

Автобусите на Јавниот градски превоз Прилеп фотографирани вчера паркирани во терминалот на ЈКП Комуналец.

Во друштво на постарите се наоѓа и еден од новите така наречени “болиди”, вреден 250.000 евра.

Пред извесно време “АЛФА ТВ” праша дали е вистина дека три од четирите нови автобуси не се во функција, на што новинарката потоа добила пцовки од директорот на ЈП за ПУП Прилеп.

Фотографиите ги добивме од наш читател, покажуваат дека првите автобуси кои беа набавени во 2014 година се наоѓаат во крајно лоша состојба, а се уште не е јасно во каква состојба се и оние четири на метан, кои за сума од 1 милион евра беа набавени минатата година.

Телефонот на полнач преку цела ноќ: Добар или лош избор?

Ваквото полнење на телефонот имало смисла кога на батериите им требало многу време да се наполнат, но во ерата на брзото и безжично полнење, тоа баш и не мора да биде наш прв избор.

Литиум-јонската батерија која денес се наоѓа во мобилните телефони се полни побрзо, а трае подолго од порано. Уште една работа по која се разликуваат во однос на батериите кои порано се наоѓаа во телефоните, е тоа што “не сакаат” да се испразнат до крај и потоа повторно да се полнат до 100 проценти.

Консензусот на произведувачите на паметни телефони е дека батеријата најдолго ќе ви трае ако постојано се наоѓа меѓу 40 и 80 проценти. И тука постои исклучок – се смета дека е добро батеријата еднаш месечно да се испразни целосно, и потоа да се наполни до 100 проценти.

Што се однесува до оптималната температура на батеријата, најдобро е да биде некаде меѓу 30 и 40 степени Целзиусови, а се под или над тоа треба да ви сугерира дека нешто не е во ред.

Исто така, корисниците се советуваат да користат само полнач добиен со телефонот, бидејќи некои поевтини полначи може да го скратат животот на вашиот мобилен.

Браќата Јованоски од Прилеп со неверојатен рекорд: Прелетаа 203км. за осум и пол часа (Фото)

Параглајдеристите од Прилеп, браќата Мартин и Борјан Јованоски поставија рекорд на Македонија прелетувајќи 203 километар.

Двајцата браќа се едни од најдобрите параглајдеристи кои ги имала Македонија и имаат огромни достигнувања на домашно и меѓународно ниво.

Тие пред два дена летаа на дестинација Крушево – Гостивар – Прилеп – Преспа – Крушево – и уште неколку километри низ Пелагонија, а летот траел цели 8 часа и 38 минути.

“Нема зборови со кои ќе може да се опише убавината на овој лет”, напиша на Фејсбук Борјан Јованоски кој се заблагодари на нивните поддржувачи: Томато Спорт, Нутриви, Параглајдинг клубот Делта и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.

Секоја чест за храбриот подвиг и уште поголеми успеси во иднина!

(Фото) 30 стебла откорнати од корен: Погледнете што направи невpeмето во соседството

Силно невpeме го зафати западниот дел на Србија. Околу 30 стебла беа откорнати од коре во с. Дубрава- глетката беше застpaшyвчка, велат мештаните.

– Ова е не се случило до сега во нашето село. Во два бранови ги откорна сите дрва, дури и оревите кои се стари околу 50 години, а сите знаеме колку силен корен имаат тие дрва, вели Рашко Милошевиќ од с.Дубрава.

Kaко пред 117 години: Илинденската коњаница даде заклетва и тргна кон славното Крушево (Видео)

Во пресрет на светлиот и голем христијански празник Илинден, Илинденската коњаница “Илинденски Марш” oд Горно Лисиче, по 42 пат тргна за славното Крушево

Пред тргнувањето коњаниците дадоја заклетва како и комитите во далечната 1903 година.

Помеѓу коњаниците е и Драгана Каловска, девојка која неколку години учествува на Илинденскиот марш.

Погледнете: