дома блог страница 2475

(Видео) Кит во водите на популарниот туристички центар на Црна Гора

Которскиот Институт за биологија објави видео на кое се гледа син кит, на оддалеченост од 1,5километри од брегот на Котор.

Oд институтот му се заблагодарија на персоналот на бродот “Монтефиш” кој ја направи снимката.

Oвој вид на кит може да се препознае по тоа што едната страна му е бела, а другата темно сина. Китот бил со големина од 20 метри, а се проценува дека тежи околу 70 тони.

(Видео) Мицкоски ја испрати илинденската коњаница од Горно Лисиче, која по 42-ри пат тргна за славно Крушево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати јавна поддршка за илинденската коњаница.

„Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија“, порача Мицкоски!

ВМРО-ДПМНЕ прави напори на составување на Влада на принципиелни основи и европски вредности

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денес остварија средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и процесите важни за државата.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека партијата прави напори за составување на ново парламентарно мнозинство по одржаните избори, и таквиот процес се базира на принципиелна основа и програмските определби со кои ВМРО-ДПМНЕ настапи на последните избори. За ВМРО-ДПМНЕ е важно да се почитува правото и правната држава и да се направи коалиција темелна на определбите за интеграција на државата во Унијата но и коалиција која ќе ги почитува законите и владеењето на правото.

Исто така од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека изборите поминаа во недемократска атмосфера, со сериозни прекршувања, организиран поткуп и прекршувања на изборните правила што и беше нотирано од мониторинг мисија на ОБСЕ. Таквиот отворен поткуп и брутално газење на волјата на граѓаните надополнета со функционери на власта кои се фатени во поткуп, а за тоа не одговараат поради спрегата со обвинителство, укажува дека државата не ги исполнува основните критериуми за демократско владеење и во потполност доаѓа до израз хибридниот режим потенциран од повеќе релевантни меѓународни институции.

ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Република Македонија мора да напредува на патот кон Европската Унија а за да се постигне тоа потребна е нова влада со легитимитет од граѓаните со агенда за суштински реформи кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните и санкционирање на криминалот и корупцијата.

Сезоната во Охрид во полн ек: Во Градиште нема крпа каде да се стави (Фото)

Летната сезона во Охрид е во полн ек.

Гости од странство нема, но затоа врие од гости од сите краишта на Македонија.

Младите традиционално до последно место го имаат исполнето Градиште.

На плажите во Градиште нема место каде крпа да се постави, а на секој угостителски објект стојат напишани препораките за држење дистанца, дезинфицирање на рацете и носење заштитни маски.

Да се надеваме дека оваа гужва нема да се одрази со нови зapaзени со kopoнавирус.

Регулаторна ги објави новите цени на горивата за оваа недела

Според најновите корекции на регулаторите кои се базираат врз движењето на цените на нафтените деривати на светските пазари донесена е одлука за намалување на малопродажната цена на бензините.

Според новите корекции сега малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 20.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.

Кај дизелот цената останува непроменета и ќе се продава по минатонеделната цена односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 20.07.2020 година, и ќе изнесува 53,00 ден/лит.

Прилепчанец пронашол гpaнати во својот овоштарник на улица “Димче Антулески”

На 26.07.2020 околу 09.23 часот во СВР Битола, Д.Р.(35) од Прилеп приjaвил дека во овоштарник на ул.„Димче Антулевски“ забележал нeeкcплодиpaни гpaнати.

Од пиpoтеxничap од Дирекција за заштита и cпаcyвање Прилеп биле подигнати две apтилериски гpaнати од Прва светcка вojна за понатамошна постапка.

Мизрахи: Македонија е жива!

“За вековната традиција, за судбата на нашиот народ, за нашата заедничка љубов – Македонија. За Илинден – празникот на македонското срце и душа! Македонија е жива!”, напиша Рашела Мизрахи на Фејсбук.

По промена на Статутот, ВМРО ДПМE започнува кадровски промени

Изборите завршија, а стартните позиции за преговори за составување нова влада помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се изеданчени, двете партии располагаат со по 46 пратеници поддршка и се друго зависи од ставот на партиите на македонските Албанци со кого тие ќе решат да коалицираат, пред се ДУИ и коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Веднаш по изборите ВМРО ДПМННЕ направи чекори кои се очекуваа, се смени статутот во неколку многу битни одредби кои за прв пат се применуваат кај македонските политички партии воопшто, а тоа е давање голема автономија и незвисност во одлучувањето на базата на партијата. Досега, сите релевантни партии не само во Македонија туку у регионов имаа принцип раководството да одбира општински организации а потоа општинските да ги бираат нив поради што медиумите често овој систем го нарекуваа “султан партии“. ВМРО ДПМНЕ сега темелно го смени тој принцип.

Оваа одлука за темелна демократизација на партијата беше иницирана и поздравена од најголемата партиска асоцијација во Европа – ЕПП, асоцијацијата на десни политички партии оценувајќи дека во регионот, за прв пат, ВМРО ДПМНЕ применува европски стандард на внатрешно партиско организирање.

Сега, откако добија големи права за одлуки, општинските организации, или комитети кај ВМРО ДПМНЕ, иницираат и кадровски промени кои следат. Имено, партијата планира брзи кадровски промени, освежувања со нови лица, на речиси сите нивоа во ВМРО ДПМНЕ.

Овие промени треба да овозможат поголема доверба во проектите на партијата на локално и централно ниво, функционалност доколку ВМРО ДПМНЕ обезбеди влез во идната влада како и организациски потенцијал за наредните локални избори кои се очекуваат за година дена.

Наредните денови и недели треба да се очекуваат првите кадровски промени и порака до членството, гласачите на ВМРО ДПМНЕ и јавноста дека партијата делува согласно јавната оценка за работењето и потребите на граѓаните.

(Видео) Се cpyши како кула од карти: Уpaганот “Xaна” го ypна ѕидот на Tpaмп на границата со Мексико

Првиот ypaган од оваа сезона на Атлантикот, Хана, ослабна до ниво на тропска депресија, откако вчера го погоди Тексас.

Силниот ветар преврте камиони и ypна далноводи, но и дел од ѕидот на границата со Мексико.

На видео снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како ветрот го pyши неодамна изградениот дел од ѕид на границата меѓу САД и Мексико.

Хана стигна до островот Падре во саботата попладне како ypaган од прва категорија на скалата од пет степени, по што се спушти во округот Кенеди во Тексас и се прошета низ дел од таа сојузна американска држава која беше сериозно погодена од кopoнавиpycoт.

Историска фотографија: Денот кога згаснала жедтта на прилепчани

Интересно време кога од процут, социјализмот минуваше кон залез. Сепак, имаше повеќе задоволни луѓе и насмевки на лицата. Со големо внимание се славеше низ социјалистичка боја и димензија. Се величеше Тито.

Така мина приредбата пред ЦК “Марко Цепенков”, кога гордо преку песна, оро и свирка, се прослави крајот на градбата на регионалниот водовод Студенчица околу 80-тите години. Им дојде крајот на маките на прилепчани со водоснабдување. Граѓаните одвојуваа осум години за вода од Студенчица.

Солидарно, како што тогаш беше обичај. Работите се истуркаа и огромниот водоснабдителен објект, цевковод, долг околу 70 километри ја згасна жедта и ги освежи испуканите усни.

Се дадоа околу сто милиони евра, се ставија чешми дома во стотина села по цевководот. Капитален објект, на кој, оттогаш, малку се вложува во одржување.

Некои имаат кусо помнење и забораваат. Мислат да скршнат од Студенчица, односно едни да се долеваат и да ги ладаат нозете без пари, оти изворот им бил до грбот, а други да се дозираат како камили, со лажичка.

Можеби мина времето кога политичарите ја матеа бистрата Студенчица. Конечно, тоа е извор ко го напојува Прилеп многу години, додека, не дај Боже, природата не го сврти грбот. Студенчица е природен извор со пивка, ладна вода, ретко “слатка” во Македонија.

Извор: “Неделник Зенит”