дома блог страница 2477

Нов земjoтpec во Албанија: Почyвcтвyван и во Македонија

3eмjoтpec од четири степени според Риxтep, попладнево, во 16:16 часот е почyвствуван во Албанија.

Според Институтот за сеизмологиja, епицентapoт на потpecoт е на шест километри југозападно од градот Пеќин, односно на 37 километри јужно од Тирана.

3eмјотресот бил на длабочина од два киломтера и според Институтот имал висок степен на чyвствителност. Освен голема вознемиpeнocт кај жителите од поширокиот регион, нема информации за прдизвикана материјална штета.

Потpecoт е почyвствуван и во западните делови на Македонија.

Албанија катacтрофален земjoтрес ја погоди утрото на 26 ноември минатата година, во кој загинaa 51 лице, повpeдени беа над 1.200, а причинетата материјална штета се проценува на над милијарда евра

Доаѓа африкански бран кон Македонија: Во среда температури и до 40 степени

Во текот на новата седмица нашата територија ќе биде зафатена од многу топла воздушна маса која продира од југ, односно од северните предели на Африка, информира најпознатиот метеорологот Славчо Попоски.

Особено топло ќе биде од среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени Целзиусови.

Што се однесува до утрешниот ден, ќе има појава на мала до умерена локална облачност додека во попладневните часови во планинските места ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник до четврток ќе биде сончево насекаде со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во петок пак, како и за време на викендов, ќе има услови за попладневна локална нестабилност.

УВ индексот следниве денови ќе има екстремна вредност и ќе има коефициет измеѓу 9 и 10, па токму поради ова граѓаните да се заштитуваат, односно со себе да носат заштитна опрема.

Еднаш на 100 години: Невидени поплави во Загреб (Видео)

Директорката на Државниот хидрометеоролошки институт на Хрватска, Бранка Иванчан Пицек изјави дека 90 литри дожд на метар квадратен, што наврна во Загреб за 24 часа, е многу редок феномен што се случува еднаш во повеќе од 100 години.

– Таа количина што падна за 24 часа се интензивни врнежи,, чиј повратен период е повеќе од 100 години. Просечната количина на врнежи во областа Загреб е помала отколку што падна во овие 24 часа, некаде околу 83 литри. Тоа е многу ретка појава, рече таа при гостувањето на ХРТ, јавува новинската агенција Хина.

Невремето кое вчера го зафати Загреб и делови од Хрватска предизвика поплави и голема материјална штета.

Hayчниците напpaвиja мacка која ги нeyтpaлизира молекyлите на кopoна виpycoт

Група научници од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон направиле заштитна маска која може да ги неутрализира честичките на корона вирусот кога ќе паднат врз неа. Овој ефект се постигнува благодарение на неколку водоотпорни слоеви и посебна иновациона ткаенина со специјален премаз.

Во текот на испитувањата, истражувачите ја ставале маската во раствор со молекули на корона вирусот, шри што дури 99 отсто од нив по еден час ги губеле својствата. Маската може да се користи неколку пати.

Истовремено, францускиот Институт „Пастер“, експериментално утврдил дека маската може да се испере најмалку 50 пати и да ги задржи својствата на неутрализатор.

Погледнете која маска најдобро заштитува од Ковид-19.

(Видео) Рашела Мизрахи се качи на коњ – ја предводи коњаницата која оди кон Мечкин Камен

Пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, годинава ја предводи коњаницата којашто традиционално секоја година заминува кон Мечкин Камен за да учествува во прославата на празникот Илинден.

“Оваа година предводник на илинденската коњица е нашата челична Рашела. Бајракот се вее Македонија да се гордее!”

Носталгија: Северина на 13 степени и силен дожд во јули приреди спектакл во Прилеп (Фото/Видео)

Поради пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт, оваа година не се одржа фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, Пиво Фест.

Затоа секогаш е убаво да се потсетиме на спектаклуарните фестивалски вечери кога во Прилеп доаѓаа илјадници гости од сите краишта на државата, па и од Балканот и дијаспората.

На финалето од петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото, “Пиво Фест 2017”, настапи балканската мега ѕвезда Северина.

Иако беше средината на јули, температурата таа вечер беше само 13 степени, а врнеше и силен дожд. Сепак, Северина приреди шоу за паметење, а концертот го следеа илјадници луѓе.

Фестивалот го оправда мотото “Едноставно најдобри”, под кое се одвиваше таа година, и докажа дека останува број еден најголемо и најмасовно случување во годината во државата.

Северина енергично ги отпеа сите нејзини хитови, а покрај тоа одлично изгледаше. Облечена во пинк комбилизон со кратки пантолончиња, ја воодушеви илјадната публика.

Во продолжение погледнете дел од концертот и атмосферата:

Историја: Легендате Eузебио, заедно со Еду, Шекуларац… гостувале во Прилеп и загубиле од Победа со 11:1

САД во седумдесеттите години инвестираа во фудбалот, купувајќи фудбалски ѕвезди од Јужна Америка и од Европа. Така се формора ФК Њујорк Иглс, во чии редови настапуваа прочуените, Бразилецот Еду, Португалецот Еузебио, Југословените Тешан и Шекуларац.

Во септември 1978 година, екипата направи турнеја низ Балканот, а во Македонија се сретна со штипска Брегалница и Победа. Во Штип пред рекордни 12 илјади гледачи Њујорк, засилен со Залад, Клинчарски, Сантрач и Џаиќ, победи со 4:2.

Што се случи во Прилеп? Екипата ем ослабена, преполовена, ем без сила. Некои велат дека во Штип имале прослава до утрото поради завршувањето на кариерата на Шекуларац, па не можеле да прикажат ништо повеќе.

Победа тоа го искористи и пред 7000 гледачи победи со неверојатни 11:1! Во 15 минута Еузебио изведе слободен удар и мајсторски го префрли живиот ѕид за 0:1. Потоа излезе од игра.

Прилепчаните се налутија и возвратија со 4 гола до одморот, а уште 7 дадоа во второто полувреме. По 3 гола дадоа Магдески и П. Трајкоски, по еден Глигороски, Манески, Л. Петрески, З. Конески и Ѓ. Николовски.

Победа беше во трет југословенски ранг – Републичката лига.

Извор: “Неделник Зенит”

Нема човек во Прилеп што не ја знае нејзината тезга на плоштад, но таа има и хоби кое го практикува цели 40 години – типува спортска

Жена пополнува тикет во обложувалница. Типувањето не е зависност, туку тоа ми е корзо, разонода. Игра системско ливче на конечен резултат веќе 40 години

Прилеп има многу интересни ликови препознатливи во чаршијата. Сите ги знаат, а тие ја знаат душата на чаршијата. Мира Крстеска (70) секој ден е в чаршија. Знае како диши градот, што и како се случува затоа што цел век била в град, чаршиска жена – пишува во најновиот број неделниот весник “ЗЕНИТ”

Ја знаат како продавачката од Багат, како ликот кој незабележително, ненаметливо на скромното тезгиче продава наочари и по некој козметички производ. Малкумина знаат дека е страстен играч на спортска прогноза. Учествува и во други игри на среќа.

Редовно пополнува и Лото. Нема ден да не пополни ливче. Вели дека тоа не е зависност, туку разонода да и’ врви времето. Иако е жена, ги знае правилата на спортското обложување. Типува на конечен резултат. А како може да не знае за натпреварите кога животот го минала во брак со фудбалер, со најголемиот спортист Каше, Методија Крстески.

Велат меракот и љубовта одат под рака, имала хармоничен брак, но и среќа во спорстките игри. Пасијата кон спортското обложување и станала секојдневие, нешто со кое се будела и легнувала сите години минати заеднички со добро познатиот лик од спортот, со фудбалерот Каше, по кого многу девојки воздивнувале заради физичкиот изглед и убавината како на глумец. И Мира, не паѓала подолу со убајната, за што сведочат и денес цртите на лицето збогатено со по некоја брчка. Страста кон обложувањето ја држи веќе 45 години и не ја напушта.

Се декларира како прилепчанка иако детството го минала во Битола каде е родена.

– Кире Гаврилоски ми е чичко, брат на татко ми Борис. Кога се зеле со мајка ми, заминале Битола. Таму сум родена и до осмо одделение живеевме таму. Завршив во ОУ ,,Кочо Рацин,,, потоа учев Економско и на 16,5 години се омажив за Каше. Беше врвен фудбалер, а јас бев дете, скоро 14 години бевме разлика. Од бракот имаме два сина, едниот работи во Опера во Скопје, другиот медицински лаборант. Во Багат бев 25 години, дури се растури Југославија. Оттогаш до сега, на улица, на тезга – се сеќава Мира.

Според неа, последнава деценија се сменил и ликот на чаршијата.

– Сега е малку е подруга. Се смени начинот на работата. Се загуби еснафот, се променија времињата, занаетчии има помалце, се создаде некоја завист кај луѓето. Се работи на друг начин, младите функционираат со побрзо темпо, нема со кого да се направи муабет. Но, уште вирее духот на чаршијата. Се дознаваат првите вести. Старите велат чаршијата е факултет, сé се дознава првин в чаршија – објаснува Крстеската.

Со обложувалниците е откако се отвориле. Знае што значи ,,кец,, ,,нула,, ,,еден во еден,, во типувањето. Заедничкиот живот со фудбалерот и ја потковал ногата со разонодата, која не ја напушта. Не открива кој тим и е омилен, фаворит. Игра по принципот кој ќе добие. Секој ден има добивка.

– Најпрвин играв со Каше. Ме научи да пополнувам ливче. Вечно. Се занимавам дури 50 години. Лесно ги научив знаците. Ги следам тимовите. Тоа ми е разонода, тоа ми е сé, башка од ангажманот кон децата, внуците и трите правнуци. Ги знам правила на играта, бидејќи пораснав со фудбалот. Растев со него и со фудбалот. Бев млада 16,5 години кога се омажив. Беше фудбалер, а потоа и тренер. Секогаш сме биле фудбалска фамилија. Помалиот син Кире Белото го интересира повеќе фудбалот. Поединечно, сама најголема добивка ми е 7 300 денари за ливче од 7 конечен резултат. Играм за 20, 30 денари во денот. Секој ден добивам, ама добивките се мали. Ако е условено ливчето, помала е добивката. Еве и денес веќе уплатив. Вечер дома, сама ги гледам резултатите на телетекс. Ми поминува времето. Играм и Лото редовно. Шестка имам добиено, ама ортачки – вели Мира.

Со љубовта на нејзиниот живот веќе 23 години се разделени. Ја напушти животниот сопатник. Смртта ги раздели, но интересот кон спортското обложување и остана. На 47 години останала вдовица.

– Дента кога почина, и тогаш имавме 6-ка на Лотото. Во болничката соба во ќесето му беше ливчето, после погребот ги подигнавме парите. Со добивка замина, додека друга несреќа ме снајде – вели Мира.

Секој ден пополнува. Не направила есап колку дава, а колку зема. Вели дека не е на зијан. Обложувањето и е забава. Не било зависност. Си прави ќеф.

– Тоа ми е корзо, тоа ми е дружење, не одам по комшии. Никаде, освен ова и фамилијата и децата. Ми се чини дека играм со пари, нивни пари, од обложувалниците, од добивките. Со законските забрани за пандемијата 2 месеци и една недела не излегував и немаше спортско обложување, па преживеав. Не сум зависна. Зависи кој колку навлегол во игрите на среќа, зошто сé може да биде зависност. Не ми е ,,краста,,, туку ми е разонода. Имам проблем со кичмата, колковите, здравјето не ми дозволува да движам, пешачам, да одам некаде, а ова е занимација со седење – вели Крстеска.

Од чаршијата на шега, многу прилепчани и’ се нудат да и бидат ортаци да ја подели среќата и знаењето со други.

– Играм со еден стар човек и тој е неситуиран. Со по 13 денари си даваме. За 26 денари на точен резултат, даваме ортачко ливче во Моцарт, системско на точен резултат. Имаме земено ортачки некој динар. Најчесто така играм – вели Крстеска.

До кога ќе игра и дали ќе се откаже некогаш од пасијата, не успеавме да ја прашаме и да ни одговори, затоа што муабетот го продолжи со муштеријата кој дојде на нејзината скромна тезга на која се протегаат неколку наочари со различна диоприја. Од трговијата го надополнува скромниот пензионерски буџет. Со тоа и со обложувањето ги тркала осаменичките денови.

Извор: “Неделник Зенит”

Фejcбyк воведува нова опциja – можат да ја кopистат и тие кои немaaт пpoфил

Фејсбук во четвртокот објави дека ќе покрене нова опција која на корисниците ќе им овозможи видеопозив со 50 учесници.

Корисниците можат да ги повикаат луѓето да се приклучат во „месинџер соба“, вклучувајќи ги и тие кои немаат фејсбук профили, и да учествуваат на групни видеоповици во живо на било кој профил, страница или група на платформата, велат од оваа друштвена мрежа.

Фејсбук се обидува да „зграби колач“ со видео конференции кои станаа исклучително популарни поради пандемијата со коронавирус. Еден од најпознатите е Зум.

Други технолошки компании претставија слични услуги со цел да привлечат корисници, со тоа да гугл им дозволува на корисниците да организираат видеоконференција на Meet.

Од Фејсбук истакнуваат дека од четврток се воведува нова опција на нивната платформа која ќе биде достапна само во некои земји, а наскоро опцијата ќе се прошири во сите семји во кои се достапни месинџер собите.

Емитувањата во живо на страниците на Фејсбук се удвоија во јуни во однос на една година порано, како резултат на зголемувањето на ваквите преноси од март кога неколку земји започнаа со воведување карантини и мерки за социјална оддалеченост со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Прилепско Ауди излетало од патот кај Могила, две лица се здобиja со тешки телecни повpeди

На 25.07.2020 околу 19.00 часот на патот Битола – Прилеп, кај клучка „Могила“, патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(58) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобиле возачот и coпатникот Д.И.(57) од Прилеп, конcтатиpaни во Градската болница – Прилеп, каде што биле пренесени за yкажyвање лекapcка помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициcката станица Прилеп.