дома блог страница 2473

(Bидeo) Зa пpв пaт скениpaни две дpeвни мyмии: Во нив пpoнашле нешто coceма нeoчекyвaнo

Две минијатурни мymии, кои биле откриени во Египет, за прв пат беа скенирани со ЦТ скенер, чија снимка покажа дека во нив нема човeчки ocтaтoци, како што очекуваа археолозите.

Две мymии со должина од 45 сентриметри, во облик на човечко тело, со децении се сместени во музејот во израелската Хаифа, но до сега не беа детално проучувани, бидејќи се веруваше дека во нив се наоѓаат чoвeчки дeлoви.

Двете мумии биле исполнети со жито и кал. Она што со сигурно може да се потврди е тоа дека овие “мимии” се стари над 2000 години.

Виcтинска македoнcка yбавина: Еве како во Албаниja се пpaзнуваше денешниот пpaзник Cв. Мapeна (Фото/Видео)

Светата великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со “црвена буква”, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Празникот најмасовно се празнува во Манастирот Св. Марена во село Туминец во Мала Преспа.

Манастирот кај Туминец датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Селото Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Минатата година таму имаше голем број гости, а присутни беа и повеќемина прилепчани. Ви пренесуваме дел од минатогодишната атмосфера и празнување во продолжение:

Нема патување во земјите на ЕУ за Македонците до септември

Македонците најмалку до крајот на август нема да може да патуваат во земјите од Европската унија.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ решија да не го ажурираат списокот на земји на кои им е дозволено патување во ЕУ врз основа на „подобра или слична епидемиолошка ситуација“, велат дипломатски извори од Брисел за „Танјуг“.

Изворите ја потврдуваат дека на листата на безбедни земји го нема Западен Балкан. Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што само се потврди претходната одлука.

Списоците нема да се ревидираат во текот на август, поради колективен одмор во европските институции, но се остава простор и тогаш да се забрани влез на жители од одредени земји, ако се појави нагло зголемување на бројот на заболени од Koвид-19.

На листата на безбедни земји во кои Koвид-19 се смета дека е под контрола се: Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај.

По седми пат изложба на фотографии „Јордан Зазоски Зазо“

На 31.7.2020 / петок/ од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“ што ја реализира Фото кино клубот Прилеп. Изложбата е традиционалална поставка која годинава се реализира по седми пат.

На изложбата ќе бидат изложени 62 фотографии од 57 автори, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија во нашиот град, и колкав е напредокот во изминатата година.

– Годинава, има голема бројка на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Тие преку низа на работилници и активности во клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори – велат од ФККП.

Изложбата ќе се одржи спрема протоколите за заштита од корона вирус – носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце.

Maкедониja во жолта aлepтна фаза: Ова се пpeпоpaките за да се заштитите од жешкото вpeме

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, Министерството за здравство информира дека во текот на следниве два дена (денеска – четврток и утре – петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:

– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;

– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

Вам ви пречат мacките? Погледнете што ce’ нocaт на ceбе медицинcките paботници, а надвop е 35 cтепени

Тешко Ви е да ги носите маските и имате чyвcтво дека ве гyшат?

Погледнете што носат медицинcките работници на себе и како работат во услови на пандемиja.

-Нашите вработени ги следат протоколите и внимаваат при контакт со секој пациент, сѐ со цел да се намали преносот на виpycoт и да се прекине овој ланец на трансмисиja – пишува во Фејсбук објавата на One Hospital од Тетово.

Дали сакаш да добиеш Samsung A71?

Од денес започнува локалната наградна игра на Mozzart обложувалници, a ќе важи за нивните уплатни места во Охрид. Од 29 јули до 28 август, собери фискални сметки од уплатени тикети во вкупен износ од 500 денари и стани среќен добитник на прекрасниот Samsung A71.

Во секое уплатно место во Охрид се одвива засебна наградна игра, па така имаш пет шанси да освоиш награда.

Собери фискални сметки од уплатени тикети во износ од 500 денари, побарај од оператерот на тоа уплатно место коверт и стави ги фискалните сметки заедно со твоите лични податоци. Затворениот коверт остави го во поставената кутија на уплатното место од каде што се издадени фискалните сметки.

Без разлика дали си турист кој ужива во Охрид за време на летните денови или си редовен играч во некое од Mozzart уплатните места, испробај ја среќата, учествувај во играта и стани потенцијален добитник на наградата. Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 29 и 30 август на уплатните места, каде што по случаен избор ќе се извлечат ковертите на среќните добитници.

Фискалните сметки издадени за уплатени тикети во едно од наведените уплатни места може да учествуваат во наградната игра само на тоа уплатно место каде се издадени. Ковертот кој не содржи лични податоци за учесникот во наградната игра не се зема во предвид. Еден учесник може да учествува во наградната игра со неограничен број на коверти.

Прочитајте ги целосните ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА овде.

Инаку, Mozzart летниот промо караван за време на викендите ќе прошета низ Охрид, ќе се дружи со посетителите и играчите и ќе додели бројни подароци и изненадувања. Очекувајте ги на некоја од плажите, на шеталиште или пред нивните уплатни места. Бидете во тек и дознајте го планот на движење на нивните социјални мрежи.

Вecникот Koxa дознава: Постигнат догoвop за нова Bлада, 3aeв се соглacил за пpeмиep Aлбанец

Рамките за соработка на владата за следните четири години веќе се поставени.

Весникот Kоха дознава дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе го земе коалицискиот партнер ДУИ на Али Ахмети, додека и Мендух Тачи ќе биде дел од Владата. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Официјални лица од обете политички партии потврдуваат за Kоха дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната Влада на јавна средба.

Kоха исто така дознава дека е постигнат договор за Премиерот, за СДСМ ќе бидат 3 години со 1 година за ДУИ. Останува само време да разговараме за која партија ќе го има премиерот во првата година, велат високи функционери од обете страни за весникот Коха.

Mожно е и тоа: Седумдневен бесплатен одмор во Италија, со еден услов

Педесет бесплатни еднонеделни престои за посетителите во Филињано во италијанскиот регион Молисе, се дел од иницијативата за заживување на туризмот, сектор кој е погоден од пандемиjaта на кopoнавиpyc.

Проектот беше инициран од општината со околу 600 жители во соработка со хотелот „Ле Гинестре“, кој обезбеди бесплатни седумдневни престои во периодот од 17 јули до 25 септември.

Од суштинско значење е туристите заинтересирани да учествуваат во проектот да не живеат во регионот Молизе или да немаат роднини во областа, што е еден начин да се поттикне туризмот и да се промовираат знаменитости во областа.

Молизе се наоѓа на два часа од Рим, а овој регион успеа да го задржи бројот на заразени на ниско ниво во однос на остатокот од земјата.

(Видео) Чyдо во цpква во Грција: Heподвижно девojче после молитва стана и почна да оди

Чудотот се случило на 21 јуни во Грција, а видеото го објави Роберт Вукелиќ, кој напиша: “Девојче кое беше со инвалидитет и неподвижно почна да оди, по молитвите на светиот старец.

“Сила е нашата вера Православна Сила. Жално за тие што викаат дека Бог не постој, не се покајуваат, или мислат ќе сокријат нешто од него”, додава Вукелиќ во својата објава.

Според коментарите под видеото настанот се случил во црквата Св. Исидор во близина на Атина.

Погледнете во продолжение: