По седми пат изложба на фотографии „Јордан Зазоски Зазо“

На 31.7.2020 / петок/ од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“ што ја реализира Фото кино клубот Прилеп. Изложбата е традиционалална поставка која годинава се реализира по седми пат.

На изложбата ќе бидат изложени 62 фотографии од 57 автори, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија во нашиот град, и колкав е напредокот во изминатата година.

– Годинава, има голема бројка на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Тие преку низа на работилници и активности во клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори – велат од ФККП.

Изложбата ќе се одржи спрема протоколите за заштита од корона вирус – носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.