дома блог страница 2472

Мицкоски: “Нема да ме изненади ако наесен се случат нови предвремени избори”

-Не би ме изненадило ако наесен се случат нови предвремени парламентарни избори ако не успееме ниту ние СДСМ ниту друга партија да формира влада. Ако никој не успее да формира влада не ја исклучувам можноста за нови предвремени парламентарни избори наесен, изјави вчера лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за Алфа ТВ.

Според Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ ќе функционира без разлика дали е во влада или во опозиција а очекува партијата да извојува победа на следните локални избори.

“Таква победа имаме на претседателските избори, победивме и сега во 39 општини плус градот Скопје, а СДСМ во 26” , вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски според кого со едно реструктуирање, со една нова кадровска промена партијата може да постигне многу.

Видео кое ќе ве натepa, не само да нocите мacка, тyкy да ја нocите пpaвилно

Лекарите постојано напоменуваат да се носи маска за да се заштитиме себеси, но и тие околу нас.

Ова видео графички прикажува што се случува кога носите маска, но и кога ја носиме неправилно без да биде покриен и носот при кивање, кашлање и зборување.

Го живeeме нajтоплиот ден во летово дoceга- следи залaдyвaњe

Управата за хидрометеоролошки работи уште еднаш предупредува дека денеска температурата ќе достигне 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засиленветер, претежно во планинските подрачја во севернитеделови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе дотсигне 38 степени.

Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе бидат пониски за пет до шест степени во однос на денешните.

Поради топлото време, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од високи температури.

Kopoната не миpyва во Пpилеп: И денecка нови cлyчaи

Три нови случаи на кopoнавиpyc денеска се регистрирани во Прилеп, информираат од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Бројот на активни cлучаи сега изнесува 57, од кои 42 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓа 71 лице.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 330.

Наскоро музика во кафулињата: 3aбpaната пред yкинyвање

Комисијата за заразни болести прифатила да го разгледа барањето на Независната угостителска комора (НУК) и на Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) за укинување на забраната за организирање музички настани во угостителските објекти и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските објекти.

НУК и ЗЕУМ очекуваат забраната да се укине уште утре.

Нивни претставници, како што соопшти НУК, утрово имале работна средба со Комисијата во Министерство за здравство, на која го образложиле барањето. На средбата присуствувал и д-р Жарко Караџовски. Притоа е договорено, досегашната точка 13 од Протоколот која вели: „Забрането организирање музички настани во отворен и затворен дел од објектот”, да се смени и да гласи: „Се дозволува музички настап на естрадни уметници во угостителски објекти на посебно издвоено место во угостителски објект со најмало растојание од два метра на естрадните уметници од најблиските маси во сите правци“.

Согласно оваа нова точка, забрането е рашетување на естраднот уметник за време на настап по гости и во угостителски објект. Естрадните уметници заедно со угостителите имаат обврска на секој настап да ја држат под контрола ситуацијата со гостите и да не дозволат во ниеден момент да дојде до појава на неконтролирана ситуација.

-Комисијата за заразни болести прифати да го разгледа барањето на НУК и ЗЕУМ и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските обвјекти. НУК и ЗЕУМ очекуваат од утре да се укине постојната точка 13 и да се замени со новата. Со промената на оваа точка им се овозможува на угостителските објекти да ги поддржат естрадните уметници да имаат свои настапи согласно протоколите за работа во угостителски објекти при што имаат обврска заедно со гостите максимално да ги почитуваат и применуваат важечките протоколи за заштита на јавното здравје, наведува НУК.

ЗЕУМ и НУК, како што се додава во соопштението, во целост ќе го поддржат Државниот пазарен инспекторат да ги казни сите што не се придржуваат до препораките и протоколите за работа во случај на настап на естрадни уметници во угостителски објекти за да не се етикетираат еднакво сите останати кои максимално вложуваат во реализацијата на овие настапи организирани и одржани согласно новите важечки протоколи.

НУК и ЗЕУМ воедно упатуваат апел до сите естрадни уметници каде се сведоци дека угостителите не можат да ги спроведат своите настапи во целост согласно протоколите и препораките, да ги откажат своите гостувања и настапи во целост и во интерес на заштита на сопственото и јавното здравје на гостите и останатите угостителски работници.

Ce oжени нajпocaкyваниот тypcки актep: Eве ja неговата избpaничкa (Фото)

Популарниот 33-годишен турски актер Бариш Ардуч, се ожени со својата девојка и колешка, актерката Гупсе Озај.

Бариш и Гупсе беа во долгогодишна врска и живееја заедно, па сега конечно решија да ги стават прстените.

Медиумите не ја пропуштија оваа венчавка, а младите беа расположени и за изјава пред камерите.

Инаку, иако многупати се ширеа шпекулации дека Бариш и Гупсе раскинале, нивната љубов сепак беше успешна.

Бариш, или како што македонската публика го зане како Омер од „Вљубениот ерген“, на својот голем ден изгледаше впечатливо и шармантно како и секогаш.

Владиката Пимен pacпали на Фејсбук по Тричковски

Фејсбук статус на Владиката Пимен

“Кога ќе прочиташ на ФБ гаден пост како оној на Тричковски за Рашела, ти доаѓа да направиш петиција до Марк освен лични податоци на ФБ профилот да депонираме и лекарско уверение дека не држи умот.

Да се разбереме:

Не, не е слобода на говор секоја искажана будалаштина. Нити клетва, нити псовка, ниту навреда. Лошотилок, злоба, ментална болест или неколктура е тоа.

Убав ви ден. И чувајте ниво”, напиша Владиката Пимен на Фејсбук.

Дoceга невидено бeгcтво: Co еден потег малата патка го надмyдpи тигapoт (Видео)

На Интернет повторно кружи видеото кое покажува како една патка успеа да надмудри тигар кој сакаше да ја нападне.

Сè уште не е јасно поради кои причини беше избришано од секаде видеото, кое беше објавено на Инстаграм, но повторно стана вирално, откако извадок од него беше објавен на Твитер.

Видеото прикажува нуркање на патката во истиот момент кога тигарот сакаше да ја зграби. Големата мачка остана збунета…

Добил дpжавна пoмoш за вpaботените, а со пapите си купил Ламбypгини

Давид Хинес од Мајами, САД е обвинет за измама. Тој со средствата добиени како помош од државата во рамките на програмата за спас на работните места поради Koвид-19,си купил скап спортски автомобил, пренесува НБЦ.

Овој 29- годишен Американец преку апликација во име на разни компании побарал и добил од државата 13,5 милиони долари субвенции за исплата на плати на своите вработени како и за спас на работните места.

Во пријавите навел дека води четири фирми со 70 вработени и дека месечно за плата му се потребни 4 милиони долари.

Според обвинителството неколку дена откако Хинес ги добил бараните 13, 5 милиони долари, тој си купил нов скапоцен автомобил Ламборџини Хуракан вреден 318000 долари.

Исто така следните недели бизнисменот измамник на вработените не им ги исплатил неделните заработки, туку со парите од државната помош уживал во луксузни одмаралишта во мајами, но си купувал и скапа гардероба и накит.

Во моментот на апсење на Хинес му останале уште 3,4 милиони долари од државната помош. Ако 29 годишниот бизнисмен биде осуден по сите обвиненија може да добие казна затвор во траење од 70 години.

Грците се одмаздyвaaт за Аја Софија: Уканити турските серии во Грција

Грчката телевизија АНТ1 го укина емитувањето турски серии на својата програма во текот на летото, како одговор на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Аја Софија во Истанбул да ја претвори во џамија, пренесува „Телеграф.рс“.

Главниот и одговорен уредник Јоргос Пофантис изјавил дека одлуката е донесена и дека наскоро ќе биде претставена новата програма.

По она што се случи со Аја Софија, донесовме одлука сериите да се забранат, изјави Пофантис.