Мицкоски: “Нема да ме изненади ако наесен се случат нови предвремени избори”

-Не би ме изненадило ако наесен се случат нови предвремени парламентарни избори ако не успееме ниту ние СДСМ ниту друга партија да формира влада. Ако никој не успее да формира влада не ја исклучувам можноста за нови предвремени парламентарни избори наесен, изјави вчера лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за Алфа ТВ.

Според Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ ќе функционира без разлика дали е во влада или во опозиција а очекува партијата да извојува победа на следните локални избори.

“Таква победа имаме на претседателските избори, победивме и сега во 39 општини плус градот Скопје, а СДСМ во 26” , вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски според кого со едно реструктуирање, со една нова кадровска промена партијата може да постигне многу.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.