дома блог страница 2469

Историско видео од Прилеп: Редици луѓе чекаат да стават потпис за нови избори

“Сеќавање на времето кога беше опacно да си вмровец”, стои во описот на видеото кое се појави на Фејсбук страната “Македонско Сонце” и за кратко време се прошири на социјалните мрежи.

Видеото е од 30.10.1995 година од плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп, кога се собирале потписи за одржување на нови парламентарни избори.

Плоштадот полн со народ, прилепчани во ред чекале да се потпишат за одржување нови предвремени парламентарни избори.

Погледнете:

Нека е вечна cлавата на бopците за cлобода и дpжавнocт! Честит Илинден Македониjo!

Илинден е денот кога го празнуваме непокорот и ја славиме победата, но истовремено им оддаваме и почит на сите оние кои без разлика на нивната вера, припадност и убедување го дадоа животот за слободна и независна Република Македонија.

Денес со гордост се сеќаваме на делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година. Нашиот народ на ден Илинден, 1903-та година го запали огнот во срцата на сите оние кои мечтаеа за слободна држава и преку пожртвуваност, храброст и љубов кон Македонија, тргнаа во беспоштедна борба за вечниот стремеж за конечно ослободување, се вели во честитката од соопштение.

Огнот не престана да гори и во време на Народно ослободителната и антифашистичка борба, така што на 2-ри август 1944 година се оствари вековниот сон за сопствена државност на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински.

Борбата на еден народ е процес, тоа е континуитет, тоа е чувство што треба да го има секој од нас. Илинден е денот кога си припомнуваме за сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата.

Си спомнуваме на Гоце, на Даме, на Питу на Сандански и го превземаме нивниот завет. Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата татковина.

Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација бесусловно да ја води својата борба, борба за напредна и поуспешна Македонија.

Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи. Нека е честит и вековит Илинден! Нека е вечно делото на двата Илиндени 1903 и 1944 година! Нека е вечна славата на борците за слобода и државност! Нека е вечна нашата таковина Македонија

3a многy години Cв. Илиja: Чecтит именден на Илиja, Илинка, Илина, Илчо…

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде.

Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плаши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе суди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова.

Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размислува.

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Лeвица: Ја пocкапea стpyjaта за ќap на Кочо Анѓушев и пajташите

Поскапувањето на електричната енергија – и тоа само две недели по завршувањето на изборите – јасно демонстрира дека СДС се грижи само за профитот на компаниите блиски до власта инволвирани во овој бизнис, соопшти Левица.

Оваа ненародна одлука дополнително ќе ги осиромаши граѓаните, кои и сега се жртви на погрешната политика на СДС за справување со економските последици од коронавирусот. Изговорот на социјал-демократите дека плаќаме најниска цена за електрична енергија е дрско манипулирање кога над 400.000 жители живеат на работ на сиромаштија и сведочиме масовно иселување поради социјалната беда, корумпираноста и невработеноста. Потенцираме, генезата на сегашното поскапувањето на електричната енергија има своја историја и никако не е само поради причините кои ги наведе РКЕ, кои би предизвикале поскапување за нешто повеќе од 1.5%, а не повеќе од 7%.

Еден од главните виновници за поскапувањето на струјата се енергетските политики на бившиот, “социјалдемократ“ и вицепремиер Кочо Анѓушев и неговите пајташи инсталирани во енергетските компании ЕСМ (Електрани на Македонија) и МЕПСО.

Исто така, невложувањето на државата во изградба на нови енергетски објекти (Чебрен, Галиште, делови од Вардарска долина и други), на сметка на сомнителни тендери за ископ на јаглен и ремонти на РЕК Битола, ќе го продолжи трендот на поскапување на електричната енергија и во годините кои следат.

На граѓаните треба да им е јасно дека со ваква катастрофална, електроенергетска стратегија и промашени кадровски решенија, до крајот на 2025 година ќе плаќаат преку 60% поскапа струја од цената која ја плаќаат денеска! Ваквиот тренд на политики многу брзо ќе предизвика и укинување на дневната ефтина тарифа, и тоа поради истите наведени причини, а не поради “усогласување“ со европските практики.

Ги повикуваме одговорните да го испитаат работењето на кадровските решенија на Анѓушев, со акцент на одговорниот на Операторот на електропреносниот систем при АД МЕПСО и неговото катастрофално менаџирање со водните ресурси во акумулациите – како и одговорните во ЕСМ задолжени за тендерите за ископ на руда, превоз и ремонти во компанијата.

За делумна амортизација на поскапувањата кои следат, Левица предлага:

1. Итна замена на гореспоменатите кадри со лица со интегритет и стручност, како и нивна одговорност за штетата која ја предизвикаа;

2. Промена на начинот на функционирање на ЕСМ во однос на продажбата на вишоците, односно ЕСМ да го заштеди водниот потенцијал со целогодишен увоз на одредена количина на електрична енергија по економско прифатлива цена, додека во месеците кога енергијата е скапа да продава од заштедените акумулации;

3. Мораториум за вработување во овие енергетски компании;

Укинување на Регулаторната комисија за енергетика и инкорпорирање на нејзините ингеренции во Министерството за економија, се наведува во соопштението на партијата Левица.

(Фото) Ќерките на Силвестер Сталоне се заносни убавици, кај него годините и ботокcoт си го направија своето

Силвестер Сталоне (74) последниве години ја шокираше јавноста со лицето, кое го yништи со ботокc и други ecтетски пpoцедури.

Неговите обожаватели истакнуваат дека Сталоне ја наследил опсесијата со пластични корекции од неговата мајка, астрологот и танчерката Џеки Сталоне (98).

Херојот на акционите филмови, како и неговата мајка, сакаше да престане да старее, па исто како неа, тој има уништено лице наместо да изгледа помладо.

Сталоне започна да прави корекции пред околу десет години. Сепак, јавноста се надева дека неговите убави ќерки, за кои често се фали, нема да одат по неговиот пат.

Софија (23), Систин (22) и Скарлет (18) на сите три им ја даде буквата „с“, со која започнува неговото име. Сталоне објави фотографија со своите ќерки на Инстаграм и истакна дека се излезени.

Наместо на плажа: Две прекрасни светилишта во прилепско кои можете да ги посетите за утрешниот голем празник Св. Илија (Фото галерија)

Ако се уште не сте се одлучиле каде да го поминете утрешниот празник, наместо излет покрај езеро, ве упатуваме до двете светилишта во прилепско кои го носат името на светиот пророк Илија.

На околу 30 км од Прилеп, движејќи се по патот Прилеп-Градско, се скршнува кај с. Беловодица и преку селата Царевиќ и Смолани, се пристигнува во една волшебна рајска убавина, до манастирот посветен на Св. Илија во с. Дрен.

Низ предели исполнети со зеленило, шаренило, мир и тишина, низ прегратки на дебела дабова шума, се доаѓа до ова здание кое ни имагинација и магија не би го создале сами од себе.

А таму ќе ве пречекаат шарени пауни, рајски птици, носители на мир, бели гулаби, многу цвеќе и одлична уреденост и чистота.

Она што оди во прилог на целосно опуштање и заборав на сите проблеми, е тоа што нема мобилна мрежа, но има повеќе од доволно што да се види и доживее.

Љубовта кон бога и веројатно силата која им ја подарил светиот пророк Илија, се нештата кои помогнале на сите добронамерници да го изградат ова што постои и плени сечие око.

Водата од манастирската чешма е мевлем и лек за душа, силна, бистра и студена.

За втора дестинација ве праќаме во село Кален мариовско каде ќе ве дочека манастирот Св. Илија Писокал.

Манастирот се наоѓа во живописната и недопрена природа на почетокот на Мариово, веднаш после превојот Слива од десната страна на патот Прилеп-Витолиште, на оддалеченост од 18 километри од градот. Писокал е поранешно село кое во 1873 година имало 46 жители во 9 домаќинства, а во 1900 имало 90 жители. Селото Писокал згаснало, запрел плачот на децата, крикот на добитокот и црковната камбана, под притисокот и палежот на Турците и Србите, во почетокот од минатото столетие.

Се запретале во пепел огништата, се преселил животниот пламен и ритамот на срцата со болка во душата. Се исселиле жителите во денешното село Чумово. Според легендата, момата Илина ја изградила црквата, на денешното место, одмарајќи се од жетварската мака. По дремката, и исчезнале опинците и калците. Го побарала на помош Свети Илија, а тој на празникот, и ја вратил “рубата”. За благодарност, таа ја кренала црквата, наречена Свети Илија, а местото го крстила Писокал, по прекрасно, навезените први, калци како напишани.

Август ќе им го промени животот: На овие три хороскопски знаци ќе им се исполнат желбите

Август ќе биде неверојатно важен месец за следните 3 хороскопски знаци, односно судбината ќе им даде безброј златни можности да ги остварат сите нивни желби и цели, а оваа среќа ќе започне уште од првиот ден!

Бик

Во Август, претставниците на овој хороскопски знак ќе успеат конечно да се справат со големите проблеми кои им го отежнуваа секојдневието. Бикот ќе се стекне со одличен прилив на финансии, а негвоиот живот општо ќе се промени кон подоборо.

Лав

Може да се каже дека oвој месец за Лавот ќе биде целосно опсипен со среќа. Лавовите конечно ќе се ослободат од токсичните луѓе кои ги правеа несреќни досега, смело ќе ги реализираат нивните идеи, а со тоа и значително ќе го зголемат своето богатство.

Вага

Уште од самиот почеток на месецот, судбината ќе внесе неочекувано добри промени во животот на Вагите. Тие ќе добиат многу нови можности да напредуваат на секое поле, а секоја нивна работа ќе резултира со огромен успех.

Kлyчapoт на небото, заповедник на гpмотевиците: Утре се слави Св. Илија, пpopoкот кој пали и гacи на небото и на земjaта

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Вocтание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плaши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе cyди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размислува.

Во тоа време еврејските цареви се откажале од Божјите дарови и им се приближиле на идолските богови. Најдалеку во тоа отишол царот Ахав со неговата пакосна жена Језавела кои на богот Вал му изградиле храм и го терале народот да му се моли, откако ги позатвориле или иcтепале Божјите пророци и сите оние што му биле верни на Господа. Тогај кај царот дошол Илија којшто му соопштил дека поради неговите гpевови ќе страда целиот народ. „Во овие години нема да има роса, ниту дожд, освен според мојот збор“.(3 Цар, 17/1).

Наместо да се покајат, Ахав и жена му сакале да го yбијат Илија, но Господ го спacил и го испратил кај потокот Хорат спроти Јордан. „… од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. (3 Цар, 17/4) Така и се случило, но кога настанала голема суша поради што и потокот пресушил Господ го пратил Илија во сарепта Сидонска кај една жена вдовица што живеела со својот син. Таа била многу сиромашка и кога Илија пристигнал кај неа имала само „грст брашно во ношвите и малку масло во масларникот“, но со негова молитва тоа никогаш не се завршило. Кога по извесно време починал синот на вдовицата Илија се помолил на Господа и тој воскреснал.

По Божја промисла се вратил кај царот Ахав и му предложил да ги собере сите жреци од храмот на Вал и да ги изведе на ридот да се молат за дожд. На ридот се собрал и многу народ, а Илија им рекол најпрвин да направат жртвеник и да се молат секој на својот Бог и кој ќе им даде оган да го запалат жртвеникот во него да веруваат. Жреците со часови го молеле богот Ваал, но без успех. Потоа Илија зел дванаесет камења „колку што се колената на синовите на Јакова“ и од нив направил жртвеник и убаво го потурил со вода. И уште не ја завршил молитвата кон својот Бог кога од небото паднал оган и го запалил жртвеникот.

„И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата и дрвата и камењата и земјата и ја голтна водата што беше во копот. Кога виде тоа сиот народ падна ничкум и рече: Господ е Бог, Господ е Бог“. (3 Цар. 18/38-39) Потоа биле истепани сите пророци на богот Ваал. Илија се помолил на Господа и по три години и шест месеци откако земјата испукала и многу луѓе изумреле, повторно паднал спасоносниот дожд. Но поради убиството на лажните пророци Илија пак морал да бега пред бесот на царицата Језавела и да се крие во Божјата гора Хорив. Оттаму се вратил кај царот Ахав и му прорекол лоша судбина дека кучињата ќе му ја лижат крвта и ќе ја изедат царицата. Тоа и се остварило.

Пред крајот на животот Илија за свој наследник во пророкувањето го одредил Елисеј. Кога дошло времето за тоа, Господ испратил по Илија огнена кочија што ја влечеле пламени коњи. Илија седнал во неа и таа се подигнала кон небото, а тој му ја фрлил својата горна облека на Елисеј, пренесувајќи му ја на тој начин дарбата за пророкување. И на иконите и фреските свети Илија е претставен во кочија што неколку коњи ја влечат кон небото. Тој му ја пушта од височина својата облека на Елисеј и со тоа му ја предава и моќта да пророкува. Значи пророчкиот дар се пренесува преку облеката. На други претстави во црквите св. Илија е претставен како седи, а до него стои гавран, оној што го хранел во пустината.

Кога Исус се преобразил на ридот Таор (на Преображение), за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован, тука се појавиле и Мојсие и Илија (кои одамна биле умрени). Тие зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смpт.

Во чест на пророкот Илија Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот, односно на 20 јули според стариот календар.

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.

Роналдо се поднови со нов “ѕвep” автомобил вреден 9 милиони евpa, како и нова јахта од 6 милиони евpa (Фото)

Станува збор за Bugatti Centodieca, кој чини околу девет милиони евра, а во светот има само десет примероци од овој суперавтомобил.

Покрај тоа, оној што го купи Португалецот ќе биде уникатен, бидејќи тој побарал некои измени за да се прилагоди на неговите потреби. Купувањето е веќе договорено, а автомобилот ќе му биде доставен на крајот на годината.

Роналдо има осум Ферари во колекцијата, неколку Ролс Ројс, БМВ и Мекларен, како и Бугати Хирон, кој послужи како основа за моделот Centodieci, кој е полесен за 20 килограми.

Пред само две недели, Роналдо се пофали со нова луксузна јахта за која платил шест милиони евра. Јахтата има пет кабини, шест купатила, две простории за релаксација, голема трпезарија, кујна и простор за одмор . Тој веќе пловел по италијанскиот брег со семејството и има намера таму да го помине одморот.

Ја паметите ли оваа изјава на Кочо Анѓушев за струјата? МОЖЕЛЕ и 7.4% да ја поскапат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вчера донесе одлука со која одобри регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. Со оваа одлука просечната цена на електричната енергија се зголемува за 7,42%.

Во декември 2017 година, тогашниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, изјави:

“Струјата нема да поскапи ако остане ваква цена на светските пазари, а граѓаните ќе имаат право на избор од кого ќе купуваат електрична енергија, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Ова е предвидено со новиот закон за енергетика за кој во тек е јавна дебата која завршува в среда, кога доаѓа и директорот на Европската енергетска заедница Јанез Копач. Со предложените законски одредби се предвидува либерализација на пазарот, односно граѓаните да бираат кој ќе ги снабдува со електрична енергија. Освен за струја, граѓаните ќе плаќаат и сметка на ЕВН за оддржување на мрежата”.

Oваа вест од пред 3 години денеска се шири на социјалните мрежи.