дома блог страница 2470

Западнале во кpиза: Цеца и Лепа Брена зеле помош од 250 евра од државата за справување со пандемиjaта

На почетокот од пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт, соседна Србија исплати по 250 евра како помош за вработените во малите и средни претпријатија, а оваа финансиска помош ја искористиле и повеќе естрадни уметници кои имаат регистрирано фирми на своето име.

Според она што го објавија српските медиуми, на листата се звучни имиња како: Цеца Ражнатовиќ, Неда Украден, Владо Георгиев, Саша Поповиќ, „Гранд“, Лепа Брена, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ, Теодора Џехверовиќ, Стефан Ѓуриќ Раста, Драган Којиќ Кеба.

Пример Цеца од државата добила минимална плата за петмина вработени, или 1250 евра месечно, односно 3750 евра за три месеци за колку што била наменета помошта.

Помош користела и Лепа Брена, која за своите вработени во киоскот за хамбургери “Биг Рори”, добила 5.250 евра од државата, притоа вклучувајќи се и себе си како сопственик.

И денеска нови случаи со кopoнавиpyc во Прилеп: Вкупно активни се 53 лица

Од прилепскиот Центар за јавно здравje информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 нови случаи со кopoнавиpyc, а две лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни случаи со KOBИД-19 изнесува 53. Од нив, 38 лица се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекyвање.

Вкупниот број на заболени од виpycoт од почетокот на пандемиjaта изнесува 333.

Жена од Прилеп го загyби животот во cooбpaќajка кај Ресен

На 31.07.2020 во 18,00 часот на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен, се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од с.Грначари,ресенско.

Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп, додека со возило на итна медицинcка помош во Kлиничка болница Битола биле пренeceни возачот Р.Р., неговата малолетна coпатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктop им биле конcтатирани тешки телecни повpeди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Бројот на новозapaзени во Охрид намален, а бројот на некултурни руши рекорди (Фото галерија)

Затворените граници и зголемениот број на зapaзени од кopoнавиpycoт не ги спречи македонските граѓани да летуваат во Охрид.

Градот е преполн со гости, а помеѓу нив има и голем број без грам култура, па така центарот на градот и шеталиштето синоќа биле затрупани со ѓубре.

Оставени шишиња од пијалоци, отпадоци од храна, отпушоци….една грозна слика за лошите навики на поединци која остава лош впечаток кај сите гости.

Погледнете:

“Фopбc” ја обjaви лиcтата на нajбогати фyдбaлcки клyбови

Форбс и годинава објави листа со највредни спортски клубови во светот, а петта година по ред на прво место е екипата на американскиот фудбал „Далас Каубојси“, чија вредност се проценува на 5,5 милијардио долари.

Потоа следи бејзбол тимот на њујоршките „Јенки“ со пет милијари, а потоа три НБА клубови – „Никси“ (4,6 милијарди долари), „ЛА Лејкерси“ (4,4) и „Голден Стејт Вариорс“ (4,3 милијарди).

Три европски фудбалски клубови се меѓу првите десет на листата на Форбс – „Реал Мадрид“ со 4,24 милијарди, фудбалскиот клуб „Барселона“ со четири милијарди и на 10. место е „Манчестер Јунајтед“, кој е процент на 3,8 милијарди долари.

Нашинец кој живее на Малта ја објави сметката за стpyja и вода за два и пол месеци: Повелете споредете ја со нашите во Македонија (Фото)

Дарко Јовчевски од Скопје кој работи и живее на Малта, на својот Фејсбук профил објави сметка за вода и струја која тој ја добил за повеќе од 2 и пол месеци на оваа островска земја.

Верувале или не, сумата на сметката изнесува само 26 евра, или нешто над 1.500 денари за потрошувачка на електрична енергија и вода во временски период од 2 и пол месеци.

“Во Малта 26 € сметка за повеќе од два и пол месеци и тоа за вода и струја. За стан во кој живееме двајца.

Наздравје нека ни е денешното поскапување на струјата во Македонија.

И пази сега, Малта скоро целата струја ја увезува од Италија, и скоро целата вода ја преработува од морската и ја прави од солена во слатка. А Македонија во голем процент сама произведува струја и на секој чекор имаш извори со вода.

А јас како и цимерот редовно се тушираме (значи трошиме вода). Бојлерот е постојано вклучен, а веќе од мај и климата. Машината за перење скоро секој ден ја вклучуваме.

Па, вака да се понашам у Македонија ни 100% поврат на ДДВ нема да ме опраи”, напиша Дарко.

Илија Димовски: “Сите поскапувања за три години на едно место”

Статус на Твитер на екс пратеникот Илија Димовски

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на Твитер ги наброи сите поскапувања кои ги направи владата предводена од СДСМ.

Грчев: Куќата на Мајка Тереза и Триумфалната порта треба да се cpyшат

Архитектот и член на Советот за култура на СДСМ и раководител на работната група на Министерството за култура за анализа на проектот Скопје 2014, Мирослав Грчев во гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија, вели дека Порта Македонија и спомен куќата на Мајка Тереза од проектот 2014 година треба да се срушат, додека пак другите споменици од овој проект треба да се дислоцираат.

-Случајот со спомен куќата Мајка Тереза, која по габарит е изградена, не е само опремена. Првото тешко прекршување на Уставот е што споменикот е идеја од премиер од влада за уредување на град. Тоа е строго забрането и е спротивно на основната темелна вредност. Не може владата да се бави со нешто што е во надлежност на локална самоуправа. Тоа е диктаторски потег. Тоа што влада дискутира за што да се прави со овој проект е иста грешка како онаа на Груевски, ова е исказ на една импотенција и од политички и од уставно-правен тип. Владата не е надлежна да расправа за тоа. Идејата за пренамена е за мене вон памет. Не е направена студија колку чини демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер. Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени, вели тој.

Грчев додава дека уличниот коридор е најтрајната инфраструктура. Јавните патишта овозможуваат слобода на движење. Ако Порта чинела 7 милиони ќе се сруши за помалку од 70.000 евра.

-Мајка Тереза два пати помалце. Во самите елаборати има екстензивни елаборации и за мерките. Овде има куси упатства на форма на јавна анкета. Другите споменици или скулптури може да се дислоцираат, рече Грчев.

Градоначалникот не сакаше? Но, комитскиот пречек за Рашела и коњаницата во Крушево беше феноменален (Фото галерија)

Илинденските коњаници како и секоја година и оваа традиционално пред Илинден пристигнаа во Крушево.

Кандидатот за пратеник од Крушево, Билјана Проеска, како вистински домаќин не ги усрами хероите, војводите и нивните претци, туку ја продолжи традицијата.

За жал, градоначалникот на општина Крушево, не успеа да се надмине себе си и да докаже дека Македонија му е пред се?

Христоски на Фејсбук напиша:

“Заради не почитување на здравствените протоколи и меѓусебна заштита од страна на коњаницата, како што се недржење меѓусебна дистанца, нивно групирање и заеднички групен престој, кои го прават во објекти за нивно групно сместување, со не користење на заштитни сретства, како Градоначалник на општина Крушево по претходна препорака на здравствената комисија за заразни болести, препораките добиени од страна на медицински лица, оваа година како општина нема да организираме нивни пречек, заради наша здравствена заштита и пред се превентивна заштита на моите сограѓани.

Моите информации говорат дека се работи за ризични групи и преставници на повеќе здруженијата и поединци доброволци кои доаѓаат од повеќе правци кон Крушево, транзитираат низ повеќе општини, градови и населени места.За сите добиени информации ги информирав МВР и Министерството за здравство да преземат соодветни мерки, заради нивна здравствена заштита и заштита на нашите сограѓани, затоа што се работи за лица кои имале контакти со повеќе лица и граѓани низ сите населени места и општини кои се транзит на Крушево, се здравствено не проверени со ПСР тестови, т.е. ризични.
Оваа година мора да се навикнеме и прилагодиме на новата нормалност.

Виpycoт ,,Koвид 19″ не препознава дали бил коњаник, патриот, дебел или слаб, колку бил храбар, јак, дали бил од било која верска, национална, или политичка припадност.

Вистински патриотски чин е да се заштитиме себеси, но и другите, не да предизвикуваме дополнителни проблеми и жаришта.

Ги повикувам преставниците на овие здруженија, водачи, доброволци и сл. Да влијаат на нивните членови дополнително да не ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните во Крушево, со излегување без заштита, групирање и со дополнителното нивно присуство, со нивниот престој, преку организирање забави по ресторани, кафеани, кафичи и сл.
Ги повикувам Преставниците, водачите, одговорните на коњаницата да се пријават на ,,НКС 10 Дена Крушевска Република”, заради полагање цвеќе достоинствено на паднатите борци според дадените протоколи и укажувања од здравствените власти”.

Словенија ја намали стpyjaта за 20%, во Италија и Шпанија не се плаќаше, а во Македонија со најмали плати, пocкапи за 7,4%

Бранимир Јовановиќ, кој беше советник за макроекономска политика во кабинетот на министерот за финансии, Драган Тевдоски, на Фејсбук направи споредба што презеле европските земји во време на пандемиja, а што Македонија

“Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа”.