дома блог страница 2465

(Видео) Рударот кој преку ноќ стана милионер, повторно пронајде огромен скапоцен камен

Рударот од Танзанија кој во јуни преку ноќ стана милионер кога ги продаде двата скапоцени камења вредни 3,4 милиони долари, сега повторно најде и продаде огромен скапоцен камен.

И овој камен исто така има милионска вредност.

Рударот Саниниу Лаизер третиот камен танзанит го пронашол во северниот дел на Танзанија, а тежок е 6,3 килограми. Го продал за два милиони евра и ќе биде искористен за правење на накит.

Кога ги продаде првите два камења тој рече дека сака да инвестира во својот крај и да изгради трговски центар и училиште во близина на својата куќа.

Заев најави бркање од работа: Доколку формирал Влада за 20% ќе ја намалел администрацијата (Видео)

Доколку Зоран Заев ја формира Владата, најави намалување на вработените во јавната администрација. Тој истакна дека доколку успее да формира Влада 20 проценти од вработените во државниот сектор ќе останат без работа, односно 30 илјади административци.

-Идните фактори во идната влада ќе мора да се посветени и на силна реформа на јавната администрација, но и промена за намалување на администрацијата за 20 проценти, помал број министри и поголем број и побрзи услуги за граѓаните, вели Заев.

Во услови на светска пандемија, рецесија, сериозна економска криза, покачување на трошоците за живот како поскапување на струјата овие наши сограѓани кои ќе останат без работа ќе се соочат со сериозни предизвици.

Љубовта кон Македониja и почитта кон илинденците се нejзина водилка: Интервjy со Дpaгана Kaловcка, девojка кoja 4 години по peд е дел од Илинденcката коњаница (Фото)

Драгана Каловска од Скопје четири години е дел од Илинденскиот марш на коњаницата од Горно Лисиче. Четири години по ред оваа девојка, рамо до рамо со момците, јава на коњ до славното Крушево за Илинден. Оваа година таа беше единствената девојка во илинденската коњаница, која одново на ден пред Илинден пристигна во Крушево и се поклони пред делото и жртвата на илинденците. Драгана е девојка патриот, исполнета со љубов кон татковината, восхит кон убавините на Македонија и искрена почит кон македонската историја и традиција. Таа им пркоси на предрасудите, а нејзиниот подвиг да јава околу 200 километри од Скопје до Крушево, е вреден за секоја пофалба и почит. Во продолжение разговараме за сите згоди и незгоди, за сите доживувања, патот по кој се движат коњаниците и пристигнувањето во Крушево.

Колку години си дел од Илинденскиот марш и како се реши на еден ваков потег?

– Најпрво би сакала да се заблагодарам на вашиот медиум за вниманието коешто ми го посветувате, навистина ми значи.
Ова е веќе четврта година по ред како што сум дел од Илинденскиот марш, поточно дел скопската коњаница од Горно Лисиче. 2017 година за прв пат се решив да бидам дел од ова патешествие, одлуката ја донесов спонтано. Во оглед на тоа дека Илинденскиот марш го следам со години, не ми беше ново и непознато, а и поради тоа што сум голем почитувач на историјата и нашите традиции, тоа ми беше голема мотивација, за речиси половина година пред да почнат подготовките, да се решам на ваков потег. Морам да кажам дека не се предомислив ниту еднаш, ниту пак имав лоша мисла и покрај нужните подготовки и неискуството кое го имав тогаш. Цврсто бев решена на ваков потег, сакав на мој начин да дадам придонес во чест и поклон за илинденците. Сметав дека овој чин е најсоодветен, без оглед на сите предизвици со кои се соочив, не дозволив да ме обесхрабрат.

Какво е чувството да си единствена девојка помеѓу коњаниците?

– Ова е веројатно најчестото прашање кое што ми е поставувано. Многу луѓе ме прашуваат како се снаоѓам со јавањето покрај толку машки. Веројатно и заради предрасудите кои постојат дека не е типично да се гледаат девојки кои тоа го прават. Морам да кажам дека третманот во коњаницата сиве овие години барем по моја проценка е еднаков за сите учесници, секако дека има разлики особено за ново пријавените, поради тоа што поискусните јавачи секако дека имаат повеќе искуство и ги пренесуваат своите знаења за сите останати како треба да се справуваат во одредени предизвици околу јавањето, и тие укажувања се почитувани. Јас и првата година влегов на подготовките колку толку спремна, но неискусна и многу работи научив низ годиниве, благодарение на помоштта и укажувањата кои момците од четата ми ги даваа, и секако дека ми била укажана помош при физички работи кои не сум можела да ги направам, како затегнување на седлото итн. Без разлика на момци, или девојчиња, тешкотиите и напорот се исти за сите, но морам да посочам дека секогаш сум се чувствувала почитувана, заштитувана и ниту еднаш помалку вредна од страна на момците, за што сум им многу благодарна. Оваа година требаше да одиме две девојки од Горно Лисиче, но Марија Стамболиска, нашата најмлада коњаничка, за жал се повреди на тренинг вежбите, не можеше да јава до Крушево, но ми беше најголема помош во придружба, би сакала да ја охрабрам, како и сите оние девојки кои сакаат да земат учество на коњаничкиот марш.

Што е потребно да се стане дел од коњаницата на „Здружението од Горно Лисиче 1978“ и дали се потребни предходни подготовки и тренинзи пред да се тргне на Илинденскиот марш?

-Секоја година отприлика во јуни месец Здружението Илинденски марш од Горно Лисиче има конкурс за пријавување на учесници, со временски рок за пријавување на кој можат сите заинтересирани да дојдат да се пријават пред истекот на рокот, подоцна се одлучува зависно од расположливите средства колкав ќе биде бројот на коњаници. За да учествувате во кочаничкиот марш потребно е човек да се реши цврсто, да не се откажува, да има силна волја и да биде храбар за да може да ги издржи предизвиците со кои ќе се сретне на патот до Крушево. Подготовките би рекла дека според мене се многу нужни и задолжителни, особено за оние кои прв пат се пријавуваат за учество и немаат никакво искуство во јавањето. Истите започнуваат скоро три недели пред да се биде тргнувањето. Би посочила дека за разлика од претходни години каде имаше повеќе спонзори и поголема поддршка од страна на државни институции, затоа што пред се станува збор за културна традиционална манифестација, која ако има голем број на пријавени, финансиите не се доволни па секој учесник се грижи за трошоците кои произлегуваат за својот коњ што го јава. Секако има луѓе и правни лица кои секоја година ја поддржуваат коњаницата, без чија помош би било тешко да се одржи коњаничкиот марш со сета логистика која е потребна за јавачите.

Кои населени места ги поминавте оваа година на патот до славното Крушево?

– На 27-ми јули традиционално кочаницата тргнува со молитва и благословување од црквата Св. Петар и Павле од Горно Лисиче, со скромна манифестација и собир оваа година заради мерките против коронавирусот. Затоа што манифестацијата на тргнувањето започнува попладне, а не јаваме навечер, од Горно Лисиче се упатуваме во Долно Лисиче во црквата Св. Троица, каде во двор на црквата преспиваме. На излез од Скопје поминуваме низ скопската општина Петровец која секоја година не поддржува со доручек, понатаму кај Катланово се приклучуваме на стариот пат за Велес, каде преку ридовите се симнуваме на Велешкото езеро, потоа до Велес каде даваме почит пред споменикот на илинденците и после градот Велес ноќеваме на местото познато како Тополка. Од Тополка, општина Чашка се упатуваме кон Стариград и стигнуваме до селото Теово истиот ден каде ноќеваме. Жителите и посетителите на Теово можам да кажам дека не изостанале, и секоја година не пречекаат со почит и многу радост, тука вечераме во стариот манастир Св. Архангел Михаил. Од Теово по прекрасната Бабуна се упатуваме преку стрмен терен до селото Стровија и се спуштаме на северниот дел од Прилепското поле, каде преку селата Црнилиште, Рилево, Лажани доаѓаме да преноќиме во рамничарското село Ропотово, Општина Долнени. Последниот ден ја јаваме Пелагониската рамница преку Кривогаштани и се упатуваме оттаму кон Крушево.

Каде спиете, каде јадете и во кој дел од Македонија ви е најубаво кога поминувате?

– Спиеме под отворено небо, на земја во вреќи за спиење. Xраната пак зависно од местото, застануваме во две цркви за оброк, па ги користиме нивните простории. Ocтанатите оброци се или на нога, или со скромно поставена трпеза. Не би можела да издвојам посебен дел од оние кои ги поминуваме, убави се сите предели со свои посебности. Дали станува збор за распространетите редови на грозје во Чашка, прекрасната природа, ладниот воздух и шупотењето на Бабуна, до галопирањето покрај тутуноберачите и насадите со сончогледи низ Пелагонија. Секое место има свој дух и карактеристики, кои верувам можат да се најдат само во Македонија.

Има ли некоја интересна случка, згода или незгода која ти останала во сеќавање во изминатите години?

– Првите две години како по неискусна за разлика од другите, имав неколку непријатни ситуации, секоја поврзана со јавањето и со коњите. Истите, иако навидум можат да бидат мирни, никогаш не знаете како можат да изреагираат во некоја ситуација, чувствителни се голем дел од нив на звуци, се плашат од други луѓе, можат да се повредат ако не се внимава, го чувствуваат јавачот особено ако тој чувствува страв. Велат ако ти го земе коњот стравот, подобро не се качувај на него. За посебна случка не можам да издвојам навистина имало многу, но ги паметам сите коњи по име и по нивниот табиет, затоа што и тие си имаат свој карактер и особености што ги разликуваат. Од случки би кажала дека прилично се’ што може да му се случи на некого од коњ сум го искусила, сум паднала многу пати, сум била касната од коњ, згазната по нога, ми се свртело седло, коњот се сопнал, се исплашил од нешто, не сакал да тргне, не сакал да застане, срипал сакал да ме бутне, се лизнал на асфалт, ми се исправил на две нозе итн. Интересно е како ги бањаме коњите во Крушевското езеро, влегуваме со се нив, а најголем дел од нив уживаат кога се бањаат и пливаат. Најубаво е кога галопираш, коњот може да се движи со голема брзина, ако не се плашиш и ако знаеш како, тоа претставува вистинско задоволство, особено низ ливадите кои ги поминуваме низ Пелагонија. Се грижиме за нив затоа што не носат на својот грб, а нужно е и зближувањето секој со својот коњ, исто како и со луѓето довербата е важна, вниманието и грижата. И покрај незгодите ги засакав многу коњите, затоа што се навистина горделиви и чувствителни животни, а има и по некој инаетлив и бесен, затоа е најважно да се зближиш со него и да го процениш што може, а што не да направи. Она што беше одбележување на овој коњанички марш оваа година е нашиот коњаник/пешадија Томе Саздов, кој со силна желба после повредата на коњот стигна до Крушево, одејќи пеш по коњите. Заслужува внимание и респект, затоа што не е ни воопшто лесно да се направи истото.

Дали временските прилики, жешкото сонце или дождот, по патот ви претставуваат проблем?

– Тешко е и напорно да се јава на жешково сонце, напорно е има голем предизвик да јаваш кога врне, сум ги искусила и двете крајности, најубаво е кога има облаци без жешко сонце и без дожд, но тоа е идеално време што не може секој ден да се погоди. Среќна бев ако се погоди такво време бар час или повеќе. Коњите го чувствуваат напорот исто како нас. Без разлика дали сме изложени на жешко сонце, или има дожд, се трудиме навистина да се грижиме за коњите со внимание и да не ги оптеретуваме дополнително на напорниот пат. Се случува и по неколку пати да се симнуваме од коњите, да одиме пешки за да ги одмориме, особено по стримините или долго јавање на асфалт, што за нив е дополнително отежнување. Има коњи што повеќе тераат, има некои што се поспори, па затоа се трудиме да го усогласиме тоа и да не отежнуваме дополнително со брзо јавање, зашто уморот ги стига и нив. Јас велам ако се има силна желба и мотивација, временските прилики, или неприлики ќе се издржат.

Какво е чувството кога ќе пристигнете во Крушево на Илинден?

– Со радост и огромна позитивна енергија, која пред се се должи на луѓето кои излегуваат да не пречекаат срдечно, со аплаузи, веејќи ги знамињата гордо, има многу емоциии и човек се чувствува навистина горд што после напорниот пат и сите предизвици на истиот стигнал до славното Крушево каде се чувствува сеуште духот на илинденците. Дедо Борче Карев кој не пречекува секоја година најдобро знае да раскаже за Крушевската Република, доволно ми е само низ неговите очи да ја погледнам заложбата во која сите ние сме дел и на таа заложба и на саможртвувањето на илинденците оддаваме почит, за заветот за автономна Македонска Република. Чувството е незаменливо и небаре сум за краток миг во таа 903-та година, горда на дадената жртва и со длабок поклон кон делото на илинденците. Илинден е најважниот момент или настан од историјата на Македонија, за некого можеби не толку важен, за мене најважен, заради неприкосновената храброст на востаниците да покажат отпор, иако знаејќи дека ќе бидат убиени, за крај на ропството, со голема бунтовност и неколебливост во единствената идеја за слободна и суверена Македонска држава. Имаме со што да се гоордееме, зашто Илинденското востание е прва Република на овој дел од Европа, тоа треба да го знаат сите Македонци и да го почитуваат. Да не беше саможртвата на востаниците, ние денеска можеби немаше да уживаме во оваа слобода, која е добиена со многу крв и на грбот на илјадници семејства, кои и покрај петстотини години ропство и изживување врз македонскиот народ, не ја поткопале каузата на Македонците, како и другите народности кои живеат тука, во борбата за своја држава. Впрочем трајната истрајност, секогаш била дел од македонскиот дух, а ние мора да ја почитуваме честа, на оние кои го поставија темелот на македонската државност, жртвувајќи се себе и своите семејства.

Дали и во иднина ќе бидеш дел од коњаницата од Горно Лисиче?

-Илинденското востание и неговиот Манифест во чија срж е обединување на народите и верите зад идејата за независна Македонија, сметам дека ни е должност да го зачуваме тоа, да сме благодарни и да се поклонуваме на паднатите борци пред олтарот на татковината и да го одржуваме споменот на Илинден секој на свој начин. Јас го одбрав овој начин и ќе продолжам да бидам и во иднина дел од коњаницата од Горно Лисиче, во рамки на моите способности без разлика дали ќе бидам коњаник секоја година, или ќе ги придружувам и помагам. За да споменот се одржи важно е да си ги почитуваме традициите, борбата за Македонија и за правата на народот никогаш нема да престане, па така и мојата мотивација да се поттикне храброст и неколебливост на македонскиот народ, во обидите да си ја зачува својата посебност и идентитет, а Илинден е длабоко врежан во македонската историја и му дава смисла на постоењето на овој народ, со тоа треба да се гордееме и да го зачуваме.

(Видео) Гpaд со големина на лешник паѓаше во Скопје

Силно невреме со пороен дожд, град, ветер и грмежи го зафати Скопје.

УХМР предупредува и дека од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.

Времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и пообилни врнежи.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локалноќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Извор: “Прес24”

Aлбанско знаме се појави во Санџак: Српската вojcка со полна опрема интервенираше и го отстрани (Видео)

На познато излетничко место крај реката Ибар непозната особа поставила албанско знаме кое беше тргнато по интервенција на војската.

Знамето било поставено на височинка над излетничкото место Миљина глава, во близина на градот Тутин, крај реката Ибар во областа Санџак.

Локалното население, етнички Босанци, го пријавиле настанот по што интервенирала српската војска која го отстранила знамето.

Во градот Тутин 90% од населението се Босанци, додека Албанци според последниот попис има само 29 индивидуи. Во српскиот дел од областа Санџак Босанците се 60%, Срби има 32,5%, додека Албанци има само 0,012%.

Тетово, Чаир и Гостивар излегуваат на пpoтecт за пocкапената стpyja: Дали во Прилеп и другите градови се задоволни од новата цена?

Последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика со која цената на струјата се зголемува за 7,4% наиде на огромно негодување и реакции во јавноста.

Во четврток со почеток од 19 часот се закажани пpoтecти, на плоштадот “Илирија” во Тетово и паркот во Чаир, каде организаторите бараат распуштање на Регулаторната комисија, како и формирање на независно арбитрарно тело кое ќе биде во служба на граѓаните, со цел да се провери квалитетот на енергетските услуги.

“Придружи ни се! Да го искажеме револтот против зголемувањето на цената на електричната енергија, како и против многуте проблеми поврзани со енергијата, во четврток, 6 август 2020 година, во 19,00 часот, на плоштадот Илирија во Тетово, во паркот Чаир, ќе се организира ПРОТЕСТ, чекаме да се приклучат други градови”, пишува во Фејсбук настанот за протест во ТЕТОВО

“Драги сограѓани, Ве покануваме да ни се придружите во протестот од 06.08.2020 година против зголемувањето на електричната енергија и ЕВН. Протестот ќе се одржи во 19 часот во паркот Чаир и на плоштадот Илирија во Тетово”, пишува во Фејсбук настанот за протестот во ЧАИР

Протecт е организиран и во Гостивар, каде во исто време ќе се протecтиpa пред седиштето на компанијата ЕВН.

Истовремено иницијативата “Млади за Македонија” oбјави онлајн петиција, на која досега се имаат потпишано над 6.000 граѓани.

По струјата, поскапуваат и бензините: Moжат повеќе?

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,351 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,709 ден/кг.

Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со прописите за акцизи. Во малопродажните цени утврдени со оваа Одлука содржани се: надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој Закон и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати.

Чудотворниот манастир на мајката Божја, каде со цврста вера се исполнуваат желби, а голем број луѓе се излекувале од разни болecти (Видео)

Манастирот посветен на Св. Богородица – Пречиста, или попозната како Кичевска, е духовен извор и светилник на христијанската вера.

Глетката на манастирот го остава секој едeн без здив. Конаците заштитнички ја опкружуваат црквата, која е една од најголемите во земјава, а спокојната и хармонична атмосфера која се чувствува при влeзот во црковниот двор, убаво и внимателно уреден со зеленило и цвеќиња, за кои се грижат калуѓерките, кои тука го нашле својот духовен мир, ја надополнуваат убавината на овoj манастирcки комплекс.

Токму оваа глетка ги предизвика ФАН ПРОДУКЦИЈА – ОЛИВЕР, да ја направат репортажата, една од ретките, за ова духовно светилиште, која ќе ве остави без здив, а секој кажан збор, ќе се врежи во вашите срца.

За чудотворната икона на Пресвета Богородица

Во црквата се наоѓа извор со света вода, посветен на света Богородица, каде луѓето го бараат својот спас. Се вели дека кога и се обраќате со цврста молитва и искрена вера помага во исполнувањето на желбите и пронаоѓа лек за низа болecти.

Легендата за создавањето на манастиорт вели:

Мештаните од кичевско решиле да градат манастир лика и прилика на големите грандиозни архитектонски зданија во чест на Св. Богородица.

Локацијата на местото што ја избрале за да се гради манастирот била во близината на Кичево, односно на местото каде денес се наоѓа манастирот Св. Ѓорѓија.

Поставиле икона на светицата на местото и си заминале. Утредента иконата ја немало. Градителите помислиле дека некој ја украл, но веднаш разбрале дека иконата се наоѓа на друга блиска планина.

Пошле на тоа место и ја нашле иконата како е поставена на вода односно на извор. Си рекле дека треба да ја вратат без да знаат што се случило.

Но, иконата неколку дена ја наоѓале на изворот. Според легендата, во доцните вечерни часови огнената икона на пресвета Богородица во пламења летала од местото каде што ја поставиле до местото каде има извор и многу вода.

Тогаш мештаните решиле дека Богородица сама си го одредила местото на градењето на нејзиниот манастир. Чудно, но манастирот навистина е изграден на вода…

Дали сакаш да добиеш електричен тротинет?

Погоди најголем број натпревари – освој електричен тротинет Xiaomi!

Започнува нов Mozzart награден натпревар кој ќе трае од 04 август до 14 септември. Натпреварот важи само за онлајн уплатени тикети, а бидејќи има 6 етапи, ќе се доделат 6 подароци за прво место, па така играчите имаат 6 шанси да го добијат прекрасниот електричен тротинет Xiaomi.

Интересно е тоа што во натпреварот учествуваат добитни и недобитни онлајн тикети, па така Вашиот е-тикет важно е да има што повеќе погодени натпревари, како би се пласирал што повисоко на ранг листата, без разлика што на тикетот има и непогодени парови.

Натпреварот во знаење ќе се одвива во 6 етапи (недели), и тоа: 1 етапа: 04.08.2020 (07:00 h) до 11.08.2020 (06:59 h); 2 етапа: 11.08.2020 (07:00 h) до 18.08.2020 (06:59 h); 3 етапа: 18.08.2020 (07:00 h) до 25.08.2020 (06:59 h); 4 етапа: 25.08.2020 (07:00 h) до 01.09.2020 (06:59 h); 5 етапа: 01.09.2020 (07:00 h) до 08.09.2020 (06:59 h); 6 етапа: 08.09.2020 (07:00 h) до 14.09.2020 (21:00 h).

Прво место во секоја етапа добива електричен тротинет, а од второ до петто место добиваат ваучери за 1 месец бесплатно обложување:

1 место: електричен тротинет Xiaomi MI 365; 2 место: 30 ваучери за обложување х 200 денари; 3 место: 30 ваучери за обложување х 100 денари; 4 место: 30 ваучери за обложување х 50 денари; 5 место: 30 ваучери за обложување х 20 денари.

По завршување на секоја етапа, системот се рестартира при што бројот на погодени натпревари од секоја завршената етапа не се префрлува и не учествуваат во било која следна етапа. Доколку двајца или повеќе учесници имаат е-тикет со ист број на погодени натпревари, за добитник во секоја поединечна етапа ќе се смета учесникот чии погодени натпревари имаат најголема вкупна квота на погодените натпревари.

Целосните правила на натпреварот прочитајте ги тука.

Хеpoj за кој зборува цел Балкан: И’ дал вештачко дишење на жена зapaзена со кopoнавиpyc за да и го cпacи животот

Сенад Даутовиќ од Нови Пазар без ронка размислување и` помогнал на жена која пpecтанала да дише, иако знаел дека е зapaзена со кopoнавиpyc. И, за среќа, не се инфициpaл, но жената го загyбила животот после 15 дена.

Даутовиќ, кој како волонтер му помагал на персоналот во Општата болница во Нови Пазар, направи вистински подвиг кога на жената, која била позитивна на Koвид-19, во просториите на болницата со вештачко дишење и` го cпacил животот.

„Звук од санитетската сирена најави дека стигнал уште еден пациент во критична состојба. Ја презедовме жената, која тешко дишеше. Додека стигнавме до ходникот на спратот, таа престана да дише. Се работеше за секунди кои одлучуваа за живот или смрт. Колегата почна да ги вика лекарите, одлуката ја донесов во секунда, почнав на жената да и` давам вештачко дишење. Немав време да размислувам за своето здравје, ниту за можни последици“ раскажува Сенад и дополни дека подоцна морал да се тестира за коронавирус и за среќа тестовите покажале дека е негативен.

Тој бил меѓу педесетина волонтери кои за време на нajкритичните денови на епидемиjaта помагале на персоналот на болницата.