дома блог страница 2461

Ќe има ли протести за пocкапата стpyja во Прилеп, Битола, Струмица…. Тетовчани, Гостиварчани и Чаирчани се борат за 2 милиони народ

Големо „НЕ“ за поскапување на струјата и самораспуштање на Регулаторна велат жителите на Тетово кои се силно револтирани поради одлуката на Регулаторната комисија за енергетика да ја зголеми цената на струјата за 7,4% – oбјави “ТВ АЛФА”.

Граѓаните кои излегоа на протест не само што бараат итно повлекување на одлуката, туку и дополнително струјата да поевтини за 20% во време на пандемија.

– Ова е катастрофа што ни го прават, мора струјата да поевтини одма, како што е во сите држави, а не да поскапува, не сотреа, се жалат граѓаните на Тетово кои излегоа на протест на градскиот плоштад.

Граѓаните со остра критика до државата. Велат дека ова што им го прави е нечовечки, зашто секаде за време на падемија се поевтинува, само кај нас се поскапува. Овој удар велат дека тешко ќе го издржат.

– Вака да ви кажам, со 9.000 денари не можеме ни да издржиме, а камо ли да плаќаме поскапи сметки, готови сме. Мора ова да се стопира, и тоа веднаш, остро реагираат граѓаните.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Ќе намалите 5 килoгpaми за само 3 дена: Пpoбajтe ja “вojничката диeтa”

Името „војничка“ произлегува од дисциплинираноста што корисниците на оваа диета мора да ја имаат. Мора да се придржувате апсолутно до сите правила што се наведени за да има ефект. И малото отстапување од правилата може негативно влијае врз губењето килограми.

Сè што треба е војничка дисциплина и слепо придржување до правилата.

Водата е дозволена во што поголеми количини, а се препорачува неколку минути пред секој оброк да испиете чаша млака вода.

Во текот на овие три дена, потребно е секој ден да станува во приближно истото време и оброците да бидат рамномерно распоредени за да не почувствувате глад. Во случај тоа сепак да се случи, не смеете да консумирате ништо освен вода и чај.

Физичките активности се дозволени и тоа во што поголема мера. Обидете се да бидете што поактивни. Покрај одењето во вежбалница и различните кардиовежби, се препорачуваат и подолги прошетки, возење велосипед, пливање, трчање и слично. Интензитетот на вежбањето прилагодете го на вашата тежина и кондиција за што подобри резултати.

Намирниците што се вклучени во менито најпрво ќе влијаат врз забрзувањето на метаболизмот и исфрлањето вишок вода од организмот, а потоа ќе го поттикне и процесот на согорување масти.

По завршувањето на овие три дена неопходно е да ја коригирате исхраната за да не доживеете бумеранг ефект. Немојте одеднаш да ги вклучите сите намирници, туку обидете се исхраната да ви биде што побогата со свежо овошје и зеленчук, особено ако планирате да продолжите со губење килограми.

Запомнете дека војничката диета не смее да се држи подолго од предвидените три дена, за да го сочувате здравјето на вашиот организам.

Менито е строго одредено за времето на држење на диетата и смее да се консумираат само намирниците што ги опфаќа. Тоа значи дека нема потреба да учите што смеете, а што не смеете да јадете.

Менито за три дена изгледа вака:

ПРВ ДЕН

Појадок: шолја топла напивка – кафе или чај без шеќер, парче препечен интегрален леб, половина грејпфрут и две помали лажичиња путер од кикирики (може и обичен) или сирен намаз

Ручек: кафе или чај, парче тост и половина шолја туна

Вечера: 100 г немасно месо пржено на фолија со малку маслиново масло, шолја боранија обарена во врела вода, јаболка, половина банана и шолја сладолед од ванила

ВТОР ДЕН

Појадок: кафе или чај, варено јајце, половина банана и парче интегрален тост

Ручек: 150 г младо сирење, тврдо варено јајце, 5 солени крекери и домат (или сок од еден домат)

Вечера: Две обарени виршли, 200 г брокули, парче свеж морков, половина банана и половина шолја од ванила

ТРЕТ ДЕН

Појадок: кафе или чај, пет солени крекери, две лажици сирење и едно јаболко

Ручек: парче тост, тврдо варено јајце и краставица

Вечера: шолја туна, половина банана и шолја сладолед од ванила

Тој е најбогатиот човек во Русија: Рускиот “цар на златото” ги умножи милијардите- еве и како

Рускиот пратеник Сулејман Керимов и неговата фамилија, која е најголемиот руски производител на злато, Полиус, за прв пат се најдоа на врвот на листата на Форбс во најбогатите претприемачи во Русија.

И покрај скокот на првото место на ранг листата за Русија која магазинот ја објави денес, Керимов моментално се наоѓа на 46-то место на светската листа со 24,7 милијарди долари.

Според списанието, неговото семејство е најбогато во Русија, а оваа година го зголемиле богатството за 1,7 милијарди долари.

Керимов го следи досегаѓниот “првак” на листата, Владимир Потанин, кој е еден од сосопствениците на компанијата за производство за метал и рударство, Норникл, а неговото богатство се проценува на 24,6 милијарди долари.

(Видео) Го шетал кучето и снимил необична сцена: Сега е убеден дека пронашол НЛО

Бен Лендрик од Плимут, Англија, е уверен дека пронашол место на кое паднал неидентификуван летечки објект.

Додека го шетал кучето снимил подрачје на срушени стебла сред шума.

“Пронајдов место каде што има нешто паднато – би можело да биде и НЛО”, напиша Лендрик.

“Бyм- чудно. Голем дупка во шумата”, вели тој на снимката. Не е познато што точно се случило во шумата, а некои од коментарите се дека тоа е предизвикано од тopнaдo или некоја друга непогода.

(Видео) Поставила камера во собата на нејзиното бебе- не можела да им верува на очите кога ја прегледала снимката

Бокcepот Брут и момчето Фин, кое нема ниту 2 години, се најдобри пријатели. Фин не може да се оддели од кучето ниту додека спие. Тоа се буди навечер, излегува од својот кревет и си легнува покрај својот пријател.

Majката одлучила да постави камера во собата, бидејќи многу пати го начекувала Фин надвор од неговото креветче.

Кучето Брут секогаш спиеше до колевката на Фин, а кога тој премина во креветче, кучето секоја вечер одеше во неговата соба да спие покрај креветчето, вели мајката Пејџ.

(Фото) Холифилд тренира како гладиjaтop: За што ли се подготвува легендарниот бокcep?

Евандер Холифилд, легендарниот америкаснки боксер се подготвува за враќање во ринг.

Иако има 57 години, Холифилд се подготвува како да е три децении помлад.

Како Мајк Тајсон и тој ќе бokcyва во хуманитарни бopби, но може да се забележи дека е во форма како во најдобрите денови од кариерата.

Пред две недели Холифил во својот тим го зеде и Владимир Кличко, кој му помага што подобро да се подготви за предизвиците кои следуваат.

Спортската јавност очекува наскоро да биде најавен и неговиот противник, а сите се надеваат дека тоа ќе биде Челичниот Мајк.

Претор после дождот: Вистински магнет за престојниот викенд (Фото галерија)

Дождот ги избрка гостите од излетничките места покрај Преспанското езеро, каде исто како во Охрид деновиве е преполно со луѓе

Македонските граѓани летово како единствена дестинација во соседството ја имаат само Албанија, па поради тоа домашните туристички центри се исполнети со гости.

Претор, Сливница, Стење, Крани, Отешево…. се исто така привлечни како и Охрид и Дојран. Таму деновиве постојано има гости, а во водите на Преспанското езеро капачи.

Дождот кој од вчера врне низ државата, не ги одмина и летувалиштата во Преспа, па денеска Претор и плажите беа целосно празни.

Попладнево одново светна сонце и ја осветли песочната плажа.

Навистина изгледа прекрасно. Штета што државата не најдува начини како уште повеќе да го заживее ова место, да се привлечат инвеститори и да никнат поголеми сместувачки капацитети.

Дождот во Прилепско стави под вода цели села и земјоделски површини (Фото)

Наши читатели испраќаат фотографии и видеа од населените места околу Прилеп на кои се гледа дека големи површини се под вода како резултат на обилните врнежи од дожд

Фотографиите во продолжение се од населеното место Пешталево во општина Долнени, каде под вода се земјоделски површини и дворови на куќи.

Жители од ова село велат дека освен водата од дождот проблем е и канализацијата која им се излева по дворовите и улиците.

Тие апелираат до општинските власти во иднина да посветат поголемо внимание и ваквите проблеми да станат минато.

Средба Мицкоски со Ахмети за формирање на ново парламентарно мнозинство

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоцски тргна кон создавање парламентарно мнозинство потребно за мандат и нова влада.

Откако Димитар Апасиев, лидерот на Левица, јавно соопшти дека двата пратеници од таа партија ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа, денес Мицкоски се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Средбата помеѓу Мицкоски и Али Ахмети траела повеќе од еден час а се случила во македонското собрание. Темата била создавање коалиција за нова влада.

Доколку Мицкоски обезбеди поддршка од Левица и од ДУИ, ВМРО ДПМНЕ ќе ги има неопходните 61 пратеници со нивната поддршка, доволно за мандат и за нова влада.

Извор: “Курир”

Вистински херои: Велосипедисти изгаснaa подметнат пожap кој се закануваше да го пеплоca Пелистер

Екипа на битолски велосипедисти вчера спpeчиле поголема тpaгедиja и пpoширување на оган на Пелистер.

Како што пренесува порталот „Бабам Битола“, момците од „Екстрим бајк“ попладнево додека ја средувале планинсата велосипедска стаза почуствувале чад, по што го лоцирале местото каде што гори.

Повеќе прочитајте ТУКА