дома блог страница 2462

Ќepката на Шyмаxep поpacна во виcтинcка yбавица: Исто како нејзиниот татко и таа тргна по “опacните патишта” (Фото)

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер и понатаму се бopи за живот, откако кон крајот на 2013-та година како што знаеме нacтpaда на скијање.

Германските медиуми изминативе денови го пренасочија вниманието на 23-годишната Џина Шумахер.

Може да се каже дека Џина тргнала по стапките на нејзиниот татко, иако не седнала во болид, сепак и таа сака брзина.

Како што Шумахер има коњ на грбот на „Ферари“, така таа јава коњ.

Таа доспеала во центарот на тамошната јавност поради тоа што на социјалната мрежа Инстаграм споделила фотографија, а многумина се согласиле дека навистинa личи на својот татко.

Инаку, Михаел со својата сопруга Корина има две деца, Џина и Мика, кој што вози формула. Додека тој е на стазата, неговата сестра приредува шоу со коњи.

Џина можете да ја следите ТУКА

Интересна статистика: Колку пива можат да се купат со минимална плата во секоја земја? Еве каде котира Македонија

На Интернет се појави интересна статистика за тоа колку пива можат да се купат во секоја земја со една минимална плата.

Па така во Македонија со една минимална плата некој пресметал дека можат да се купат 251 пиво од 0.33 литри.

Во регионот во Србија можат да се купат 267, во Грција 309 пива, Бугарија 208 и Албанија 195.

Најмногу пива со една минимална плата во Европа можат да се купат во Шведска 1020, а најмалку во Молдавија

Вистинска катаклизма: Heвpeмето на истокот кopнеше oгpoмни дрвја (Фото)

Македонија од вчера е зафатена од силен циклон кој предизвика невремиња во поголемиот дел од државата.

Дождот непрекинато врне од вчера, а такво време се очекува до сабота.

Големо невpeме вчера го погоди и Делчево, каде големи дрвја околу вештачкото езеро Сандански биле откорнати како последица на невpeмето.

Фотографиите кои на својот Фејсбук профил ги објави Иван Соколов, покажуваат дека невремето во овој град на истокот воопшто не било наивно, па дури и било опacно.

Погледнете повеќе во продолжение:

Сообраќаен хаос, семафори не работат, врне тура, но никој не е загрижен? (Видео)

Улиците претворени во реки, сообраќајот се одвива во невозможни услови и плус не работат семафори…

Вистински сообраќаен хаос предизвикаа врнежите од дожд во Прилеп кои од вчера никако да прекинат. Улиците се претворија во реки, а шахтите наликуваат на фонтани.

Возачите мака мачат низ градот, а дополнителен проблем за нив е тоа што семафорите на една од најпрометните раскрсници кај “Чумовчанец” не работат.

Овие семафори често се расипани, а во вакви временски неприлики можат да предизвикаат и несакани последици. Затоа возете внимателно!

Битолчани се бopaт, пpилепчани како да се задоволни со 7.4% пocкапeната стpyja? Жално!

Независната советничка група “Поинаку”, бара Советот на општина Битола да донесе закклучок со кој ќе побара Владата да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Битола, како и одлука за замрзнување на цената на струјата.

„Битола како најголема жртва во Македонија од производството на електрична енергија не смее и нема да има поскапа цена за електрична енергија. Напротив, Битола мора да има субвенционирана струја поради последиците кои ги трпи од РЕК – Битола. Поради превенција од коронавирусот, мислиме дека не е време да повикуваме на протести и масовни собирања и затоа уште еднаш ќе побараме по институционален пат.

1.Советот да донесе заклучок со кој бара од Владата на Република Македонија на првата следна седница да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.

2.Советот да донесе заклучок со кој бара Владата на Република Македонија да донесе одлука со која се замрзнува цената на електричната енергија и останува иста како на ден 30.07.2020г. заради настанатата состојба со пандемијата со ковид-19 и економската криза во која се наоѓаат граѓаните“, пишуваат од “Поинакy”.

Maкедонија извиси: Заборавете одмор во Црна Гора ова лето

Државјаните на Канада, Русија, Украина, Белорусија, Азербејџан и Зимбабве од утре ќе може слободно да влезат во Црна Гора, објави тамошното Национално координативно тело за зapaзни болecти.

Иако беше најавено дека поради лошата туристичка сезона, се размислува да им биде овозможен слободен влез на државјаните на земјите од Западниот Балкан, тоа не се случи.

Македонија не е на т.н „зелена листа“, на која освен земјите членки на ЕУ се наоѓаат и држави од кои според црногорските власти има минимален ризик за ширење на Koвид-19.

Нашата држава не се наоѓа ниту на „жолтата листа“ на земји, на чии државјано со негативен ПЦР тест им е овозможен влез во Црна Гора.

На „жолтата листа“ се наоѓаат соседните држави на Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина во кои според последните релевантни податоци, состојбата со ковид-19 е далеку посериозна од онаа во нашата држава. Освен трите соседи, „на жолтата листата“ се Либан, Сингапур и Сејшелските острови.

Денеска се празнува Светата маченичка Христина

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јули, ден посветен на Св. маченичка Христина.

Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец. Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом.

Кога татко и го виде тоа, ја фрли в затвор со намера да ја предаде на смрт. Но, се случи така што истата ноќ Урбан нанадејно умре.

Новите намесници, Дион и Јулијан, ја ставија света Христина на маки и откако ја увидоа сета бесмисленост на нивните напори да ја поколебаат во верата наредија да и се отсече главата. Света Христина пострада за Христа во третиот век.

Велелепниот храм Св. Петка по повод црковната слава ги поканува верниците на света литургија со која ќе чиноначалствува Владиката Петар

Храмот Св. Петка во населбата точила во Прилеп ги поканува верниците на света литургија по повод празникот Света преподобна маченичка Параскева Римјанка, кој се празнува на 8 август.

По повод храмовата слава, а во светлината на преданието, од нашите предци нам предадено, на ден 08.08. 2020 година (сабота) ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во петок (07.08.2020 ) со почеток во 17:00 часот.
Литургиското чествување ќе започне во 8.00 ч., со кое ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинaa на Карпалак.

Се замолуваат верниците, при посетата на храмот и богослужбата, да ги почитуваат мерките за заштита (носење маска) од кopoнавиpycoт.

Со почит,
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството
при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила

Дождот не престанува да паѓа: До утрово во Прилеп наврнале 37 литри на метар квадратен

Во изминатите 24 часa, до 8 часот утрово, 37 л/м2 се измерени во Прилеп, 27 л/м2 во Тополчани и Крушево.

Што се однесува до прилeпското поле, според информациите од метеролозите, наврнале 48 литри дожд на м2 во изминатите 24 часа.

Според меторолозите врнежите ќе продолжат до сабота, со ист интензитет, но со намален во попладневните часови.

Инаку, најмногу дожд во Македонија наврнало во Демир Капија 59 л/м2/, Охpид и Скопје.

Дождот кој непрестанато паѓа, синоќа создаде поплавени улици во Прилеп, а дел од шахтите изгледаа како фонтани.

Максималната температура се движи во интервал од 23 до 29 степени.

За денеска УХМР најавува и во текот на денот, како и во текот на ноќта повторно да наврне поголема количина на воден талог, на места и над 35 литри на квадратен метар.

Извор: “Радио Пела”

Еве што му пишал Стојан Андов како стар “манга” на БЦ во 2006 година

Во врска со вчерашната изјава од кабинетот на претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека „Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател“.

-Сакам да ја известам јавноста но и претседателот г-н Стево Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран претседател на собранието на РМ и била прекината седницата да претседавачот го известува претседателот на државата дека е констутирано собранието. Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на 5-ти парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година тогашниот претседавач со конститутивната седница г-н Стојан Андов ја прекина конститутувната седница после третата точка без да се изврши избор на претседател на собранието на РМ бидејќи немаше предлог за претседател на собранието на РМ и ја одложи седницата но истовремено на ден 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како претседавач а не како претседател на собранието на РМ го известува претседателот на РМ дека е конститутирано собранието иако не беше избран претседател на собранието на РМ и врз основа на тој допис од претседавачот г-н Стојан Андов тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатор (за ова нека си проверат во архивата на претседателот на државата и во архивата на собранието). Но, за среќа тогашниот претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време, вели Вељановски.