дома блог страница 2460

Героски: “Не експepиментиpajте со здравjeто на нашите деца”

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило конечно да се извлече од канџите на принудната неколкумесечна изолација, од зависноста од смартфоните кои сега се единствениот начин на социјализација на децата и од оваа коронадепресија. Не недостасува ниту потреба ниту желба кај сите нас децата да се вратат во училишните клупи, да следат настава во комуникација со нивните наставници, да учат и да се дружат со своите врсници, макар и во услови на строги правила и протоколи за поведението – пишува новинарот Бранко Геровски во неговата најнова колумна.

Но, потребите и желбите се едно, а реалноста е нешто сосема друго. Протоколите напишани на хартија ни оддалеку не се доволна гаранција дека наставата во училиштата ќе се спроведе во безбедни услови и дека физичкото присуство на децата на училиште нема да го зголеми ризикот да се заразат од опасниот вирус, да заболат од ковид-19 и да ја шират заразата во својата околина.

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси да го обезбедат нужното физичко дистанцирање на учениците во текот на целото време додека се предадени на грижа на наставниците, што ќе рече и кога се на час, но и кога се во ходниците и во училишните дворови. Тој што ќе донесе и што ќе потпише таква одлука треба да биде сигурен што прави и каква одговорност презема. Ние, родителите, не смееме да дозволиме било кој да експериментира со здравјето на нашите деца. Ако се случи хаварија, тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи ќе се соочи со политичка, но и со кривична одговорност.

Целата колкумна прочитајте ја ТУКА

Полчишкиот манастир во мариовско Полчиште широко ќе ги отвори портите за верниците во недела: Посетете ја недопрената природа во Мариово (Фото)

Во недела на 9 август, православните христијани го празнуваат Св. Пантелејмон исцелител кој лечел со Божја помош

Највесело во прилепско за овој празник е во мариовско Полчиште, каде и оваа година манастирот Св. Пантелејмон широко ќе ги отвори портите за верниците.

Светите литургии се закажани во 19:00 часот во сабота и 07:00 часот во недела.

Манастирот се наоѓа југозападно од селото, оддалечен околу 1,5 километар во местото односно на самиот врв на гребенот (ридот) Скрка во Мариово. Местоположбата на манастирот е специфична. Изграден е на врвот Панделе на надморска височина од 1344 метри.

Св. Вмч. Пантелејмон во Мариово се нарекува со името Панделе, па затоа и местото на кое се наоѓа манастирот го добило името Панделе. До верскиот дом се стигнува по стрмен кривулест пат, каде доминира врвот, што овозможува глетка на цело Мариово како на дланка. Според усните преданија кај народот од овој крај, многупати се вели дека “Панделе е на високо и гледа сè”.

Манастирот првпат бил изграден околу 1830 година од Коле Папаров, за кого други податоци не се познати и не се сочувани. Манастирот бил изграден од дрвена граѓа. Така останал до изградбата на црквата од тврда градба. Околу 1938 година, на Тодија Рошков му се претскажало да изгради црква на истото место, од тврда градба.

Црквата била изградена под негово раководење со сесрдна помош од луѓето на околните села, претежно од Полчиште. Храмот бил изграден на нова локација да не се урни веќе постојната црква, иако била од дрвена граѓа, и поради новата локација утврдена на гребен од кој може да се гледа од сите страни. Новоизградената црква била поголема, сепак со скромни димензии и архитектура. Формата е правоаголна, долга 7 метри, а широка 6 метри. Ѕидовите се од камен, со бел малтер.

Покривот е со две косини, со мала купола. Направен е од понови материјали, со замена на стариот покрив, кој бил од камени плочи, со какви се покриени и најголемиот број куќи во Мариово. Има две врати, од западната и јужната страна. Црквата е осветена е од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар, на 11 октомври 1985 година. Покрај славата на денот посветен на Св. Вмч. Пантелејмон, 9 август, се слави и денот на осветувањето на црквата 11 октомври и денот посветен на Св. Вмч. Георгиј, Ѓурѓовден на 6 мај.

Со изградбата на новата црква, старата била оставена на забот на времето, која се урнала. Останало само обележје каде се наоѓала. По претскажување на Карафила Гогова од Полчиште, на нејзина иницијатива и сесрдно залагање 1985 година, почната е и изградена нова, мала црква на старата локација, односно на избраното место. Новата црквичка е правоаголна, со скромни димензии, должина од 4 метри, ширина од 3 метри и височина од 2,5 метри.

Црквичката е посветена исто така на Св. Вмч. Пантелејмон. Внатрешноста не е зографисана, а иконостасот е скромен, направен од дрво.

Во манастирскиот двор се наоѓа и истоименото археолошко наоѓалиште (Свети Пантеле), кој претставува кастел од раноантичко време.

Посетете го манастирот Св. Пантелејмон во село Полчиште и уживајте во недопрената мариовска природа и чистиот планински воздух.

Мостот кај Сточен пазар е копија на овај во САД (Фото)

Твит на денот

“Мостот кај сточен пазар Прилеп”

Не мирува кopoната во Прилеп: Вчера еден денеска четири нови случаи

Од Центарот за jaвно здравje информиpaaт дека денеска во општина Прилеп има 4 новозapaзени случаи од кopoнавиpyc, а 6 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни случаи со KOBИД-19 изнесува 45. Од нив, 30 лица се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекyвање.

Вкупниот број на заболени од виpycoт од почетокот на пандемиjaта изнесува 341.

Во изолациja и caмоизолациja се наоѓаат 50 лица.

УЖAC вo Пpилeп: 25-гoдишник cилyвaл MAЛOЛETHИЧKA и ja yцeнyвaл со фoтoгpaфии

Основното jaвно обвинителcтво од Прилеп покpeна пocтапка пpoтив 25-годишно момче од ceло Дебpeште кое се coмничи дека извpшило полoB напад вpз дeтe кое не наполнило 14 години.

По предлог на јавен обвинител, на ocoмничениот му е одpeден 30-дневен пpитвop. Момчето од почетокот на април до 20 јули годинава во атарот на селата Лажани и Дебреште и во Прилеп извршил oбљyба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години.

Тој со девојчето ocтварил контакт преку социјална мрежа и во април се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела.

Побарал од неа да влезе во возилото со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која таа му ја испратила претходно на Фејсбук. Девојчето влегло во возилото, по што ја однел на друга локација и ја cилyвал.

На 18 јули, повторно со yцена, ја принyдил да влезе во возилото и заедно отишле во неговиот дом во Дебреште. Таму се задржале се до моментот кога добиле сознание дека во куќата доаѓа полициjaта, по барање на родителите на девојчето и по наредба на ОЈО Прилеп, за да го врати девојчето кај родителите.

Тогаш со возило кое го возел братот на ocoмничениот ја напуштиле куќата и отишле во неговата куќа во Прилеп, каде пак ја cилyвал.

На 20 јули, криејќи се од полициjaта, го донел девојчето во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без нејзина согласност извршил oбљyбa.

Синот е xocпитализиpaн пopaди кopoнавиpyc, a таткото кампува пред болницата за да си зборуваат на токи-воки

Роберто Матеш е 47-годишен полициcки инcпектop во пензијa, како и поранешен хрватски бранител.

Балканот, пак, ќе го запамети како таткото кој веќе со денови кампува пред болницата каде лежи неговиот син, само за тој да знае дека неговиот татко е тука.

Седумгодишниот Шимун од понеделникот е xocпитализиpaн во болницата во Пакрац, Хрватска, поради кopoнавиpyc. Според протоколот, на родителите им е дозволено да ги посетат своите деца само 15 минути во текот на денот.

Затоа Роберто го постави својот шатор пред болницата и секогаш е тука кога Шимун ќе го повика да си прават муабет преку токи-воки.

-Не пpoтecтиpaм, само сакам да сум што поблиску до моето дете, за да му го олеснам секојдневието. Секогаш кога ќе ме побара, се смирува, бидејќи знае дека сум тука, Нервозата и стравот веднаш му поминуваат, а и мене ми е полесно, раскажа таткото за хрватсите медиуми.

Баба Даница била избpaна од Cв. Петка да го изгpaди xpaмот кој денecка е гopдocт на прилепчани: За чyдотo ce збopyва и денecка (Фото)

На источната страна од селото Лениште, на шест-седум километри од Прилеп, народот го издигнал новиот грандиозен божји храм Света Петка. Храмот е граден 12 години и е фрескоживописан.

Како што велеше починатата баба Даница Стојаноска од Лениште, таа била избрана од Света Петка да го гради Манастирот со помош на народот. Првото црквиче било градено 1986 година. И за новиот храм и’ кажале каде и колкав да биде, кој да помогне.

Баба Даница, луѓето од Одборот, МПЦ, верниците и нашите од дијаспората, помагајќи се трудат да му вдахнат духовност на ова божјо здание. Уште има работа овде. Само со упорност и добра волја од помагателите може да и’ се даде “живот” на црквата.

Стојаноска сонила тажна висока жена која, и’ рекла да собира денар по денар од народот и да направи црквиче. За новиот манастир и’ рекла да биде 18 метри должина, 9 метри ширина. На сонот и’ порачале да мери со старото метро, со чекори од старото црквиче. Дури и’ се претскажал бројот на ќерамидите, да бил 240.

Брат и’ не ја послушал и ја покрил со табли. Но биле откриени од времето. После никогаш братот не и’ коригирал ништо и не и’ преправал. Бабата сонила кој да го копа прв темелот, кој да земе и да плати за 6 летви, кој да малтари внатре…

Исцелување од болест со градба на црква

Даница Стојаноска била болна на младост. Сонувала гласови кои барале од неа да оздрави и да гради црква. Како ниту жива, ниту умрена, слушала гласови. Лек барала по доктори и по бајачи. Сонувала дека била роб на Света Петка. А светицата и’ велела дека таа да дава лек, а не да бара илач. Ориентирајќи се по соништата, првин ја нашла петочната вода. Копнала со мајка и’ меѓу двете карпи и “засолзи” карпата. Водата течела само еден чекор од карпата и се загубувала. Не била брза, ама не пресушувала. Тоа е петочната вода.

Кога се разболела вторпат шест години бел ден не видела. Некоја невидлива сила ме туркаше. На сон пак í дошла убава жена, Света Петка, облечена во црно и и’ заповедала да гради манастир – вели Стојаноска.

Конаците се градени како што сонувала Даница. Има четири соби со по четири кревети, кујна со ѕидано шпоре и трпезарија. Многу посетители доаѓаат за славата, летната Света Петка и на Петковден 27.10 и Иванден на 7.7.

Во близина на старата црква некој човек видел арно од лековитата Петочна вода. Ја изградил со црвени цигли да привлекува. Водата да лекува требало да се зема само во посно. Тука е и Неделската вода и Средочната вода. Овие чешми често се посетени од луѓе кои бараат лек за некоја болест, кои ги бараат за здравје. Парализиран човек се измил со Петочната вода и оздравел.

Патот е направен пред неколку години, по погибијата на бранителите кај Карпалак. Манастирот има два резервоара за вода.. Околу нема многу дрвца, но на Ленишката планина свој дом нашле багремови, јасенови дрвца, борчиња и по некој орев. Планинската рекичка со мал водотек дава живот.

Продолжува фрескоживописувањето

За направеното помагал народот. Многу пари се дадени божјиот храм да го добие сегашниот лик. Само покривот чинел околу 40 илјади евра. За фрескоживописување се дадени исто така многу народни пари. Верници и добронамерници продолжуваат да донираат за фрески… Дел од иконите се осветени. Во олтарот е насликан ликот на Пресвета Богородица. Мајсторот е еден и нема шаренило.

Три Света Петки

Православната црква празнува три Свети Петки во годината. нА 8 август е Света преподобна маченица Параскева Римска, на 27.10 – Преподобна Параскева – Петковден и на 10.11 – Света Маченица Параскева – Петка Икониска.

Света Петка е една од многуте преподобни маченички која што живеела пустински, монашки живот. Животот го посветила на Христа и живела испоснички.

Извор: “Неделник Зенит”

Утре е Cв. Петка – еве што споpeд нapoдните вepyвања не cмee да се пpaви на овoj ден

Утре, 8 август, православните христијани го празнуваат празникот Света преподобна мaч. Параскева Римјанка

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого.

Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На тој ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

Порано жените верувале дека на утрешниот ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.

Чакалapoв помeѓy cвоите во кocтypcко, тaмy вocтаниeто било нajycпешно (Фото)

На Твитер профилот Егејска – Беломорска Македонија, Aegean Macedonia секојдневно објавуваат стари фотографии од значајни настани од македонската историја

Најновата фотографија е од 1908 година на оддавањето почит на паднатите борци од Илинденското востание во село Апоскеп, Костурско.

Присуствуваат костурските војводи Васил Чакаларов и Пандо Сидов, свештеникот Герман Чиковски од Черешница, претставници на младотурската власт, роднини на загинатите и др.

Зошто вака направиле пријателиве Бугари на кои им дадовме се’?

Судот во Благоевград ја забрани „Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права“. Одлуката на судиите е на инсистирање на обвинителството, бидејќи е докажано дека здружението го крши бугарскиот устав, пишуваат бугарските медиуми

Оценувајќи ја содржината на статутот, судот утврди дека има предуслови за престанок на здружението, со образложение дека некои од целите и средствата формулирани во неговиот статут се во спротивност со уставните текстови. Уставот на државата забранува привилегии врз основа на националност, етничка припадност, потекло, коментира Окружното обвинителство во Благоевград.

Сепак, целите наведени во статутот на здружението сугерираат постоење етнички групи и повик за заштита на особеноста и зачувување на македонската етничка група, преку регистрирани средства – зачувување и заштита на македонската кауза. Така презентираната активност на здружението е насочена против единството на бугарската нација и територијалниот интегритет на нашата земја како основен уставен принцип. Покрај тоа, постои сугестија за постоење на обесправено етничко малцинство во Бугарија или друга таква етничка група на којашто има потреба друга заштита различна од државната и институционалната заштита според Уставот.

Во суштина, повикот за одбрана и заштита на самоидентификуваните како Македонци, со наменети цели и средства за да се постигне тоа, е насочен и против единството на бугарската нација и против територијалниот интегритет на земјата. Во исто време, само политичките партии имаат својствени цели и активности што се однесуваат на промени во унитарниот карактер на државата, територијалниот интегритет и единство на нацијата. Според Уставот, тие не можат да ги користат граѓанските здруженија.

На 21 август минатата година се одржа состанок за формирање на непрофитно здружение – „Граѓанско здружение за заштита на основни индивидуални човекови права“. Според усвоениот статут, нејзината главна цел е „заштита на човековите права на Македонците и другите етнички малцинства во Бугарија“. Исто така беа посочени средствата за постигнување на поставените цели. Со акт на Агенцијата за регистрација е регистрирано здружението со со седиште во Благоевград.

По интервенцијата на државното обвинителство, судот ја избриша регистрацијата.