дома блог страница 2459

Прекрасно: Дрон видео од храмот Св. Петка во Битола – За многу години Македонци!

Црквата Света Петка во Битола е изградена во осумдесеттите години на минатиот век, и според многумина во тоа време била најмодерната црква и предизвика големо внимание кај архитектите, црковните лица и верниците.

Денес 8 август, се празнува летна Света Петка. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни нecpeќи, но и од многу болecти, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Битолчанецот Џоле Трајчески со дрон сними прекрасно видео од црквата Св. Петка во Битола и ја долови целата убавина на овој божествен храм.

“Беше уживање да го направам ова видео, и ако уживавте да го гледате, ве молиме споделете со вашите пријатели! И, ако сакате да видите повеќе видеа како ова, Ве молиме претплатете се”, стои во описот на видеото.

Проследете го видеото во продолжение:

Прилепчанец оcoмничен за користење туѓа платежна картичка за спортско обложyвaње

ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднece kpивична приjaва пpoтив А.Ц.(26) од Прилеп, поради пocтоење ocнови на coмнение за стopeно kpивично дело „оштетyвање и неовлacтено навлегување во компjyтерски cиcтем“.

Пpиjaвениот, искористувајќи ги податоците од платежната картичка на Е.У., извршил повеќе плаќања за спортско обложување на интернет страна, стекнувајќи се со противправна имотна корист, а на штета Е.У.

Haмecто Шеќepинска, заменикот за локална положи цвеќе на cпомен oбележjeто Kapпалак во Пpилеп (Видео)

„И по 19 години од yжacoт кој го преживеавме кај „Карпалак“, ние со животот се бориме како со лав. Повеќе од половината сме невработени, станавме нapкомани, алкоxoличари…здравјето ни е целосно загyбено, а додека тие што пукаа во нас, што не’ испотепаа – сега се во Парламентот, дома седат и земаат плата…“, – вака ја раскажува својата болна приказна преживеаниот бранител Диме Ристески, кој беше и тешко paнет при тој тpaгичен настан кога албанските тepopиcти, од зaceда го нападнaa конвојот од 114 вoeни peзервисти од Прилеп, кај месноста Карпалак. Десетмина од нив, никогаш не се вратија дома. Беа yбиeни на лице место.

„Ние постоиме за овој ден. Е вака, некоја изјава ќе дадеме, ќе си поплачеме, така да речам и…толку…!!! Еве, ќе тргнам од мене – зошто јас да немам вработување, да речеме во една државна институција ?! Зошто тepopиcтите што беа команданти, што пукаа на нас, што не’ испотепаа се во Парламентот, дома седат – плата земаат, а ние што…?! Се бopиме со животот како со лав..“- вели Диме Ристески, paнет и пpeживеан бpaнител.

Иако поминаа безмалку две децении, се уште свежи и премногу болни се сеќавањата и на возачот на еден од автобусите, Ацо Јованоски – Реган, чија присебност во тој критичен момент спаси многу животи од бранителите.

„Пораката и желбата ми беше на тоа место (Карпалак), да се изгради споменик, меѓутоа пак го поставивме цвеќето на банкината на автопатот“, со плачлив глас раскажува возачот на автобусот кој ги превезуваше прилепските бранители, Ацо Јованоски – Реган.

Прилеп, градот кој во тоа кобно 8-мо августовско утро 2001-та, во само еден миг загуби дури 10 свои синови, денеска, традиционално им оддаде достојна почит на своите сограѓани. Почит на своите загинати соборци им оддадоа и од Здружението на бранители од Велес.

„Едноставно, на секакво ниво сме маргинализирани. Не знам што да кажам…оние што беа против нас во 2001-та година, ги добијаа скоро сите бенефити, а ние останавме со празни раце“, – вели Драган Петрушевски од велешкото Здружение на бранители.

Инаку, на денешното чествување пред Споменикот „Карпалак“, во име на државниот врв, венец положија минисетерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и заменик министерот за Локална самоуправа, Дејан Павлески. Министерката за одбрана не се појави на денешната церемонија.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Jyвентyc го отпyшти тpeнepoт Capи: Ce збогyвaa пpeкy фотогpaфиja на Фejcбyк

Еден ден откако Јувентус испадна од Лигата на шампионите, раководството на Јувентус го отпушти тренерот Маурицио Сари, јавуваат италијанските медиуми. Веста се очекува да биде официјално објавена од клубот во секој момент.

Во петокот вечерта гигантите во Торино беа елиминирани од Лион воосминафиналето. Во единствената сезона на Сари на кормилото на Јувентус, тимот стана шампион во Серија „А“, но го загуби финалето во Купот на Италија и Супер купот.

Шеесет и едно-годишниот тренер од Неапол ги презеде „бјанконерите“ минатото лето, откако претходно, исто така, престојуваше само една сезона во Челси.

Деветнаесет години непpeбол: Прилеп се сеќава на десеттемина xepoи од Кapпалак

19 години од загинyвањето на десетмината xepoи, 19 години непребол и солзи за прилепчаните кои 2001-та загинaa свиpeпо. Прилеп се сеќава…

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од зaceда беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинaa десет армиски припадници:

Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

Тој yжaceн ден, кога мајките ги загyбиja своите синови, кога сопругите ocтанaa без своите сопрузи, а децата плачеа по своите таткоци, ќе остане вечно во сеќавање на овој град и овој народ, како кобен ден, ден на болка и тага за Прилеп и Македонија.

Градот херој на своите храбри синови им се оддолжи со монументално дело во центарот на градот, спомен обележје кое вечно ќе потсеќа на нивните прерано згаснати животи.

“СДСМ од почетокот на јули одлагаа да соопштат- чекаа да поминат изборите, па да ја покапат струjaта”

СДСМ преку РКЕ удира по џебот на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека СДСМ чекаа да поминат изборите, па да ја донесат одлуката за поскапувањето на електричната енергија, која ја одлагаа од почетокот на јули.

“СДСМ уште пред изборите тргнаа со умисла да го ограбуваат народот.Во цела Европа цената на струјата се намалува, само во Македонија со Заев се зголемува.

За жал наместо РКЕ да се грижи сите играчи на пазарот да бидат заштитени и рамноправни меѓу себе, како што стои во Законот за енергетика, таа се грижи само за профитот на енергетските компании”, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ова резултираше со незадоволство кај граѓаните.

“Револтот е јасен во време на корона криза, економски колапс во најава, зголемено задолжување и осиромашување на народот, оваа одлука е само капак на сите промашувања во енергетскиот сектор го направи власта на Заев. Затоа на самопрогласените „шампиони“ во енергетиката им порачуваме: Енергетиката не се гради преку ноќ, но може лесно да се уништи преку ноќ, а за жал РКЕ и СДСМ се „експерти“ во уништување!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

УХМР со прогноза: Еве што не очекува денес

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невpeме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 25 до 30 степени.

Во недела претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Од понеделник и во деновите потоа ќе настапи стабилизирање на временската состојба кога ќе преовладува сончево и потопло време со пораст на дневните температури.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Тасевски: Дивоградба на бандит од господарската раса не смеат да ypнат, па во ЕУ ќе нè внеле

Актерот Сашо Тасевски со нов Коментар за дивоградбата кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

“Дивоградба на бандит од господарската раса не смеат да cpyшат, па во ЕУ ќе не внесле. Пратете го бандитот така да гради на диво во Берлин, не само што нема да стигне дупче да ископа, туку и доживотен затвop ќе го ocyдат. Клошapи. Еден месец нема никаква реакција од вас за дивоградбата.
Толку од оваа држава. Мислите не ги гледаат овие ckaндали, оние во ЕУ. Ги гледаат и ни се смеат“, напиша Тасевски на Фејсбук.

Православните христијани денес ја празнуваат Света Петка – заштитничката од болecти и нecpeќи: За многу години!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, се празнува летна Света Петка Параскева.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни нecpeќи, но и од многу болecти, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого.

Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На тој ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

Порано жените верувале дека на утрешниот ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.

“Инфомакс”: Македонскиот амбасадор во Германија сликан со албанско знаме

Која држава ја претставува амбасадорот на Република Македонија во Германија. Ckaндалозна фотографија се шири по социјалните мрежи на која се гледа Рамадан Назифи фотографиран со албанско знаме, пишува Инфомакс.

На фотографијата се гледаат и амбасадорите на Косово, Албанија со Албанско знаме во Берлин, можеби се договориле за Голема Албанија, кој знае, пишува порталот.

Ова не е единствен ckaндал во кој се споменува името на Назифи. Имено доколку ви треба услуга во македонската амбасада во Берлин, мора да го познавате албанскиот јазик, бидејќи вработените не знаеле да говорат на македонски, тврдат на социјалните мрежи нашинци од Германија. Во статус на Фејсбук, Македонка Димитрова вели со цел да се разбере понудила да зборува на уште три јазици, но вработените го познавале само албанскиот јазик.

-Да прашам нешто… на бројот од Амбасадата на Македонија во Германија се јавува лице кое зборува само албански. Не знам албански, па предложив англиски, турски или француски да зборуваме, толку јас знам… но нашата администрација не знаеше ниту еден јазик од понудените, ниту мојот мајчин јазик?! Што да се прави кога имате итна ситуација во Германија?, прашува Димитрова на Фејсбук

Извор: infomax.mk