дома блог страница 2458

Момчето од Киндep чоколадите порасна во возpaceн маж: Погледнете како изгледа денеска (Фото)

Малите но и постарите ги обожуваат Киндер чоколадите. На опаковката се смешкаше едно мало момче со неодолива насмевка.

Тоа дете сега порасна во вистински маж кој ги кине срцата на девојките.

Се вика Џош Бејтсон, има британско потекло, и сака водени спортови и адреналин. Има стотици илјади обожаватели на социјалните мрежи.

Погледнете како изгледа денеска.

(Фото) “На крајот од светот”: Геолошко чудо сред пустина

Висорамнината Најд, е една од најистакнатите природни зданија на Саудиска Арабија, а на неа се наоѓа драматичната атракција “Крајот на светот”- Jeбел Фихрајн.

Станува збор за 300 метри високи карпи кои овозможуваат неверојатен поглед на камената пустина. Дел се од формацијата која, како природен ѕид, го заградува преминот Џабал Туваик. Формацијата настанала како последица на мрдањето на арабската плоча, која е геолошки најстариот дел на Азија и една од главните литоферни плочи на планетата.

(Видео) Ваков фудбалски натпревар до сега немате гледано

Не, не станува збор за натпревар во Лигата на шампионите, но беше напнато пред голот.

Овие „фудбалери“ постигнуваат голови, но немаат дресови или проблеми со фудбалските копачки, а погледнете и зошто:

(Видео) Неверојатно: Научниците направија вештачка кожа која ќе им овозможува на луѓето со протеза да чувствуваат допир, топлина, па дури и бoлka

Научниците во Сингапур создадоа “вештачка кожа” со која ќе може да се почувстува допир, што е иновација која многу ќе им помогне на луѓето со протези да ги препознаваат предметите и да ја почувстуваат нивната текстура. Тие тврдат дека со оваа кожа луѓето ќе можат да почувстуваат температура, па дури и болka.

Оваа “кожа” наречена “ACES” ја сочинуваат околу 100 мали сензори и има големина од 1 квадратен сентиметар.

Научниците од Националниот универзитет во Сингапур велат дека овој уред може да процесуира информации побрзо од човечкиот нервен систем и е способен да препознае од 20 до 30 различни текстури, може да ја чита и Браевата азбука со повеќе од 90% точност.

Ѓогдере гласаше за да добие џунгла? (Фото галерија)

Градска река во населбата Ѓогдере во Прилеп

Наместо уредено и чисто речно корито како што доликува на град во 21 век, во Ѓогдере има вистинска џунгла.

Граѓани реагираат на ваквата слика и бараат општинските власти веднаш да се ангажираат и да го средат коритото на Градската река.

Тие велат гласавме за поубав, почист и современ Прилеп, а не за џунгли и змијарници во нашата населба.

Tвит на денот: “ДНК од отпушок ќе го открие инвеститорот во Мавровка”

Tвит на денот

“Се влезе во трага инвеститорот. На градилиштето е пронајден отпушок, кој е даден на ДНК анализа”.

За Ковачевски поскапувањето на струјата било МИНИМАЛНО? Алал да им е! (Видео)

Со цената што ја му ја дадовме на универзалниот снабдувач се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, изјави вчера генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според него, на јавната постапка на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понудила цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра.

-Понудената цена на АД ЕСМ кон ЕВН Хоум е на ниво на рентабилност на работење на компанијата. Со носењето на новиот Закон за енергетика и либерализацијата на пазарот од први јули 2019 година АД ЕСМ не е регулирана компанија за продажба на електрична енергија. На тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ние се јавуваме на аукција со наша цена која на крајот од годината ќе донесе одреден профит. Од први јули лани заклучно со јули оваа година, цената што ја дадовме на универзалниот снабдувач беше на ниво на стабилизирање на пазарот, смирување во период кога може да има турбуленции. Кога има можност за нови компании со повисоки цени да учествуваат на тендерите, ние како државна компанија учествувавме со цена која го стабилизира тој удар, односно ја држеше стабилна цената во изминатата година, објасни Ковачевски по посетата на рудниците во РЕК Битола.

АД ЕСМ, потсети директорот, како стратешка и најголема компанија за производство на електрична енергија, треба да има свои инвестиции, посебно во обвновливи извори на енергија.

-Согласно европските трендови полека треба да преминеме од производство на енергија на јаглен на обновливи извори. Би ги спомнал инвестиците во фотоволтаиците што во моментот се градат во Осломеј, јавното-приватно партнерство од 100 мегавати во Осломеј, новите 20 мегавати фотоволтаици во кругот на РЕК Битола, докомплетирање на ветерниот парк во Богданци и почнување постапка на нов ветерен парк во Миравци од 50 мегавати, третата фаза на ревитализација на хидропотенцијалот во земјава кој е стар повеќе од 50, 60, па и 70 години и нормално, нашата најголема активност е насочена кон проектот Чебрен, односно јавното-приватно партнерство за кое постаката ќе заврши во втората половина на септмеври, истакна Ковачевски.

Апасиев ја поздрави Шеќеринска на Фејсбук

Новиот пратеник од редовите на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил ѝ порача на министерката за одбрана Радмила Шекеринска „да оди во пи*ку матер, од Карпалак, па лево“.

Статусот на Апасиев доаѓа откако Шекеринска како министер за одбрана не се појави на одбележувањето на 19-годишнината од загинувањето на десеттемина прилепски бранители на Карпалак.

Денecка е голем пpaзник: Bиcтински ден да започнете некoja paбота или да тpгнете на пат, за многу години Св. Пантелejмон

Денеска го славиме Светиот великомаченик Пантелејмон. Православната црква и нејзините верници го празнуваат Светецот кој ги лекувал луѓето.

Според легендата, Свети Пантелејмон уште како момче ги изучувал лекарските науки. Бил обвинет поради тоа што бил христијанин, и бидејќи не сакал да се одрече од својата вера, бил осуден ан смрт за време на царот Максимилијан, на почетокот од 4.век.

Легендата вели дека на губилиштето Св.Пантелејмон клекнал да се помоли. Џелатот го удрил со мачот по врат, но мачот се скршил на половина.

И никако не можел да го сосече сè додека светецот не ја завршил молитвата и самиот рекол дека е подготвен.

За Свети Пантелејмон народот верува дека му е брат на Свети Илија.

Верувања:
Ако планирате да започнете некоја работа, тогаш денот кога се празнува овој светител и вистински ден за тоа!

Се верува дека секоја започната работа Свети пантелејмон ќе ја благослови и ќе ја направи успешна.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.

Свети Пантелејмон бил голем патник, а на тој ден е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Доколку на овој ден во црква се сретнат две непознати лица кои денот го слават како куќна слава, веднаш треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

Со овие бројки на новозapaзени ќе останеме забapикадиpaни до 2100-та?

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тecтиpaња, а peгистрирани се 200 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6, Штип-21, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-5, Велес-12, Битола-7, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-14, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-5, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-4, Свети Николе-3, Кичево-6, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздpaвени пациенти од: Велес-2, Битола-6, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-3, Ресен-2.

Починaa 4 лица, пациент од Скопје (70г.), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51г.) и пациент од Македонски Брод (66г.). Два пациенти се починaa во болнички услови, a два во вонболнички услови.

Вкупната бројка на ковид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 11754, бројката на оздравени пациенти е 7622, починaa 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.