дома блог страница 2457

Драган Цикуроски од Варош е жива легенда кој нема кој не го знае: Со усна хармоника направи одличен амбиент за Илинден (Видео)

Драган Цикуроски (57) свирач на усна хармоника и љубител на природата

Ја збогати празничната атмосфера во Крушево со настапот на усната хармоника прилепчанецот Драган Цикуроски (57). Намерниците и оние кои од љубопитност за да ја освежат меморијата за историските споменции, за илинденските денови го посетија Македониумот, ги дочека и несекојдневен амбиент.

Во исклучителната акустичност на просторот, во куполата каде се наоѓа гробот на Никола Карев, прилепчанецот Цикуроски со усната хармоника создаваше мошне пријатен амбиент.

Репертоарот кој го свиреше беше наменски, онака како што доликува за најголемиот празник на државата. Го испирира не само манифестацијата Десет дена крушевска република, туку и Тоше – објави во најновиот број неделниот весник “ЗЕНИТ”.

Освен што е самоук свирач, е голем љубител и на природата и спортувањето.

– За празникот Илинден свирев патриотски песни, Крушево абер пристигна и други. Она што е актуелно за деновите. Ме инспирира празникот Илинден. Покрај нив инволвирав или вметнував и по некоја народна, оние оринеталните македонски песни како Македонско девојче, Подрум одам, Елено ќерко и други. Со песните сиот тој простор се облагородува, добива во димензија. За роденденот на Тоше, пак за 24 јануари, кога доаѓаме со планиранирите од Картуш, тогаш ги свирам сите песни на Тоше, додека посетителите палат свеќи на гробот на големата балканска ѕвезда. Седам на клупата и како што идат луѓето, ги свирам песните од Тоше… Во коси да ти спијам, Цреша и други – објаснува Цикуроски.

Сам научил да свири на усната хармоника како дете на три ипол години. Првиот инструмент му го купил варошанецот кој му бил идол.

– Како дете слушав како свири на хармониката. Секој си има идол во нешто, од некого ќе повлечиш нешто или некој ќе те заинтересира. За мене беше тоа варошанецот кој со усна хармоника свиреше забавна хрватска музика, појде после Австралија. Како малечок, клекнав до него и го слушам и ја впивам музиката. Наредниота ден од книжарницата 11 Октомври ми купи усна хармоника по димензии. Прва песна која ја почнав беше Билјана платно белеше. Ја слушав по радијата и од прво ја засвирив како што требаше. Тој ми вика, види го малово, песнава ја знај, ај другава певлива и почнав Елено ќерко… Не ги учам, туку се она што в глава ми влегло, едноставно го знам. Тоа е талент, дарба, како што има некој за спорт, електроника и друго – објаснува Цикуроски.

А Драган го бидува за сé. Освен што ја негува и усовршува усната хармонка и свири за секакви пригоди, мераклија е да шета по планините. Прави музички паузи, со песни според амбиентот.

– Кога планинаревме во Дубровник, им свирев нивни песни, во Србија српски, во Босна тамошни… На паузите кога ќе се поткаснува свирам, планираните си потпевнуваат – објаснува Цикуроски.

Вели дека сака да шета. Бил дури и водич. На посетителите им приредувал и акробации.

– Околу 4-5 години работев како водич за прошетки за запознавање со историјата на Варош, Маркови кули, Трескавец и Зрзе. Она што го знам им го објаснувам. Ме препорачуваа пријатели, некои од сместувачките објекти во градов. Слоненците, Босанците и Србите кога првпат дојдоа, ме бараа пак. Сакаа да слушаат песни со усната хармоника. Им правев и фискултури по карпите. Изведував по некоја атракција за нивна разонода, релаксација… Ми се најавуваат и идат со други групи и ги имам на мукает. Правам стој на раце, изведувам и други вежби на Могила кај железните справи. Се извртувам, додека немамшто да работам. Сé има свое место. Не сака демонстрација спортот на секое место, туку каде што е својствено и каде држи место, вода – вели Цикуроски.

Ги поврзува музиката, планината и спортот. Вели дека е атлетичар, добро игра фудбал. Од него немало на езеро подобар пливач. Вози велосипед. Врти на педалите до Струга, Калишта, Радожда, Градиште, Свети Наум.

– На летување одам со велосипедот, до охридско и Преспа. Возам само југословенски велосипеди, од Партизан, Рок од Љубљана и Унис Сараево. Моментно возам велоспипед од 1996, но е кукла, Рог Љубљана – вели Цикуроски.

Кондицијата ја одржува со упорност, со инает.

– Тоа е систематика и континуитет. За нега на ова треба постојан принцип, не само желба и волја. Треба и тврдоглавост и инает, со успех да се надминеш себе си во некои работи. Пливам и трчам со километри, се качувам на висоичини… Некој ќе рече, еж родив или умрев, пукнав. Јас сум упорен. Треба да се надминеш себе си. Да направиш 150 наместо, 100 чекори, постојано да се движи човек – вели Цикуроски.

Повремено продава на пазар ореви, бадеми, лешници. Не одбива никаква работа, не откажува ако го викнат за копање бавча, куќа ако се прави, ништо не откажува.

– Кога ќе се пронајдеш себе си, ќе го засакаш и ќе се влубиш во животот. Уживам во природните ресурси, во благодетите на планините. Ја сакам природата. Треба да се одржува, да се негува. Затоа го собирам ѓубрето. Ми велат, камо да се сите како мене, особено младите. Не сме дисциплинирани. Тој патриотизам, свесноста е да се сака природата. На сите им порачувам да се грижат за здравјето, слободата и парите. Сето тоа да се интегрира во едно и да се постигне успех.

Како варошанец од стара фамилија ги негува домаќинските адети. Колку и да не е побожен, опкружувањето го прави и градскиот манастир Архангел Михаил во Варош. Во Крушево ноќевал под ведро небо, во вреќа за спиење. Без трошоци, вози, плива и ужива во природата и музиката без семејни обврски.

Извор: “Неделник Зенит”

Потпишани акти за двојазичност на униформите на полициjaта

Агим Нухиу, министерот за внатрешни работи, на Фејсбук објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Нухиу го наследи Наќе Чулев на чело на МВР откако на овој му истече мандатот според договорот за техничка Влада, а оретходно министер беше Оливер Спасовски. Тој беше министер и по изборите во декември 2016 пред да се формира новата Влада.

Кога немате тepaпиja, OBA пpoвepeно дeлyва: Haмалете го виcoкиот пpитиcoк за 10 ceкyнди

Не дозволувајте вашиот притисок да варира. Направете сè што е во ваша моќ за да имате добро здравје.

Високиот kpвен пpитисок е тивок yбиец. За да спречите зголемувањето на пpитисокот, треба да ја регулирате исхраната.

Веројатно веќе го знаете тоа, но не знаете дека треба да ги вклучите и овие две намирници во вашето мени:

Цимет

Неколку студии потврдија како систолниот (горниот) и дијастолниот (понизок) притисок кај возрасните го намалува добро познатиот мирисен зачин – цимет.

Ако додадете половина лажичка во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок. За непосреден ефект, истопете МАЛКУ цимет во прав во устата и проголтајте.

Лук

Оваа здрава храна го намалува крвниот притисок скоро веднаш. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и проширува, со што крвта полесно циркулира и со тоа го намалува притисокот.

За моментално дејство и моментално спуштање на крвниот притисок, јадете сурови чешниња од лук со леб или исецкајте го во салата или јадење.

Heкои “големи yмови” го пpeименувaa еден од нajcтарите манacтири во Пpилеп (Фото)

Во центарот на Прилеп е поставена нова туристичка информативна табла

Убаво е секој кој доаѓа во градот да знае што е и кај е, дури ваквите информативни табли треба да ги има насекаде, но тој што ги нарачува, и тој што ги изработува треба и тоа како да внимава.

Па, така на оваа новава табла во центарот на Прилеп наместо Манастир Св. Архангел Михаил, некои “големи умови” напишале Манастир Св. Михаил Архангел….

Тоа е, тоа…. Вашето мислење дадете го во коментари…

“Не знам што барате сите по Охрид, кога имаме перфектна плажа тука” (Видео)

Неколку скопски населби деновиве беа поплавени од обилните дождови и невремето кое го зафати главниот град, а не беа поштедени ни останатите градови низ Македонија.

Дупките низ улиците се преполнија со вода, а една таква имаше и во скопската населба Аеродром.

Еден млад скопјанец реши на оваа мака да направи смешно видео, надевајќи се дека ќе се превземе нешто од страна на општината.

Убавиците на Љубојно се љубов на прв поглед: Прекрасна разгледница од едно од најубавите македонски села (Фото галерија)

Прекрасното Љубојно е село во општина Ресен, во областа Долна Преспа, сместено на 2 километри од брегот на Преспанското Езеро и 28 километри оддалечено од Ресен.

Селото се наоѓа во една од западните пазуви на планината Баба, во долниот тек на живописната долина на Брајчинска Река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 920 метри.

Љубојно се граничи со следниве села: со Штрбово на север, со Брајчино на исток, со селото Долно Дупени на југ и со селото Наколец на запад.

Низ атарот на селото тече кристално чистата и бистра Брајчинска Река (кај љубанци позната и по името „Стара Река“).

Во селото има околу 350 куќи, а според последниот попис тука живеат 186 жители. Основен белег на селото му даваат куќите градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и вкусно гелендираните балкони.

Впечатливата архитектура зборува за умешноста на мајсторите кои ги граделе. Дел од куќите се реновирани, а дел за жал полека се распаѓаат.

Едно е сигурно, тешко дека ќе се одлучите која од која е поубава.

Љубојно е старо христијанско село во кое отсекогаш живееле православни Македонци, а така е и денеска. Под различни облици на денешното име (Љубоини, Лјубојно, Љубоино и Љубојно) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.

Најрано е споменато во втората грамота на царот Душан од 1337 година кога тој ја подарил селската црква Свети Никола на манастирот Трескавец. Подоцна, Љубојно повторно се спомнува и во еден запис на Сливничкиот манастир од 1607 година, како поголема македонска населба.

Поради традицијата кон печалбарството и иселеништвото, Љубојно забележува голем, значаен и постојан пад на бројот на своите жители.

Така Љубојно некогаш била голема печалбарска селска населба, но од неа се иселил значителен број на населението и таа преминала од големо во мало село.

Во 1961 година во Љубојно живееле 884 жители, од кои 868 биле Македонци, 10 Албанци, додека во 1994 бројот се намалил на 238 жители од кои 223 Македонци, 12 Албанци и 1 Влав.

Според пописот од 2002 година, во селото Љубојно имало 186 жители, од кои 175 Македонци, 10 Албанци и 1 Влав.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Љубојно, во која покрај селото Љубојно, се наоѓале и селата Арвати, Брајчино, Долно Дупени, Крани, Наколец, Сливница и Штрбово.

Својата егзистенција, љубанци претежно ја обезбедувале преку поледелството, сточарството, занаетчиството, трговијата и печалбарството. Во рамките на поледелството најмногу произведувале житарици (’рж, пченица, јачмен, пченка, и др.), потоа саделе лозја, зеленчукови и овошни градини, во кои најмногу се одгледувале грав, пипер, патлиџан, кромид, лук, зелка и друго. Во рамките на сточарството најмногу се одгледувале волови, крави, коњи, магарињи, овци, кози и свињи. Покрај ова, во периодот меѓу двете светски војни и во годините на Втората светска војна и непосредно по неа, доста се занимавале со занаетчиство и трговија.

Во тоа време, Љубојно имало 14 чевларски работилници, 8 дуќани на стока за широка потрошувачка и текстил, 5 кафеани, 6 дрводелски и 4 шнајдерски работилници, 2 фурни за леб, 8 воденици, 2 ковачници и 1 берберница. По ослободувањето на земјата, повеќе луѓе се вработиле во органите на управата, општествените дејности и претпријатијата. Љубанци одамна почнале со печалба, најмногу ги има во САД и Канада.

Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е посвојно образувано со помош на наставката „-јно“ од личното име Љубота или можеби од женското име Љубова. Ова се потврдува и низ преданијата на некои љубанци.

Меѓутоа, кај постарите жители на селото се раскажувале и две легенди, кои упатуваат дека името на селото е изведено од зборот „љубов“. Едната легенда говори дека некогаш (многу одамна) од двете соседни населби (Калинци и Куќиштата) се вљубиле момче и девојка. Но, поради лошите меѓусоседски односи на жителите од двете населби, момчето и девојката не смееле да се земат. На крајот, победила љубовта. Тие се земале и побегнале од своите населби. Во непосредна близина на реката подигнале свој дом за вечно и среќно живеење. Подоцна, во нивната близина се доселувале и други семејства. Населбата што се создала била наречена Љубојно по приказната за нераскинливата љубов на нејзините први жители.

Втората легенда говори дека името на селото настанало кога двете населби (Калинци и Куќиштата) почнале да се соединуваат и да ја градат новата населба (на сегашната положба). Тоа го правеле со голема љубов и меѓусебна почит (се сакале, се љубеле). Од таа меѓусебна почит и љубов, настанало и името на нивното село.

Во историските извори, ова село е забележано како „Љубовино“. Тоа се совпаѓа со едно предание според кое името дошло по првонаселената меанџика Љуба, која точела многу убаво вино. Кога муштериите влегувале во меаната гласно нарачувале „Љубо, вино“.

Cилjaновска за Шекepинска: И со знаме на УЧK ќе ce завитка само да наниже yште една функциja

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова се придружи кон реакциите за отсуството на министерката за одбрана Радмила Шекеринска од одбележувањето на 19-годишнината од загинyвањето на десеттемина peзepвисти на АРМ во зaceда од ОВК кај Kapпалак во 2001 година.

Прилепчанец физички HAПAДHAT на патот за вештачкото езеро

На 08.08.2020 во 10,00 часот, во Полициckaта cтаница Прилеп З.П.(44) од Прилеп приjaвил дека на патот Прилеп- вештачко езеро, бил физички HAПAДHAT од две непознати лица.

Се paботи на pacчистување на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

Жypките во Гpaдиште ги донecoa првите зapaзени со кopoнавиpyc

Тројца позитивни на Koвид 19 кои биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, дознава Канал 5 од болнички извори.

3apaзените се со благи cимптоми и се на домашно лекyвање. Од денеска стартуваат и анкетите на зapaзените со кој се биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во caмоизолациja и се зapaзиле од нив.

-Очекувана е бројката од 200-те ново зapaзени од Koвид 19 и нови клacтери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока“, вели епидемиологот Даниловски.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Пocле ниcките темпepaтypи ce вpaќа летото: Од yтpe нов топлотен бpaн

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на североистокот.

Во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во среда ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во четврток времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.