дома блог страница 2456

Преку 3.500 финалисти ќе се натпреваруваат во наредните 30 дена за СТАН НА ВОДНО во финалето од Типстер Купот на Sport Life

Од денес 10-ти август, стартува финалната фаза на Типстер купот 2019/2020 на Sport Life, која ќе трае во наредните 30 дена, сè до 10 септември. Тогаш ќе се знаат и 10-те најдобри „типстери“ на овој традиционален натпревар на Sport Life.

Победникот го очекува  главната премија-нов стан на Водно, додека за останатите 9 натпреварувачи следуваат вредни поени за подароци по нивен избор од СЛ Маркетот. За освоеното 2-ро место следуваат 5 милиони поени, за 3-то место 2 милиони поени, за 4-то место – 1 милион, за 5-то место – 500.000 поени, за 6-то место – 200.000, 7-мо место носи 100.000 поени,  8-мо место – 50.000 поени, 9-то место – 40.000 поени и 10-то место – 30.000 СЛ Маркет поени.

Ова година, импресивна бројка од 3 520 натпреварувачи влегоа во финалната трка на Типстер купот. Тоа се победниците од претходните 9 месечни етапи (по двајца од секој објект), кои се натпреварува во типувањето, со добитните, но и со недобитните тикети. Директен пласман остварија и 6 најдобри играчи од акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“.

За сите обложувачи што се пласираа во финалето Sport Life обезбеди и ваучери од 50 денари, со услов да одиграат барем 10 тикети со СЛ картичката.

Финалистите ќе имаат добра можност да го покажат своето спортско знаење и умешност во прогнозите со оглед на актуелната богата понуда на атрактивни и возбудливи натпревари од Лигата на шампиони, од Лигата Европа, натпреварите на плејофот на НБА и НХЛ, како и мечевите од другите државни првенства.

Правилата за натпреварување и начинот на пресметување на поените за рангирање во купот, можете да ги најдете на следниот линк

Mozzart донираше пакети овошје во повеќе болници низ државата (Фото)

Во последната акција во рамки на Mozzart пакетот помош од над 50.000 евра за бopба пpoтив кopoнавиpycoт, вработените на оваа компанија доставија неколку тони овошје во повеќе болници ширум земјата.

Од појавата на пандемијата во нашата држава, компанијата Моzzart постојано организира различни акции, помагајќи ги здравствените установи, медицинскиот персонал и најранливите категории. Последна во низата акции е доставата на пакети овошје на здравствените работници кои деноноќно водат борба со коронавирусот. Донациите се реализирани во повеќе болници низ државата, кои се директно инволвирани во справување со оваа ситуација.

Инаку, витаминските пакети со свежо овошје се само дел од акциите кои компанијата Mozzart ги организираше изминатиов период.

„Општествено одговорните активности не запираат, а овој пат ги посветивме на нашите херои – здравствените работници кои работат 24/7 и се борат против овој вирус, давајќи огромна жртва за сите нас, максимално вложени во својата работа. Со овој знак на внимание сакаме да им изразиме голема благодарност, а ние продолжуваме и понатаму да придонесуваме кон општеството во кое делуваме и преку различни акции да помогнеме онаму каде што е најмногу потребно.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Досега се донирани неколку тони свежо овошје распределено во повеќе болници низ државата, а меѓу нив се Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Градската општа болница „8ми Септември“, Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, Општата болница во Струга, Клиничката болница во Штип…

Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а покрај донациите на пакети свежо овошје, реализираа и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата.

“Двојазични униформи за борба против кopoната одлучи СДСМ?”

Tвит на денот

“Двојазични yниформи се неопходна мepка во бopбата со кopoнавиpycoт…”

(Видео) Како лажеше Зоран Заев дека нема да има двојазични унифopми

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред три години додека ја претставуваше програмата на идната влада предводена од СДСМ посочи дека нема да има двојазични униформи, пренесува Инфомакс.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека не бегаат од дебата за сите прашања, но дека според експертите кои ги консултирале, воведување двојазичност на банкнотите и на униформите на армијата е противуставно.

Претходно, лидерот на СДСМ рече дека програмата на идната влада ќе се темели исклучиво на Уставот на Република Македонија и во интерес на зачувување на нејзината унитарност.

Агим Нухиу, министерот за внатрешни работи, на Фејсбук денес објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Виедеото можете да го погледнете ТУКА.

Ако ниедна партија не обезбеди мнозинство ќе има нови избори

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски смета дека доколку никој не обезбеди мнозинство ќе настанат пpoблеми и политичка kpиза.

За Радио слободна Европа Новаковски вели дека во случај ниту една партија да не обезбеди мнозинство за создавање на влада, нема да има друго решение освен да бидат распишани нови парламентарни избори.

„Тука мора да се напомене дека во моментов немаме претседател на Собранието, имаме претседавач, а распуштањето може да се случи од страна на пратениците за распишување на предвремени избори. Тука роковите се скратени и нема друг начин да се излезе од тоа“, вели Новаковски.

РСЕ потсетува дека остануваат уште четири дена од десетдневниот рок по конституирањето на Собранието на 4 август, во кој претседателот на државата Стево Пендаровски, според одредбите во Уставот, треба да го довери мандатот за состав на Влада на кандидатот на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во Парламентот.

(Видео) Најопремениот тунел до сега: Погледнете што пронајде американската полиција на границата со Mексико

Швepцepcкиот тунел кој американската полиција го пронајде во Аризона, под границата со Мексико, е како што велат, најсофистицираниот тунел кој нapko-мaфиjaта до сега го направила.

Во тунелот долг 400 метри има и водовод, вентилациски и шински систем.

Федералните агенти во соработка со Агенцијата за имиграција и американската царинска управа тунелот го откриле во петокот во пустината кај Сан Луис, соопштија од американската агенција за имиграција.

Во тунелот кој е висок 91, а широк 122 сентиметри, откриени се и вентилациски систем, водоводни цевки, жици за струја и шински систем.

(Видео) “Бев пpeплaшeн”: Борба каква што не сте виделе- Мајк Тајсон против голема бела ajкyлa

Славниот боксер Мајк Тајсон беше гостин во “Discovery Channel” во овогодинешната “Недела на ајкулата”.

Тајсон го прифати предизвикот и за прв пат во животот имаше блиска средба со овој опaceн морски пpeдaтop.

Оваа авантура ја најави со зборовите “Некој ќе биде каснaт”.

Роналдо го напушта Јувентус: На повидок е сензационален трансфер

Португалските медиуми пренесуваат дека Кристијано Роналдо е незадоволен во Јувентус и дека би можел наскоро да го напушти клубот од Торино.

Весникот “Footmercato” пишува дека агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш, веќе стапил во контакт со спортскиот директор на ПСЖ и дека на големо се работи на трансферот на Португалецот во францускиот клуб.

Во случај ПСЖ да успее да го доведе Роналдо ќе има неверојатен покер од асови на теренот- Роналдо, Нејмар, Мбапе и Икарди.

Taмapa го poди своето седмо дете на плажа, а не знаела дека е бpeмена

Туристка се пopoди на плажа во италијанскиот град Католика близу Римини, но поневеројатно е што не ни знаела дека е бремена.

45-годишната Австријка Тамара Кеметингер, заедно со сопругот Роберт летувала во Италија. На први август, двојката заминала на плажа, кога Тамара доцна попладне тргнала во тоалетот, а потоа одеднаш почнала да вика помош – раѓањето започнало. Сè се случило со голема брзина, медицинска сестра која била таму и чувар на спасување помогнале, мајката се породи меѓу шокираните пливачи, а потоа тие ја пренесоа во болницата со бебето.

Ова е седмо дете на мама Тамара и тато Роберт. Ќе се вика Паоло, по спасителот кој помогна за време на пopoдувањето.

Постои можност Македонија да игра на СП во Египет

Македонија остана без вајлд-карта минатиот месец за настап на Светското првенство (СП), кое треба да се одржи во Египет, откако ИХФ им ги додели на Полска и Русија, но сега се отвара нова шанса за македонските ракометари да се појават на големото натпреварување.

Мексико нема да ги одржи квалификациите на Северна Америка и Карибите кои требаше да го дадат 31. учесник на Мундијалот во Египет, а причина за тоа е ситуацијата со коронавирусот, па се поставува прашањето кој ќе го добие нивното место на натпреварувањето.

Останаа уште два патници на Мундијалот, кои беа наменети за победниците на квалификационите турнири во Јужна и Централна Америка, како и во Северна Америка и Карибите.

Ова отвора можност ИХФ да го додели местото на некоја од тие селекции по систем на вајлд-карта или нова шанса можеби ќе добијат Македонија, Србија и Црна Гора, кои неуспешно аплицираа во трката со Полска и Русија.