дома блог страница 2451

Доби лекција која ќе ја памети цел живот: Момче го укpaло семејниот автомобил, а еве зошто нема да му текне уште еднаш (Видео)

Родители од Лас Вегас го казнија својот син. Малолетно момче, Ангел (14), го украл автомобилот на родителите и се возел низ улиците. Случајот е пријавен во полиција, а момчето доби казна што никогаш нема да ја заборави.

Родителите на момчето отишле на романтична вечера во Лас Вегас за да ја прослават годишнината од свадбата. Наскоро, нивната прослава беше прекината со повик на полицијата. Нивниот син (14) го украл автомобилот од гаражата и ги вознемири соседите, кои повикаа полиција.

Веднаш ја прекинале прославата и се вратиле дома, но го известиле нивниот син дека сериозно ги налутил, па решиле да го казнат. Тие целосно ја испразнија неговата соба и ги ставија сите негови работи покрај патот и го натераа да им го подари на случајните минувачи.

-Само сакав да возам, но немам возачка дозвола, па го зедов автомобилот, рече Ангел за американска телевизија и додаде дека сам го измил автомобилот и бидејќи немал како да го исуши, решил да го вози.

Ecкaлиpa незадоволството во Тетово: 3aпалени возила на ЕВН (Фото)

Тетовските пожapникapи во текот на ноќта интepвениpaa на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожapи се локализиpaни и изгacнати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла пpoтивпожapна единица.

Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

(Видео) Експерт за НЛО пројаде тајни бази на остров во Америка

Самопрогласениот експерт за НЛО, Скот Варин, тврди дека открил влезови во пет различни подземни бази во Јужна Каролина.

Ловецот на вонземјани вели дека базите имаат тајни премини кои водат до морето.

Како што вели тој, преку Google Earth открил вонземски испостави кои се скриени на острово во Јужна Каролина. Станува збор за пет вдлабнатини кои совршено се поклопуваат на сателитската фотографија. Оваа впечатлива формација го убеди Варинг дека станува збор за подземини вонземски бази со таен премин.

(Фото) Берлускони едноставно нема граници: Ја прошета новата девојка- помлада е од него 53 години

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) има нова девојка, која е дури 53 години помлада од него.

Станува збор за Марта Фашини, неговата колешка од партијата Форца Италија. Тие двајца се забележани како се држат за рака, а фотографиите ги објави таблоидот “Чи”.

Се појавија и шпекулации Силвио Берлускони намерно ги пуштил фотографиите во јавност, да и се одмазди на неговата поранешна партнерка Франческа Пасакле (35).

Paботник го загyби животот пpи paбота на канализациона мpeжа во Kpивогаштанско

Дежypeн jaвен обвинител од Ocновното jaвно обвинителcтво Прилеп со екипа од кpим-тexника од МВР – ОВР Прилеп и во присуство на државен инспектор за заштита при работа, изврши увид во селото Бела Црква – општина Кривогаштани, каде утрово, при поставување на канализациона мрежа во ископ, еден работник го загyби животот.

Работникот, на возраст од 63 години, бил ангажиран за вршење на работи од правно лице од с.Велешта-Струга. Тој бил затpyпан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција на телото на починатиот.​

Meталypг прecилен за Пpилеп: Пpв пopaз на прилепчани на тypниpoт во Cтpyга

Екипата на Прилеп загуби од фаворитот Металург со 33:24, на полувреме се замина со 13:11.

И покрај големата разлика во резултат Прилеп видно го намачи Металург посебно во првото полувреме кога се играше гол за гол.

Борбената игра и желбата за надигрување го красеа Прилеп низ целиот тек на натпреварот, но искуството кое го има целата екипа на Металург и големиот број на технички грешки и промашувања на нашиот тим го реши овај натпревар.

И покрај овај пораз ракометарите на Прилеп остануваат мотивирани и најавуваат уште поголема желба и борба за победа во наредниот натпревар, кој ќе се одигра утре во 19:15 ротив екипата на Еурофарм Пелистер.

На турнирот во Струга, РК Прилеп има една победа и еден пораз, откако вчера го победи домаќинот на турнирот.

Славната cpпcка пejaчка откако изгyби 21 килограм за 2 месеци: Во прашање е една cocтojка

Пејачката Снежана Ѓуришиќ работеше напорно на себе во претходните два месеци, а како резултат на нејзиниот труд и дисциплина изгуби значителен број килограми.

Имено, пејачката успеа да изгуби 21 килограм за само два месеци, а покрај дисциплината, и помогна и нејзината диета со лубеница.

Во претходниот период, таа буквално живееше од тоа затоа што јадеше и пиеше само сок од лубеница.

-Добив вишок килограми додека бев со ќерка ми во Америка. Културата на јадење таму се вклопи совршено со хедонистот во мене. Тој вишок ме мотивираше да се поврзам со војникот во мене и да се придржувам на посебна диета два месеци. Јас јадев само лубеници и пиев сок од нив, и со тоа изгубив 21 килограм, вели пејачката.

Снежана вели дека сака да биде секогаш во форма, и од таа причина има личен тренер со кого работи два до три пати неделно.

-Имам тренер кој работи со мене два до три пати неделно. Бидејќи во младоста бев спортист, многу се грижам да сум во добра форма, објасни пејачката.

Како што вели, поради брзиот живот и бројните обврски, таа не секогаш успева да јаде здраво, а голема слабост и се слатките задоволства.

-Поради работата што ја работам, темпото на животот може да биде многу брзо за мене. Јас можам да бидам дисциплинирана и, доколку е потребно, да вежбам. Сега сум претежно фокусирана на зајакнување на мојот имунитет, затоа комбинирам разновидна диета со многу одење. Особено сум слаба на слатките! Понекогаш ги избегнувам, а понекогаш и си давам одмор и уживам во нив, изјави Снежана за „Информер“.

Снежана е жена која има силен карактер, па затоа реши целосно да елиминира некои видови храна од нејзината диета кога започна пандемијата на коронавирус.

-Се обидов да го изоставам лебот од секој оброк и се откажав од слатки. Тоа ми помогна да одржувам добра линија затоа што сега движам помалку, заклучи пејачката.

Во пресрет на Богородичните пости одвојте десетина минути и слушнете го овој свештеник (Видео)

Утре започнуваат Богородичните пости, траат само 2 недели, но се едни од најстрогите

Во пресрет на постите одвојте десетина минути и слушнете ги внимателно зборовите на овој српски свештеник.

Hикогаш полecно и поефикacно: Maгичен напиток кoj пpeкy ноќ ги топи килогpaмите

Напиток кој ги согорува килограмите додека вие седите и читате книга? Да и тоа е можно ако се охрабрите и ги искористите лековитите својства на медот и циметот.

Иако добро сте запознаени со позитивните ефекти на овие намирници, сепак мал е бројот на оние кои знаат дека комбинацијата на овие две состојки го забрзува метаболизмот и помага при намалувањето на вишокот килограми.

За подготовка на овој напиток ви се потребни две лажици мед и една лажица цимет и 250 мл вода.

Количината може да се менува доколку сакате да подготвите наеднаш подолема количина, но секогаш мерката треба 2:1 мед/цимет.

Подгответе онолку напиток колку што сметате дека ви е потребно. За почеток зовријте ја водата која ќе ја прелиете преку циметот, па почекајте да се олади и додадете го медот.

Медот додадете го откако напитокот ќе се олади, бидејќи во спротивно ќе ги уништите неговите хранливи и лековити дејства.

Едната половина од напитокот испијте ја пред спиење, а другата половина пред појадокот. И тоа е се! Имајте на ум дека напитокот делува само на празен стомак.

Од утре почнyвaaт пpoтecти во седум македонски градови

Протесниот марш против поскапувањето на електричната енергија доби големи размери. Протестите во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Прилеп и Струга ќе почнат во 18 часот, а во Куманово во 14 часот.

Се бара укинување на одлуката за поскапување на електричната енергија од 7.4%, распуштање на Регулаторна комисија за енергетика и формирање на тело во Собрание кое ќе ги разгледа и адресира сите жалби на граѓаните кон енергетските компании.

-Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја укине одлуката за поскапување на електричната енергија за 7.4 отсто и да ја намали цената за потрошувачите за 46 отсто. Владата да го намали ДДВ од 18 во 5 отсто, да го елиминира монополот на компанијата ЕВН со укинување на договорот со цел да и се стави крај на нивното некоректно и нечовечко однесување. Да се национализира дистрибутивната мрежа и да создаде олеснителни политики за простување на долгот на социјалните случаи, вели Кренар Османи, пренесе ТВ21.

И Конфедерацијата на независните синдикати во Македонија како организатори повика за масивно присуство на протестот.

Во Прилеп протестот ќе се одржи со почеток од 18:00 часот, на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

Во Скопје протестот ќе почне од паркот во Чаир и Жена Парк и ќе се маршира до пред Влада. Во Тетово маршот ќе почне од кружниот тек кај поранешен Монопол, кај „Мемоја„ и кај градинката на населба „Поток“ и ќе заврши кај плоштад Илирија.

Во Куманово, протестот ќе почне од објектот на општината и ќе заврши пред ЕВН, и во Дебар протестот ќе почне пред објектот на општината и ќе се маршира до седиштето на ЕВН. Во Кичево ќе се протестира во градскиот плоштад.

Ова е втор протест. Првиот протест се организираше во Чаир, Тетово, Гостивар и Куманово.