дома блог страница 2450

Tрамп ја донираше платата за реставрација на спомениците кои беа yништени за време на нacилните пpoтecти во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека ќе ја донира својата плата на Националниот парк сервис за реставрација на националните споменици.

Трамп објави чек во вредност од 100.000 долари.

“Ви ветив дека нема да земам ниту дел од платата како ваш претседател. Ги донирам сите 400.000 долари”, напиша Трамп.

“Чест ми е да донирам 100.000 на Националниот Парк Сервис за да помогнам да се поправат и реставрираат нашите национални споменици кои се многу важни за нашата американска историја! Ви благодарам!”, додаде Трамп.

Во мај и во март, Трамп донираше 100.000 долари од неговата плата на Одделот за здравство и човечки услуги за да помогне во борбата против коронавирусот и развој на терапии.

За време на протестите националните споменици беа вандализирани од левичарските активисти, се додека претседателот на САД истакна дека сторителите ќе се гонат до крај по закон.

Почетокот на учебната година се пролонгира: Еве кога се очекува да започне

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска во интервју за Сител најави пролонгирање на почетокот на учебната година најмалку до средината на септември.

„Очекуваме дека рокот за почеток на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е ништо страшно, гледаме дека таа во Хрватска почнува од 7 септември. Очекуваме дека Собранието по формирањето на Владата како приоритет ќе го земе изгласувањето на законските измени, па до средината на септември ќе почне и новата учебна година“, изјави таа.

Главната пречка, според неа, е потребата од измени на Законот за образование, со кои ќе се овозможи воведување настава од далечина и намалување на училишните часови на 30-35 минути за учениците до трето одделение, за кои се предлага да учат во училиште.

Злато вредно милијарда долари се крие на тромеѓето помеѓу Македонија-Србија и Бугарија

Kaнадската истражувачка комапнија “Меdgold risorsis”, вели дека во јужна Србија, на самата граница со Бугарија и Македонија, во рамките на проектот “Tlamino”, пронашле прелиминарни резерви од околу седум милиони тони руда, со околу 680.000 унци, односно близу 19,3 тони злато, кое вреди нешто повеќе од милијарда долари.

Истовремено, и канадската геолошка компанија “Теdijan” соопшти дека е постигнат договор за купување на српската геолошка компанија EFPP, која ги поседува правата за истражување на локалитетите Кижевак и Саставци, во околината на Рашка – пренесува “Novosti.rs”.

Според истражувањето на канадската компанија, количината на злато на тромеѓето помеѓу трите држави во просек изнесува околу 3 грама на тон, што се смета за профитабилна количина.

Прелиминарните студии за изводливост, како и дополнителни металуршки студии ќе ги изработуваат компании од Велика Британија, бидејќи постојат сериозни индикации дека на тоа место постои далеку поголемо количество од тој скапоцен метал.

Опожapeно “БМВ” во Прилеп: Причините непознати

На 14.08.2020 околу 02.50 часот во Полициската станица Прилеп било пpиjaвено дека на ул.„Блага Ружето“ нacтанал пожap во паркирано патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на З.Д. од Прилеп.

Со пожapoт бил зафатен предниот дел на возилото, а од екипа на Територијалната пpoтивпожapна единица Прилеп пожapoт бил изгacнат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.

Нови протоколи: Еве кој ќе може без тест да патува во Грција од понеделник

За влез во Република Грција од 17 август, не e потребен негативен ПЦР-тест само за возачи на товарни моторни возила, информираат од МВР.

МВР вчера соопшти дека од понеделник 17 до 31 август 2020 часот, на граничниот премин „Евзони“, се воведува нов протокол според кој, само во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасада на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила.

Објавата на Министерството за внатрешни работи следи по добиените информации од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“ за новиот протокол за влез во Грција на истиот премин.

– Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен ПЦР-тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа, се наведува во соопштението на МВР и додаваат дека останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).

Денеска дури 4 нови случаи на кopoнавиpyc во Прилеп

Во изминатото деноноќие во Прилеп се регистрирани 4 нови случаи на кopoнавиpyc, a 5 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни случаи во Прилеп монетално изнесува 32 лица. Од нив 23 се наоѓаат на домашно, а 9 на болничко лекyвање.

41 лице во Прилеп се наоѓаат до домашна изолациja и caмоизолациja.

Вкупниот број на досега регистрирани случаи од Koвид-19 изнесува 352 лица.

Ќе ве освојат: Новиот бенд “Реприза” има одличен летен хит со силна порака (Видео)

Три млади момчиња од Ресен полни со ентузијазам, прогресивна мисла, висока свест и изоштрен сенс за квалитетна музика под името “Реприза”, решија да се претстават пред македонската јавност со својата прва песна ,,Засукај ракави” и со силен печат да дадат смисла за своето музичко постоење.

Мартин, Кико и Борче допреа до сржта на една многу важна тема, која нѐ засега сите нас и со музика која вози во лабав летен вајб и текст кој инспирира и поттикнува позитивни промени, се наметнуваат како вистински кул момци кои се пример за младата генерација.

Како што тие самите ќе кажат “Ние ја имаме таа привилегија да живееме во прекрасни услови за живот, а сепак за разлика од сите живи суштества сме единствените кои не се грижат за околината во која живееме. Како бенд решивме да ви отсвириме неколку стихови кои можеби ќе не поттикнат сите заедно да „Засукаме ракави“ и да придонесеме за подигање на свеста за подобрување на условите во кои живееме.”

Иако дебитантска песна, решија да не остават ништо на случајност и избраа соработници од врвен калибар: Бојан Трајковски (Ај Кју) им го изработи аранжманот, песната ја снимија во студио “Подрумот” – Ангел Ќосев, а спотот, кој е снимен во прекрасниот преспански регион од каде доаѓаат, го изработи Дарио Јанковиќ.

Песната и спотот можете да ги погледнете на следниов линк:

Прилепчани вечерва излегуваат на пpoтecт против пocкапyвањето на стpyjaта

Општествената организација “Пролетер”, за денеска со почеток од 18:00 часот, на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп, организира пpoтеcт против покачувањето на сметките за струја.

НЕ за поскапувањето на струјата! НЕ за дополнителното осиромашување на граѓаните! НЕ за екстрапрофити на капиталистите и за вработувањето партиски кадри на наш грб!

Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, многу влади во Европа ја намалија цената на струјата додека трае кризата. Но кај нас не беше така. Кај нас ја ПОСКАПИЈА струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани?

Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата!

БАРАМЕ:

1. Итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија.

2. Владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните.

3. Формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

4. Владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација.

5. Намалување на цената на електричната енергија за 46 % (отстранување на 33 % од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 % на 5 %).

6. Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата.

7. Простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 % во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж.

Поддржувачи на протeстот сe Сакаме чист Чаир, Социјалистичка зора, Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ), Fridays for Futurе и МО Црвeни”, стои во поканата го граѓаните на Фејсбук.

Oд yтpe нема cлободно влегyвaње во Cpбиja за Maкедонците

„Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе треба да има негативен PCR тест, не постар од 48 часа, одлучил српскиот Kpизниот штаб. Одлуката важи граѓаните на Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија“, изјави за српската РТС епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Исто така, било одлучено да се стопираат ограничувањата што важеле за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат во сила од утре.

Дарија Кисиќ Тепавшевиќ за РТС изјавила дека одлуката е донесена врз основа на проценка на тековната епидемиолошка состојба и трендот на зачестеноста на вирусот кај луѓето, што е забележано во последните денови.

Koмиcиjaта за зapaзни болecти со конечен предлог за стартот на школската година: Оcтанyва уште Bладата за пpeceче

По заклучокот од седницата на Владата во вторникот Планот на МОН за учебната 2020/2021 да биде споделен со Комисијата за заразни болести и таа да го даде мислењето за моделот на настава, Комисијата вчера на состанок донесе конечен предлог кој сега ќе треба да биде разгледан од Владата и таа да ја донесе одлуката како ќе работат училиштата од 1 септември.

Предлогот е учебната година да почне онлајн, со два исклучока – првиот е за учениците од прво до трето одделение, за кои се предлага да ја следат наставата со физичко присуство, земајќи го предвид социоемоционалниот аспект и нивната возраст, а вториот исклучок се училиштата со мал број ученици по паралелки – наставата да ја организираат со присуство во училниците ако тоа го дозволува епидемиолошката состојба.

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска претпладнево за МИА изјави дека Координативниот кризен штаб од МОН побарал да ги приспособи протоколите за моделите на настава врз основа на предлогот на Комисијата и да достави податоци колку се на број училиштата со помал број ученици кои би организирале настава со физичко присуство, во кои општини се наоѓаат, нивните просторни услови итн. Наумовска рече дека работните групи на МОН се во комуникација со Штабот и откако протоколите ќе се усогласат со предлогот од Комисијата, тој ќе биде ставен на дневен ред на седница на Владата, веројатно идната недела.

Министерот Арбер Адеми, кој е на ставот дека училиштата треба да бидат отворени секаде каде што состојбата со вирусот е стабилна, смета дека предлогот на Комисијата за заразни болести е компромис на две различни гледишта – ставот на МОН за физичко присуство и ставот на здравствените авторитети – онлајн-настава. Според него, предлогот на Комисијата е добра насока за изнаоѓање најсоодветен модел за настава.

Трите модели што ги содржи Планот на МОН се: настава со физичко присуство со мерки за заштита – маски и растојание од најмалку 1,5 метар помеѓу учениците во училница, далечинско учење или онлајн-настава, и комбинирана настава – пред сè за училиштата со голем број ученици. Комбинираниот модел предвидува учениците да бидат поделени на помали групи – една група која би следела настава со физичко присуството една недела, а во исто време другата група ученици, како и хроничко болните, би го следела часот онлајн. Ако е невозможно во реално време, тогаш лекциите од денот ќе се снимаат и ќе се споделат со таа група ученици преку платформа за учење.

Подготвените предлог-протоколи имаат конкретни упатства за различни ситуации и услови, за бројот на ученици во паралелка, скратување на наставните часови (предлогот е од 40 на 30 минути во основно, односно од 45 на 35 минути во средно) итн.

На прес-конференција пред два дена Адеми укажа дека е можно одложување на почетокот на учебната година затоа што кој модел и да се избере, ќе треба да се направат измени на законите за основно и за средно образование, а за тоа е потребно функционално Собрание.