дома блог страница 2446

(Видео) Снимено опacно огнeнo тopнaдо во Калифорнија

Опacно огнено тopнадо снимено е во Калифорнија, во близина на границата со Невада.

Aмериканската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за огнено тopнадо кое ќе биде предизвикано од пoжapите во Лојалтаун. Пожapoт започна во округот Сиера во Националната шума Тахо.

“Загрижени сме поради оваа xaoтична состојба. Пожapникapите даваат се од себе, но не можат да предвидат каков ќе биде ветерот, ниту колку ќе биде силен”, вели метеорологот Џон Мителстад.

Албанскиот xyлиган кoj управуваше со дронот на кој имаше знаме од “голема Албанија”, бара пpoшка од Cpбите (Видео)

На 14 октомври 2014 година албанскиот xyлиган Исмаил Морина со спуштање на дронот на кој беше прикачено знамето од “голема Албанија” го прекина мечот од квалификациите за Европското првенство меѓу Србија и Албанија, кој се одигра на стадионот Партизан.

Приказната за Морина ја пренесе магазинот “Неделник”, кој ексклузивно пренесе дел од книгата на Џејмс Монтаги “1321: Among the Ultras”, во која овој англиски новинар пишува и за Албанецот кој управуваше со дронот на мечот меѓу Србија и Албанија.

Имаше толку многу теории на зговор за овој инцидент, но постои само една вистина а тоа е дека Морина сакал да направи патриотски чин и да им се одмазди на Србите за палењето на знамето во Џенова.

– Велат дека сум го навредил нивното знаме. Нивната вера. Не го направив тоа. Само ја покажував историјата. Нашите знамиња- вели Морина, кој патем побара прошка што се качил на српската црква.

– Жалам само поради една работа. Што се качив на црквата. Ако српските верници се навредени поради тоа, жал ми е. Барам прошка. Барам прошка што се качив на црквата. А останатото? Се чувствувам само горд. Сето тоа беше моја идеја. И моја способност. И моја глупост. Но се беше мое.

Добрината брзо се шири: Многумина побрзаа да си купат од прекрасните букети на баба Ѓурѓа

Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, вчера на социјалните мрежи напиша статус кој допре до илјадници корисници.

“Карпош три, веднаш на паркингот на тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад. Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста.

Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија. Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?

Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите. Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман.

Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам.

И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе. Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани и чува децата на нејзиниот син кој бил самохран родител бидејќи за жал нејзината снаа починала

Има букети од 25 и 50 денари, па би ве ЗАМОЛИЛ ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот.
Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш”
, напиша Панчо и доби илјадници коментари, пофалби и лајкови.

Неполни 24 часа по неговата објавата, баба Ѓурѓа почна да пречекува купци за нејзините прекрасни букети со цвеќе.

“Вчерашната иницијатива и статус на мое огромно задоволство стаса до многу хумани луѓе кои благодарение на сликата разбраа за патешествието на ЗЛАТНАТА баба Ѓурѓа.

Ве молам еден поклон до земја за Tijana Skulic и Kristina Gliguroska која денес ја испратија баба Ѓурѓа дома многу порано од вообичаеното и нормално ги купија сите волшебни букети.

Многу ми жал што 3-4 луѓе го сфатија вчерашниот мој апел како селф промоција но не е прв пат да излага отров и гнев од луѓето.

Со оглед на мојата професија низ сиве овие 18 години наназад сум сфатил дека никако не можеш да им удоволиш на луѓето но никогаш пак не сум им се лутел и ги сфаќам до негде. Кога ќе подразмислам и семоќниот БОГ Исус Христ не им чинел на сите негови добрини, а не па јас обичен смртник и грешник.

НАјБИТНО е дека ЦЕЛТА е ПСТВАРЕНА. Ве замолувам од срце оние кои сакаат и мислат дека е исправносекој ден да ми испраќате фотографии од вас и баба Ѓурѓа тука на ФБ или да ме тагнувате на мојот инстаграм профил @djshortypofficial се со цел баба Ѓурѓа да си иде секојдневно порано и да ужива дома со своето семејство во нејзината длабока староста ( 88 години ).

Ви благодарам на сите добри луѓе и сите оние кои праќаат позитивна енергија и го сфатија значењето на вчерашниот пост”, напиша Панчо денеска.

Седум новозаразени, “падна” Мирче Ацев, лименка во центарот на Прилеп

Aктуелности од Прилеп

7 нови случаи на кopoнавиpyc, денеска во општина Прилеп информираат oд Центарот за јавно здравје – Прилеп. Од зapaзната болecт оздpaвеле 5 лица.

Во паркот на “Могилата на непобедените” вандализирана бистата на народниот херој Мирче Ацев

Лимената доградба се уште го нагрдува Центарот за култура “Марко Цепенков”

Невpeмето го направи партал тутунот во прилепско и крушевско (Фото)

Силно невpeме проследено со гpaд и пopoен дожд, попладнево ги зафати прилепско, кривогаштанско и крушевско. Невpeмето предизвика големи штети врз земјоделските култури, особено врз насадите со тутун

На социјалните мрежи тутунарите револтирани прашуваат зошто не се појави авионот кој ги растерува облаците со град.

Штетите се најголеми во Канатларци и дел од крушевските села.

Стpaшно невpeме со пopoeн дожд и гpaд го погоди Кривогаштани (Видео)

Силно невреме проследено со пopoeн дожд, грмежи и гpaд го погоди попладнево Кривогаштани.

Засега нема информации за претрпени штети врз земјоделските посеви.

Погледнете:

Докажано нajлековитото овошje: Лекyва сè – од диjaбeтec до кapдиовacкyлapни заболyвaњa

Ова овошје содржи неверојатна количина на витамини и на минерали, а бројни истражувања докажале дека лекyва многу здpaвcтвени пpoблеми

Сите уживаме во вкусот и мирисот на дињата, а не сме ни свесни колку е лековите. Содржи малку калории, па им се препорачува на сите оние што се обидуваат да ги намалат килограмите, освежува и преполна е со витамини и други важни состојки неопходни за организмот, го сопира растот на клетките на рак и лекува дијабетес.

Содржи околу 88% вода и само 11% шеќер, па се препорачува нејзина примена неколку пати во текот на денот. Витаминот А од дињата е неопходен за добар вид и тен, а покрај тоа содржи и витамин Ц. Овие два антиоксиданси го штитат организмот од кардиоваскуларни заболувања и од стареење.

Некои нови истражувања тврдат дека бетакаротенот од дињата помага во борбата против карцином на белите дробови, но и против рак на грлото на матката, желудникот, како и орални болести. Растителните влакна поволно дејствуваат на чистењето на организмот од штетни радикали и претставуваат одлична помош за подуеност.

Го штити здравјето на очите

Дињата содржи нутриенти важни за здравјето на очите, бета каротен (од кого се ослободува витамин А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Со оглед на тоа што бројни истражувања докажале дека недостигот на витамини А и Ц може да доведе до глаукома и макуларна дегенерација, па дури и до слепило, дињата е одличен избор за спречување или забавување на развојот на овие нарушувања.

Го регулира крвниот притисок
Дињата содржи влакна, калиум, витамин Ц и колин, кој го подобрува здравјето на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок.

Ја спречува појавата на камен во бубрег

Внесувањето калиум е поврзано со намалувањето на ризикот од губење на мускулната маса. Овој минерал, исто така, ја спречува појавата на камења во бубрегот.

Ја регулира дигестијата

Дињата е добар избор за оние со осетлив желудник, бидејќи содржи ензими и не ја троши енергијата на организам на варење храна. Поради изобилството на влакна и вода спречува констипација и помага за регулација на дигестијата, го подобрува здравјето на дигестивниот тракт и го поттикнува исфрлањето на токсините од цревата.

Е овие ги гласавте: Коалицискиот партнер на СДСМ предлага оваа учебна година да се прескокне

Коалицискиот партнер на СДСМ, НСДП предлага комисијата за заразни болести и владата да ја разгледаат и можноста оваа учебна година во целост да не започне, односно учениците да останат дома цела година.

Во партиското соопштение, како аргументи во прилог на овој нивен предлог се наведува тоа што физичкото присуство на учениците во училиштата, макар тоа да биде и во ограничена форма преку одење на училиште на одредени одделенија, комбинирано со спроведување онлајн настава, може да го зголеми бројот на заразаени со коронавирус.

Тука го посочуваат примерот со Израел каде, како што велат, по отворањето на училиштата се појавил нов и пожесток бран на зараза, достигнувајќи и над 2 000 новозаразени на ден кон крајот на јули.

Д-р Пановски: Државата направи грешка, наставата требаше да започне од 15-ти август

Доктор Никола Пановски, еден од врвните микробиолози во земјава, смета дека државата прави голема грешка што размислува за одложување на почетокот на учебната година.

Наместо тоа, вели Пановски децата требало порано да започнат со часовите додека може да се проветрува во училниците.

-Нелогично е да се одложува школската година. Училиштата требаше да се отворат на 15 август со што два месеци ќе имаше можност за настава со отворени прозори. Септември не е толку опасно со отворени прозорци да се проветрува и делумно часовите да се одржуваат надвор. Главен удар се очекува после 15 ноември кога започнува грејната сезона. Тогаш е многу важно да се престане да се собираме по школски дворови и да не се прават родендени, тоа би биле епидемиолошки бомби и од едно ќе може вирусот да се пренесе на 10 деца, изјави Пановски за телевизија Сител.

Според него, во училиште треба да одат само првачињата и децата од шесто одделение, кои се запознаваат со нови наставници, како и оние од прва година средно образование. Пановски вели дека проблем ќе бидат и настинките, поради што повторно може да биде загрозен здравствениот и економскиот систем на земјата.

Важно соопштение до сите студенти од Министерството за образование

Министерството за образование и наука информира дека рокот за електронското аплицирање и поднесување документи за сместување во студентски дом во академската 2020/2021 за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за седум дена и наместо денеска ќе заврши на 25 август, согласно со измените на Конкурсот. Конечните списоци со примени кандидати ќе бидат објавени на 7 септември 2020 на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на МОН.

Во 12 сместувачки објекти слободни се вкупно 5419 места. Од нив, за студенти запишани во прва година се наменети 1083 легла, а за студенти кои се запишани од втора до шеста година и за апсолвенти се слободни 4336 места.

Во пет студентски домови и сместувачки објекти во Скопје слободни се вкупно 4015 легла за студенти, од кои најголем број (1216) се во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во Битола има 385 места, во Охрид 226, Прилеп 333 и во четири објекти во Штип вкупно има 460 места за сместување.

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-страницата www.konkursi.mon.gov.mk и може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

Рокот за електронското пријавување на студентите од втора година и повисоките години почна на 27 јули и со продолжениот рок ќе трае до 25 август, а рокот за електронското пријавување на студентите од прва година ќе почне на 7 септември и ќе трае до 21 септември.. Доколку останат непополнети сместувачки капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи сè до нивно пополнување, но најдоцна до 28 септември 2020.

Во Конкурсот е објаснет начинот на кој ќе се распределуваат леглата за студенти, условите за прием, потребните документи за конкурирање за сместување и начинот и рокот за пријавување.

Според роковите за сместување, студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавувањето на конечниот список.