дома блог страница 2447

Продава цвеќиња и на жешко и на студено за да ги прехрани внучињата: Панчо и ги купи сите букети и упати апел до сите граѓани (Фото)

Ќе ве трогне до солзи овој статус кој го постираше на социјланите мрежи Владимир Блажев- Панчо од дуото ДНК. Панчо- секоја чест!

“Карпош три, веднаш на паркингот на тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад. Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста.

Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија. Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?

Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите. Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман.

Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам.

И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе. Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани и чува децата на нејзиниот син кој бил самохран родител бидејќи за жал нејзината снаа починала

Има букети од 25 и 50 денари, па би ве ЗАМОЛИЛ ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот.
Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш

ПС – Дефиниција за МАЈКА”.

1406 вработени земаат плата не одат на работа, тоа е проект на СДСМ од 9 милиони евра годишно?

1406 вработени земаат плата а не одат на работа. Вака изгледа министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое беше формирано пред една ипол година. Со него раководи министерот Садула Дураку а има свој заменик и државен секретар. За оваа година од буџетот се издвоени близу 9 милиони евра за плати на фиктивните вработени лица. Зошто толкав број вработени и кои се нивните работни задачи и реализирани цели одговор побаравме од првиот човек на министерството. Садула Дураку во краток разговор за Сител најави одговори во текот на работната недела која следи.

Побаравме отчет за завршените проекти со кои можат да се пофалат а тој кратко одговори дека ова министерство не работи со инфраструктура па да зборуваат за проекти.

Став за бројот на вработени и нивните плати побаравме и од министерот за информатичко општество и администрација. Министерот Манчевски не сака да се меша во работењето на други министерства.

Околу транспарентноста побаравме информации на веб страната на ова министерство но такви податоци нема. Поставени се два документи насловени органограм и правилник за внатрешна организација но освен декларативните определби, конкретни информации нема.

На насловната има неколку кратки вести за министерот во врска со рамковниот договор, одбележување на датумот на геноцидот во Сребреница, за доделена помош за градот Нови Пазар. Во делот на јавни набавки, можат да се видат отворени постапки за набавка на канцелариски материјал иако ова министерство нема свои простории. Министерот на работа оди во зградата на Владата. Меѓу другите набавки се услуги за преведување, одржување на веб страната, информатичка опрема, жарденери и друго назначени како услуги од мала вредност.

Вo изборната кампањата СДСМ вети дека во следниот мандат ќе ги укинат сите министерства без ресор бидејќи по законот за влада треба да има 16. Најавија и намалување на бројот на вработени во јавната администрација за 20 отсто.

Гopивата од полноќ co нови цени

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе соопшти дали ќе има промена во цените на горивата.

Изминатите две недели горивата ја задржаа својата цена, па така ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесуваше 60,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесуваше 62,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесуваше 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Новите цени на горивата ќе важат од денес на полноќ.

Верувале или не: Од СДСМ велат дека сo Axмети ce договapaле за чecни кaдpи

Продолжуваат средбите и разговорите меѓу СДСМ и ДУИ за формирање Влада на ниво на генерални секретари.

Од СДСМ се огласија со соопштение дека во моментов се преговара, за како што велат, поставување чесни кадри на функција, без да се спомене дали станува збор и за „премиер Албанец“.

Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат.

Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите.

Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор – се наведува во соопштението на СДСМ.

Tасевски: Проблемче а? Ахмети упорно ви бара премиерско место, а што мислевте, прави виц за време на кампања?

Актерот Сашо Тасевски ги коментира преговорите за состав на нова влада меѓу СДСМ и ДУИ, со акцент на условот на интегративците за прв премиер Албанец.

-„Проблемче, а?

Ахмети упорно ви бара премиерското место.

Што мислевте, прави виц за време на кампањата?

Мислите дека Заев ко од шега ќе го прати во опозиција?

Мало сутра. И прекосутра.

Дваест години не научивте со кого имате работа и сега скапо ќе платите… А и ние со вас, зашто за власт, мислите се може да се понуди.

Само пробајте да го фрлите Ахмети во опозиција со најмногу освоени гласови кај Албанците. Ни две години нема да останете на власт. И тоа е многу.

Па сите просдсмовци, онака со ситење: Леле Ахмети ќе си оди во опозиција!!!! Браво Заев!!!

Е баш да видиме.

АХМЕТИ, не отстапува. Како пит бул е во споредба со нашиве. Башка сите национални етнички ветувања што им ги даде на Албанците во 2001, им ги исполни. Тука завршува муабетот.

Да си го чувате Ахмети. Да си го мазите и пазите. И премиер ќе му дадете“, вели Тасевски.

Вандализиpaна бистата на Мирче Ацев на Могилата на непобедените (Фото)

Бистата на народниот херој Мирче Ацев во Паркот на револуцијата во Прилеп целосно вандализирана

Наместо да биде лична карта на градот, Могилата на непобедените веќе некое време го нема својот некогашен сјај. Искршени канделабри, темнина, фонтаните не работат, а еве време им дојде и на бистите на народните херои.

Срамно и жално е што бистата на еден од најголемите народните херои од НОБ, Мирче Ацев е целосно вандализирана.

На социјалните мрежи прилепчани реагираат на ова и бараат надлежните да направат една добра генералка во целиот парк.

Фото/Здраве Тодоров

Oва се 5-те нajдобри пози што ќе ви донecaт многу лajкови и cледбеници на Инcтaгpaм

Позирањето е посебен предизвик, особено ако поминувате сè повеќе и повеќе време дома, а сакате да ја промените позадината и да направите колку што е можно поинтересни фотографии. Во продолжение погледнете како да позирате на фотографиите што ги објавувате на Инстаграм.

1. Фотографирајте се во движење

Ова е верзија на познатата поза „follow me to“ (следи ме) која можете да ја приспособите на домашните услови.

Иако не сте на некоја егзотична дестинација, туку во сопствената трпезарија, секогаш размислете за можноста да не се потпирате на масата, туку да се фотографирате одназад што изгледа како да сте во движење.

2. Фотографирајте се одозгора

Птичјата перспектива е нешто што можат да го изведат и аматерските фотографи. Креирајте контрастна позадина, како што е оваа бела кожена фотелја, додајте детаљ во светла боја и сцената е подготвена.

3. Фотографирајте се како модел

Не двоумете се да пробате необични пози и агли. Огледалото во просторијата може да биде вашата модна писта.

Како моделите смислуваат пози? Пуштете музика, танцувајте пред огледалото и откријте во кое движење изгледате најдобро.

4. Нагласете ги вашите најсилни атрибути

Елегантно стапало или нежна линија на вратот, витки прсти или долги трепки – сето тоа се детали што можат да бидат главната тема на добрата фотографија.

Добро е да имате некој што ќе ви помогне, но ваква фотографија со интересна позадина можете да направите и сами.

5. Бидете модна блогерка или експерт за ентериер

Со помош на позата нагласете го она со коешто сакате да привлечете внимание на сликата. Ако станува збор за нови чевли, сликајте се како модна блогерка. Тогаш чевлите се во преден план, а вие сте на фотографијата како „помошен работник“.

Ако имате малку поинаква естетика за секоја слика, вашиот профил на Инстаграм ќе има сè повеќе следбеници.

Не мора да пиете таблети: Постои и природен лек да го спречите гадењето додека патувате

Најранливи се децата до 12 години и жените, додека мажите поретко го имаат овој проблем.

Одење на подолго патување за оние склони кон гадење во текот на возењето може да биде стресно и непријатно искуство. Иако не можеме да отпатуваме на море, сепак и патот до нашите езера трае неколку часа.

Нервоза, вртоглавица, повраќање, мачнина во желудникот може да го уништат секое патување, но благодарение на природните и други препарати овие несакани ефекти можат да се спречат.

Многу родители не сакаат најмладите да бидат изложени на непотребни лекови уште од рана возраст, па затоа се свртуваат кон алтернативни методи, а кога станува збор за гадењето најдобро е да се посегне за ѓумбир.

Исечете малку свеж корен од ѓумбир и изедете еден грам, околу половина кафена лажичка, три часа пред патување.

Исто така може да ви помогне ако капнете две капки етерично масло или еукалиптус на марамче и повремено вдишувајте за време на возењето.

Држете ги очите затворени и ставете очила за сонце, задолжително избегнувајте читање и седете во правец на движење на возилото. Ќе ви помогне и да гледате во една точка, поточно, да бидете фокусирани и да не правите ненадејни движења со главата.

Дреновци плаче по Сугарески и Рада: По овој пат ниту НАТО не може да помине (Фото/Видео)

Кон крајот на јуни месец минатата година како последица на силно невреме целосно беше уништен патот и улиците во населеното место Дреновци во општина Долнени.

Жителите на ова село во повеќе наврати бараа од надлежните да им се санираат последиците од невремето, затоа што целосно се отсечени од другите населени места и речиси е невозможно да се движат по патот.

Никој не се направи за жив и ги оставија дреновчани на милост и немилост.

Пред неколку дена Дреновци го погоди ново невреме и одново реки вода потекоа и носеа се пред себе. Жителите одново бараат некој да се погрижи за нивниот проблем. Но, досега ниту локалните, па ниту централните власти не реагираат.

Дреновчани велат дека во селото долго време не доаѓа брза помош, ниту такси возила.

Погледнете каде живеат овие луѓе кои се целосно заборавени од државата:

Aнгеловcка: Имав депозит во „Eypocтандард банка“, дел од пapите повлеков за да кyпам cтан

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска преку соопштение ги демантираше информациите кои се пласираа во врска со повлекување на нејзините средства од „Еуростандард банка“, која е ставена во стечај, нагласувајќи дека не е точна ни сумата која се наведува.

-Уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во „Евростандард банка, истакна Ангеловска.

Таа тврди дека целосно е неточна информацијата дека нејзините средства ги префрлила во други банки или дека ги повлекла.

-Вистината е дека пред стапување на функцијата – Министер за финансии – овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија, образложи министерката.

Потсетува дека во периодот кога го купила споменатиот стан, исто така во јавноста биле пласирани тендендциозни и неточни информации дека наводно не го пријавила станот во Антикорупциска комисија, што, како што истакна, не е точно.

-Истиот беше уредно пријавен, согласно законските прописи и рокови, што беше потврдено и од страна на Антикорупциската комисија, наведе министерката.

Таа потенцираше дека Министерството за финансии нема надлежности над основањето и работењето на банките, ниту дава, ниту одзема дозвола за работење на банка. Единствено Народната банка, како независно регулаторно и супервизорско тело, има надлежност во доменот на работењето на банките што значи надзорот, супервизијата, изрекувањето мерки, издавањето и одземање дозволи за банките ги врши исклучиво и самостојно Народната банка.

-Пласирањето на неточни и тенденциозни информации во јавноста, го оценувам како обид за дефокусирање на јавноста, преку мое дискредитирање и нарушување на мојот углед. Цврсто сум убедена дека и овојпат јавноста ќе ги препознае фактите, пред лажните вести што се пласираат со цел да се креира погрешна перцепција, заклучи Ангеловска.