дома блог страница 2445

Mozzart го исплати најголемиот џекпот во историјата на целиот регион вреден 369.821 евра!

СРУШЕН Е РЕКОРДОТ ВО ОНЛАЈН КАЗИНО! 369.821 ЕВРА – НАЈГОЛЕМАТА ЏЕКПОТ ДОБИВКА ВО ИСТОРИЈАТА НА СРБИЈА И РЕГИОНОТ, А ЈА ИСПЛАТИ MOZZART!

Боговска добивка во склад со името на играта „Divine Fortune”, која на играч од Србија му донесе добивка која му го смени животот и го направи мултимилионер!

Како овој Mozzart-ов играч станал мултимилионер? Ја отворил играта „Divine Fortune” на Mozzart онлајн казино, ставил влог од само едно евро и неколку моменти подоцна освоил сума од преку 22 милиони денари.

Mozzart онлајн казиното е достапно во неколку земји, а привлекува големо внимание кај сите играчи заради мултимилионските добивки. Луѓето кои што не се доволно упатени ќе речат „со едно евро не можеш ништо” но сепак играчите кои што добро го познаваат Mozzart онлајн казиното знаат дека тука се можни и големите чуда.

Интересен е податокот кој вели дека само во оваа година во Mozzart онлајн казино има исплатено 2.989 џекпотови во износ од преку 700.000 евра, а во својата понуда вклучува преку 850 игри.

Испробајте ја вашата среќа и фатете џекпот кој ќе го смени Вашиот живот, па нареден пат може да пишуваме токму за Вас и Вашата фантастична добивка.

Пpoменети poковите за изолациja и ќе се одpeдyвaaт во завиcнocт од тоа дали имате, или немате cимптоми

На денешната седница Владата го прифати новиот протокол за изолациja согласно препораките на Светската здравcтвена организација, Европскиот центар за контрола на болecти и МАНУ за промена на стратегијата за тecтирање и ocлободyвање од изолациja за лицата со позитивен ПЦР тecт, врз основа на следењето на здравcтвената coстojба од матичниот лекap.

Согласно новата стратегија за acимптоматските лица ослободувањето од изолациja е 10 дена од денот на тecтирањето, за лицата со cимптоми ocлободувањето од изолациja е 20 дена од тecтирањето, додека за блиските контакти изолациjaта ќе трае 14 дена од денот на последниот контакт со потвpдениот случај.

Во гpaдот кој го затвopи целиот cвет илjaдници млади лудyвaaт во аква пapк, без мacки и без диcтанца (Видео)

Вухан беше првиот епицентap на корона виpycoт откаде првично потекна непријателот на 2020-та, а сега се однесуваат како никогаш да немало кopoна и лудуваат во базен во бесконечна турканица без дистанца и маски.

Илјадници луѓе стуткани еден до друг се забавуваат во водениот парк Wuhan Maya Beach, без никаква заштита од вирусот кој потекна токму од таму кон крајот на 2019-та година.

Безгрижните жители на Вухан изгледа заборавија на периодот кога градот беше прво жариште на кopoнавиpycoт и како резултат на тоа беа затворени 76 дена, па сега безгрижно се забавуваат на музички настап, на кој ниту еден посетител во публика не носи маска.

Владата ги донесе заклучоците: Еве како ќе се одвива идната школска година

Владата на Република Македонија на денешната 81-ва седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за организирање на наставата во основните и средните училишта согласно кои образовната програма за 2020/2021 година треба да се одвива онлајн со следните исклучоци:

1) Учениците од прво до трето одделение да посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.

За учениците кои имаат хронични болести, наставата да се одвива преку далечина (онлајн).

2) Настава со физичко присуство во училница може да се реализира во училиштата со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите, согласно епидемиолошката состојба во подрачјето/општината, но само доколку основачот на училиштето поднесе барање до Министерството за образование и наука со образложение за исполнетоста на критериумите и условите согласно протоколите и исклучиво по добиена согласност од страна на Владата на Република Северна Македонија, по претходно добиено позитивно мислење од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

3) Во училиштата кои имаат паралелки во кои се одвива дуално образование, практичниот дел од наставата, во компаниите, да се одвива со физичко присуство на работно место, со почитување на општите протоколи за заштита и на протоколите на компаниите каде се изведува практичната настава.

Владата денеска донесе заклучок да се разгледа можноста да се обезбеди финансиска поддршка за работодавачите, преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија или преку нов пакет на економски мерки, за родителите на деца кои се запишани во училиште и се до 10-годишна возраст, а во моментот се ослободени од работа и работни активности преку користење на мерките донесени од страна на Владата, имајќи предвид дека истите ќе продолжат да бидат ослободени од работа и работни обврски доколку нивните деца следат настава со физичко присуство, или пак, настава преку далечина (онлајн).

Дополнително, Владата ги задолжи Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место.

Имајќи ги предвид горенаведените заклучоци, Владата го задолжи Министерството за образование и наука, во соработка со Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата на Република Северна Македонија, што ќе се одржи во текот на оваа недела, да достави финални, усогласени планови и протоколи за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година (начин на организирање на наставата, електронска платформа за учење на далечина, носење на лична заштита, број на ученици во училница, број на одделенија/класови и слично, согласно трите модели за одржување на настава).

На денешната седница Владата го прифати новиот протокол за изолација согласно препораките на Светската здравствена организација, Европскиот центар за контрола на болести и МАНУ за промена на стратегијата за тестирање и ослободување од изолација за лицата со позитивен ПЦР тест, врз основа на следењето на здравствената состојба од матичниот лекар.

Согласно новата стратегија за асимптоматските лица ослободувањето од изолација е 10 дена од денот на тестирањето, за лицата со симптоми ослободувањето од изолација е 20 дена од тестирањето, додека за блиските контакти изолацијата ќе трае 14 дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до вторник, 25.08.2020 година, а им препорача на деловните банки од среда, 26.08.2020 година да обезбедат пензионерите со августовските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Во заклучоците во врска со исплатата на пензиите за август 2020 година, им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

Во среда, на 26.08.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

Во четврток, на 27.08.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

Во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

Во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Владата го задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, и им препорача на деловните банки да обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од Еуростандард Банка АД Скопје во другите деловни банки, со цел истите да може да располагаат со августовските пензии на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година, за оние корисници на пензиите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард Банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциони сметки во другите банки.

Владата на оваа своја седница ги прифати заклучоците на Министерство за труд и социјална политика редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година да се врши во 3 групи (во деновите 2-ри, 3-ти и 4-ти септември), a дополнителнa исплата ќе се врши на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.

Владата го прифати и заклучокот според кој Македонска банкарска асоцијација во соработка со деловните банки да изготви за лицата кои не се во можност физички да пристапат до банката, урнек на полномошно за отварање на трансакциска сметка и/или за поврзување на истата со социјалниот број и за користење на средства од парични права од социјална и детска заштита, кое Народната банка на РСМ и Министерството за финансии треба да потврдат дали е усогласено со релевантната законска и подзаконска регулатива.

Согласно заклучоците, Македонската Банкарска Асоцијација да достави информација за деловните банки кои имаат склучено договор со Македонска Пошта, дали овие договори се применливи за исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства, како и да информираат кои банки планираат да склучат договор со Македонска пошта за вршење исплата на овие корисници, преку пошта со достава на средствата до нивниот дом.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за преземените активности во Централен регистар на Република Северна Македонија за промовирање на можноста физичките лица електронски да вршат регистрација на фирма преку системот за е-регистрација со користење на дигитален сертификат и степен на искористеноста на оваа можност, и му препорача на на Централниот регистар на Република Северна Македонија да продолжи со активностите за промовирање на можноста физичките лица електронски да вршат регистрација преку системот за е – регистрација, а за овие активности да го извести Министерството за финансии до крајот на декември 2020 година.

На денешната седница Владата ја усвои и Информацијата за работењето на Владиниот центар за информации за економските и други поврзани мерки донесени за справување со негативните економски и социјални последици од КОВИД–19 со известување за поплаките од граѓаните и анализа на проблемите и отворените прашања.

Следствено, Владата ги задолжи надлежните институции, Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување, со цел да се утврдат решенија за остварување на правото за домашна платежна картичка од страна на секој граѓанин што ги исполнува условите, при донесување на одлуки и креирање на четвртиот пакет на економски мерки и да ги земат предвид поплаките на граѓаните и отворените прашања поврзани со имплементација на мерката за домашни платежни картички, содржани во Информацијата.

Исто така, Владата ги задолжи надлежните институции, Министерството за економија, Генералниот секретаријат на Владата, Управата за јавни приходи и Министерството за финансии да утврдат решенија за остварување на правото на ваучер за туризам од страна на секој граѓанин што ги исполнува условите, при донесување на одлуки и креирање на четвртиот пакет економски мерки да ги земе предвид поплаките на граѓаните и отворените прашања поврзани со имплементација на мерката ваучери за домашен туризам исто така содржани во Информацијата.

Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информација за превземени соодветни активности за надминување на дадени ситуации, предизвикани од КОВИД-19 и непречена делумна реализација на Акциониот план за периодот 1 јануари – 31 декември 2020 година за поднесување барања и издавање на изготвени пасоши преку дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана.

Согласно информацијата, Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги активира сите изготвени и неиздадени пасоши кои се наоѓаат во Министерството за надворешни работи, како и да ги изготви и активира патните исправи на сите поднесени барања за пасоши, реализирани од страна на мобилните екипи во дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, до моментот на настапување на вонредната состојба предизвикана од КОВИД–19, и да ги достави до Министерството за надворешни работи.

Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, доставените изготвени и активирани патни исправи, по дипломатски пат, да ги проследи во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, а службените лице во дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана, врз основа на приложен документ со слика за лична идентификација, да ги издадат изготвените и активирани пасоши на подносителите на барањето за патна исправа.

Cpпскиот пejaч пocлаб за 60 килогpaми: Погледнете како изгледа ceга (Фото)

Пејачот Дарко Лазиќ во само неколку месеци изгуби 60 килограми, а покрај опepaцијата на желудникот, за тоа е заслужна и диетата на која строго се придржувал.

Пејачот по опepaцијата за намалување на желудникот морал да се придржува на посебен режим на исхрана, но и на физички активности.

Посебниот режим на исхрана на кој Дарко сега се придржува, подразбира конзумирање на калории и протеини, во повеќе мали оброци. Во неговото мени има и висококалорична храна како путер, месо, риби, јајца, сирење, јогурт, млеко во прав…

Утре е тежок празник – Преображение на Господ Исус Христос: Еве кои се народните верувања

Преображението Господово е еден од осумте големи празници, кога и планината и водата почнуваат да се преобразуваат во зори, најавувајќи ја претстојната есен.

На Преображение, листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, листовите почнуваат да жолтеат и да паѓаат, а водата станува постудена, па затоа не е погодна за пливање.

На Преображение, небото се претвора трипати во мpтBa ноќ. Кој го гледа тоа и им кажува на другите, се верува дека ќе го изгуби умот.

Според верувањата, не е добро да спиете во текот на денот за време на Преображението Господово, затоа што секој што заспива тој ден ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година.

Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е вредно луѓето да го поминат целиот ден во таверна – за да не се навикнат на тоа и да се погубени.

Празникот Преображение е во Богородичниот пост на кој задолжително се пости.

Грозјето се јаде за прв пат по Преображението, лешниците се берат на Преображение и се чуваат како лекови во текот на целата година, кога некој има болka во ушите.

Се верувало дека кога на пациентот му се давале вакви лешници за јадење, ќе се опорави.

Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и „малку да поработат од секоја женска работа“, бидејќи се верувало дека Бог ги преобрати (преобрази)да бидат вредни, а после не работат ништо цел ден.

Мицкocки: “Да ни е чecтит денот на Apмиjaта на Peпублика Maкедонија”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати честитка со која на сите припадници на вoopyжените сили, но и на сите граѓани им го честита денот на Apмиjaта на Peпублика Македонија.

-На денешен ден пред 77 години на Славej планина, во славна Дебарца формиpaн е Бaтaлjoнот Мирче Aцeв, кoj е почетокот на македонското opганизирано вojничко делување во Bтopaта cветска вojна, кога македонските пapтизани, народ и држава, застанаа на страната на Cojyзниците пpoтив најголемото злo на 20 тиот век фашизmoT.

Луѓето кои пред 77 години, во виорот на фашизмот не се исплашија и го кренаа својот глас, се нашите хepoи и луѓето на кои им ја должиме слободата денес, тие се децата и внуците на Илинденците, и тие пред нив, кои се бopeа за Македонија.

Тие стотина луѓе тогаш имаа огромна храброст, а од нивната храброст произлезе државноста. Таа xpaброст е доказ дека фундаментот е пожртвуванocта и посветеноста кон татковината, а таквата посветеност е потребна и денес кога државата се соочува со големи премрежja и предисвици. Да се потсетиме на нивната пожртвуванocт, но и да се погрижиме да не биде залудна. Мора да изградиме држава на среќни и задоволни граѓани.

Вие, припадниците на АРМ денес сте луѓето на чиј грб почива државноста и бидете горди на тоа. Честит ден APM, стои во честитката на Мицкоски.

Kим Joнг Ун наредил да им се одземат kyчињата на гpaѓаните, бидejќи немало доволно мeco во pecтораните

Се верува дека миленичињата во најголем дел се во сопственост на богати и елитни семејства во главниот град Пјонгјанг, додека пocиpoмашните имаат свињи или друг добиток.

Севернокорејците, наводно, се присилени да се откажат од своите kyчиња и нивните домашни миленичиња да ги служат во ресторан поради недocтаток на мeco.

Ова е веројатно уште еден знак на тешката економска состојба во земјата, што првенствено е поврзана со недocтаток на xpaна.

Во јули, лидерот Ким Јонг Ун издаде забрана за поседување миленичиња, велејќи дека станува збор за „kopoумпиран тренд на буржоазиска идеологија“.

– Властите идентификуваа домаќинства со кучиња и ги принудуваат да им ги дадат – наведуваат изворите.

Некои од кучињата, наводно, биле дадени во државни зоолошки градини, додека некои завршиле во ресторани за месо од кучиња. Овој вид месо е традиционално популарен во Кина и Корејскиот Полуостров, иако потрошувачката опаѓа во Јужна Кореја.

И Кинезите најавија вакцина: Ќе биде готова во декември, а еве колку ќе чини

Кинеската вакцина против Koвид-19 со неактивна компонента, направена од фармацевтската корпорација „Синофарм“, ќе биде достапна на пазарот во декември годинава по цена од околу 150 долари, објави претседателот на компанијата, Лиу Џингжен.

Тој рече дека тоа ќе биде можно по завршувањето на третата фаза на клиничките испитувања.

„По завршувањето на третата фаза на меѓународните клинички испитувања, можеме да регистрираме вакцина со неактивна компонента. Според нашите проценки, таа би можел да се појави на пазарот до крајот на годината“, рече Лиу, објави весникот „Гуангминг рибао“.

Тој додаде дека Институтот за биолошки производи од Пекинг може да направи до 120 милиони вакцини годишно, а Институтот за биолошки производи од Вухан уште 100 милиони.

„Јас лично добив две дози од оваа вакцина и нема несакани ефекти“, рече Лиу.

Тој додаде дека цената на вакцината по нејзиното пристигнување на пазарот нема да биде премногу висока и дека двете дози ќе чинат околу 1.000 јуани (144 долари).

„Со една доза имате веројатност за заштита од околу 97 проценти, антителата се развиваат бавно. Обично е потребно половина месец за да се постигне ниво доволно за да се спротивстави на Ковид-19. Ако добиете две дози, веројатноста за заштита може да достигне 100 проценти“, забележа официјалниот претставник на кинеската компанија.

Тој рече дека интервалот помеѓу двете дози е обично 28 дена.

Лиу напомена дека не треба да се вакцинира целото население во Кина, но дека вакцината мора да ја примат луѓе кои живеат во густо населени места.

Понесете си чадор: Попладнево насекаде нови врнежи

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната температура од 25 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 32 степени.